Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
не не не си ме сватил ти за државата да им помогне а и ја подобри економијата и зголеми буѓетот ова е одлиична шанса за тоа тутунот можеби за некого е чудно но од тутунот државата може да си го полни буѓетот и тоа на велико со произведување на тие работи што ги наведов а државава има недостик од тие работи а тоа е више него очигледно затоа што увезуваме горива увезуваме струја а можеме самите да ја произведеме е јас тоа сакав да го кажам
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.345
Поени од реакции
29.810
Нема дим од цигари ама корне на неизбањати мишки. Подобро би било закон за задолжително туширање да донесат барем на оние што имаме сетило за мирис, (читај смрдеа) да ни ги скрати маките.
Може. Јес да смрдеата од мишки нема да ти наштети како димот од цигари ама јас се согласувам за ваков закон... :wink:


Поентата е заштита на граѓаните Ванлок, а не на непушачите. За заштита е потребно повеќе од еден закон, треба да се поштуваат сите тие закони, но мислам дека со нив нема баш изи мани па удираат на вакви преку ситната боранија -граѓаните.
А тоа за длабоко вовлекување...како да споредиш мирис на бензин додека точиш на бензинска и да пробаш да го помириснеш директно од резервоар-од второто може човек да се онесвести (као и од лепак, јбг)...сето тоа влијае на нервниот систем, мозокот.
Од тутунот се добива зависност, не е тоа нешто као хамбургер за да се откажам како од брза храна. Јака зависност од која тешко (скоро никако) човек се одвикнува. Дури и да сака, дури и ако знае дека е штетно. Тоа е како (пошто мислам дека не си пушач) да ти кажат да не јадеш неколку денови...споредбата не е соодветна но како на непушач и независник од некоја дрога нема со што друго да дадам споредба.
О, се согласувам јас сосема дека е потребна целосна заштита ама тоа никако не значи дека и овој закон не е потребен и оправдан.

А тоа кој колку длабоко вовлекува и зошто... тоа е лична определба. Сам си решил да започнеш со тутунот, најверојатно благодарение баш на достапноста и влијанието на околината во која пушењето се толерираше (па и величаше како бунтовнички став). Исто така и тоа дали ќе се откажеш е твој избор. (не навлегувам колку е тешко)

Не можеш, Лурц, со зависноста да оправдуваш свесно наштетување на други. Ниту пак ниеден закон може да те одбрани од сам себе ако веќе си решил да си наштетиш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Не можеш, Лурц, со зависноста да оправдуваш свесно наштетување на други.
пак се вртиме во круг од пред 70-тина страни.
Со мојата зависност одмагам можеби на десетина души околу мене, но не убивам луѓе и фетуси као оние у Велес...не се далеку ни другите градови, но Велес е шампион на балканот по број на заболени, умрени, трагедии со фетусите и новороденчињата...
Јас неам таков проблем со тие убиства, државата има и пак ништо не презема.
Свесно наштетуваат врз сите болни на клиники, каде е тука логиката? Умре човекот од негрижа пред некој ден, никому ништо...министрите никакви казни ниту затвор, а доколку човек запали една цигара одма казна (која може да е и затворска пошто е доста висока). Епа тие двојни аршини се глупи у случајот со законот.

Споредбата на мојата зависност и штетата (непотврдена) врз неколкумина ради моите цигари со масовните труења на народ во Македонија (пак ќе ги спомнам Окта, железара, топилница, цементара, кожара, кланиците...) се многу интересни од социолошки па и економски аспект.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.345
Поени од реакции
29.810
Се вртиме во круг затоа што упорно се обидуваш со споредби во однос на други загадувања и кршење на други закони, да ја оправдаш штетата што самиот ја правиш. (генерално зборам, ти не си единствениот)
Сето тоа што го наведуваш е нешто што треба да се реши ама не навлегува во конкретно овој закон.

