Рецепти и режими

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
S

Stef Bachatero

Гостин
Протеинска палачинка

1 лажица ленено семе
1 јајце
1 доза протеин од сурутка (колку повкусен толку поубава палачинка)
малку цимет за вкус
стевија или шеќер како засладувач
1 лажица вода
Измешајте го јајцето прво да стане една смеса.Ставете ги полека другите смеси и мешајте се дур не се направи една средно густа смеса.Ставете малку зејтин колку да не се лепи и уживајте во здравиот деликатес.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Си утнал нешто, можда и стекот не бил у ред нешто.

Нема шанси така да ти се напраи под нормални услови...
Единствена разлика од видеото беше што наместо во стаклен сад, фолијата ја ставив во цептер тенџере, непокриено. Можеби затоа требало повеќе време, појма немам.
 
П

Паган-др

Гостин
Единствена разлика од видеото беше што наместо во стаклен сад, фолијата ја ставив во цептер тенџере, непокриено. Можеби затоа требало повеќе време, појма немам.
Чекам да се размрзне, го ставам во обична тава за печење, го поклопувам убаво со фолијата стекот, 250 степени саат време...

Не е некоја голема филозофија, можда до стекот било нешто...
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Протеинска палачинка

1 лажица ленено семе
1 јајце
1 доза протеин од сурутка (колку повкусен толку поубава палачинка)
малку цимет за вкус
стевија или шеќер како засладувач
1 лажица вода
Измешајте го јајцето прво да стане една смеса.Ставете ги полека другите смеси и мешајте се дур не се направи една средно густа смеса.Ставете малку зејтин колку да не се лепи и уживајте во здравиот деликатес.
Сурутката е нестабилна на високи температури, така да, ако оваа твоја палачинка се пече имај во предвид дека не треба да ги сметаш протеините од дозата која си ја ставил.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Сурутката е нестабилна на високи температури, така да, ако оваа твоја палачинка се пече имај во предвид дека не треба да ги сметаш протеините од дозата која си ја ставил.
Има разлика помеѓу денатурализира протеин(променува структура) како што белката од јајцето и сите други протеини од било кој извор го поминуваат тоа кога се додава топлина или се маринира месо.Ако се денатурализира тоа не значи дека протеинот се уништува само се променува неговата структура и потешко се вари.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Има разлика помеѓу денатурализира протеин(променува структура) како што белката од јајцето и сите други протеини од било кој извор го поминуваат тоа кога се додава топлина или се маринира месо.Ако се денатурализира тоа не значи дека протеинот се уништува само се променува неговата структура и потешко се вари.
Токму тоа значи. (скоро) секој протеин ја менува својата структура и со оглед на времетрањето и степенот на топлина, почнува полека да им се губи нутритивната вредност, односно протеините.
Сурутката е најмногу изложена на штета, и единствена нејзина примена за да се искористи протеинот во најактивната форма е да го измешаме во ладна вода и веднаш да го конзумираме.
Не читаш на кутиите од whey протеин да пишува дека може да правиш буквално се што сакаш со него, па и да готвиш.
Убаво фино и читко пишува дека се меша со одредена количина на вода, и веднаш се конзумира.

Или за да ти биде појасно, исто како и протеините од гравот.
Ги има во (прилично голема количина) но без никаква улога бидејќи од 30 грама протеин, ~5 грама е искористлив.
 
Член од
22 септември 2010
Мислења
130
Поени од реакции
27
Raw Brownies

Потребни состојки:
  • 1 чаша бадеми
  • 3 лажици ленено масло
  • 4 лажици мед
  • 6 цели урми и 4 ситно исецкани
  • 3 лажици какао
  • 2 лажици маслиново масло
  • цимет
Подготовка:

Се блендираат бадемите додека да станат прав. На тоа се додава лененото масло, 2 лажици мед и 6 цели урми и се блендира заедно.

Во посебен сад се става какаото, маслиновото масло и останатите 2 лажици мед со исецканите урми. Одкога сето ова ке се измеша добро се додава на првата смеса и се меша со лажица додека не се изедначи.

Садот во кој што ќе се моделира смесата, треба прво да се попрска со цимет (за да не се лепи, и за вкус), и одкако ке се моделира смесата убаво повторно се попрскува со цимет. Се става во фрижидер за да се зацврсти, а потоа се сече во правоаголна форма, или по желба.

Доволно за 10-12 парчиња, се припрема 20 мин.

превземено од http://www.surovoivkusno.com
 
Член од
22 септември 2010
Мислења
130
Поени од реакции
27
Другарче, го имаш помешано подфорумот. :icon_lol:
Ние овдека конзумираме стрикно здрава исхрана, богата со сите потребни микро и макро нутренти.
Која состојка од рецептот не е здрава :P како snack е супер или замена за друго bad благо.:icon_lol:
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Која состојка од рецептот не е здрава :P како snack е супер или замена за друго bad благо.:icon_lol:
Зборевме за микро и макро нутрентите. А во твојот шејк фалат протеини.
Можеби доколку некој е во можност да додаде 2-3 цели јајца, или пак една дозерка whey протеин, би бил како замена за оброк додека качуваме (мускулна) маса :icon_mrgr:
 
П

Паган-др

Гостин
Денес со фолија праев филети скуша. Све исто ко стекот, само помалку време им требаше да се испечат (некои 45-50 мин), пошто потенки се парчињата.

На 100 грама скуша има:
92 калории
18г протеини
2.2г масти
0.4мг омега 3
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711

ЈХ нема у ова ? леле мераци,и риба ќе си правам :D
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Постирајте и др вакви рецепти еј..јас ви кажав за такото,пробајте,многу јако нешто...со сенф внатре..лииги ми течат :D
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Денес со фолија праев филети скуша. Све исто ко стекот, само помалку време им требаше да се испечат (некои 45-50 мин), пошто потенки се парчињата.

На 100 грама скуша има:
92 калории
18г протеини
2.2г масти
0.4мг омега 3
Скушата има повеќе масти но сите скоро се омега 3 18 грама масти има мислам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom