Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Фала богу на раат ке можеш да седнеш во кафич.Кој сака да пуши-само дома hahahahahaha
Ќе зависи каде ќе се применува како што кажаа погоре. Дека ќе има отстапки па дури и тепачки тоа е мислам неизбежно.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
На сите овие слики димот излегува а кај пушачите влегува, мора овде некој експерт од владата да се заебал кога го донел законот!
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Ајде браќо Цигаретс Фанс :tv: имамо уште 5 дена слобода.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ајде браќо Цигаретс Фанс :tv: имамо уште 5 дена слобода.
Зошто уште пет дена........
.... сега само нема да влегуваме во кафани......ќе дремеме на други места...
..нек му ја мислат кафанџиите:vozbud:...доста не дереа...нека сега тие се изборат за нашите права....:vozbud:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Зошто уште пет дена........
.... сега само нема да влегуваме во кафани......ќе дремеме на други места...
..нек му ја мислат кафанџиите:vozbud:...доста не дереа...нека сега тие се изборат за нашите права....:vozbud:
За муабетот од вчера мене ме плаши оној средниот знак доле, ај 15 минути се доволно за многу работи да се направат :vozbud:

 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Леле навистина штета :( ќе се намали потршувачката на инхалатори, на дезодоранси и парфеми за после излегување па и на вода за туширање после чадните авантури :(
Подобро да влезам во зачадена просторија, отколку во просторија со смрдени луѓе. Затоа аман нека не се намалува потрошувачката на парфеми!!!

Ако истово не ви е доволно сфатливо еве ви мала аналогија... замислете некоја гужва или собир и некој кој решил да си направи задоволство т.е да проба како изгледа да си пукне бомба во фаца... нема да ви биде сеедно нели, особено не ако сте блиску до него за да ги осетите "благодетите" на неговото задоволство... се извинувам - на задоволството поради кое тој ќе биде посреќен, нема да чуствува нервоза, зависност, тресење на рацете, нервни испади, болки од ракот на белите дробови, болка од кашлањето наутро и слично.
Дали си ти озбилен со споредбава? Барем после некое време, сфати што си пишал? Како може да е исто или било како слично бомбаш со пушач? Средете се бре луѓе!

konecno zakonov ufff kolku samo mi e keif bravo za zakonot:vozbud:
taka trujte se pusaci otrujte ama nemate pravo da truete drugi jasno e?
Јас тебе дома ти доаѓам и ти дувам дим во фаца? Што тресиш зелени? Седи си кај што нема пушачи и уживај. Преголема возбуда може појако да те удри од цигарите.

Не е дискриминирачки. И на мене како пушач и на вас како непушачи ви е забрането да пушите, еднакви сме со правата.
Дискриминација е на пример да бевте црнци па да не ве пуштаа да пушите на јавни места, а на други како белци да им е дозволено.

:(
WTF? Кој е еднаков во правата? Еднакви ќе сме ако ни го забранат лебот или водата, вака не. Ако веќе сакате да споредувате и да одите контра или само да се ситите, дај барем научите како да го правите тоа.

А ти да си на нивно место што би направил? Би затворил цели фабрики и би оставил толку луѓе без работа? Па тутунот како тутун го имаме на земјениот грб како прво. Тоа значи дека ние го произведуваме и дека се гордееме со тоа. А да го загрозуваш здравјето да другиот, тоа никако.
А вака златен што мислиш дека ќе биде? Нема да се затворат неколку фабрики, ама ќе се отпушти пола Македонија од работа. Ќе се намали промет по сите кафетерии, дискотеки итн, па веднаш по тоа следува намалување на потребата од работници т.е. отпуштања. Проширете ги погледите малку.

читам исфрустрирани активни пушачи страни и страни наназад и сеуште неможам да ја разберам фрустрацијата. Им се одзема право за што? никој не ти забранува да си пушач, забрането ти е само да ги правиш оние околу тебе пасивни пушачи во јавни објекти. Зашто побогу некој би имал проблем со тоа? зашто не погледнете од друга страна.. знам безброј дечиња, братчиња сестрички на мои пријатели кои се прва/втора средно и пушат ко турци.. уште не доразвиени се трујат со тоа цигарите.. дома несмеат, во школо неможат мора да се кријат.. каде го прават тоа? по кафичи.. сендвичарите околу школски? со законов како така ке се влијае и на тоа. Како и да ја вртиш работата на никого лошо не му прави, дури ни на себичниот зависник. Зашто имаат сите проблем со ова необјасниво ми е.
И мене ме мачи и ми е жал кога гледам мали деца како пушат повеќе од мене, но ова мислиш е решение за тој проблем? Ќе се кријат по паркови и влезови и ќе пушат уште појќе. Всушност, зошто не се запарашаш како и каде тие деца купуваат цигари? Јас сум и крива на владата што не знае како да средува такви проблеми, па мора вака драстични мерки да презема? Јас сум доволно зрела за да знам дали сакам да пушам и ако сакам да го правам тоа треба да имам право на истото. Не сметам дека е во ред да бидам казнета поради децата или зачадените простории кои ви сметаат на вас непушачите. И не знам зошто мислите дека тоа не ни смета и нас. Ни смета, но пак ќе речам, треба владата да знае да го реши проблемот со посебни простории или добри вентилации, за и ние и вие да не се гушиме кога сакаме да излезиме дотерани, намирисани и со скапа облека. Ова едноставно е предрастична мерка и точка!

Фала богу на раат ке можеш да седнеш во кафич.Кој сака да пуши-само дома hahahahahaha
Браво!!! Кај ти текна на муабетов? Сто години да мислев, немаше да ми текне ваква реченица.:uvo:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
хахах дивај браво.. ги затна... уствари да прашам нешо до сите непушачи.. ако толку ви сметаше зашо не зедовте некоја петиција да потпишувате зашо не направевте некоја кампања него сите со скрстени раце си седевте додека не искочи законов.. и ОП сеа од еднашка на сите им пречи... ОМФГ... тоа е...
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Министерот Бесими(мислам дека беше):Кафичите и другите објекти ќе осетат само краткорочна криза.

Добро бе,кого лажеме?Мачкаме очи за пред ЕУ или стварно сакаме да си правиме лошо???Дивајн погоре е потполно во право,со забраната први на удар се кафани,дискотеки и слични објекти.Значи прво газдите ги фаќа.Профитот им оди надоле,втори на удар се вработените,значи следуваат отпуштања.Трет удар е за земјоделците тутунари,зошто намалено користење тутун = намалена побарувачка = намалени субвенции = намален откуп = протести,незадоволства...Од готово-вересија,а зошто?Зошто непушачите кои се малцинство сакале ем да седат во кафана,ем да не се пуши околу нив...Дури и одвоени простории за пушачи/непушачи не им одговара,дискриминација било...


Мислам дека непушачите забораваат која е всушност намената на кафич/кафана.Тоа не е седење и дишење чист воздух,туку е седење во зачадена просторија каде што ќе можеш да се напиеш алкохол како човек,или кафе,и да испушиш цигари...Кафанче и Green Power не одат заедно!
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
хахах дивај браво.. ги затна... уствари да прашам нешо до сите непушачи.. ако толку ви сметаше зашо не зедовте некоја петиција да потпишувате зашо не направевте некоја кампања него сите со скрстени раце си седевте додека не искочи законов.. и ОП сеа од еднашка на сите им пречи... ОМФГ... тоа е...

ај ако законов добро се споредува баш ме интересира вие пушачите колку петиции ќе извадите и кампањи ќе правите...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
ај ако законов добро се споредува баш ме интересира вие пушачите колку петиции ќе извадите и кампањи ќе правите...
Ако дојде до тоа да треба да почнам да отпуштам вработени? Ќе ти прекажам.
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.420
Ако дојде до тоа да треба да почнам да отпуштам вработени? Ќе ти прекажам.

не ти го сфатив делов... демек ако дојде до тоа да отпушташ некој што пуши на работно место или пак да отпуштиш во знак на револт(што и не ми звучи логички, ама и онака не знам на што мислиш...)
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Значи Фашизам = Десничарство, не знам како да ти објаснам...ај барај по интернетот и ќе ти стани јасно, гледам јас колку се грижат.
Јас сега да те "натерам" да пушиш убаво ќе ти биде, во случајов станува збор за "натерување" - ФАШИЗАМ.
Фашизам се принципите и организациската структура на екстремното десничарско националистичко и диктаторско движење.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Ако истово не ви е доволно сфатливо еве ви мала аналогија... замислете некоја гужва или собир и некој кој решил да си направи задоволство т.е да проба како изгледа да си пукне бомба во фаца... нема да ви биде сеедно нели, особено не ако сте блиску до него за да ги осетите "благодетите" на неговото задоволство... се извинувам - на задоволството поради кое тој ќе биде посреќен, нема да чуствува нервоза, зависност, тресење на рацете, нервни испади, болки од ракот на белите дробови, болка од кашлањето наутро и слично.
А така тој да ги осети благодетите на моето задоволство па јас да му го откачам поготово ако сум јадел тавче гравче...:vozbud::pos2:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
не ти го сфатив делов... демек ако дојде до тоа да отпушташ некој што пуши на работно место или пак да отпуштиш во знак на револт(што и не ми звучи логички, ама и онака не знам на што мислиш...)
Нормално дека не знаеш на што мислам, ептен сложено кажав. Чек поедноставно. Ако ми падне прометот до тој степен да морам да почнам да отпуштам некој од моите вработени, ќе ти прекажам што ќе правам во врска со законот. Појасно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom