- Член од
- 5 ноември 2012
- Мислења
- 2.527
- Поени од реакции
- 5.718
Нема такво нешто “пријавување ХАЦЦП“ ?Која е процедурата да се пријави за ХАСАП,и колку би чинело?
Исто така разбрав дека имало приватна и државна агенција која изработувала ХАСАП,е сега незнам дали е ова така доколку некој е поупатен нека објасни?
Секоја фирма која работи со храна мора да работи по принципите на ХАЦЦП и за тоа да има соодветна напишана процедура. Дали таа документација знаеш да си ја направиш ти самиот или ќе ангажираш некој друг / или фирма - твое е. Законот бара да ја имаш !
Друга работа е сертифицирање на ХАЦЦП
За ова мора да ангажираш фирма која е овластена за тоа. Таа фирма ќе ти го провери твоето работење во делот на безбедност на храна, твоите пишани процедури, целата документација и ќе ти издаде посебен документ -сертификат.
Овој сертификат не го бара законот, тоа е чисто за тебе, за твоите партнери на кои им продаваш ..
Друго е, ако на тоа мислиш, да се пријавиш во Регистер на оператори со храна. Не знам колку точно чини,( не е многу ) поднесуваш барање до Агенција за храна, излегува инспекција на лице место, ти ги проверува сите законски барања ( помеѓу друго ти е документацијата за процедура за работа по ХАЦЦП) и доколку е се во ред, ти дава Решение за упис во регистер на оператори со храна.
Со овој документ може да почнеш да работиш.
Последно уредено: