- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 431
- Поени од реакции
- 90
Во последните години се појавија повеќе конкуренти на популарниот серијал Call Of Duty. Со големата промоција и маркетингот се чинеше дека новата Medal of Honor ќе направи бум во жанрот на кој припаѓа , а со тоа и ќе ја надмине фамозната COD во својата популарност. Интервјуа со војници, трејлери, реклами насекаде... мора да се признае дека очекувавме многу. Дали MoH ги надмина своите претходници и ги придоби гејмерските срца?
Medal of Honor е игра изработена од:
-Danger Close (EA Los Angeles)-задолжени за singleplayer-от;
-EA Digital Illusions CE-нивна заслуга е multiplayer делот.
Како издавач на MoH (2010) се потпишува Electronic Arts. Играта е достапна за PC, PS3 и Xbox360. Официјалниот датум на излегување е 14ти Октомври за граѓаните на Европа.
Малкумина млади играчи знаат дека Medal of Honor е серијал од далечната 1999. Низ годините што поминуваа ние (играчите) имавме прилика да воочуваме бројни подобрувања во поглед на графиката, гејмплејот и се разбира, приказната. Во 2010 со новото остварување, Medal of Honor се издвои од своите претходници. Зошто?
Приказната во MoH не води во Авганистан после нападите во САД во 2001. Група од Американски војници се испратени на мисија за елиминација на Талибанските терористи. Првата нивна задача е да го ослободат Tariq, а притоа се сретнуваат со група чеченци кои луто напаѓаат на американската единица...
Почетокот на приказната ветува многу и изгледа задоволувачки. Пукање насекаде, криење, ноќно возење со мотори, кинење глави со снајпер... се само дел од акциите со кои ќе се соочите. Вашата улога во играта ќе биде преку ликовите на Rabbit, Deuce, Dante Adams и Brad да убивате “Bad guys”.
По неколку извршени мисии одредени дејствија се повторуваат и играта станува монотона. Впрочем целото дејствие се сведува на напаѓање локални села и уништување на непријателот со помош на воздушните воени сили.
Пресвртите и изненадувањата во поглед на приказната се премногу ретки, речиси и да ги нема. Ќе се изненадите кога ќе спомнам дека играта изобилува со багови и скриптирани сцени. На пример испразнувате еден шаржер во телото на одреден непријател а тој никако да умре. Како е можно тоа? Скрипата чуда прави.
Како што знаете, важен сегмент во една игра е и графиката. Новата MoH заостанува на тоа поле. Графиката е на пониско ниво, барем ние не сме навикнати да гледаме такви текстури на денешните игри. Дизајнот на пределите не е лош, но во споредба со Bad Company 2 изгледа прилично сиромашно.
Звукот можеби е најдоброто нешто што и се случило на Medal of Honor (2010). Секоја пушка создава различен звук кога се пука. Шумовите се реални, чисти а и voice-acting-от е задоволувачки. Доколку играте со слушалки сигурно нема да бидете разочарани на тоа поле.
Целата игра е солидно оптимизирана и солидно може да се игра на просечна конфигурација.
Како што привршувам со последните редови од оваа рецензија, време е да се даде еден краен заклучок кога е во прашање целокупното мислење за играта. MoH дефинитивно не ги исполни нашите очекувања. Сиромашната кампања од 5-6 часа, лошата графика и монотоните мисии се причина за ваквиот став кај многу искусни гејмери.
Оцена: 7/10