Регистрирање на фирма?

Член од
13 декември 2011
Мислења
218
Поени од реакции
43
Ако може еден совет.

Сакам да отворам фирма. Бидејќи ова ми е ново искуство, па би сакал да ми дадете неколку совети како иде тоа.

-Колку трошоци би имал ako отворам фирма?
-Дали има многу трчање по институцииве и каде треба да одам?
-Сакам и кола да регистрирам, но се мислам дали од Бугарија да си ја земам без да ја царинам (на бугарски) или на македонски морам да ја регистрирам на фирма?
-И во случај ако треба да се затвори, како би идела процедурата?
(Дали е потешко да се затвори отколку да се отвори)

Фирмата би била нешто поврзана со туризам.
Здраво,
- 6000 денари ти е проценител ако одиш по наједноставниот пат (освен ако немаш 5000 евра како гаранција да убациш од старт) и стави ги уште 2000 за трошоци за печати и за други ситни трошоци (вкупно 8000 денари)
-По институции немаш многу трчања едноставно сметководителот ке ти ја заврши цела работа онлајн , само имаш еднаш до ујп да отидеш и до завод за вработување кога ќе се пријавуваш (брзо иде цела процедура)
- За кола незнам точно ама сигурно мора да е на македонски таблички
- За затварање во зависност од постапката ако ти е чиста сметката и не должиш никому ништо тогаш со ликвидација ќе поминеш со максимум 300 евра и се завршува за 15-20дена ,меѓутоа доколку имаш долгови следува стечај и многу поголеми и давачки и процедури... Со среќа
 
Член од
18 април 2017
Мислења
39
Поени од реакции
14

- Проценител е 6000 точно доколку влогот во фирмата е непаричен, доколку е паричен 5000 еур;
-Сметководител неможе да регистрира фирма, за тоа сега се овластени само адвокатите како регистрациони агенти и надоместокот за тоа е 9000 мкд;
-за автоматски печати трошокот е 1600 денари;
 
Член од
5 август 2008
Мислења
557
Поени од реакции
180

Грешка си.
Сметководител може да регистрира фирма.

Регистрационен агент може да биде сметководител или адвокат доколку има склучено договор со ЦРМ.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468

Да ама сметководител постапува не фер, го условува основачот на трговското друштво ако му ја основа фирмата да го ангажира за сметководител и тоа му става цена за услуга која во најчест случај е ок во први 6 месаца а после се зголемува цената без право на приговор двојно повеќе од предвиденото по нивната тарифа за сметководствени услуги а и ги врзуваат со договор за 2 години, а инаку ако основаат кај адвокат после можат да си изберат сметководител или да си вработат и особено да се договорат за цената кој во најмал случај ќе биде фер и според нивната тарифа без да им се зголемува на еден не фер начин, и на крај кога ќе се види многу поевтино испаѓа преку адвокат да се основа отколку преку сметководител, нема ништо за без пари, тоа што навидум изгледа за без пари е многу поскапо од она што на прв поглед изгледа скапо.

До сите евентуални основачи на трговски друштва, секогаш размислете убаво, не дозволувајте да си играат со Вас и да ја злоупотребуваат Вашата доверба, секогаш поставувајте прашања и според одговорите ќе видите на кој ќе му се доверите.
 
Условувањето е ако некој сметководител ти ја регистрира фирмата бесплатно, а за возврат да те врзе со договор за сметководство.

Затоа па од друга страна има сметководители коишто ти ја регистрираат фирмата за надомест (којшто не верувам дека е повеќе од 6000 ден.), така што после тоа си слободен во изборот на сметководител. Мада сега по новиот тарифник каде и да отидеш цената за сметководство е иста.
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Да ама сметководител постапува не фер, го условува основачот на трговското друштво ако му ја основа фирмата да го ангажира за сметководител и тоа му става цена за услуга која во најчест случај е ок во први 6 месаца а после се зголемува цената без право на приговор двојно повеќе од предвиденото по нивната тарифа за сметководствени услуги а и ги врзуваат со договор за 2 години, а инаку ако основаат кај адвокат после можат да си изберат сметководител или да си вработат и особено да се договорат за цената кој во најмал случај ќе биде фер и според нивната тарифа без да им се зголемува на еден не фер начин, и на крај кога ќе се види многу поевтино испаѓа преку адвокат да се основа отколку преку сметководител, нема ништо за без пари, тоа што навидум изгледа за без пари е многу поскапо од она што на прв поглед изгледа скапо.

До сите евентуални основачи на трговски друштва, секогаш размислете убаво, не дозволувајте да си играат со Вас и да ја злоупотребуваат Вашата доверба, секогаш поставувајте прашања и според одговорите ќе видите на кој ќе му се доверите.
Има разлика помеѓу „Сметководител не смее да регистрира фирма“ - што не е точно, а го кажува адвокат и „постапува не фер“ што е субјективно.
Ако гледаме што е фер а што не е, дали е фер за потполно иста услуга адвокат да наплати 9,000 денари, а сметководителот мора да го направи истото без пари.

Нека регистрираат фирма и адвокатите без пари, па нека нудат после месечен паушал, па ќе збориме за фер.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Има разлика помеѓу „Сметководител не смее да регистрира фирма“ - што не е точно, а го кажува адвокат и „постапува не фер“ што е субјективно.
Ако гледаме што е фер а што не е, дали е фер за потполно иста услуга адвокат да наплати 9,000 денари, а сметководителот мора да го направи истото без пари.

Нека регистрираат фирма и адвокатите без пари, па нека нудат после месечен паушал, па ќе збориме за фер.
Ако навистина гледаме што навистина е фер, сметководителите не би требало да регистрираат фирми, затоа што тоа природно не е од економската област, туку од правната област, сметководителите не смеат ниту да ги составуваат документите затоа што не се правници, и не можат точно да ја доловат волјата на основачот/ите, и правно да ја преточат во договорот, сметководителите документите ги работат по теркови, кои не секогаш одговараат на волјата на тој што си го основа трговското друштво, но, тоа не е важно за сметководителите туку важно е некако да ја основат фирмата и да го врзат со договор за 2 години, на крајот од денот, тој што основа фирма одлучува каде ќе ја основа, иако мене мислата ми беше друга, нека и сметководителите наплаќаат по 9.000,00 денари за основање, и да не ги врзуваат основачите со договори, па да биде фер, прво, спрема меѓу самите сметководители, а после спрема основачите, да имаат право на избор, тоа е најважното секој основач да има право на избор, во однос на основањето и во однос на изборот на сметководител.
 
Член од
18 април 2017
Мислења
39
Поени од реакции
14
Грешка си.
Сметководител може да регистрира фирма.

Регистрационен агент може да биде сметководител или адвокат доколку има склучено договор со ЦРМ.
Vie ste greska:smetkovoditel poveke ne e ovlasten da registrira firmi[DOUBLEPOST=1513521581][/DOUBLEPOST]
Има разлика помеѓу „Сметководител не смее да регистрира фирма“ - што не е точно, а го кажува адвокат и „постапува не фер“ што е субјективно.
Ако гледаме што е фер а што не е, дали е фер за потполно иста услуга адвокат да наплати 9,000 денари, а сметководителот мора да го направи истото без пари.

Нека регистрираат фирма и адвокатите без пари, па нека нудат после месечен паушал, па ќе збориме за фер.
Па тоа што за вас е нефер постапувањњ за мене е солидна информираност, во централниот регистар е бесплатно регистрирањето во смисла несе плаќа административба такса, додека услугата се наплаќа, а вие добро размислете дали би регистрирале фирма преку сметководител економиста или кај адвокат кој добро го познава соодветнипт закон штп се аплицира на процедурата?!
 
Член од
5 август 2008
Мислења
557
Поени од реакции
180
Vie ste greska:smetkovoditel poveke ne e ovlasten da registrira firmi
Еве ја постапката во ЦРМ...Кој Ви кажал дека сметководител повеќе не може да регистрира фирма?

ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ ОВЛАСТУВАЊЕ РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ - СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Овластувањето "РЕГИСТРАЦИОНЕН АГЕНТ" се добива врз основа на поднесено барање за добивање на овластување и прилози согласно Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица.

Барањето може да се преземе (овде).

Прилози кон барањето:

  1. Доказ за вработено лице(М1/М2 образец), истото да поседува уверение за сметководител/овластен сметководител и едновремено да има потврда за успешно завршена обука,
  2. Фотокопија од уврението за сметководител/овластен сметководител
  3. Изјава за заштита на личните податоци, потпишана од лицето наведено во точка 1. Изјавата може да се преземе (овде)
  4. Потпишан договор за користење на Системот за е-регистрација и истиот се доставува во два примероци. Договорот може да се преземе (овде).
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Vie ste greska:smetkovoditel poveke ne e ovlasten da registrira firmi[DOUBLEPOST=1513521581][/DOUBLEPOST]
Па тоа што за вас е нефер постапувањњ за мене е солидна информираност, во централниот регистар е бесплатно регистрирањето во смисла несе плаќа административба такса, додека услугата се наплаќа, а вие добро размислете дали би регистрирале фирма преку сметководител економиста или кај адвокат кој добро го познава соодветнипт закон штп се аплицира на процедурата?!
Ако се анализира тоа што го пишувате ти и Fantastico , излегува дека не е некоја предност да земеш адвокат за регистрирање фирма. Познавањето на законот требаше да биде предност на адвокатот.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Ако се анализира тоа што го пишувате ти и Fantastico , излегува дека не е некоја предност да земеш адвокат за регистрирање фирма. Познавањето на законот требаше да биде предност на адвокатот.
Ова што го пиша нема врска, мислам како заклучи од вкупно 800 адвокати регистрациони агенти дека никој од нив не го знае законот и поради тоа подобро е да се земе сметководител, оставам на другите да коментираат... :D
 
Член од
18 април 2017
Мислења
39
Поени од реакции
14
Ова што го пиша нема врска, мислам како заклучи од вкупно 800 адвокати регистрациони агенти дека никој од нив не го знае законот и поради тоа подобро е да се земе сметководител, оставам на другите да коментираат... :D
Како зошто? Кој ќе ви ја подготви документацијата и ќе ве предупреди на сите права и одговорности кои ви следуваат како основач илу управител на фирмата? Кој ќе ве заштити од евентуална загуба или штета поради лошо уредување на содружничките односи?
 
B

Bafra

Гостин

Најмногу зависи од дејсноста со која се бави фирмата. Ама предност би му дал на солиден сметководител него ли на солиден адвокат.
Сметководителите знаат доста закони, а адвокати освен закони друго не знаат :D

И би требало да си признаеш грешката (намерната) дека сметководител неможе да регистира фирма ;)
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Како зошто? Кој ќе ви ја подготви документацијата и ќе ве предупреди на сите права и одговорности кои ви следуваат како основач илу управител на фирмата? Кој ќе ве заштити од евентуална загуба или штета поради лошо уредување на содружничките односи?
Треба подобро да прочиташ, јас давав одговор на Reddington треба на неговиот пост да одговараш не на мојот, тој вели дека:

,,Ако се анализира тоа што го пишувате ти и Fantastico , излегува дека не е некоја предност да земеш адвокат за регистрирање фирма. Познавањето на законот требаше да биде предност на адвокатот."

Али се случува... :D
[DOUBLEPOST=1513646589][/DOUBLEPOST]
Најмногу зависи од дејсноста со која се бави фирмата. Ама предност би му дал на солиден сметководител него ли на солиден адвокат.
Сметководителите знаат доста закони, а адвокати освен закони друго не знаат :D

И би требало да си признаеш грешката (намерната) дека сметководител неможе да регистира фирма ;)
Од старт правиш грешка ако за правно прашање се довериш на сметководител, а не на адвокат, односно од сметководител да бараш да ти даде правна помош во вид на правен совет, али тоа е што е, инаку, еве конкретна информација сметководителите можат како регистрациони агенти да регистрираат само ДООЕЛ, ДОО и ТП.
Останатите форми на трговски друштва кои се запишуваат во регистарот на трговски друштва ги регистрираат исклучиво адвокати - регистрациони агенти, сите видови на статусни промени и останати промени ги вршат адвокати - регистрациони агенти, и ликвидација на трговско друштво се врши исклучиво преку адвокати - регистрациони агенти.
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Што би изгубил ако би се нафатил со сметководител, а што би добил?
Некако многу ми се 9.000 денари да ги дадам за адвокат, а кога може и сметководителот истата услуга да ми ја направи без пари.

Освен во парите, не гледам некоја друга разлика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom