Религиски вицови

Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Стопира монахиња, наркоман нагло кочи со колата и вика:

- Влегувај! Сите пријатели на Бетмен се и мои пријатели!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.349
Ова со попови исмевање за нивната нискост... видено веќе - та затоа и не сме христијани нели :)
...уште 2003 година, кога не постоеше Кајгана форум, хрватските членови на форумот токму во подфорум „Религија“ си пишуваа вицеви во подтемата „Религиски вицеви“, што сигурно не ги прави помалку католици кога смеењето не е злонамерно и е пола здравје, а другата половина е вербата! ;)

- Тато, зошто баба секој ден, цел ден ја чита Библијата?
- Се спрема за приемен испит, синко!
:(
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Си седат во кафана тројца инвалиди – слеп Американец, глувонем Французин и Македонец во инвалидкса количка.

Одеднаш пред нив се појавува Исус и му вели на Американецот:
– Затоа што цел живот си праведен, ќе те избавам од маките!
Го допира Американецот и овој прогледува. Почнува да скока од радост.
Потоа Исус му вели на Французинот:
– Ти исто така си чесен човек, синко. И тебе ќе те излечам!
Го допира и Французинот почнува да слуша.
Потоа Исус се свртел кон Македонецот, а нашиот му се развикал:
– Немој да си ме пипнал, имам 200 евра инвалидска пензија!
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Тројца пријатели умираат во сообраќајна несреќа и се наоѓаат пред портите на рајот.
Пред да влезат Свети Петар ги прашува:
- Замислете си дека сте во ковчег и дека пријателите и блиските ве исплакуваат.
Што би сакале да слушнете за вас?
Првиот: Би сакал да слушнам дека бев одличен лекар и добар семеен човек.
Вториот: Би сакал да слушнам дека бев прекрасен маж и дека сум израснал прекрасни синови.
Третиот: Би сакал да слушнам ...Види, види. Мрда!!
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.821
Кај Св Петар душите чекаат. Он ги распоредува дали во рајот или пеколот според тоа кој колку пати бил женет.
-Прашува еден ,,колку пати си бил женет?”
-Овој одговара ,,еднаш”
,,Во рајот”
Прашува уште еден, и тој еднаш, исто во рајот.
Доаѓа на ред некој што бил три пати женет.
-,,во пеколот”.
Човеков се буни: ,,Е како бе дедо Петре овие еднаш женети во рајот, а јас три пати во пеколот”.
Св Петар му одговара: ,,Епа рајот е за маченици, не за идиоти”.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Влегува пијаница во кабина за исповедање во католичка црква, седнува и молчи.
Молчи тој така неколку минути, па свештеникот поткашлува да го потсети дека треба да почне со исповедање.
Пијаницата уште молчи. Поминува уште една минута и свештеникот веќе изнервиран тропнува по ѕидот неколку пати.
Од другата страна го слуша пијаницата:
- Џабе тропаш, нема ни кај мене тоалетна.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
142
Поени од реакции
148
Умрела некоја крава и отишла во рај за крави. Само што стигнала и другите крави ја прашуваат:
- Што ти беше ма, шап? Лигавка?
- Не бе, крштевка.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Алберт Ајнштајн оди пред Господ.
- Боже, на земјата ја измислив најголемата формула ама не ја знам формулата по која ти си го создал човекот.
Бог му дава хартивче - Еве ти ја!
Ја гледа Алберт 2 секунди и вика - Ама боже, овде има грешка?!
- Секако дека има.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Откако умреа сите луѓе на Земјата, тие го чекаа патот до рајот. Бог се појави и рече:
• Сакам сите мажи да се организираат во две колони. Еден тип за мажи кои се главни во бракот, друг тип за мажи кои се подредени на жените. Сите жени да се редат пред Св. Петар.
Мажите се средија. Колоната од потчинети мажи беше долга со километри, а во колоната мажи кои беа глава на семејството остана само еден. Бог рече:
• Вие подредените треба да се срамите! Ве создадов да бидете глави на семејства, ме разочаравте! Од сите вас само еден ми ги исполни очекувањата, учете од него!
Па тој се сврте кон тоа:
• Кажи ми, синко, како успеа да бидеш единствен во таа колона?
Човекот одговорил:
• Немам поим, жена ми ми рече да застанам таму.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Како што забележав ова вицовите се претежно насочени кон исмевање на две нешта:
- самата философија на религијата во однос на смртта;
- кон свештеникот за да се покаже дека е само човек.

Ова последното ме потсетува на македонските богомили и нивната философија дека нема потреба од човек помеѓу тебе и божественото :)

П.С. Сори што сериозно ја разгледувам религијата и верувањата на луѓето. Премногу влијае длабоко религијата кај човекот, затоа така сум навикнат.
Нема ништо смешно кај религиите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom