Рецензија: Medal of Honor (2010)

Член од
3 ноември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
89
Во последните години се појавија повеќе конкуренти на популарниот серијал Call Of Duty. Со големата промоција и маркетингот се чинеше дека новата Medal of Honor ќе направи бум во жанрот на кој припаѓа , а со тоа и ќе ја надмине фамозната COD во својата популарност. Интервјуа со војници, трејлери, реклами насекаде... мора да се признае дека очекувавме многу. Дали MoH ги надмина своите претходници и ги придоби гејмерските срца?

Medal of Honor е игра изработена од:
-Danger Close (EA Los Angeles)-задолжени за singleplayer-от;
-EA Digital Illusions CE-нивна заслуга е multiplayer делот.

Како издавач на MoH (2010) се потпишува Electronic Arts. Играта е достапна за PC, PS3 и Xbox360. Официјалниот датум на излегување е 14ти Октомври за граѓаните на Европа.

Малкумина млади играчи знаат дека Medal of Honor е серијал од далечната 1999. Низ годините што поминуваа ние (играчите) имавме прилика да воочуваме бројни подобрувања во поглед на графиката, гејмплејот и се разбира, приказната. Во 2010 со новото остварување, Medal of Honor се издвои од своите претходници. Зошто?

Приказната во MoH не води во Авганистан после нападите во САД во 2001. Група од Американски војници се испратени на мисија за елиминација на Талибанските терористи. Првата нивна задача е да го ослободат Tariq, а притоа се сретнуваат со група чеченци кои луто напаѓаат на американската единица...

Почетокот на приказната ветува многу и изгледа задоволувачки. Пукање насекаде, криење, ноќно возење со мотори, кинење глави со снајпер... се само дел од акциите со кои ќе се соочите. Вашата улога во играта ќе биде преку ликовите на Rabbit, Deuce, Dante Adams и Brad да убивате “Bad guys”.
По неколку извршени мисии одредени дејствија се повторуваат и играта станува монотона. Впрочем целото дејствие се сведува на напаѓање локални села и уништување на непријателот со помош на воздушните воени сили.

Пресвртите и изненадувањата во поглед на приказната се премногу ретки, речиси и да ги нема. Ќе се изненадите кога ќе спомнам дека играта изобилува со багови и скриптирани сцени. На пример испразнувате еден шаржер во телото на одреден непријател а тој никако да умре. Како е можно тоа? Скрипата чуда прави.
Како што знаете, важен сегмент во една игра е и графиката. Новата MoH заостанува на тоа поле. Графиката е на пониско ниво, барем ние не сме навикнати да гледаме такви текстури на денешните игри. Дизајнот на пределите не е лош, но во споредба со Bad Company 2 изгледа прилично сиромашно.

Звукот можеби е најдоброто нешто што и се случило на Medal of Honor (2010). Секоја пушка создава различен звук кога се пука. Шумовите се реални, чисти а и voice-acting-от е задоволувачки. Доколку играте со слушалки сигурно нема да бидете разочарани на тоа поле.
Целата игра е солидно оптимизирана и солидно може да се игра на просечна конфигурација.

Како што привршувам со последните редови од оваа рецензија, време е да се даде еден краен заклучок кога е во прашање целокупното мислење за играта. MoH дефинитивно не ги исполни нашите очекувања. Сиромашната кампања од 5-6 часа, лошата графика и монотоните мисии се причина за ваквиот став кај многу искусни гејмери.

Оцена: 7/10
 
TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
NOO пред мене напиша рецензија. Гледам немаш напишано нишτο за мултиплеер. Може кога ќе ми стигне да напишам кратко review за мултиплеерот бидејќи ти веројатно имаш опфатено се за синглот, на оваа тема ?
 
Член од
3 ноември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
89
Благодарам за исправката. Во рецензијата го опфатив целокупниот синглплеер, но официјалниот мултиплеер не успеав да го испробам. Штом ти стигне тебе оригиналот, напиши неколку редови и за мултиплеер искуството на MoH.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.744
Поени од реакции
1.843
Играва е светлосни години позади Call of Duty.
 
TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
Конечно ми стигна. Ја играв едно 10-11 саати и прилично е добра. Фициани, од МW2 е 17пати подобра ама од Блек опс ќе биде 17пати полоша. Изгледот на мапите, карактерите, оружјата ... изгледаат многу како нa battlefield bc2. Ми се допаѓа тоа што ги имаат земено најдобрите работи од Call of Duty i BFBC2 и ги имаат ставено тука. Играва нема да можеш да ја играш долго онлајн, не дека е лоша но откако стигнеш последен левел од сите три класи, толку е, нема ништо интересно после тоа да добиеш како што е на MW2. Не сакам многу детално да пишувам бидејќи не е моја темава. Ако сте планирале да ја купувате, тогаш немојте. Не дека е лоша но КОД7 излегува за 18 дена, а таа ќе вреди повеќе. Има и една голема грешка што ја направиле во обичните: модови(не хардкор) снајперите се толку јаки што можат да убијат со 1 куршум, и во скоро секоја игра има по 12+ снајпери. На почеток ќе те убиваат но подоцна од нив можеш и мулти кил да собереш ако знаеш како да ги заобиколиш.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.046
Поени од реакции
3.301

Во што е подобра оваа од CODMW2? (Call Of Duty Most Wanted 2 :pos:) ?
И кои се тие 17 пати?
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Во што е подобра оваа од CODMW2? (Call Of Duty Most Wanted 2 :pos:) ?
И кои се тие 17 пати?
Не е многу тешко да се направи игра подобра од MW2. MW2 е далеку од идеалната пукачка воена игра со поглед од прво лице.
 
TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
Во што е подобра оваа од CODMW2? (Call Of Duty Most Wanted 2 :pos:) ?
И кои се тие 17 пати?
Па гледај, КОД MW ја имам играно околу 30 дена вкупно на пс3 и пц (нели кога одиш leader board ти пишува). КОД кога излезе имаше толку многу гличови што им требаше до Март. Април да ги поправат ... Гејмплејот многу повеќе ми се допаѓа бидејќи е сличен на БФ БЦ2, и неможеш нуклеарка со нож да освоиш. Помалку оружја има, ама се толку добро направени што се сосема доволно. Звукот се разбира е одличен, исто сличен на БФ. Kill chain-ot е 100% по исбалансиран отколку во КОД. Па така да во секој аспект е подобра од MW2.
 
На врв Bottom