Религиите ќе исчезнат до 2041ва

S

Stef Bachatero

Гостин
Па со новите инструменти што ги имаме во моментот како телескопот со х-зраци и Чандра откриваме работи што не сме ги отркивале до сега.
Може да видиме приближно што се десило до Биг Бенгот.
За креатор и за бог не сум сигурен и тоа е тема што бара големо знаење,што јас го немам и не ме интересира :)
--- надополнето: 17 септември 2013 во 15:52 ---
Тогаш ќе го снема атеизмот.
Атеизмот не е религија.
 
M

Muranyi

Гостин
Ова повеќе ми делува на метафизички концепт. Сосема друга тема.

П.С Си го читал Ниче, гарант. :)
Баш погоди,месецов го читам,но искрено мој личен впечаток е дека или не сум доволно зрел и спремен за Ниче или немам дигестивен систем за да можам целосно да ја сварам неговата филозофија.Но,секако ми се допаѓа неговата смела и "без влакна на јазикот" критика кон организираната религија.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Едноставно е, кој/кои е тој што стои позади религиите?
Ако има такви.
Не е кој/кои туку што. Религиите опстојуваат благодарение за стравот од смртта и надежта дека постои вечен живот, потпомогнати од неможноста да се осознаат концептите кои се причина за истиот тој страв и истата таа надеж.
Слично на некој што никогаш не видел ноќ, па во зајдисонцето гледа со ужас мислејќи дека тоа е крај на светлината и денот.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Луѓе што тресете, верата од секогаш постоела, постои и ЌЕ ПОСТОИ. Лично јас како еден Христијанин секогаш ќе верувам ;) ......, а вие атеистите само со тоа се радувате, да нема вера, ова, она -.-
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не е кој/кои туку што. Религиите опстојуваат благодарение за стравот од смртта и надежта дека постои вечен живот, потпомогнати од неможноста да се осознаат концептите кои се причина за истиот тој страв и истата таа надеж.
Слично на некој што никогаш не видел ноќ, па во зајдисонцето гледа со ужас мислејќи дека тоа е крај на светлината и денот.
Не Ипси, тоа е методот, причините се други... :)
Сенека вели: "Religion is regarded by the common people as true, by the wise as false, and by rulers as useful" тоа ќе да е.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не Ипси, тоа е методот, причините се други... :)
Сенека вели: "Religion is regarded by the common people as true, by the wise as false, and by rulers as useful" тоа ќе да е.
Што ќе искористуваат владетелите, што ќе сметаат за лажно умните и вистинито обичните луѓе, ако ги нема причините кои ги посочив?
Религијата е метод, стравот и надежта се причините поради постои тој метод како таков.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не е кој/кои туку што. Религиите опстојуваат благодарение за стравот од смртта и надежта дека постои вечен живот, потпомогнати од неможноста да се осознаат концептите кои се причина за истиот тој страв и истата таа надеж.
Слично на некој што никогаш не видел ноќ, па во зајдисонцето гледа со ужас мислејќи дека тоа е крај на светлината и денот.
Не е толку едноставно.
Обожувањето(предавањето) на одредени ентитети е мислам дека крајната цел. Целата финта е иницијацијата односно давање согласност за да те "јебе" некој после.
Демек, ај ти моли се на мене а јас ќе ти дадам што ти треба. Ќе те чувам, и меѓу другото што викаш у рај ќе те пратам.
Не е тоа ветер и магла верување ... верување во празно.
Ти бар треба тоа да го знаеш, ама не ми е јасно зошто не можеш да го видиш тоа.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е толку едноставно.
Обожувањето(предавањето) на одредени ентитети е мислам дека крајната цел. Целата финта е иницијацијата односно давање согласност за да те "јебе" некој после.
Демек, ај ти моли се на мене а јас ќе ти дадам што ти треба. Ќе те чувам, и меѓу другото што викаш у рај ќе те пратам.
Не е тоа ветер и магла верување ... верување во празно.
Ти бар треба тоа да го знаеш, ама не ми е јасно зошто не можеш да го видиш тоа.
Иницијацијата нема врска со религиите, ниту е давање согласност некој да те "јебе".
Во религиите (мислам на трите монотеистички), непостои систем на иницијација, туку слепо прифаќање на догми.
Тоа е токму спротивност на иницијацијата која е начин на кој се почнува со спознавање на природата на духовното и материјалното и нивната взаемна поврзаност.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Иницијацијата нема врска со религиите, ниту е давање согласност некој да те "јебе".
Во религиите (мислам на трите монотеистички), непостои систем на иницијација, туку слепо прифаќање на догми.
Тоа е токму спротивност на иницијацијата како начин на кој се почнува со спознавање природата на духовното и материјалното и нивната взаемна поврзаност.
Како не постои систем на иницијација?!
Па светите тајни што се?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Што ќе искористуваат владетелите, што ќе сметаат за лажно умните и вистинито обичните луѓе, ако ги нема причините кои ги посочив?
Религијата е метод, стравот и надежта се причините поради постои тој метод како таков.
Е мој друже, сети се само зошто во римското царство е воведено христијанството. Ете тоа е причината, не самото верување како верување, тоа не е причина. Тоа што ти го спомна како појави (стравот, надежта за вечен живот.... итн...не се причини) се вешто искористени за да се направат прикаските, од која очигледно пастирите имаат корист. А за да има пастири треба да има и......?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како не постои систем на иницијација?!
Па светите тајни што се?
Тоа прашање постави го на темите за конкретните религии, па ќе видиш.
Самиот факт што за да бидеш припадник на овие религии е доволно само да ги прифатиш нивните догми, е аргумент кој зборува дека нема ни И од иницијација.

Иницијацијата, етимолошки, е патување навнатре, Патешествие на Откривање на сопствената Душа.
--- надополнето: 17 септември 2013 во 17:24 ---
Е мој друже, сети се само зошто во римското царство е воведено христијанството. Ете тоа е причината, не самото верување како верување, тоа не е причина. Тоа што ти го спомна како појави (стравот, надежта за вечен живот.... итн...не се причини) се вешто искористени за да се направат прикаските, од која очигледно пастирите имаат корист. А за да има пастири треба да има и......?
Затоа што било одличен метод за создавање совршени поданици - Да го сакаат својот непријател, да бидат покорни, да не сакаат материјални добра, да прифатат секаква власт и да ја сметаат дека е од бога...итн, итн. И причина - двигател за сето та било "морковчето" - ветувањето за вечна награда, вечно задоволство насловен како Рај и стапчето - заплашувањето дека постои врховно битие кои ќе им суди.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Тоа прашање постави го на темите за конкретните религии, па ќе видиш.
Самиот факт што за да бидеш припадник на овие религии е доволно само да ги прифатиш нивните догми, е аргумент кој зборува дека нема ни И од иницијација.

Иницијацијата, етимолошки, е патување навнатре, Патешествие на Откривање на сопствената Душа.
Тоа е твоја претстава за иницијацијата.
http://hr.wikipedia.org/wiki/Inicijacija
Инаку си постојат таму ритуали, ако си бил христијанин некогаш јасно ќе ти биде. Не им треба твоја согласност, туку на родителите. Родителите и нивната претстава дека децата се нивни ќе резултира со валидност на "договорот".:)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоа е твоја претстава за иницијацијата.
http://hr.wikipedia.org/wiki/Inicijacija
Инаку си постојат таму ритуали, ако си бил христијанин некогаш јасно ќе ти биде. Не им треба твоја согласност, туку на родителите. Родителите и нивната претстава дека децата се нивни ќе резултира со валидност на "договорот".:)
Од линкот кој ми го посочи:
Inicijacija (lat. initiatio, posveta), postupak upućivanja u principe, tajne ili tehnike rada.

Кој техники се тајни во христијанството? Дали за да станеш христијанин има постапка во која си подучуван на техники кои се недостапни на оние кои не се христијани?
И друга работа. Неможе твоите родители да те иницираат, во ниеден систем тоа не е случај.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Од линкот кој ми го посочи:
Inicijacija (lat. initiatio, posveta), postupak upućivanja u principe, tajne ili tehnike rada.

Кој техники се тајни во христијанството? Дали за да станеш христијанин има постапка во која си подучуван на техники кои се недостапни на оние кои не се христијани?
И друга работа. Неможе твоите родители да те иницираат, во ниеден систем тоа не е случај.
Како кои техники?!
http://mk.wikipedia.org/wiki/Свети_тајни
Ти не си бил христијанин по се изгледа, ќе треба малку труд да вложиш. Не е така едноставна работата.
Кај се тука постите, попови кога одат по куќи(тоа по селата) крштеваат вода, па имаш триста заебанции.
Ако умре човек тоа се цели процедури, па венчавање во црква......ти ме шупчиш мене изгледа :)
Може 'сопственикот"- стопанот твој да те иницира, тоа е сегде случај.
Исто е и со државата, и она е твој сопственик заедно со религиите. Кога те праќа во ритуална смрт во војните на пример. Се е тоа поврзано....ама долга тема е тоа.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Како кои техники?!
http://mk.wikipedia.org/wiki/Свети_тајни
Ти не си бил христијанин по се изгледа, ќе треба малку труд да вложиш. Не е така едноставна работата.
Кај се тука постите, попови кога одат по куќи(тоа по селата) крштеваат вода, па имаш триста заебанции.
Ако умре човек тоа се цели процедури, па венчавање во црква......ти ме шупчиш мене изгледа :)
Може 'сопственикот"- стопанот твој да те иницира, тоа е сегде случај.
Исто е и со државата, и она е твој сопственик заедно со религиите. Кога те праќа во ритуална смрт во војните на пример. Се е тоа поврзано....ама долга тема е тоа.
Да бевте иницијаторска организација ќе разберев дека кажаново држи, ама не сте....или можеби сте? Имате Свети Тајни кој обичните верници не ги знаат и разбираат? Се делите на профани и иницијанти?
Напротив: Светите Тајни се исти и наменети за сите во Црквата: од епископот па до најанонимниот верник.

Светите Тајни имаат свој видлив акт и своја невидлива благодат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom