Регионална лига во просториите на ЕX YU

DejanB.

Се залетувам...
Член од
20 декември 2009
Мислења
506
Поени од реакции
14
Некои другари ми зборуваат дека се разговарало за отворање на регионална лига во ЕX YU.Мене не ми се верува зошто нема да се сложат тимовиве,а ако се отвори богами ке биде пак како во добрите стари времиња.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Другар ти нели ти кажа да побараш малку по форумот можеби има тема?
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.878
Поени од реакции
7.263
Барав ваква тема Акси но не најдов освен оваа :toe:

Лисјата паѓаат и на стадион
Разговарала: Билјана БОГДАНОВСКА

Интервју со Нелко Нелковски, чувар на духовноста на земјава, како што самиот се претставува, инаку Секретар за меѓународна соработка на МНТ, Претседател на Театарска младина на Македонија, Нациоален ФАРЕ Координатор (Фудбал Против Расизмот во Европа) учесник и лидер на неколку други проекти меѓу кој и оној за формирање Балканска лига во фудбал.

Токму на таа тема разговаравме со Нелковски, кој се обиде да ни ја долови сложеноста на процесот, како што тој го нарекува ова, и борбата со балканскиот менталитет, трагите врз душите и однесувањето на луѓето на овие простори, кои поминуваат низ 20-годишен транзициски период. За радоста која ја носиме или ја добиваме на стадионот, за притисокот на времето во кое живееме, за манипулацијата на политиката со сите нас и уште многу други перцепции прочитајте во продолжение....

Журнал: Почнавте со реализирање на Балканска лига во фудбал. До каде се работите? Ќе ги гледаме ли големите клубови од регионов во Македонија?
Нелковски: Балканската лига си се развива. Тоа е еден долгорочен план. Сега сме во фаза на негово детално разработување, осмислување и концептуално заокружување. Се разбира веќе и мапирањето е тргнато. Се работи за еден синергетски проект, поширок. Дванаесет земји се вклучени. На почетокот беа единаесет, но меѓувреме вклучивме уште една, поради системот на наптреварување во кои секогаш една екипа требаше да биде слободна. Вклучена е и Унгарија, затоа што иако многу малку влегуваат на Балканот, со пет-шест проценти, вкупниот нивни хабитус е балкански. Унгарците не можеме да ги дефинираме како чисти европјани , не се тие... па конечно Турците стигнале до Будимпешта... (се смее). Имаме заедничко минато. Не е битно, и Турција е само со неколку проценти на континетот, 80 милионска држава длабоко во Азија продира до Иран и Ирак, а вкупниот систем на организација, начин на размислување, секуларност и секојдневноста покажуваат дека е силна европска земја. Значи, Балканфудбал полека се развива и разговараме со фудбалските сојузи со потенцијалните спонзори, со вкупниот систем на организирање маркетинг... и очекуваме да профункционира во догледно време.
Ние си зададовме цел да почне следната сезона. Свесни сме дека краток е периодот, се уште работиме таа цел да ја оствариме. Но, ако не успееме за оваа сезона, ќе биде следната. Продолжуваат сите активности, бидејќи ова не е проект кој може да биде успешен или неуспешен. Се работи за процес, за создавање на дру, на поинаков начин на размислување. Што би се рекло, косата може да се офарба за три минути, но мислите под косата се менуваат за три години. Така што, процесот е малку посложен.

Журнал: Какво е расположението?
Нелковски: Кога ја презентиравме идејата, беше како бомба. Сите ја презедоа, имавме прес-конференции, презентации... Исклучително позитивно се гледа на ова работа. Во неколку наврати Мишел Платини, претседателот на УЕФА, има кажано дека тоа е одлична идеја. Но, крајно е визионерска... Балканската фудбалска лига е точна формула за излез од оваа ситуација. Зошто? Затоа што квалитетот на националните фудбалски првенства и клубови од Балканот е релативно слаб, крајно локален, парцијален, а кога истите клубови ќе излезат пак на европско ниво со тој и таков квалитет може да се каже дека најчесто се згазени од врвните европски клубови, како со валјак поминати. Особено македонските клубови и репрезентација. Така се чувствуваат нашиве фудбалери и фудбалски работници, па и целата спортска јавност. Очигледно ние сме на најлошо, на најниското ниво. Но, и другите балкански земји кои биле во определени моменти силни, како на пример Хрватска која била трета на Светско првенсвто, ако се земе и анализира како цело, во европски контекст, сепак е релативно слаба.
Многу паметни биле силите кои ја создале Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Сконтале дека ние, малите народи на балканот, ништо не можеме вака сами, разединети и разбиени. Донесле одлука и создале сложена земја и со Тито како предводник успеале да направат влијателна земја и да бидат на врвот на третиот блок во светот, на Неврзаните. Затоа за Тито, светските аналитичари констатираат дека е еден од малкуте државници, кој доаѓа од мала земја, а кој оставил такви траги и станал толку моќен и влијателен, на глобално ниво, заедно со својата земја.
Таа логика на регионално функционирање станува многу инетересна во Балканфудбал и има заедничка цел за вкупно интегрирање на балканските земји, генерално. Затоа сакаме сите да ги вклопиме во овој голем, значаени визионерски проект.

Журнал: Во Балканската лига требаше да играат пети, шести тим од државните лиги...
Нелковски: Да, но во меѓувреме разработивме два други концепти, затоа што имаше реакции, зошто да не бидат најдобрите. Она што го зборував претходно, дома сме слаби, а надвор кога ќе излеземе сме прегазени. Една Балканска лига ќе овозможи точно тој идентичен или близок, или сличен квалитет да се собере, што пак, ќе ги наполни стадионите. Блиску е за патување, блиску е за размена на енергии и вредности. И кога направивме анализа, значи еден од концептите е тој, третиот и четвртиот да влезат во Балканска лига. Другот концепт е, оние што нема да влезат во Лигата на шампионите, значи најдобрите клубови, прваците од секоја земја кои пак нема да изборат учество во еврокуповите. Во последниве години само Партизан во два наврати избори учество во Лигата на шампионите, додека другите национални шампиони, обично се елиминирани и остануваат неискористени, тие квалификации завршуваат некаде на средината на септември. Еден од концептите ни Балканската фудбалска лига да се формира од оние шампиони од балканските земји кои нема да изборат учество во Лигата на Шампиони. Се разбира ние ја пуштивме во јавноста идејата, па добивме реакција, по реакцијата ни беше многу важно да опсервираме што се случува и заклучивме дека ... (гланите написи беа „Тргнува Балканска лига без најдобрите“) треба да предложиме систем на натпреварување кое ќе ги опфати најдобрите.
Сега, ќе видиме. Разговараме со фудбалски клубови, со држави, со кабинетите на Претседатели на балканските држави. Не бараме ништо конкретно политички туку општа политичка поддршка.

Журнал: Сметате ли дека ќе биде проблем да се наполни некој стадион, еве во Македонија, затоа што нашите клубови одамна не ги полнат?
Нелковски: Не сметам дека ќе биде проблем. Зар беа празни стадионите кога беа овде Ливерпул? Второ, дваесет години имаме транзиција, каша во општеството. Горан Стефановски го дефинира моментот, „исток не отпиша - запад не не запишува„ . Значи, пропаднавме во еден транзиционен амбис. Настана промена на капиталот од државен во приватен. Спортот, фудбалот како феномени на опшеството имаат своја логика во општеството и со општреството. Значи, ако ја изгубат таа општествена компонента, тогаш се промашила приказната. Од големо значење е општествената компонента да биде суштински присутна и артикулирана во постоењето и функционирањето на спортот како цело во општеството.
Ние ја изугбивме радоста на животот. Многу е битно и од есенцијално значење да се врати радоста. Стадионот подразбира радост. Артикулирање на радост. Одењето на стадион не е поврзано со резултатот. Поврзано е со вкупниот амбиент. Одењето на стадион не е работа, одењето на стадион не е ни забава. Што е? Одењето на стадион е катарза: Изнервираните мажи од контаминираната негативна енергија од жените; исфрустрираните жени од мажите; исфрустрираните политичари од неуспехот; исфрустираните менаџери и директори од мобингот на работа во трренерки или во дресови на клуобот, одат на стадион и гледаат нешто што ги возбудува и нешто што во нив создава можност тие да викаат, да се дерат и рикаат, да се смејат и пеат, да ја исфрлат негативната енергија и да контаминираат од околината и од вкупниот ритуал позитивна енергија, да се прочистат!

Журнал: Сакате да кажете дека во Македонија нема повеќе луѓе кои сакаат да ја исфрлат негативната енергија!? Барем за исфрустрирани и незадоволни имаме еден тон!...
Нелковски: Не, не можат, затоа што севкупниот set up е така направен да не можат. Па сега, за мажите има плазма екрани, спортски обложувалници. За жените има „касандри“, „лисја што паѓаат“ , „шехерезади„ и ако им поставите прашањето: „Кога сте разговарале со вашето дете повеќе од половина час за важна тема?„ , ќе кажат,„Многу одамна„. Ако пак ги е прашате: „Кога сте го гледале повеќе од половина час Големито Брат?„ , ќе одговорат : „Па секоја вечер гледам по три часа“. Вкупниот set up на општеството е така направен да им го земе вниманието на луѓето. Во еден „Прирачник за самоуки милионери“ се вели: „Веднаш исчистете го станот од сите телевизори, ако сакате да станете самоук милионер. Додека другите гледаат телевизија, вие ќе мислите како да направите пари“.
Деновиве имавме една анализа и констатиравме дека малите деца се сите со големи мешиња. Зошто? Затоа што психолозите и педагозите израчунале дека на 90 отсто од децата, вкупното дневно физичко дејство не надминува 40 минути.
За да не се претвори овој наш разговор во социолошка вивисекција, јас ќе заклучам дека на стадион се оди за тие да се претворат во места на сериозна радост, за семејна забава, место каде се купуват пуканки, каде се точи пиво. На стадионите на Шалке 04, на Барселона, токму така се точат пијалоци и се овозможува врвен спортски ритуал за публиката. Сум го почувствувал задоволството во Барселона, завален во убава столица да пушам пура, пијам шампањско и да гледам перфектен фудбалски натпревар. Знам дека стадионот е место каде ќе се уриваат табуата. Ако на публиката не и овозможиш артикулирање на радоста, тогаш си создал услови да и овозможиш на публиката и навивачите да ги артикулираат најпримитивните нивни чувства, однесувања и визии. Ова е прецизната дијагноза „Зошто ни се случува хулиганизам на спортските натпревари во нашата земја„. Се разбира има и други секнуднарни причини, но според мене, оваа е примарната.
Ние во Балканфудбал прво се занимаваме со покренување на процес. Ако Балканската лига ја споредиме со сурфање на големи бранови, многу тешко можеш да сурфаш, ако имаш ситуација на мирно езеро. Одличен сурфер си, имаш штица, имаш желба... но, потонуваш, затоа што нема движење во атмосферата, кое ќе предизвика силен ветар, што ќе го претвори во голем бран и на тој бран овие што сурфаат да можат да го прават тоа.
Тој бран е општествената свест и колективната совест. Покренувањето на радоста на луѓето. Клучната реченица на американското општество е: `Надеж`. Ден Браун тоа перфектно го анализира во неговиот последен роман. Цело време бараат клучен збор. Клучниот збор е надеж. На крај со тој збор завршува романот. Во надежта има пола вложен ентузијазам, пола има заложено позитивна енергија, така што се создава едно цело кое ги покренува вкупните творечки капацитети и не придвижува да одиме нанапред. Така што, всушност, театарот, стадионот, јавната куќа, можеби лекарскиот преглед се малку од феномените каде што живи луѓе прават нешто со живи луѓе, за живи луѓе. Сакав и едукација и образование да кажам, не можам. Зошто? Затоа што ќерка ми пишува на лап-топ сега е второ одделение. „Лаптопчиња „им ставија сега, така ги викаат персоналните компјутери и сега се „вмрежени„. Вмрежени или поробени?! - Одговорот на ова прашање никој прецизно не го знае.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.878
Поени од реакции
7.263
Журнал: Каква ќе биде пропратната организација на еден натпревар од Балканската фудбалска лига, за тој натпревар да добие поширока општествена димензија?
Нелковски: За да биде позитивна реализацијата на еден натпревар од Балакнската фудбалскалига еве да објасним подетално. Играат да речем, клубот од Македонија - Вардар и клубот од Словенија - Олимпија. Доаѓа на секои 15 дена да имаме натпревар во Скопје, значи два пати месечно натпревар во нашиот град. Определен ден во работната седмица. Да речеме, вторник, натпреварот почнува во 18 часот. Тој вторник во Скопје е прогласен за празник. Претходно стигнале гостинскитте навивачи, кои се сместиле кај навивачите на нашиот тим. Заедно навиваат со тоа што е договорено да направат кореографии заеднички и за едниот и за другиот тим. Ако натпреварот започнува во 18 часот, на стадионот се оди веќе во 16.30. Затоа што во центарот има настап на еден ДиЏеј, па потоа има некој кој ќе каже неколку зборови. Па има настап на мажоретки, моререн танц, хумористи, кловнови. Всушност тоа е едно „подготвување„ на публиката за натпреварот и на стадионот се оди затоа што таму се чувствува слободата и се доживува процесот на ослободување во полн капацитет, може слободно да се испуши цигара слободно да се испие пијалок, да се поразговара во атмосфера на музика, на отворен простор и на маса на луѓе. Филозофијата на стадионите се разликува од филозофијата на камерен театар. По што? По масата на луѓе. А што е масата на луѓе. Тоа е концентрирана енергија. Без разлика дали е политички митинг или натпревар голем театерски спектакл или марш. Масата на луѓе е нешто што е најмоќно. Луѓето се солидаризираат, настанува синергија колективно празнење и се разбира ќе видиме натпревар. Секогаш е тажно кога луѓето веднаш по натпревар си одат. Не му се овозможува нешто плус. Јас бев на Гелзенкирхен на Шалке 04, еден од најголемите стадиони. Шалке клубот има 180 фан клубови. По 200 км патуваат за натпревар. Натпреварот има цел ритуал. Целото поле нивно е покриено со знамињата. Триесет тапанџии се долу, како индијанци облечени. На самиот терен има огромна процесија. Се молат за успех на клубот. Потоа знамињата, кои „го омаѓосале теренот„ им ги даваат на навивачите на домашниот клуб. Сите присутни се радуваат, пеат песни за поддршка на својот тим. Скандираат. Тоа е како вовед во натпреварот. Протекува натпреварот во најубава можна атмосфера. Потоа, независно од резултатот, повторно во позитивна енергија сите продолжуват во околината, по традиционалните пивници, каде пијат уште најмалку два часа, и не се опијануваат, туку се дружат, разговараат.

Журнал: Како тоа да се постигне во Македонија?
Нелковски: За жал, кај нас главните два тимови се двете најголеми политички партии. Дали ако партиите ги повикаат своите симпатизери ќе се наполни стадионот? Нема да има место за луѓето. Замислете, двете водечки политички партии да направат по еден фудбалски тим и да играат еднаш неделно! Како ќе изгледа тој натпревар, дали ќе биде полно, дали ќе биде навивањето жестоко? Според мене, политичарите, со вкупниот респект што го имам кон нив (иако и самиот сум дел од политиката) го имаат окупирано слободното време на луѓето. Комплетно го имаат земено приматот од еден фудбалер да биде ѕвезда или од еден актер да биде ѕвезда истото си го имаат припишано/придодадено на себе си. Сметам дека политиката наместо да биде лек на општеството, кај нас е болест на општеството. Оптоварени сме со тоа што кажал едниот, другиот, третиот лидер, толку сме навлечени на таа мантра, што ќе ни се расипе вечерта ако во текот на денот не ги слушнеме и не чуеме нешто од нив.
Сите заедно, од највисоко општествено, политичко, спортско и културно ниво, до нашите соседи и нашето дејствување во нашата улица, влез или месна заедница, мораме, сите заедно да стаеме свесни за важноста на културата и спортот и да го вложиме максималниот можен напор во процесот на ослободување на нивната територија од махинации, политизираност, економска логика и корупција.
Сите болести почнуваат во главата, рибата се смрдува повторно од главата, но и сите решенија и вкулпниот напредок, повторно и пак, тргнува од главата.
Да ја протресеме главата, да ги средиме мислите, да донесеме цврста колективна одлука и да тргнеме храбро напред во трката со особено брзиот и пеколно несентименталнот современ свет.
И, ќе успееме !
извор

ps.ако има друга тема нека се спојат :smir:
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.990
Идејата е супер, само лошото е што во наредните 20-ина години нема да се реализира. :toe:
 
Член од
26 март 2011
Мислења
19
Поени од реакции
0
sigurno bi se kvaliteta nogometa digla što se tiče klubova nebi to bilo ko nekad kad do 28 nisi mogao vani ali opet bili bi puni stadioni jači sponzori jača konkurencija od toga bi klubovi sigurno profitirali i bili jači pri izlasku na europsku scenu ali realnost je da se ovo neče desiti sljedečih 20 godina kako je več rečeno izuzmu li se Hrvati i Srbi ona može početi več sutra ali neče imati previše smisla
 

Kajgana Shop

На врв Bottom