Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.279
Демек од ко палевме убивавме освојувавме затваравме казнувавме ставвме на маки колевме и силовавме во има на нашио бог, сега веќе то не смее никој да го прави. Да не го патентиравме верското насилство и фанатизам, па сега никој друг не смее да го има?? Еее колку би сакале индијанците, азијатите, африканците пред неколку века да “треба и мора да исчезне, и тоа многу порано од 2041 година, за добробит на сите, а која трагикомично се самонарекува религија на мирот.“ Истата е светата книга со која пред некој век тргнуваа цареви и кралеви, верски поглавари, во војни и освојувања, во истата таа книга наоѓаа оправдување, подршка, дури и морално право тоа да го прават. Истата книга денес поинаку се толкува. Не ги искинаа страници кои потикнуваат омраза и насилство. Таму се уште. Кој ќе им објасни на стотици милони жртви на таа книга и вера од минатите векови “Упс, грешно сме разбрале.... јбга....“ Ова денес што се случува и што ни пречи, го практикувавме сосем легално, нормално и секојдневно над други “еретиц неверници, иноверци...“ Денес мислиме дека оти бил 21 век сме биле на врв од развој и цивилизација. Истото ќе го мислат и нашите потомци во 24 век истото го мислеа нашите претци во 15 век.Кога се споменува религија во негативна смисла и нејзино исчезнување поради добробит на човештвото, заради нејзините лоши страни, или поточно, како е истата искористена и извитоперена од одредени структури за свои цели, тогаш најчесто се мисли на религискиот фанатизам, закоравеност, конзарвативност и неретко најлошиот дел - убивање во име на некој замислен пријател на небото.
Согласно ова, во 21 век, има само една таква религија, која треба и мора да исчезне, и тоа многу порано од 2041 година, за добробит на сите, а која трагикомично се самонарекува религија на мирот.
Се друго, различно од неа, е во некоја фаза, која е далеку од фанатизам или екстремизам, и не претставува никаква пречка за развојот на човештвото, а со самото тоа не би требало да претставува предмет на дискусија.
Ако речете Исус не бил Бог, или не воскреснал и Библијата не е точна, тогаш нема да станат христијанските верници, ниту ВАтикан да поведат света војна. Доказ се еден куп филмови снимени како иронија и сарказам на таа тема, од Брајановото Житие на легендарните Монти Пајтон, до последниот Код на Да Винчи, од Ден Браун.
Спротивно на тоа, ако само помислите, а не дај боже кажете нешто против Мухамед, на пример, следува верски фанатизам, екстремизам во крајни граници, и спремност да се појде во џихад, и да се убие заради такво нешто. Доказ се данските хумористи и нивната карикатура, и секојдневните убиства во таканаречените исламски земји, кои се во обид да спроведат шеријат.
Страшно и тажно.
Го напишав овој пост, само колку да се знае во секоја дискусија на оваа тема да се направи јасна дистинкција и да има два коша, во едниот е религијата на мирот, а во другиот е се останато. И најчесто треба да се мисли, на првиот кош.
Не е решението во укинување на некоја религија (то е бесмислена ои безнадежна работа) Треба да се дојде до поинакво размислување а со помош на наука и едукација на луѓето. Како што ние од верски фанатици станавме толерантни и најчесто само ради адети и спомени од баби и дедовци верници. Кога се описменивме, кога научивме разбравмне и сфатифме законите на природата, тајните на вселената...