Републикански кандидати за претседател на САД

Член од
24 март 2010
Мислења
15.351
Поени од реакции
26.354
Инаку, Гингрич бил убедлив на дебатите и тоа било пресудно за неговата победа во Северна Каролина.
Гингрич засега е во водство, според бројот на делегати. Последнава држава ја доби со сите освоени делегати, првпат на овие избори, за било кој кандидат. http://2012.presidential-election.info/
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Гингрич изгледа ќе победи, на Ромни му најдоа дека парите ги префрлил на Кајманските острови за да не плаќа данок.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.471
Поени од реакции
84.887
Гингрич победи во Северна Каролина, .
С. Каролина и Флорида,
Наредна сојузна држава каде што ќе се гласа е Северна Каролина.
Другови, абе вие мислите ваљда на Јужна Каролина?
Северна у мај избори има.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Другови, абе вие мислите ваљда на Јужна Каролина?
Северна у мај избори има.
:D

Во право си се разбира, Јужна Каролина. Се фативме за Северна како пијан за плот...

Тоа заради она С на Англиски од south...

;)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Џабе реторика, џабе ум, џабе политичка платформа -- да беше така Рон Пол требаше убедливо да води. Кога Америте избрале интелектуалец за претседател? Американците имаат уплав од интелектуалци во политиката. Затоа, гласаат за најсимпатичното и најнародско чоече. Така победи Џорџ Даблју. Тоа што Даблју беше ектремно глуп и тотално неспособен не е битно. Главно народот го сакаше. Додека не ги закопа во Ирак и не ја доведе економијата до тотален банкрот. Кога нема „народско чоече“ (како на пример меѓу овие републикански кандидати) Америте гласаат за оној шо им изглеа најпреЦедател. Критериумите се средена фризура, персонален шарм и дентална естетика. Од ова републиканско друштво таков е Мит Ромни. Ќе ме изненади Гингрич да добие -- он е докажан лузер. Башка, глеј му фризура -- ко да се шишал у берберски салон „Хигиена“ у Скопје пред 40 години.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Во меѓувреме, Ромни убедливо ги доби изборите во Флорида и Невада, со освоени гласови повеќе отколку вториот и третиот кандидат заедно. Сега само чудо може да го спречи да не биде номиниран, иако Гингрич планира да се бори до крај. Верувам дека Санторум многу брзо ќе ја напушти трката и ќе го подржи Гингрич. Она што е особено интересно е тоа што и подржувачите на чаенката полека застануваат зад Ромни, не затоа што им е посебно симпатичен, туку затоа што стануваат свесни дека само Ромни има реални шанси да му се спротивстави на Обама...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.351
Поени од реакции
26.354
Санторум ги доби Мисури, Колорадо и Минесота.

http://online.wsj.com/article/SB10001424052970204369404577209531461672726.html

Ова станува неизвесно :vozbud:
Сега доколку Ромни сака да ја освои номинацијата пред јуни мора да ги задржи и Санторум и Гингрич во трката, по секоја цена. Доколку некој од нив се откаже ќе треба номинацијата да ја брка до крај. Инаку од ситуацијава најмногу профитира Обама и доколку успее убаво да ја спакува евентуалната војна против Иран прилично лесно ќе ги добие изборите.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас се откажав од било какви предвидувања. Отпишаниот (од мене) Санторум се врати во стил, и сега се заканува дека ќе победи и во Мичиген, што би можело да биде голем удар врз Ромни. Инаку, Санторум против Обама има шанса колку капка вода во пеколот. Републиканците сами си го бараат поразот на претседателските избори...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ромни се консолидира од ќотекот кој го доби во Мисури, Колорадо и Минесота, и ги доби Мичиген, кој беше исклучително важен, и Вашингтон. Следува клучниот момент, 06 Март. На обложувалниците коефициентот за Ромни да биде Републиканскиот кандидат за претседател е 1.20 а на Санторум дури 19. На Рон Пол коефициентот е 30...
 
H

HITCH

Гостин
Јас навивав за Рик Санторум, ама мислам дека ќе ја прекинат агонијата и ќе го поддржат Мит Ромни, за да може да го победат Обама.
Се` уште не ми се верува дека Мормонов конечно има можност да стане Преседник. :coffee:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Јас навивав за Рик Санторум, ама мислам дека ќе ја прекинат агонијата и ќе го поддржат Мит Ромни, за да може да го победат Обама.
Се` уште не ми се верува дека Мормонов конечно има можност да стане Преседник. :coffee:
Ромни победил во 6 од 10 држави читам.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Стварно, слушнал некој нешто за Рон Пол?
На крај ќе испадне Мит Ромни сам со себе да се трка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom