Јас ке ти кажам дека, се е совршено, само Господ не е, заедно со религиите. Зошто?- Затоа што според Господ ние сме грешници, а бидејки ние сме негово дело, тоа значи дека тој создал грешка (грешници) и затоа не е совршен.
Што се однесува до реинкарнација, јас не знам дали пак истата човечка енергија (народски: душа) откако ке умре, повторно се раѓа во форма на човек, но бидејки ниедна енергија не се создава или губи, туку само се преобразува од еден вид енергија во друг, што е и научно докажано, сметам дека откако ке умреме, преоѓаме во некој друг вид енергија, на пример во енергијата на земјата или некаква космичка, универзумска енергија, ама тоа сеуште не ми е доволно познато, а и не знам кој би можел да го осознае, бидејки за да го дознае некој мора тој лично да се претвори во такво нешто или да биде сведок на таков некој премин на некој човек кој умира, па своето искуство да го пренесе на другите.