- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 3.998
- Поени од реакции
- 1.086
Нова продукција во македонскиот шоу биз која ќе стане конкурент на веќе постоечките М2, Јован рекордс и План Б
"Република" ги собра поп-ѕвездите на едно место
Тамара, Бојана Атанасовска, Роберт Билбилов, Врчак, ДНК, Влатко Лозановски и Адриан Гаџа се ексклузивците на новата музичка продукција "Република", чиј прв човек и иницијатор е Раде Врчаковски-Врчак.
Во моментов, тимот кој брои повеќе млади луѓе е во фаза на потпишување договори и подготовка на официјалната промоција која ќе се случи следната недела. Екипата на "Република" од сега ќе се грижи за промоција на новите материјали и настапи на популарните поп-пејачи, а листата на музички ѕвезди ќе биде проширена со текот на времето.
За сега, продукцијата не сака да открива детали за плановите на нивните ексклузивци. Дознаваме дека по промоцијата на првото цеде на Роберт Билбилов "Јас те губам", следи промоција на третиот албум на Врчак кој доаѓа по три години пауза. ДНК веќе го најавија новиот албум за оваа есен, а Адриан Гаџа интензивно работи на материјалот на македонски и на албански јазик. Бојана Атанасовска наскоро ќе промовира нови песна и спот, а се работи и на песните за првиот албум на Влатко Лозановски и вториот на Тамара.
Денеска на прес конференцијата која е закажана за на пладне во кафе "Картел", ќе бидат откриени деталите за новиот фестивал "Феста 1", на кој ексклузивците на "Република" ќе се појават како специјални гости.