Мислиш? Мене Обама ми изгледа како прилично сериозен фаворит. Ќе видиме Ромни како ќе ја базира кампањата, ама истакнување на позитивната кампања, силно водење на негативната (ама онака затскриено, колку и да силно и затскриено се противречни термини) и вакви кратки слогани (еден до два збора) се покажаа како многу успешна стратегија насекаде низ светот.
Според првичново видео тимот на Обама ќе го прави баш тоа. Цело време зборува за тоа што направил и има делче во кое кажува дека Ромни не сакал спасување од банкрот на загрозените. Декларативно води позитивна кампања, ама онака педерски потпикува.
Неблагодарно е да се предвидува, ама мислам дека ќе биде т`нко. Еве зошто: кога се работи за претседателски избори пи-ар тимовите се аждерски. И едната и другата страна ги знаат сите трикови и не може да се шамара противникот како мало дете. Второ, престедателските дебати се ентертејнмент, апла. И двајцата ќе имаат невидена минутажа по медиуми, ќе се преџвакува, атомизира кој шо рекол, итд. Се разбира спин докторите од обата табора ќе го одработуваат она за што се платени -- да го креираат јавното мнение, да ги следат флуктуациите и статистиките во очекувањата, и да им испорачаат на гласачите она што им треба. Кастм мејд прецедник. Замисли си НБА утакмица: интересна е затоа шо се праи драма до задња минута. Медиумите ова го знаат и така играат, затоа што ова резултира со гледаност. Бизнис есап.
Од мој агол, Обама ама баш ништо не направи. Јас не ни очекував нешто драматично затоа што наследи црна дупка во буџетот од глупото дете на Ѓорѓија Бушавиот. Обама е чоек на фармацевтските компании и здравстсвото нема многу да се промени уште долго време: се билдаат осигурителни компании (кои се middleman собирачи на пари), бирократскиот систем е левијатански гломазен, итн. Обама ќе дрви како го укокале Осама Бин Ладен, како економијата се стабилизира (а не е така), бла-бла. Ромни ќе спинува кон својот електорат: ќе дрви за морал, вредности, американски традиции, тантара-пантара. Конзервативците (и реално глеано, понеписмената раја) одлепујат на ваква реторика. Не зборавај дека Америка е преполна полуписмени луѓе, многу од кои се горди шо немаат пасош и немале потреба да излезат од „најбољата земја у светот“. Оваа раја е све за Ромни.