Не може точно да се разбере јасната и неоправдана омраза кон Скопје.
Оваа страшна тенденција, која не може да следува од здрав разум, е всадена дури и кај младите.
Неверојатно, но така е. Како што сведочи и темава.
Луѓе кои имаат солидни постови на останати теми, тука покажуваат глупавост од најнизок можен ред.
(Луѓето немаат печат за глупавост, па затоа им ги следиме постапките.)
Генерално, човек не сака да признае дека е глупак, но постојат студии кои велат дека човекот (во најопшт случај) е толку глупав,
што не знае точно колку е глупав, итн. (според тоа, дури и да го смени во „меѓувреме“ мислењето, пак нема да го соопшти; тој фатален инает работи
на егото и не го пушта, а мојот став е дека не треба преголем умствен напор да се види колку е глупаво сето ова!)
„Да признаеме дeка сме погрешиле е како да кажеме: од сега сме попаметни!“ (M.T.)
Тоа што се случува тука, грубо, е следното (чекори на пропаганда):
-прифатено (јасно негативно) мислење од околината, всадено од мал, во однос на Скопје
-експоненцијално растење на омразата, неосновано
-до конечно непризнавање на своите глупости (скоро кај секој важи)
Мал број ќе речат „нема поента да имаме омраза кон град Скопје, не може да следува од здрав разум“.
Останатите лесно се приклучуваат кон толпата (по правило на гравитација) - едноставно, нема потреба индивидуата да размисли за своите ставови (зошто така мислам? што ме натерало? дали е лично искуство? кој ми кажува? зошто ми кажува тој? што тој добива? што добивам јас? што е вистината?)
Во мое разбирање, единствена причина за толку жестока омраза е љубомората. Што е смешно, бидејќи (како добар соговорник, ги земам нивните ставови со најдобри интереси) тие тврдат дека Скопје не чини. Па зошто тогаш љубомора, итн. Тогаш, не ми е јасно.
Познато е дури дека и голем дел од тие што се редовно тука, го мразат градот и неговите жители. Да, ова се веќе случаи за психијатриско набљудување, но молам за препрочитување на темава - ова *СЕ* случува. Каква ли е таа несреќа да мразиш сѐ околу тебе ?
Не ви е малку непријатно што зборувате за поголем дел од целата држава? Сигурно и меѓу нив ваши колеги, пријатели.
Со голем прашалник кај пријатели, дали е можно да имаш пријател од тука, со такви ставови општи ?
Морав да напишам нешто, свесен дека здрав разум не се учи, според тоа не може да се сподели.. на крајот на тунелот светло не свети, со толку глупави
луѓе и мислења на еден куп. Извесно дека овој е најголем форум, оваа е доста посетена тема.. заклучокот се наметнува.
Не смееме да се чудиме што губиме на многу полиња, погледнете што се случува.. од една страна, посакувам да се затвори темава, за да не се засилуваат
поделбите (поделбите, по правило, ги прават глупавите, од нив почнува сѐ; останатите мора да (и ќе) се запрашаат „што ли правам?“);
од друга страна, како почитувач на вистината, не смеам да затворам очи на толку глупави луѓе и мислења.
Ужасна атмосфера. Невозможен избор.