Тоа што ти го правиш врз неколкумина, многу други го прават исто така врз други неколкумина и на крај доаѓаш до „покриеност„ на скоро целото население. Едноставно не можеш да ја оправдаш штетата од тутунскиот дим.
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Не ме интересира. Сеедно ми е :)
Според она што го гледам пак сите кафиќи и дискотеки се полни. Ако не го укинат ДОБРО... ако го укинат пак ДОБРО.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Како не гледаш?Па нели се воведува закон за забрана од пушење кој ќе не спречи да пушиме,а во исто време раковите на бели дробови :)) ) со тоа и товарот на здраство ќе го намалиме?Ако штитиме здравје,ќе дигнеме акцизи,со тоа и цената на цигари ќе оди толку горе што нема да бидеме моќни да купиме.Од друга страна субвенциите за тутун што растат треба да се укинат и да се „искорне“ тутунот во целост од земјава.Од економски аспект зборувам само,колку ќе бидат загубите?Со кое производство и употреба може да се замени тутунот (како парна машина,компјутеризација...),можеби со отроФ?:))
Двоен аршин,економски нелогичен,нема никаква поткрепа да се воведе.
А како второ..да, даде додатен клик на оние кој сакаат да се откажат (ова од стојалиште на пушач).Исто и даде мотив да пушиме по улици како европски народ,баш утрово ја гледав сликата по улици,сите брзаат некаде со цигара во рака,баш добра репрезентативна слика создадоа :))
Многу ми е жал што гледам дека дискусијата е сеуште ограничена на егоизам, краткорочни политички и краткорочни финасиски ефекти кои се користат за препукување.
Но и покрај тоа ќе ја замолам леандра како до некаде позрела особа да даде свое видување во однос на анализата која јас ја направив (стр.140 за да не бараш премногу).
 
Член од
17 февруари 2010
Мислења
62
Поени од реакции
4
Чиста глупост,јас не пушам ама стварно е законов ГЛУП.ТОЈ ШТО НЕ ПУШЕЛ ПОДОЛГО ЖИВЕЕЛ.:tapp:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Случајно ги фатив господата како се расправаат за овој закон. Ми се допадна размислувањето на еден пратеник (Ќурчиев мислам рекоа, не сум сигурен, не ги знам баш кој како се вика) кој постави дилема дали постои анализа на состојбите воопшто во оваа проблематика. како пример ја спомена Голема Британија каде од 20% пушачи тенденцијата е истите да се намалат на 10%. Но тоа се одвива со разни активности, програми и проекти кои се организирани од страна на нивната влада.

Има многу показатели кои треба да се земат предвид
- дали некој извадил, споредил, искористил податоци за тоа колку цигари на ден се пушат, колку кутии по пушач, колку болести (поврзани со пушењето) и болни се јавуваат годишно, колку од нив се активни пушачи, колку се издвојуваат пари за унапредување на здравството посебно за превенција од пушење (но и за квалитетно дијагностицирање, лекување...), кампањи и служби, институции кои би се занимавале со оваа појава и со одвикнување на активните пушачи, колку средства се добиваат од продажбата на цигарите, тутунот, трговијата...(отприлика 1/4 од помошта во земјоделството оди на тутунопроизводителите, што не е за занемарување).
Иако овие последниве се повеќе економски показатели, ме интересира барем другите дали некој ги проучил, која е опасноста од цигарите, а која од другите зла. До вакви податоци тешко се доаѓа, посебно статистика на болести и нивна евентуална поврзаност со цигарите или друг причинител.
Зборот ми е -факти и реални бројки- без нив само може вака да си имаме став секој сопствен, субјективен, но не и реален. Цигарата убива, но колки, како и каде...тука е битно да се даде податок и да се најде нзс во вакви и слични решенија.

Инаку се спомена солидна бројка за бројот на пушачи основци па и од тој аспект дали нешто се презема или сме оставени како граѓани сами на себе...многу дилеми.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Многу ми е жал што гледам дека дискусијата е сеуште ограничена на егоизам, краткорочни политички и краткорочни финасиски ефекти кои се користат за препукување.
Но и покрај тоа ќе ја замолам леандра како до некаде позрела особа да даде свое видување во однос на анализата која јас ја направив (стр.140 за да не бараш премногу).
Сум те пропуштила :smir:
Зборуваш од социјален аспект и раздор помеѓу самата популација за кој јас не сум стручна да одговорам.Лаички од мој аспект е во ред да нема поделби.
Во однос на решението кое го нудиш со посебен простор внатре во локалот мене ми се допаѓа,а летно време мора да се дозволи на тераси да се пуши,како и на плажи.Значи и за тоа се согласувам.
Особено во делот каде законов во погрешно време се донесе,чиста утка.
Единствено не се согласувам во овој дел кој го болдирав.Краткорочни да беа ќе немаше толку голема галама за законот.Постоечкиов ригорозен закон,засекогаш ќе го намали прометот и ќе го симне на ниво каде пушачот пие една пијачка во кафана и станува. Статистиката ќе го потврди тоа.
На темава е важно да се најде компромис каде никој нема да се почувствува загрозен од законското решение.А законите се за нас и нас ќе ни тежат.Твојата солуција ми изгледа најприфатлива до сега.
 
U

UniqueGirl

Гостин

Пуши, пуши, пушиме...
... гајле си немаме..

п.с добар фидбек на Владета денес :icon_lol:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не ме интересира. Сеедно ми е :)
Според она што го гледам пак сите кафиќи и дискотеки се полни. Ако не го укинат ДОБРО... ако го укинат пак ДОБРО.
Тоа што кафиките биле празни не е никакво алиби за законот. Смешно е да се каже дека економијата била уништена бидејќи на јавни места не се пушеле цигари.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Поглуп човек од Ѓорчев нема. Ја незнам само зашто го ставаат на истурена позиција кога човекот е неписмен и сеуште со детски мозок. Тргни бре тоа ѓубре ебати ропакот.
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Што ќе се случи со производството на тутун? Очигледно е дека ќе се намали поради и намаленото купување на готовиот производ. Знаеш колку тутунари ќе изгубат од тоа?

И мене ме боли за тие шо останале тогаш без работа.
Проблемот е економијата. Тогаш имала подем технолошката индсутрија, а губела во подем работната рака. Сега нема никаков подем во друга област, туку само се намалува заработувачката на угоститетлските објекти. Нема баланс или зголемување на буџетот, туку само намалување.
Дечки, да се разбереме: скоро сите реформи кои водат кон подобро се тешки на почетокот. Вистинските резултати од добро спроведена реформа ќе бидат видливи можеби после една деценија. Понекогаш треба да погледнеме подалеку од носот и да се потрудиме го разбереме и да го прифатиме она што денес ни изгледа лошо, ако има добра причина и оправдана цел. Мене лично ме теши што нашиве не го смислија Законот за заштита од пушење, туку го препишаа од ЕУ, а во ЕУ генерално подобро стојат работите отколку кај нас, па.. надежта последна умира :)


Така да моделот каде во јавните простории за социјализација е забрането пушењето, со дадена можност пушачите на одреден период да излезат надвор со затворените простории за социјализација на отворено или во специјално вентилирани мали простории ненаменети за социјални активности (како што се случајот со тоалетите) да можат да си го уживаат правото и слободата за пушење е јасно дека овозможува ограничена слобода за уживање во едно нивно задоволство. Ова пушачите сепак можат да го толкуваат како еден вид дискриминација но сепак не толку голема дискриминација бидејќи не им е забрането правот и слободата во уживање на цигарите туку само просторот.
Во Словенија например, за пушење по аеродромите има едни мали стаклени ко телефонски кабини. Стоиш таму пушиш, а сите што поминуваат на аеродомот те гледат. На моите другари им беше многу непријатно во тоа кабината, си излегоа надвор да си ја испушат на раат втората цигара.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дечки, да се разбереме: скоро сите реформи кои водат кон подобро се тешки на почетокот. Вистинските резултати од добро спроведена реформа ќе бидат видливи можеби после една деценија. Понекогаш треба да погледнеме подалеку од носот и да се потрудиме го разбереме и да го прифатиме она што денес ни изгледа лошо, ако има добра причина и оправдана цел. Мене лично ме теши што нашиве не го смислија Законот за заштита од пушење, туку го препишаа од ЕУ, а во ЕУ генерално подобро стојат работите отколку кај нас, па.. надежта последна умира :)
Пак јас :)
За да има реформа мора да има долгорочна проекција.Бидејќи ја застапувате тезата дека законов позитивно ќе се одрази врз здравјето на граѓаните и нема да има импликации врз економијата,дајте ни бројки да видиме што очекувате?

ex machina напиша:
Во Словенија например, за пушење по аеродромите има едни мали стаклени ко телефонски кабини. Стоиш таму пушиш, а сите што поминуваат на аеродомот те гледат. На моите другари им беше многу непријатно во тоа кабината, си излегоа надвор да си ја испушат на раат втората цигара.

И ние да имаме избор,ќе си бираме каде да пушиме.Дотогаш единствената солуција „надвор“ нема да ја прифаќаме :smir:

Ех ќе заборавев,Словенија е во Еу,а ние препишуваме закони од Еу,каде сме погрешиле овде?
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Јас сум за забрана на пушењето мисе допаѓа што владата проба да биде ригорозна ама ... сепак треба рестораните , кафичите и тн ... да бидат издвоени од овој закон, како што се казината.Или пак како што беше првично проектирано пола ресторан, пушачки пола не, ама не во иста просторија (оти тогаш примерот на Ѓорчев е на место -мокрење во пола базен само) туку две одделни простории, доколку сопственикот сака да им даде избор на своите гости. (или базент за мочковци и базен за не-мочковци).
А строго да се забрани пушење на улица и други јавни места, како автобуските/железнички станици и сл ... Оној кој е непушач и решил да седи во кафеана со своите другари пушачи свесно и дброволно си го загрозува здравјето и то.
А би било баш супер да се поработи поорганизирано на трибини и проекти кои би ја насочиле младината по друг пат, за да се намали бројот на пушачи во иднина. Проекти кои ќе функционираат 10-20 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom