Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Има што да се види во Скопје, но Скопје е одвај 10% од Македонија, затоа не се чукајте во гради и не се дигајте на високо... останатите 90% од Македонија се нешто што го нема во Скопје (да не пишам и околината оти ќе отидеме во соседна држава)...
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
А цела провинција гладува и гази во кал за “скопјаните“ да одат по асфалтирани и чисти улици и Глујо да им прави споменици,фактички цела држава работи само за Скопје
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Значи во Македонија, да се употребува зборот провинција е жива смешка. Еден грст народ сме, една грутка земја, ама пак, некој биле провинцијалци, а некој граѓани на метрополата.
Абе немој да ме јебеш. Скопје е најголемо село во Европа. Како може Скопје да се разликува од „провинцијата“ кога и самото Скопје е населено од 1) луѓе од околните села, 2) луѓе од селата и градовите од цела Македонија.

Може да збориме за провинцијалец кога некој иде од некое гратче во Охајо, со број на жители 754 и се преселува во еден од милјонските градови низ Америка. Како може да јас да бидам наречен провинцијалец кога живеам на 60тина км од Скопје. Тоа во нормални услови би се сметало за нешто како предградие.
Кога зборевме за акценти, мојот акцент е далеку почист од тој на скопјани. Скопјани не знаат за акцентски целости. Никогаш нема да слушнеш скопјанец да рече на`маса, со акцент на „на“. И уште нешто, во езеро се капе, во бања се бања.
Скопјанишча :ROFLMAO:
 
З

Забавата е во Кругот

Гостин
Многу лош пример зема. Што не проба да не споредиш со Словенија. Љубљана има 272,220 жители. Кај нив (ова е нешто што го добив како информација од блиска другарка која се омажи таму) во секое друго населено место подеднакво може да се најде работа како во Љубљана.

Мубаетот ми е, жителите кои не се од Скопје, највеќе доаѓаат тука зашто гледаат прилика за вработување. И нормално подобар живот. Е сега доколку државава наместо „Скопје 2014“ да го дополнат со жални врби и остали работи, кои не викам дека не се убави само секој нормален човек ќе потврди дека е ПРЕМНОГУ натрупано и нема целина (нема целина приказната што ја почнале), можеле да вложат во подобра инфраструктура. Постојат места во Македонија каде што сеуште нема струја и вода. Што е срамота за толку мало парче земја да неможе да се овозможи тоа на сите граѓани а се трошат суми (што незнам да ги напишам) на глупости кои не прават добро на никого. Ни на нас Скопјани ни на останатите. Туку само стојат.. ќар невиден..

Историјата си ја знаеме сите, основно и средно сме поминале. Пари ни требаат за живот. Ама очигледно Коцекабана и компанија имаат друго гледиште на тоа.
Не ја гледам Љубљана како поголема метропола од Скопје,затоа и не ја земав.. :)

Иначе во право си за долниот дел од коментарот..
Но како и во сите други градови, така и кај нас има многу студенти кои се школуваат.
 
М

Мaријa

Гостин
Значи во Македонија, да се употребува зборот провинција е жива смешка. Еден грст народ сме, една грутка земја, ама пак, некој биле провинцијалци, а некој граѓани на метрополата.
Абе немој да ме јебеш. Скопје е најголемо село во Европа. Како може Скопје да се разликува од „провинцијата“ кога и самото Скопје е населено од 1) луѓе од околните села, 2) луѓе од селата и градовите од цела Македонија.

Може да збориме за провинцијалец кога некој иде од некое гратче во Охајо, со број на жители 754 и се преселува во еден од милјонските градови низ Америка. Како може да јас да бидам наречен провинцијалец кога живеам на 60тина км од Скопје. Тоа во нормални услови би се сметало за нешто како предградие.
Кога зборевме за акценти, мојот акцент е далеку почист од тој на скопјани. Скопјани не знаат за акцентски целости. Никогаш нема да слушнеш скопјанец да рече на`маса, со акцент на „на“. И уште нешто, во езеро се капе, во бања се бања.
Скопјанишча :ROFLMAO:
А цела провинција гладува и гази во кал за “скопјаните“ да одат по асфалтирани и чисти улици и Глујо да им прави споменици,фактички цела држава работи само за Скопје
Најпрво, Скопје не е град на лектори, ниту пак сите студираат лингвистика, за стандардниот (литературен) јазик биде задолжителен.
Самите медиуми меѓу кои и електронските, не ги пласираат информациите исклучиво литературно, како што би требало да биде. Нашиот образовен систем исто така. Особено ми е смешен примерот за акцентските целости, како и правилото за едначење по звучност кое и на минатата страна од еден "нескопјанец" забележав колку добро го владеете. Патем, моја лична преференција е дали ќе употребувам скопски жаргон или пак не, и онака нашиот јазик е доволно "загаден" со турцизми, србизми, бугаризми итн. Од друга страна пак, се' повеќе вметнувате англицизми во секојдневниот говор. Контрадикторно нели?
Инаку еклатантен и достатен пример за тоа колку е Скопје "село" говори фактот што мнозина (третина) од жителите на Македонија се населени тука. Поделбите не ги правиме ние - скопјаните, туку самите вие кои хиперболизирате. Во Скопје не се живее боемски живот, јас не сум таа која што одлучува каде државниот буџет ќе инвестира. Мнозинството одлучува за тоа, самите вие, кои ги изгласавте господата на удобните фотелји. Можам да ве прошетам низ нашите "чисти и асфалтирани улици", па да се подзамислите наредниот пат дали ќе кажете уште некоја ваква небулоза. Што се однесува до мене, при првата можност би заминала од тука, за вие "провинцијалците" го почувствувате овој наш раскошен скопски живот.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Темава е многу оригинална и пошто сите други проблеми во Македонија се решени предлагам цел кајгана форум тука да се реши да коментира.
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Најпрво, Скопје не е град на лектори, ниту пак сите студираат лингвистика, за стандардниот (литературен) јазик биде задолжителен.
И не е, никој не рече ништо поинаку.
Самите медиуми меѓу кои и електронските, не ги пласираат информациите исклучиво литературно, како што би требало да биде. Нашиот образовен систем исто така. Особено ми е смешен примерот за акцентските целости, како и правилото за едначење по звучност кое и на минатата страна од еден "нескопјанец" забележав колку добро го владеете. Патем, моја лична преференција е дали ќе употребувам скопски жаргон или пак не, и онака нашиот јазик е доволно "загаден" со турцизми, србизми, бугаризми итн, а од друга страна се повеќе вметнувате англицизми во секојдневниот говор. Контрадикторно нели?
Не знам што толку се замараш со јазикот. Тоа што јас го напишав се однесуваше на муабетот за акцентите што беше претходно спомнат.
Инаку еклатантен и достатен пример за тоа колку е Скопје "село" говори фактот што мнозина (третина) од жителите на Македонија се населени тука.
Скопје не го прави село бројот на жители. Има разлика помеѓу сељак и селанец, а тоа е културата. Поентата ми беше дека има исто толку сељаци во Скопје колку што има во остатокот од МК. Скопје не поурбана средина од, да речеме, Велес.
Поделбите не ги правиме ние - скопјаните, туку самите вие кои хиперболизирате.
Јас досега не сум видел некој да се нарече самиот провинцијалец. Никогаш. Како тоа ние ја правиме поделбата? Што збориш глупости?
Во Скопје не се живее боемски живот, јас не сум таа која што одлучува каде државниот буџет ќе инвестира. Мнозинството одлучува за тоа, самите вие, кои ги изгласавте господата на удобните фотелји. Можам да ве прошетам низ нашите "чисти и асфалтирани улици", па да се подзамислите наредниот пат дали ќе кажете уште некоја ваква небулоза.
Ова беше врв. Ако имаш ти појма што сакаш да кажеш, ја к***в го сечам
Што се однесува до мене, при првата можност би заминала од тука, за вие "провинцијалците" го почувствувате овој наш раскошен скопски живот.
Гони се слободно никому не му требаш.
 
М

Мaријa

Гостин
И не е, никој не рече ништо поинаку.

Не знам што толку се замараш со јазикот. Тоа што јас го напишав се однесуваше на муабетот за акцентите што беше претходно спомнат.

Скопје не го прави село бројот на жители. Има разлика помеѓу сељак и селанец, а тоа е културата. Поентата ми беше дека има исто толку сељаци во Скопје колку што има во остатокот од МК. Скопје не поурбана средина од, да речеме, Велес.

Јас досега не сум видел некој да се нарече самиот провинцијалец. Никогаш. Како тоа ние ја правиме поделбата? Што збориш глупости?

Ова беше врв. Ако имаш ти појма што сакаш да кажеш, ја к***в го сечам

Гони се слободно никому не му требаш.
Мојот пост имаше сосема друга поента, ако не примети, освен твојот, уште еден пост беше цитиран, во врска со спомениците и колку тоа се инвестира за да ние, скопјаните, имаме подобар живот.
Нема да парафразирам, ниту пак подробно да ти објаснувам повторно, бидејќи во сосема друга насока го водиш муабетот.
Единствено ќе се согласам дека има разлика помеѓу селанец и сељак,
Ова беше врв. Ако имаш ти појма што сакаш да кажеш, ја к***в го сечам
а голема е веројатноста да ти припаѓаш во вторава класа.
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Хаха,ја па многу ги мрзам скопјанците..Ко да ги акнал некој метеор у глава,ни знаат што се,ни за кој се,ни за кај се..
Некни идам на зелен пазар у еден дуќан,и влегуам,уште не сум рекол добар ден,еден стар почнуе да бистри политики,како он бил стар скопјанец,како ја сум бил дебел,како ми виселе цицките,ако сум идел у странство да сум кажел дека он продава на зелен пазар(Маркетинг)... O_O ДАФАК!
Или па оние пензионерине и пензионеркине у жена парк или у АВТОБУС,лелеееееее намќориииии..Со тоа гласовите извиткани,паууу момчеууу ниее старите стоимеее вие седитеее пппллалгаагаалавав!!Носи се мори у газ мајчин!
Инаку и ја сум Скопјанец,у чаир роден,и мајка ми и татко ми се скопјани у чаир родени..А бабите и дедовците од цела Македонија..Исто како и на "старите" Скопјани бабите и дедовците.. -.-
Ако идам низ Македонија,срам ми е да кажам дека сум од Скопје...Зошто знам како се понашаат у Скопје спрема останатиот Македонски народ...Затоа викам дека сум Галичанец од Јапан...
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Најпрво, Скопје не е град на лектори, ниту пак сите студираат лингвистика, за стандардниот (литературен) јазик биде задолжителен.
Самите медиуми меѓу кои и електронските, не ги пласираат информациите исклучиво литературно, како што би требало да биде. Нашиот образовен систем исто така. Особено ми е смешен примерот за акцентските целости, како и правилото за едначење по звучност кое и на минатата страна од еден "нескопјанец" забележав колку добро го владеете. Патем, моја лична преференција е дали ќе употребувам скопски жаргон или пак не, и онака нашиот јазик е доволно "загаден" со турцизми, србизми, бугаризми итн. Од друга страна пак, се' повеќе вметнувате англицизми во секојдневниот говор. Контрадикторно нели?
Инаку еклатантен и достатен пример за тоа колку е Скопје "село" говори фактот што мнозина (третина) од жителите на Македонија се населени тука. Поделбите не ги правиме ние - скопјаните, туку самите вие кои хиперболизирате. Во Скопје не се живее боемски живот, јас не сум таа која што одлучува каде државниот буџет ќе инвестира. Мнозинството одлучува за тоа, самите вие, кои ги изгласавте господата на удобните фотелји. Можам да ве прошетам низ нашите "чисти и асфалтирани улици", па да се подзамислите наредниот пат дали ќе кажете уште некоја ваква небулоза. Што се однесува до мене, при првата можност би заминала од тука, за вие "провинцијалците" го почувствувате овој наш раскошен скопски живот.

А твоите предци отсекогаш живееле во Скопје? Пази да ти не верујем што би рекле србите (еден србизам да употребам), провинцијалка си колку и сите ние заедно
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Аман луѓе разберете, не пречат провинцијалците во Скопје, туку лошото е тоа што СТУДИРА , РАБОТИ и ЖИВЕЕ во Скопје, а плука по него и 10 пати во муабет непотребно ќе ти смени тема за да ти каже дека неговиот град е подобар иако нема каде да излезеш надвор и секој со секого се знае... Тоа е лошото,а иначе никому не му пречат, нека ги оставаат парите во СК
 

Kajgana Shop

На врв Bottom