Религиите во светот опис, слики, клипови

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Ова тема е да се запознаеме за религиите во светот.
Низ историјата на човекот постоеле многу религии, некои опстанале цело време некои згаснале, нови настанале. Некаде прочитав дека во светот постојат денес околу 5000 различни божества на кои луѓето им веруваат ги почитуваат и им прават обреди, па на кратко нека секој каже опише постави некоја фотографија или клип во врска со неа, еве на пример Шаманизам, тоа е можеби најстарото верување дека човек преку одредени ритуали може боженствената енергија да ја пренесе од бохг на овој свет (предмети, луѓе...) Шаманизам во разни облици ги има во најстарите сочувани човечки заедници, во Австралија, Африка, што ја докажува нивната древност како и описите на ртаквите пракси кај азиските, индијанските, ескимските... народи и племиња. Дека шаманизомот е сериозен потврдува и експериментот од 2007 година кога во САД над 23 жени кај кој е дијагностициран синдром на болка и дисфункционалност на виличните мускули, е спроведен шамански начин на лекување по 4 недели само кај 4 жени од групата е дијсгностицирана истата болест, што е голем успех.

sh.jpg

1339213419_dsc_1037-800x532.jpg

 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
мене доста интересен ми е храмот на сите религии кој се наоѓа во Татарстан на брегот на реката Волга. Еден доста уникатен архитектурен ансамбл кој во себе ги има сите 16 светски религии дури и елемнти од оние кои се оддамна исчезнати , во него не се одржуваат служби нит обреди- едноставно служи како музеј - има црква, џамија, синагога....
http://en.wikipedia.org/wiki/Temple_of_All_Religions

 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Ова не сум го знаел, многу интересно, а баш денес на Мики се обидов да му преставам како би изгледало собир на едно место на сите религии на светот....
во секој случај, место кое вреди да се посети

Kazan_church.jpg
 
Ф

Флеш

Гостин
Зороастризам

една од најстарите религии, мошне популарна уште од времето на Аце Наш тоес популарна во териториите на кои ги освојува , припадник на оваа религија е и мошне многу познатиот починат музичар Фреди Мекјури од легендарната супер група Квин



Зороастризмот, позната и како Заратустризам или Маздаизам, е древна иранска религија и филозофско учење. Зороастризмот бил државна религија во Ахеменидската, Партската и Сасенидската империја. Бројот на следбеници на Зороастизмот со текот на времето опаднал и денес се проценува дека во светот има од145.000 до 2.6 милиони следбеници.

Религијата настанала во источните делови на Персија, пред повеќе од 1000 година п.н.е. Религијата е унифицирана од филозофот Зороастер, кој ја упростил идејата на раното иранско многубожество.Така, тој во основа ги воспоставил двете спротивставени сили: Ахура Мазда (просветлената мудрос) и Ариман (разорниот дух). Религијата имала влијание врз подоцнежните религии, како штосе Јудаизмот, Христијанството и Исламот.

http://en.wikipedia.org/wiki/Zoroastrianism[DOUBLEPOST=1398875990][/DOUBLEPOST]

Суфизам

Суфизам односно тасавуф (арапски تصوف, тасавуф, персијски عرفان, ерфан) е мистички аспект на исламот, начин на живот усмерен према остварување на Божјето единство и присуство преку љубов, искусено самоспознавање, аскетизам и екстатичко единство со саканиот Творец.

Зборот (суфизам) доага од Арапскиот збор суф - волна.Првите аскети носеле облека од груба волна, претпочитајќи ја нејзината симболична едноставност над побогати и попрефинети материјали.Основата на Суфизмот е чисто Исламска.Суфизмот може да се најде насекаде низ исламскиот свет.Тоа е внатрешната димензија на Исламот од каде што извира ефикасноста и силата на Исламот како релилигија.Историјски суфиите се собирале во организации нарецени тајфи или тарикати, при што вториот израз повеќе се користел покасно.Турук се групи собрани околу водач, се срекаваат за верски собири (меџалис) во завии, ханаки или текиња. Овие духовни состаноци се опишуваат во зборовите на Пејгамберот с.а.с. “секогаш кога луѓе се собираат да се сетат на Аллах, тие се опкружени со ангели (малаике), Божјото задоволство ги опкружува , мир (сакина) се спушта на нив и Аллах се сеќава на нив во Неговиот собир.”

Еве суфи музика која лично ми се допаѓа многу и ќе ја најдете во многу индиски серии кои одат моментално на Шител,Анал 5 и Бета Тв


 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.354
Поени од реакции
29.829
Aтеистички сатанизам. Ова е всушност антирелигија, концепт на живеење на животот без верување ни во господ ни во ѓаволот, каде се препорачува во целост да се доживее се што вреди да се искуси во животот, од индивидуален аспект.
Името доаѓа од еден од преводите на зборот Сатан, =Спротиставен. Ова практично асоцира на идејата за спротиставување на сите воспоставени религии.

Да не замарам со детални пишувања, послушајте ги следниве објаснувања (на англиски јазик).

 
W

Werther

Гостин
Сем Харис со дистинкција помеѓу вистинската религија на мирот Џеинизмот и смрдливата идеологија наречена Ислам. Инаку, Херис одлично го опиша Џеинизмот, тој вели: колку се поекстремни џеинистите, толку помала причина за грижа имаат останатите. Во самата срж на Џеинизмот е мирот.


Поопширно за Џеинизмот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
а баш денес на Мики се обидов да му преставам како би изгледало собир на едно место на сите религии на светот....
Let3,

на „ју тјуб„ постои запис од Богоборечкиот собир на сите светски религии, одржан во 1986-тата во градот Асизи (градот од славниот Фрањо...), така да доцниш со Твојава желба, демек, нешто да ми покажеш, а тоа „нешто„ веќе се одржало, и тоа неколкукратно...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Let3,

на „ју тјуб„ постои запис од Богоборечкиот собир на сите светски религии, одржан во 1986-тата во градот Асизи (градот од славниот Фрањо...), така да доцниш со Твојава желба, демек, нешто да ми покажеш, а тоа „нешто„ веќе се одржало, и тоа неколкукратно...
МПЦ беше преставена таму?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
значи не беше комплетен собирот, сигурно фалеше уште некоја религија
Прочепкај по „Ју тјуб„, ќе го најш клипот...
Собирот екуменски е од 1986-тата, во градот Асизи во Италија, а беа собрани сите денес познати вери.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Прочепкај по „Ју тјуб„, ќе го најш клипот...
Собирот екуменски е од 1986-тата, во градот Асизи во Италија, а беа собрани сите денес познати вери.
Па биле и православните присутни, оти велиш не биле?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Kajgana Shop

На врв Bottom