Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Се согласувам дека треба да се смени перцепцијата кон цигарите, и да се акцентира повеќе дека се порок, зависност и штеточина. Но, не сметам дека одењето од една крајност (имено, досегашниот лежерен став кон нив) треба да се лекува со одење во друга крајност преку создавање на презир, омраза, револт и одпад кон пушачите. Со тоа не се решава бунтовничкиот "кул" момент што го спомна The Magus. Пробај со рамнодушност, тоа е толку неинтересно за да биде предмет за бунтување. :)
Баш така. Со создавање омраза и презир кон пушачите, пушењето само ќе стане покул и попримамливо во очите на тинејџерите, а тоа е возраста кога најчесто и се почнува со пушење. Со цел памет некој верува дека фактот што пушачите ќе бидат осудувани од општеството ќе ги спречи петнасетгодишниците да пропушат? Напротив, ќе ги привлече уште повеќе, ќе влезат во филм дека се некакви одметници, бунтовници и слично.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.792
Поени од реакции
21.202
Цела работа е да се искорени и стигматизира оваа лоша навика, а не да се контролира.
.
Ти вака како ревносен борец за човекова етика и нормално понашање сакаш да кажиш дека си безгрешен и дека немаш никаква лоша навика? Значи во секојдневниот живот ти си идеален пример како треба да се однесува секое човечко суштество, па оддатму си земаш за право на другите да им делиш лекции што е лоша а што е добра навика?
Ти значи никогаш во животот не си направил ништо за што некој би те покажал со прст, нити еден од 7 смртни гревови не си ни помисли да направиш а камоли да ги направиш.
Ако е така е тогаш ете темане ти прам:cuc:
И извини дедо Боже ако те навредив незнаев дека си ти тој. Фала што не почасти со твоето присуство тука на форумот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Баш така. Со создавање омраза и презир кон пушачите, пушењето само ќе стане покул и попримамливо во очите на тинејџерите, а тоа е возраста кога најчесто и се почнува со пушење. Со цел памет некој верува дека фактот што пушачите ќе бидат осудувани од општеството ќе ги спречи петнасетгодишниците да пропушат? Напротив, ќе ги привлече уште повеќе, ќе влезат во филм дека се некакви одметници, бунтовници и слично.
Ако не гледаат реклами со ликови како пушат, со девојки како оние кои ги постира Магус, и ако не се изложени на идеологијата бунтовници без причина, цигарите полека ќе поминат во заборав.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.792
Поени од реакции
21.202
Ако не гледаат реклами со ликови како пушат, со девојки како оние кои ги постира Магус, и ако не се изложени на идеологијата бунтовници без причина, цигарите полека ќе поминат во заборав.
Исто како дрогата. Секој ден можеме да видиме дека бројот на зависници е се помал и помал.
Само јас досега нема видено реклама каде се рекламира
дрогирањето освем можеби во нормалните држави како Холандија ( кај нив се е можно). А ти ?
А и како контрааргумент кој реклами ги имаше гледано прадедоми или дедоми кога си виткаше качак.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Точно, штетни се многу работи. Неоспорно.
Штетно е месото, заради хормони, штетни се овошјето и зеленчукот заради пестициди, све заедно заради ГМО, штетни се дезодоранси, шампони, флаширана вода, фреон, озонска дупка, сеча на амазонските шуми, буење на незнам какви алги по морињата, туна со тешки метали, соја, козметика, силокони, вештачки трепки, лакирани нокти и ацетон, синтетички чорапи, високи штикли, атомски централи, сателити кои не се знае дали ќе паднат на земјата или ќе согорат во атмосферата, вонземска инвазија, астероиди, комети ...

Зошто тогаш да живееме? Зошто да имаме деца? Зошто ги носиме на овој свет; само заради тоа да страдаат од последиците на сите овие (и уште многу ненабрајани штетности)???
Дај сите да се стерилизираме, изрипаме од мостови, згради...док сме млади, нали, пошто падот е баш брз начин да се отселиш од планетава, не би рекол?

Поентата на животот не е во тоа да се умре млад како убав леш. Какво животно задоволство е уживање во моментот на самоуништување, тешење со наоѓање на некава убавина во самоуништувањето...се прашувам.

Кашава во која што се наоѓаме е делумно вина на младите генерации, највеќе на постарите. Сите непогоди кои што сме приморани да ги трпиме се чисто човечка грешка-како и да е, тука сме, мора да јадеме, пиеме, мораме да користиме современи средства за хигиена, козметика...ова се наметнува како императив на современото живеење, за жал, и нема бегање.

Од друга страна, можеме да бираме, на пример, дали воздухот што го дишеме ќе си го збогатиме со чад од цигари и ќе додадеме мака на маката. Можам да бирам дали ќе си ставам тетоважа со потенцијално отровна боја, дали ќе си убризгам ботокс, дали дополнително ќе си го загрозувам здравјето со непотребни естетки операции задоволувајќи си ги каприците (или лечејќи си ментлни проблеми)...ИТН!

Како не правиш разлика измеѓу МОРАМ и БИРАМ?
се' што наброја е ИЗБОР!!! да почнам од храната и пестицидите, па завршувајќи со шампоните и шминката. за првите постои ОРГАНСКА ХРАНА, за другото постојат и свински сапуни нели? а шминка, ....хмммм, мора ли да се шминкате? така да за се' ова се има избор!!! но ете, ти, јас, и сите други ги користиме тие работи од разни причини, едни затоа што им е полесно, други затоа што не им е гајле дали за некој шампон се експериментирало на животни или кој знае која друга причина. така да ништо од тоа не се мора!!! си избрала
така и со цигарите, тоа е избор на поединката.
болдот: сите ние на некаков начин се самоуништуваме. ама баш сите, вклучувајќи те и тебе. ќе ме прашаш како? па доволно е тоа ако ти се возиш со велосипед и со тоа секојмомент ти е ризик! ризик од кој може многу лесно да настрадаш, нели? но ете (можда) возиш и си викаш кој ги ебе. или, и возењето со кола/бус до раб е исто така твој допринос за самоуништувањето,а и нашето уништување. треба да продолжам или ја доловив поентата? така да, мојот избор за цигарите е најмалото зло, особено што е поврзано само со мене. не барам ништо повее од тоа да имам ИЗБОР (повторно тој збор) да седнам во пушачки или непушачки кафич
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Сериозно мислиш дека било која навика (порок во случајов) може колективно да се искорени?
И сериозно мислиш дека тоа би се постигнало со забрани, казни и ограничувања?
Па мислам дека донекаде ќе се искорени или драстично намали со казни и ограничувања ако се применуваат ригорозно како што треба, пример го земам законот за плукање на јавно место каде што еден пријател плукач кога му врзаа казна од 25 евра, дури и на невеста со поголемо деколте не викна "Пу Пу Машала" повеќе, не пак да плеска зелени каде што ќе стигне.
Ако некој кој пуши цигара на место каде што не е предвидено за тоа му се стегне казна, не верувам дека нареден пат ќе прави слични егзибиции.
Верувај дека многу брзо се шири таква вест наоколу.


Се согласувам дека треба да се смени перцепцијата кон цигарите, и да се акцентира повеќе дека се порок, зависност и штеточина. Но, не сметам дека одењето од една крајност (имено, досегашниот лежерен став кон нив) треба да се лекува со одење во друга крајност преку создавање на презир, омраза, револт и одпад кон пушачите. Со тоа не се решава бунтовничкиот "кул" момент што го спомна The Magus. Пробај со рамнодушност, тоа е толку неинтересно за да биде предмет за бунтување. :)
Не знам како би се намалиле цигарите со рамнодушност и само со кампања без казни и само да се акцентира дека се штетни?
Токму тоа и повеќе ги мотивира младите за бунтовнички став според мене за да изгледаат поинакви во очите на врсниците.
Кога цигарите би биле предмет на презир, тогаш ниту младите не би сакале да ги конзумираат.
Ајде малку подобјасни што подразбираш под рамнодушност или како би изгледало решението според тебе?




Колку никотинот е штетен по здравјето на човекот не е предмет на разговор и индивидуалното мислење во однос на пушачите е ирелевантно за темава. А баш тоа ги мрси сите конци во муабетиве. Прашањето е многу просто. Дали е оправдано да се оспори нечие туѓо задоволство/навика/зависност да биде практикувано на одредени места, a притоа да не се загрозуваат другите во околината?
Само немојте повторно со моментот дека сите пуш и непуш ќе се збирале кај пуш. :)
Пак се вртиме во круг овде. Во случај да има такви барови, места нема да има никаков ефект цела кампања или пак закон за непушење од причина што со тоа не би се намалиле цигарите, туку само би се сегрегирале луѓето.



А тоа дека забраната е воведена за доброто на пушачите и бидејќи државата се грижи за здравјето на граѓаните е перење на мозок од тешка категорија. И да ја замениме старата "кул се цигарите" пропаганда, со новата и модерна "во здраво тело, здрав дух" пропаганда, тоа не го менува фактот дека повторно станува збор за ...... оh well .... пропаганда. :)
Точно е дека е пропаганда, можеби некој на се' ова ќари политички поени, можеби се работи за економски интереси со покачување такси и давачки на системот, ама лично мене ми се допаѓа искоренување на оваа лоша навика и ја поддржувам таа пропаганда.
И не знам зошто впрочем некој би се бунел за искоренување на цигарите како навика?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Многу ми сте забавни пушачите.

:)

Знаете дека сте заебани.

Знаете дека не треба да пушите.

Знаете дека им сметате на другите наоколу, а го немате тоа право.
Се што ви остана е некој детски инает, кој се раѓа од немоќта да ги оставите цигарите.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Ако не гледаат реклами со ликови како пушат, со девојки како оние кои ги постира Магус, и ако не се изложени на идеологијата бунтовници без причина, цигарите полека ќе поминат во заборав.

Па отприлика така; претставите за бунтовништво се менуваат во зависност од сликата што се форсира. Нешто слично како кога на Антена ке почнат да пуштаат некоја глупа песна на секој саат и отприлика за 2 недели имаш хит. Некогаш тоа без згодни девојки и дечки со цигари, полураскопчана кошуља, тесна фармерица...сеа се Лејди Гага и Ким Кардашијан...што поментален, то по кул!
(овие две се исто така штетни по здравје и треба да се забранат барем на јавни места)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
се' што наброја е ИЗБОР!!! да почнам од храната и пестицидите, па завршувајќи со шампоните и шминката. за првите постои ОРГАНСКА ХРАНА, за другото постојат и свински сапуни нели? а шминка, ....хмммм, мора ли да се шминкате? така да за се' ова се има избор!!! но ете, ти, јас, и сите други ги користиме тие работи од разни причини, едни затоа што им е полесно, други затоа што не им е гајле дали за некој шампон се експериментирало на животни или кој знае која друга причина. така да ништо од тоа не се мора!!! си избрала
така и со цигарите, тоа е избор на поединката.
болдот: сите ние на некаков начин се самоуништуваме. ама баш сите, вклучувајќи те и тебе. ќе ме прашаш како? па доволно е тоа ако ти се возиш со велосипед и со тоа секојмомент ти е ризик! ризик од кој може многу лесно да настрадаш, нели? но ете (можда) возиш и си викаш кој ги ебе. или, и возењето со кола/бус до раб е исто така твој допринос за самоуништувањето,а и нашето уништување. треба да продолжам или ја доловив поентата? така да, мојот избор за цигарите е најмалото зло, особено што е поврзано само со мене. не барам ништо повее од тоа да имам ИЗБОР (повторно тој збор) да седнам во пушачки или непушачки кафич


Ја те сфаќам добро. Имаш избор. Задржи си го за себе!
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Ако не гледаат реклами со ликови како пушат, со девојки како оние кои ги постира Магус, и ако не се изложени на идеологијата бунтовници без причина, цигарите полека ќе поминат во заборав.
Да, се согласувам дека и таа наметната пропаганда придонесува пушењето да биде перцепирано како кул.
Ама и без такви реклами, самиот факт што родителите и генерално целото општество ги сметаат цигарите за штетна појава, ги прави истите привлечни за тинејџерите. Едноставно такви се тие години, колку повеќе ти забрануваат нешто, толку повеќе имаш желба да го правиш истото. Да почне сега некоја кампања на пример дека брокулата е штетна, и никако не смее да се конзумира, ја се кладам дека ќе глеаме тинејџери со брокули во раце како се кријат по некои темни улици, а ако им остане од брокулата ќе ја кријат по влезови за да не ги фатат дома. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom