Ресен и Преспа на крајот на 2012 (состојба, перспектива?)

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
На профил имаш копче кое ја прикажува целата историја на теми и мислења.

А па тој независен што се кандидира оваа година не го знаеме демек. Како не му е срам само незнам со кое лице се кандидира после толку години крадење, со прст не мрдна, вол.
Членството така сакало. :D
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Викај го тоа професионална деформација - модератор сум.

Сега продолжи по темава или ќе помислам дека сакаш нешто со мене :D
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
Ова е проблем во сите гарадови во Македонија. Владата инвестира само во Скопје, што е со остатокот од оваа наша државичка. Како Скопје да е цела Македонија.
И не можеме сите да се преселиме во Ск (и искрено немам ни желба).
И да се зема 500, 600 евра не се исплатува. Кога ќе вклучиш тука кирија, давачки за струја, вода... храна итн... што ти останува ништо.
Треба пошироко да се размислува.
Но имајќи во предвид дека во внатрешноста на Македонија нема никаква престпектива подобро и тоа отколку ништо.

Владата како да нема некоја стратегија за остатокот од Македонија. Цели само на Скопје па Скопје.
Но тука треба да си се ангажираат повеќе и градоначалниците. Но повеќето од нив мислам дека се неспособни.
Но остатните требаат да земаат пример од градоначалникот на Струмица... според она што сум го слушнала :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ресен и Преспа имаат само една мана, што се помеѓу Битола и Охрид па не можат да дојдат до израз од нивните поголеми соседи.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
И јас сум од ресен и јас се школувам.Во овој град нема иднина.Ако ми се даде шанса ќе бегам шо подалеку!!!
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И јас сум од ресен и јас се школувам.Во овој град нема иднина.Ако ми се даде шанса ќе бегам шо подалеку!!!
И ти ко сите што ги знам, ама финтата е што трендот на луѓе кои не напуштаат не е тазе туку е одамна - и во времето “господ ко одел поземја“
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Во огромен број се Ресенчани во соседните најблиски два града, па после и во Скопје.
Преселете се во Охрид и можит да станите директор на Проаква.Или во Битола и бидете портпарол на СВР Битола.Ова од примерите шо ми текнаа.

Од друга страна, добар број Охриѓани есента одеа за добра дневница (~1000 и платен превоз) до Ресен.Не ми е логично тамошните луѓе да не одат ‘аргати‘, барем тие месец дена или колку се...интересен им е дијалектот, со огромно влијание од Бт и Ох, па имаш некоја склопка од типот З‘ш не можи?Ако не е то МА УДРИ, ТА УДРИВ тешко да ги сетиш :)
И едно прашање...пред некое време поминав низ Царев Двор, дали таа фабриката шо праеше негазиран сок во тетрапак меѓу првите во Македонија (заедно со гевгелиски Винојуг/Зора) е активна само како прекупец за јаболка или воопшто не е ?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.239
Поени од реакции
26.093
Во огромен број се Ресенчани во соседните најблиски два града, па после и во Скопје.
Преселете се во Охрид и можит да станите директор на Проаква.Или во Битола и бидете портпарол на СВР Битола.Ова од примерите шо ми текнаа.
Или во Софија, ќе станете премиер или министер за надворешни. :D
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
И јас сум од ресен и јас се школувам.Во овој град нема иднина.Ако ми се даде шанса ќе бегам шо подалеку!!!
Убо шо спомна за школувањето. Како што тргнаа работите гимназијана ќе ја затворат. Се` помалку и помалку ученици се запишуваат, појќето уште од средно одат или Битола или Охрид да учат.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И едно прашање...пред некое време поминав низ Царев Двор, дали таа фабриката шо праеше негазиран сок во тетрапак меѓу првите во Македонија (заедно со гевгелиски Винојуг/Зора) е активна само како прекупец за јаболка или воопшто не е ?
Активна е.
 
Член од
31 јануари 2009
Мислења
25
Поени од реакции
2
Во огромен број се Ресенчани во соседните најблиски два града, па после и во Скопје.
Преселете се во Охрид и можит да станите директор на Проаква.Или во Битола и бидете портпарол на СВР Битола.Ова од примерите шо ми текнаа.

Од друга страна, добар број Охриѓани есента одеа за добра дневница (~1000 и платен превоз) до Ресен.Не ми е логично тамошните луѓе да не одат ‘аргати‘, барем тие месец дена или колку се...интересен им е дијалектот, со огромно влијание од Бт и Ох, па имаш некоја склопка од типот З‘ш не можи?Ако не е то МА УДРИ, ТА УДРИВ тешко да ги сетиш :)
И едно прашање...пред некое време поминав низ Царев Двор, дали таа фабриката шо праеше негазиран сок во тетрапак меѓу првите во Македонија (заедно со гевгелиски Винојуг/Зора) е активна само како прекупец за јаболка или воопшто не е ?
Преспани,во најголем број,имаат свои „бавчи„ кои наесен ги берат и затоа не можат да се аргати на друго место,годинава беше добра за јаболкарите,а со тоа и за аргатите,самата висина на платените дневници го покажува тоа.А парите добиени од продажбата на јаболката ќе се прелеат во Скопје (на ќерките и синчињата кои таму живеат не им е доволна платата,за да преживеат треба родителите да им дотираат),и во Битола,и во Охрид,па да се купи уште некој стан таму,а за шопинг и да не спомнеме,,,,а ако парата локално не сврти,ништо аир од тоа што Преспа навистина е богат крај.....
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
Убо шо спомна за школувањето. Како што тргнаа работите гимназијана ќе ја затворат. Се` помалку и помалку ученици се запишуваат, појќето уште од средно одат или Битола или Охрид да учат.
Неможат да соберат прва година македонски клас,а од други етнички припадности почнува да се прелива од сите страни.Жално!
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.619
Поени од реакции
35.115
Преспани,во најголем број,имаат свои „бавчи„ кои наесен ги берат и затоа не можат да се аргати на друго место,годинава беше добра за јаболкарите,а со тоа и за аргатите,самата висина на платените дневници го покажува тоа.А парите добиени од продажбата на јаболката ќе се прелеат во Скопје (на ќерките и синчињата кои таму живеат не им е доволна платата,за да преживеат треба родителите да им дотираат),и во Битола,и во Охрид,па да се купи уште некој стан таму,а за шопинг и да не спомнеме,,,,а ако парата локално не сврти,ништо аир од тоа што Преспа навистина е богат крај.....
И според тебе што треба да прават граѓаните на Ресен?
Да не ги праќаат на студии своите деца во Скопје? - (затоа што не се враќаат назад)
Да не купуваат станови во Скопје, Битола, Охрид? - (да го вложуваат својот капитал исклучиво во Ресен)
Да купуваат исклучиво во ресенските продавници? - (да не се излеваат средствата надвор од општината)
Почнуваш да ми звучиш како крадоначалникот на Охрид :свиркам:

Граѓаните лично, својот капитал имаат право да го инвестираат каде сакаат и како сакаат.
Ако јас имам на сметка 100,000 евра што мислиш дека наместо во Скопје ќе дојдам да купам стан во Ресен? или деловен простор?
Градоначалникот и Владата се должни да инвестираат во општината, а после граѓаните. За тебе е загрижувачко тоа што родителите ги издржувале децата во Скопје, наместо да се запрашаш колку дупки се пополнети минатата година, колку работни места се отвориле и сл.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom