Редовна војска повторно?

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Risto_PoP_Trajanov_VIII не знам шо запна за оружје по дома..........утре ако пукне не се секирај ќе те викнат и вооружат кога ќе ти дојде редот

Проблемот е што додека да дочекам од нив ќе бидам најверојатно мртов.

А и проблемот е што ако баш тие што треба да ме вооружаат се тие што се тираните ? ;)

Правото да поседуваш оружје и на самоодбрана се основни човекови права.Самото негирање на истите е за подпомогнување на тиранијата.Првото што го направиле комунистите и нацистите кога дошле на власт е да го разоружаат населението.

И они им викале чим има потреба ќе ви дадеме оружје.Па ниту Евреите,Циганите,Хомосексулаците или Словените од Источна Европа го добија истото кога ги носеа во концентрационите логори ниту пак го добија селаните во Советскиот Сојуз кога ги носеа во Сибир како робовска сила.Или пак во Украина за времето на гладовите предизвикани од комунистите кога родителите си ги јаделе сопствените деца.

Државниот апарат е животно кое ако редовно не е тепано и под закана од тепање ќе прерасне во ѕвер кој ќе не конзумира сите.Ова е историски факт.

Стадиумот кон кој тежнее кој било државен апарат ако се остави неконтролиран не е повеќе слобода туку тиранија.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Прво грешката што ја правите е што мислите дека сите ќе идат како индивидуи во одбрана на своите домови.Тоа не е вистина освен ако не живеете во пустелија.Секој има свои пријатели,роднини комшии и само е природно они да се здружат и да го бранат тоа што е нивни.Кога има некој пожар во зграда одма зимате сами кофа да гасите или прво ги известувате сите комшии и ги викате да помогнат со гасење ?

А во секој случај подобро да го имаат оружјето и да им се даде можноста да се бранат одолку да немаат ништо.
Ристо,немој бе друже..
Далеку е од реалноста тоа што ти си го замислуваш.Секој со барем малку борбено искуство ќе ти каже дека таа работа не ја бива.
Не ти раскажувам јас тука теории,статии прочитани во весник,документарци и слично.
Ти кажувам од прва рака,на видени и доживеани ситуации,недај боже да дојде ред да треба да ја пробаш твојава теорија,си наебал.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ристо,немој бе друже..
Далеку е од реалноста тоа што ти си го замислуваш.Секој со барем малку борбено искуство ќе ти каже дека таа работа не ја бива.
Не ти раскажувам јас тука теории,статии прочитани во весник,документарци и слично.
Ти кажувам од прва рака,на видени и доживеани ситуации,недај боже да дојде ред да треба да ја пробаш твојава теорија,си наебал.
Ако стигне да си ги пробуваме теориите во секој случај сме го наебале :D .

И те молам без потценување исто како што и јас не потценував.

Патем и за крај што е подобро според тебе.Население што е вооружено и чека ( а може и да не дочека помош од војската ) или население што не е вооружено и чека помош од војската?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Со ставот поседување оружје се согласувам со тебе,од причина што криминалците се секогаш наоружани,без разлика дали поседувањето оружје е легално или не.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Со ставот поседување оружје се согласувам со тебе,од причина што криминалците се секогаш наоружани,без разлика дали поседувањето оружје е легално или не.
епа тоа е тоа.Јас ако прочиташ неколку страни назад сум цврсто за професионална армија напишав и цел есеј.

Проблемот е дека не секогаш може да се зависи на некоја трета странка а во тие случаеви е подобро да си спремен одколку да немаш ништо.

Е сега колку ќе си успешен тоа е сосема друга работа.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
Со ставот поседување оружје се согласувам со тебе,од причина што криминалците се секогаш наоружани,без разлика дали поседувањето оружје е легално или не.
Сега зборуваме за обични криминални групи или за воен конфликт од поголеми размери.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Сега зборуваме за обични криминални групи или за воен конфликт од поголеми размери.
Па мислам дека за воен конфликт доволно разјаснивме,имаше и ти доста напишано,кој сака да разбере ќе разбере.

Само најголемиот дел од децава на темата и пристапуваат со ставот - лелеее овие војска ќе ме земаат, и се трудат колку што можат повеќе да ја исплукаат таа работа.Се бранат оддалеку,да не ги засегаше лично мислам дека ќе имавме многу поквалитетна дискусија.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Па мислам дека за воен конфликт доволно разјаснивме,имаше и ти доста напишано,кој сака да разбере ќе разбере.

Само најголемиот дел од децава на темата и пристапуваат со ставот - лелеее овие војска ќе ме земаат, и се трудат колку што можат повеќе да ја исплукаат таа работа.Се бранат оддалеку,да не ги засегаше лично мислам дека ќе имавме многу поквалитетна дискусија.
Нема никаква основа да се има регрутска армија од етичка ,практична или стратегиска точка.

Таа е реликвија од еден друг период и е комплетно непотребна денес.

Да се каже да е како во Швајцарија би можело да биде разгледувано али само вака е комплетна глупост.

Ти си имаш твој став другите имаат друг став и прифати го тоа.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Само најголемиот дел од децава на темата и пристапуваат со ставот - лелеее овие војска ќе ме земаат, и се трудат колку што можат повеќе да ја исплукаат таа работа.а.
Мислам дека е напротив ова,дека баш тие се најпопалените по служење војска.......
Иначе според мене тотално непотребно е сега служењето војска.Да ми речат дека морам,ќе отидам,не е проблем.Само што за џабе ќе изгубам 3-6 месеци тоа е друга работа.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
Нема никаква основа да се има регрутска армија од етичка точка,практична или стратегиска точка.

Таа е реликвија од еден друг период и е комплетно непотребна денес.

Да се каже да е како во Швајцарија ( каде што ти даваат некакво средство за одбрана после завршување на обуката ) би можело да биде разгледувано али само вака е комплетна глупост.

Ти си имаш твој став другите имаат друг став и готово.
И во војска оружјето е заклучено, а војската уште помалце има пристап до боева муниција, евентуално стражата и граничарите и тоа само кога се на терен. После се празнат при надзор на старешина.
Обичната војска ке добие боева муниција само кога ке оди на гаѓање и тоа бројана и неколку пати ке ги прегледаат да не случајно скриле некој куршум.
Не е тоа туку така зошто на некој така му текнало, си има причина за тоа. Така да имаш многу погрешна претстава за војската како организација. Така да малце ми е нелогично да очекуваш сите регрути кога ке отслужат војска да добијат на поклон смртоносно оружје, кога и во самата војска немаат пристап до него онака како што ти си мислиш.
Значи треба да извлечиш заклучок дека војската не е само обука да пукаш и да ракуваш со оружје, тоа е можам да речам споредна работа. Таму други работи се битни.Џабе ти е тебе пушка па и да знаеш да нанишаниш( исто е како и со воздушна ако земиш така), кога наспорти тебе има формација која нема ни да ти дозволи да нанишаниш а не пак да пукниш.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Не,не треба. Војската не е забранета,така да кој сака да оде,може да оде. Неможе све да е задолжтелно во оваа држава.
Јас се сложувам со тоа што го кажуваш, на кој му се оди во во војска нека оди, не треба да е задолжителна војската :) . Зошто сега би оделе во војска задолжително кога поминаа многу генерации кој не отишле во војска ?
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
mladite treba barem da gi berat nekolku godini po tri cetiri nedeli za da imat barem osnovno poznavanje so oruzjeto jas sum za
 
B

Black Guard

Гостин
Тезата дека НАТО бара платена војска паѓа во вода и не е оправдание-во Грција 3 години служат воен рок.

А и кај нас мислам дека треба да се воведе минимум 9 месеци, не е се до оружјето, најмалку е до оружјето туку до одговорноста, а што е ова денес стануваат ни кревет да намест..ма не ни знае ни има осет за одговорност така губи 9 месеци од животот на нет или ладење курац, поарно е да се има основната обука,дисциплината да се научат да викаат Да Господине и кога не се согласуваат,нејсе на крај краеви со 10 000 актива кој ќе ја брани државата 50 годишни екс ЈНА-јас не се сомневам во нивната лојалност,ама годините,притисоци здравствени проблеми, посебно е важна и обуката за заштита од елементарни непогоди, спасување,Прва помош.

Но не верувам да се врати-бидејќи иако буџетот е се поголем и поголем пак Армијата е во ужасна состојба барем како што велат а МВР доби поголем буџет-оти има повеќе припадници,нешто за опрема за кодоши...

Ама поентата е при евентуална агресија уште при самиот чин без разлика дали станува збор за објава на војна, Изненадувачки напад во секоја нормална држава додека траат активните борбени дејства се активирацивилна одбрана и се организира активен и пасивен отпор за во случај регуларната војска да падне-а кај нас кој ќе го стори тоа??

Некој 5 годишен робијаш,некој џанак или уште полошо некоја мамина маза???
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Значи има некои гласини кои кружат, сега незнам колку некој од форумов слушнал дека повторно ке се воведува редовното служење војска.
Ова го слушнав од еден пријател кој е професионален војник и од уште еден другар кој студира одбранбени студии, овој закон би требало да појави во септември или пак нешто порано, е сега колку е ова точно.....
Наводно ке бидат опфатени генерациите од 90 па наваму или пак од 91. Ако ви текнува имаше некои покани кои им беа праќани на сите од 91 генерацијата.
Ако има некој нешто подетално и ако знае нешто повеќе околу ова нека го сподели на темава.
Да да , памтам , 2 - 3 месеца после роденденот ( кога наполнив 18 години ) ми стигна писмо , да одам до општина да ме запишат у незнам ти таму шо , отидов , се потпишав и си излегов , наводно после некое време дознав дека нешто тоа им служело како евиденција поима неам :))) '91 сум генерација :)
--- надополнето: 27 август 2012 во 17:43 ---
Знам за тие покани , ама колку што знам им ги праќаа само на 91 , фактички беа покани за да се јават за евиденција , така нешто...
Предмалку јас пишав исто во врска со евиденцијата :))
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Да да , памтам , 2 - 3 месеца после роденденот ( кога наполнив 18 години ) ми стигна писмо , да одам до општина да ме запишат у незнам ти таму шо , отидов , се потпишав и си излегов , наводно после некое време дознав дека нешто тоа им служело како евиденција поима неам :))) '91 сум генерација :)
--- надополнето: 27 август 2012 во 17:43 ---


Предмалку јас пишав исто во врска со евиденцијата :))
Јас го стуткав писмото и го фрлив во ѓубре.Нека идат на тие во парламент и во влада децата во војска и во први линии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom