Република Илирида патролира во Македонија?

Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.989
Поени од реакции
3.720
Се е смешно и интересно додека не ни дојде до газот. После ич не е смешно.
Може би сето ова ни изгледа травијално, или барем така ни го претставуваат медиумите, но да не заборавиме дека и нашата способност како држава да се одбраниме е травијална.. да не заборавиме дека веке од поодамна во државава има територии на кои РМ нема суверенитет, територии во кои полицијата и државните органи немаат пристап или присуството на полицијата е само симболично во смисла на прошетка и следење на состојбата од задна шофершајбна... има многу места каде не владее никаков закон на РМ и каде државата има пристап само кога ради меѓусебни пресметки тоа ќе биде дозволено од страна на албанскиот фактор... Значи тоа се територии над кои суверенитет има некој друг а не РМ, а кој е тој друг и дали ке се претстави како илирида, учк, она, дуи.... е сосема небитно. Изгледа ѓаволот одамна ја однел шегата...
 
Член од
7 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
26
Супер е шо Стојанче е патриот, ама треба и да имаш малце у тоа тиквата...
Ако добро го сфатив, треба сите специјалци во цивил да бидат распоредени секаде низ државава и ако видат некој од гардистиве да вадат пушките и пиштолите и да ги тепаат...
Па добро бе на шо треба тогаш да личи државава, на Ирак ?!
Ко вестерн филм ебате, на сред улица да се тепаат...
Си има правен систем (дали функционира е друго прашање), предвидени си се кривични дела против државата, МВР треба да ги уапси овие барабиве и да поднесе кривични пријави и да почне да си тече процес, а не да си играме камај-камај на улица...
За некој со искуство како Стојанче вакви работи да кажеш е смешно...
Искрено, моменталната состојба во државава ни е и полоша и од Ирак.
 
C

Castiel

Гостин
И овие ли се борци за човекови права? добро бе до кога ќе ги трпиме неандарталциве.....али ако ни е ...дур си ќутиме...
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.796
Поени од реакции
4.459
Абе и ние на маало порано си игравме комај комај ама не не даваа на вести
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.077
Поени од реакции
80.984
Они не смеат сообраќаен или фискален ред после БитПазар да спроведуваат, па за контрола на некое балистичко село, муабет да не прајме
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Што се чудите толку па зарем не ја согледувате реалноста дека во Македонија има три паралелни држави: ВМРОвска Македонија, СДСМовска Македонија и Илирида(линијата Струга-Липково) колку и да звучи смешно и нереално сепак е вистина ... додека Македонецот со Македонецот очи си вади некој трет користи и полека си ги остварува своите цели !
Оваа држава нема да ја биде се додека има ваков тип на партиски поделби, ваков тип на султанско владеење и секој на секого ја префрла топката односно вината за општите состојби !
Опозицијата не ја признава власта, претседателот на државата, премиерот, владата, собранието, државните институции и.т.н. ... исто така и Албанската страна не го признава претседателот на државата и само делумно ги признава институциите на системот, од друга страна па власта си тера упорно по свое и си штанца глупи закони преку ноќ без притоа да има некаква било каква дискусија а каде би имало дискусија кога собранието е без опозиција, значи во суштина собранието не постои како важен државен орган, столб на државата ... како и да се врти топката сите сме е*ани ама незнаеме кој во која дупка се е е*ан !
Сума сумарум власта си тера упорно по свое и владее на султански и шерифски начин, опозицијата пардон килавата безидејна и неспособна опозиција не признава ништо а не се ни обидува нешто да промени првенстено кај себеси а потоа и пошироко, третата страна па си крои некакви карти на некакви замислени територии ... општо кажано имаме wild-west ситуација во државава ... сите е*ани а никој ништо не видел и не чул и никој никого не признава, ниту пак се обидува нешто да промени барем кај себеси доколку неможе пошироко !
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
877
Поени од реакции
3.448
Македонски Бранители
Допаднато · пред 4 часа · изменето ·


– СПОДЕЛЕТЕ АКО СЕ СОГЛАСУВАТЕ –

Некоја си „Република Илирида“ формирала гарда, која патролира во места каде што живеат Албанци. Што треба? Ни треба нас уште една операција „Планинска Бура“. Тие што го памтат датумот 7 ноември 2007, знаат. 8 убиени терористи, без загуби од нашата страна.

Тогаш, исто како и сега, се појавија албански терористичко-екстремистички групи, кои се закануваат со рушење на мирот и стабилноста во Република Македонија (напад на владата). Тогаш, акцијата беше спроведена за отстранување и разбивање на тие терористи.

Легендарната акција ја почнаа македонските специјални единици во 4 саатот изутрина. Жестоките вооружени престрелки траеле 10 часа, се до 14 часот попладне, кога екстремистичката банда била целосно разбиена и уништена. Екстремистите кои најпрвин се наоѓале над селото, исплашени од жестокиот напад на полицијата, се засолниле во повеќе селски куќи и селската џамија, а потоа еден дел низ шумата пребегнал преку државната граница.

Резултат: 8 убиени терористи, уапсени се 69 екстремисти и запленето е големо количество на огнено и тешко оружје, кое според полциските извори било доволно за вооружување на 150 лица и за водење на повеќе месечни вооружени борби. На македонската страна, освен неколку повредени специјалци, немавме загуби.

Затоа бараме: Македонските специјалци итно да добијат овластување за неутрализација на евентуалните „Гардисти на Република Илирида“! 559573_373081716190316_4545372425554500761_n.png
 
Член од
27 октомври 2014
Мислења
141
Поени од реакции
147
Todor Petrov

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СМК АПЕЛИРА НА БЕСКОМПРОМИСНА ЕЛИМИНАЦИЈА НА ПАРАВОЕНИ И ПАРАПОЛИЦИСКИ ЗДРУЖЕНИЈА!

“Илирида“ значи агресија против територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија

3 ноември 2014 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува објавите дека таканаречената “гарда на република илирида“ патролира во сите места каде што живеат Албанци и смета дека тоа претставува агресија врз територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија! Таканаречената “република илирида“ е груб обид за промоција на воени и полувоени здружувања што не им припаѓаат на Вооружените сили на Македонија, со цел насилно уривање на уставниот поредок и поттикнување или повикување на воена агресија и разгорување на етничка, расна и верска омраза раздор и нетрпеливост.

СМК смета дека власта треба бескомпоримисно да ги заштити граѓаните на Македонија од воената реторика на терористички и исламистички кругови кои ја вознемируваат јавноста, го нарушуваат јавниот ред и мир и го валкаат угледот на државата!

Имајќи предвид дека “територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива“, дека се забранети “здруженија насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост“, дека “се забранети воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на Вооружените сили на Македонија“, дека “секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката“, дека “одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин“ и дека “никој нема право да признае окупација на Република Македонија или на нејзин дел“, СМК апелира до Владата и Претседателот на Републиката како Врховен командант на Вооружените сили на Македонија да издадат наредба на специјалните единици за елиминација на секој кој јавно ќе парадира, декларирајќи се за припадник на таканаречената “гарда на република илирида“ или друга параполициско и паравоено здружување!

Имајќи педвид дека таканаречниот генерал Хамди Ндрецај уште на 5 јули годинава јавно се закани дека “ќе организира герилска војна“, дека “примирјето од 2001 година повеќе не важи“, дека “Албанците сами ќе се бранат на териториите на илирида со воена сила“ и дека “ќе ја повтори војната од 2001 година“, СМК од јавниот обвинител бара итни мерки за притвор и казна доживотен затвор на самопрогласениот “претседател на илирида“ Невзат Халили, поранешен претседател на ПДП, членовите на таканаречениот “штаб на гардата на република илирида“ и таканаречениот генерал Хамди Ндрецај кој себеси се претставува како командант Пантери од 112 бригада на УЧК.

СМК повторува дека реанимирањето на таканаречениот “референдум за политичко територијална автономија на албанскиот народ во Македонија - Илирида“ одржан во спротивност со Уставот и Закон на 11 и 12 јануари 1992, а во организација на ПДП, и обидите за прогласување на “албанска република илирида“ во рамките на државата Македонија претставува агресија врз територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија, “албанска република во Македонија“ значи нова војна, етничко чистење и геноцид!

СМК потсетува дека основа на Охридскиот рамковен договор, којшто е вграден во Уставот и законите на Република Македонија, претставува: унитарноста на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, и декларацијата дека етничките прашања немаат територијални решенија. Сето останато значи војна, етничко чистење и геноцид. Заканите од самопрогласениот “генерал на некаква националната гарда на илирида“ Хамди Ндрецај Пантери доволно зборува за намерите на оваа паравоена команда.

СМК смета дека демонстрацијата на Невзат Халили и Хамди Ндрецај е во спрега со организирани криминални и исламистички кругови и странски разузнувачки служби во Македонија.

Правото на самоопределување на албанскиот народ е апсолвирано со државноста на Република Албанија и секој обид за демонтажа на балканските држави од актуелните граници заради наци-фашистичката креација “Голема или Природна Албанија“ или некаква “Исламска држава“ претставува нова војна на Балканот.

СМК укажува дека наци-фашистичката креација “Голема или Природна Албанија“ и “Исламска држава“ на Балканот се анти-албански проекции и, пред се’, значат демонтажа на Република Албанија и на албанскиот народ во целина. Македонците никогаш нема да се дозволат инсталација на “Голема или Природна Албанија“ на територијата на државата Македонија, Македонија никогаш нема да биде теократска држава во која владее шеријатот!

СМК повторува дека толеранцијата и коегзистенцијата на Македонците не претставува слабост за рекомпонирање на Македонската држава! Одбраната на територијалниот интегритет и независноста на државата Македонија е право и должност на секој граѓанин, и Македонците тие вредности ќе ги бранат и одбранат од секоја агресија на домашни врховисти и колаборационисти и надворешни непријатели, бидејќи никој нема право да признае окупација на Република Македонија или на дел од нејзината територија!

СМК смета дека и оваа пародија “илирида“ е обид на странските разузнавачки служби за заплашување на јавноста, во намерите за деноминација на државното име Македонија, поради што Македонците бараат итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под единственото државно име Македонија!

Македонците имаат сили и капацитет, да ја бранат и одбранат државноста и унитарноста на Македонија, да го одбранат нејзиниот територијален интегритет и независноста!

СМК апелира до албанската заедница во Македонија да се спротистават на сервилноста кон определени терористички и исламистички кругови, кои најмногу ќе им наштетат на Албанците во Македонија. Албанците не смеат да ги стават меѓуетничките и меѓуверските односи во залог на авантуристи од кои сите ќе страдаат! Македонија не е ниту Ирак, ниту Сирија! Во Македонија нема да има реприза на терористичката организација ИСИС!

СМК потсетува дека војната од 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците или меѓу православните и муслиманите, туку симулација на војна на некои големи сили за имплементација на свои интереси за сфери на влијание на овие простори! Македонците и Албанците не смеат да дозволат повторно да бидат жртви на корпоративниот глобализам, поради други и туѓи интереси на овие простори!

СМК од власта бара ревизија на државната администрација поради легализација на узурпацијата и денационализацијата како инструменти за окупација и албанизација на државноста!
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Да не звучам клише..Ама самите сме криви.

Прво во власта се се до еден продадени души.
Друго во опозицијата се продадени души.
Трето ја сакаме Репубљик Косова, не ли за нас тоа е држава...

Е па синко, кога ќе запуца кај нас што мислиш дека Европа или некој ќе ти помогне..
Ххахах...

Ако можеш ти да се мешаш во други внатрешни прашања на друга држава и да велиш дека тоа таму некаде е за тебе држава и на тебе ќе ти се мешат.

Утрето ден кога Репубљик Илирида ќе си прогласи независност цела европа ќе даде зелено светло бидејки сите се согласуваме дека секаде во светот како на Косово можат шипциве да си прават држави...
Е па бате ако може Косове репубљик за грујо и останатите ќе може и Иљирида репубљик...се ќе може за пари.

Како напиша Мисирков / Во македонија можат да се создадат и цигански интереси и циганска народност за пари..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom