Регистрирање на фирма?

Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Што би изгубил ако би се нафатил со сметководител, а што би добил?
Некако многу ми се 9.000 денари да ги дадам за адвокат, а кога може и сметководителот истата услуга да ми ја направи без пари.

Освен во парите, не гледам некоја друга разлика.
Има разлика, инаку да, нема да ти наплати за регистрација на трговско друштво, но, откако ќе ти регистрира фирма, тогаш а може и како услов пред да ти ја регистрира фирмата ќе те задолжи со договор на 2 години да му плаќаш по 8.000,00 денари месечно за први 6 месеци, а после зависи од договорот што е наведено ќе ти расте цената на 12.000,00 денари месечно па на 15.000,00 денари месечно, додека истече договорот па ќе те условува ако не му платиш нема да ти поднесе годишна сметка а ако не сакаш да го исполниш договореното ќе ти бара надомест на штета, ова е ситуација кога регистрираш преку сметководител, а да го оставиме на страна за тоа колку се они стручни да ти составаат целокупна документација не користејќи теркови, а поточно правно да ги преточат твоите барања во договорот.
Другата ситуација ако основаш кај адвокат порано беше за основање на фирма 30.000,00 денари а сега е намалено на 9.000,00 денари не се исплати ни за адвокатите да основаат фирми затоа 1/4 од адвокатите се регистрациони агенти, значи плаќаш еднократно 9.000,00 денари и не си обврзан со никаков договор, ИМАШ ПРАВО НА ИЗБОР, дали ќе ангажираш сметководител и за МПИН или само за годишна сметка.
Ако го ангажираш сметководителот и за МПИН и за годишна сметка а веќе имаш регистрирано фирма најмногу што ќе плаќаш месечно е 2.000,00 денари и во пракса ќе бидеш обврзан со договор само за тековната година а наредна можеш да си избереш нов сметководител и МОЖЕШ ДА ЈА ДОГОВАРАШ ЦЕНАТА секоја година одделно, затоа како што реков и на почетокот на овој пост, ИМА РАЗЛИКА...
 
Член од
18 април 2017
Мислења
39
Поени од реакции
14
Што би изгубил ако би се нафатил со сметководител, а што би добил?
Некако многу ми се 9.000 денари да ги дадам за адвокат, а кога може и сметководителот истата услуга да ми ја направи без пари.

Освен во парите, не гледам некоја друга разлика.
Ништо лично не само вие туку голем дел од членовите овде се правно неедуцирани и недисциплинирани, не разбирам како неможете да ја согледате разликата: сметководителот може да ја изврши само техничката страна односно да ппднесе а неможе да основа компанија ни др правно лице во смисла да подготви соодветна документација и ги уреди сите легални детали. Е таа документација се поднесува потоа по електронски пат, тука повторно има моменти кои треба да се запазат..сметководител тоа мема да во го обави соодветно и професионално како адвокат...
 
Член од
5 август 2008
Мислења
557
Поени од реакции
180

Да не се лажеме, и да не ги доведуваме основачите во заблуда.

И адвокатите во 90% од случаите работат по теркови за основањата. Главно се регистрираат микро субјекти каде што основачот е воедно и управител, односно форма на ДООЕЛ.

Се согласувам дека има специфики во основањата каде што се јавуваат повеќе основачи, основач на друштвото е друго друштво итн., и тука треба да се консултира адвокат. Меѓутоа, да се тврди дека за основњето на човек-фирма (85% од случаите) било подобро документите да ги составел адвокат е бесмислено. На крајот, никоја инспекција не ги бара основачките акти на увид па да најде нешто незаконско во самото основање.
 
Ваше мислење, навистина немам време за губење за да ви објаснувам....
Според вашата теорија и семкар може да отвори фирма јер тоа е "еден човек фирма".
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Ако не пишува според закон, зошто би правел фирма со адвокат, кога многу поголем трошок имам со адвокат него ли со сметководител.
За истата работа вие ми зимате повеќе пари отколку сметководител.
 
Еве од пракса ќе ти споделам инфо, ако евентуално успееш да го убедиш сметководителот или ако тој оцени дека фирмата нема да опстане ни 2 години за колку би склучил договор со основачот за сметководствени услуги, за да ти ја основа фирмата ќе ти наплати 9.000,00 денари и ќе те откачи и тоа неосновано ќе ти наплати затоа што сметковидител не смее да наплаќа според нивната тарифа не постои таков основ за плаќање, тој само технички ја спроведува постапката, а адвокатите по правило ја составуваат документацијата, али си знаете после кога ќе ви утнат нешто сметководителите се чудиме како да ги исправаме работите, и да ве спасуваме од прекршоци од по неколку илјади евра и да не ви избришат фирмата и башка да ви стават забрани во наредни 3 години да не смеете да бидете основачи. Затоа основајте кај сметководители нека ви ги земаат парите и терајте на ризик. :)
 
А зошто мислиш дека нема да сакам на 2 години да ја направам фирмата?
Пола, а ако не и повеќе од луѓето што регистрираат фирми, ги регистрираат преку сметководител. Јас првпат слушнав тука, дека може и кај адвокат да се регистрира и дека толку многу пари зимаат.
Ако биле толку неспособни или така се утнувало, до сега немало да регистрираат фирми. Сите ќе се откажеле ако имало многу грешки. Но до сега не слушнав дека некој се пожалил.
Знам што ти е целта. Да ме наговориш кај адвокат да регистрирам фирма, да ми ги собере парите и ајт чао.
Со што ми гарантираш дека нема да имам скриени (плус) трошоци понатаму?
Што ако излезе нешто што ќе треба плус да ти додавам пари?
Што ќе ми кажеш тогаш, демек дека и ти не си го предвидел?

Па за една консултација, совет, зимате 1.000 до 1.500 денари.
За совет за пред суд на адвокат платив 1.500 денари.

Адвокатите се најголемите измамници.
 
Не сакам никој да наговорам тоа не ми е целта, кажувам од искуство што сум сретнал.
Инаку скриени трошоци немаш кај адвокат однапред ти се кажува износот колку ќе чини и одлучуваш дали ќе прифатиш или не, во однос на правни совети/консултации тие се наплаќаат и ние сме должни да ги наплаќаме.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
1.000/1.500 денари за совет?
Не фала. Сте се прецениле. И баба ми ќе ми каже подобар совет од вас.

Иначе друго прашање ми е, дали доколку сум вработен во друга фирма, ќе можам да основам своја приватна фирма но да не се водам како вработен во мојата фирма?
 
Прашај СМЕТКОВОДИТЕЛ.
Ова прашање што го поставуваш е правно прашање, и не е само да ти се одговори со ДА или НЕ, туку треба убаво да ти се разјасни работата ама за правен совет се плаќа како за секоја друга услуга.
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103

Што не му понудиш бесплатна регистрација на фирма и месечен паушал за правни услуги.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.208
Поени од реакции
35.775
1.000/1.500 денари за совет?
Не фала. Сте се прецениле. И баба ми ќе ми каже подобар совет од вас.

Иначе друго прашање ми е, дали доколку сум вработен во друга фирма, ќе можам да основам своја приватна фирма но да не се водам како вработен во мојата фирма?
Сега кажуваш баба ти ќе ти даде подобар совет па после поставуваш прашање. Па нека ти каже баба ти одговор на прашањето :D

Не сум адвокат ама овој стил на работа сто пати сум го забележал. Нејќе да се плати за совет што реално илјада денари е смешна сума, и се оди на методот "направи сам". И после кога ќе настане проблем или спор со другата страна се оди кај адвокат и наместо тие илјада денари ќе платиш илјада евра адвокатски и судски трошоци.

Нејсе, ако основањето на друштво е едноставно кај што едно лице е основач и управител, може сметководител без проблем да го направи. Ако е покомплицирано со повеќе лица со различни права и обврски во друштвото, подобро е тоа да го види и среди адвокат.

Дали ти ќе бараш совет од адвокат или сам/а ќе си решаваш како да постапиш и си ги работиш и правиш актите и договорите е твоја работа и твој ризик.
 
Во целост се согласувам со болдираното.(y)

За специфики каде што се јавуваат повеќе основачи, мешовит капитал, друштво е основач на друго друштво и триста други варијанти треба да се ангажира адвокат поради самата тежина на предметот. Мада и за оваа проблематика ако го владееш Законот за трговски друштва не треба звање адвокат. И сметководителот ако е добро поткован со знаење знае да го сработи подобро и од самиот адвокат.

Меѓутоа, не бива адвокатите да ми солат памет дека за основање на човек-фирма имало некакви опасности во делот на регистрацијата.:neetaka:
 
Член од
29 декември 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
За колку време најбрзо се регистрира фирма? Знам дека оди брзо па прашањето ми е дали се ќе биде готово за еден ден или треба да чекам неколку дена?
И дали ако ја регистрирам онлајн, ќе треба да доплатам плус пари за да подигнам решение односно потврда за регистрација од ЦР?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Дали доколку сакам да возам низ Македонија и странство, како превозник (да превезувам патници), треба да отворам фирма?
За лиценца знам дека сигурно треба да се вади ама не сум сигурен за фирма.

Sent from my SM-G950F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom