Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.862
Што бе, уште плачете, не се навикнавте?
Тоа е, помирете се со судбина, ќе излагате надвор ако сакате да пушите, шо да ви правам :icon_lol:
Па во Тетово, еднаш не излегов надвор цигара да запалам.
Дури пепељара ми даваат :)
--- надополнето: 1 декември 2012 во 15:47 ---
Како пушач го поддржувам законов во целост,поради мои причини.Искрено одговорете ми на што личеа кафичите,кафанчињата и останатите локали кога во нив 20-30 луѓе ќе запалат цигара,се чувствував како во гасна комора.
И пушачи не го тупете,не ви е никаков проблем да излезете и да запалите цигара.:)
Сега веќе не ми е, сите тераси имаат греалки, лани зимата седевме по кратки на терасата на еден кафич :)
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Па во Тетово, еднаш не излегов надвор цигара да запалам.
Дури пепељара ми даваат :)
--- надополнето: 1 декември 2012 во 15:47 ---

Сега веќе не ми е, сите тераси имаат греалки, лани зимата седевме по кратки на терасата на еден кафич :)
Па и да нема греалки,јас живеам во куќа кога излагам да запалам цигара,си земам јакна или некој подебел џемпер истото го практикувам и во кафич каде нема посебен простор за пушачи.:)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.862
Па и да нема греалки,јас живеам во куќа кога излагам да запалам цигара,си земам јакна или некој подебел џемпер истото го практикувам и во кафич каде нема посебен простор за пушачи.:)
Па не е пријатно цела вечер да седиш без греалки на минус температури.
Јас не седнувам внатре за да излезам, сите кафичи имаат греалки на терасите, по цела вечер таму седиме.
Е сега, 2-3ца непушачи во друштво, страдаат заради нас :)
--- надополнето: 1 декември 2012 во 15:52 ---
Инаку дома секаде пушам, еве сега кај мене во соба сум, со цигарчето мое :)
--- надополнето: 1 декември 2012 во 15:54 ---
Не знам ти каде идеш у Тетово и ти давале пепељари.
Имиња тешко дека знам, ама ајде еден од поголемиве кафичи да речеме, зборувам за онаму кај што најмногу се движам - Корнер. Таму зависи кој е на смена, некад пепељара, некад тацна.
Втор кај што најмногу одам - Синема.
Во центарот сум седела едвај на неколку места, последно памтам Амнезија ли беше, така ли беше, ист муабет беше.
Не знам за цело Тетово, знам за онаму кај што сум седела :)
Ќе речеш албански кафичи, искрено, ми е гајле, се додека добивам исто кафе и бонус смеам да запалам цигара :)
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748

Не се движам по такви места, не ми одговара ентериерот а и услугата.
Амнезија си седела надвор милион посто, ретко кој седи внатре да се стиска у 2 квадрата место, како и да е се надевам прочита што се дешава таму кај шо даваат тацни.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Па не е пријатно цела вечер да седиш без греалки на минус температури.
Јас не седнувам внатре за да излезам, сите кафичи имаат греалки на терасите, по цела вечер таму седиме.
Е сега, 2-3ца непушачи во друштво, страдаат заради нас :)
--- надополнето: 1 декември 2012 во 15:52 ---
Инаку дома секаде пушам, еве сега кај мене во соба сум, со цигарчето мое :)
Ти сигурно ако седнеш во кафич не излагаш на секои 5 мин,еве јас на пример си излагам на секои 20 минути.
Ако седиш во кафичот 1саат тоа ти се 15 минути изгубени(рачунам по 5 минути од цигара)тоа ти се 45 минути останати за кафе муабет.
Така да не се вади.:D
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.862
Ти сигурно ако седнеш во кафич не излагаш на секои 5 мин,еве јас на пример си излагам на секои 20 минути.
Ако седиш во кафичот 1саат тоа ти се 15 минути изгубени(рачунам по 5 минути од цигара)тоа ти се 45 минути останати за кафе муабет.
Така да не се вади.:D
Не ме познаваш :) Јас не пушам, јас швајцувам. :)
Не ми се исплати да влагам излагам. ;)
--- надополнето: 1 декември 2012 во 15:59 ---
Не се движам по такви места, не ми одговара ентериерот а и услугата.
Амнезија си седела надвор милион посто, ретко кој седи внатре да се стиска у 2 квадрата место, како и да е се надевам прочита што се дешава таму кај шо даваат тацни.
Се случи истото пред 2 години, па никому ништо :)
Тебе не ти одговара мене таман ми е. Убаво кафе, цигарче, муабет.. Ништо не ми фали.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Не ме познаваш :) Јас не пушам, јас швајцувам. :)
Не ми се исплати да влагам излагам. ;)
Аха,јасно ми е,јас тоа го викам шлепање,една за друга.:D
Искрено може и треба да намалиш малку,да си ја контролираш страста кон цигарите,
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Се случи истото пред 2 години, па никому ништо :)
Тебе не ти одговара мене таман ми е. Убаво кафе, цигарче, муабет.. Ништо не ми фали.
Ако де, буџетот мора од некаде да се полни :icon_lol:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.862
Аха,јасно ми е,јас тоа го викам шлепање,една за друга.:D
Искрено може и треба да намалиш малку,да си ја контролираш страста кон цигарите,
Ни на крај памет не ми паѓа ;) Љубов е во прашање.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
7.007
Поени од реакции
12.669
Мене интересно ми стана да се шетам надвор-внатре, ионака нерва од секогаш ме фаќало да дремем на едно место. Во Прилеп се пуши во 2 кафичи во центарот на 3ти спрат ама не одам таму оти нема шетање ќе треба да се оставам таму ко прикован на маса. Убаф ми стана законот иако е дискриминирачки секако ;)
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Факт е дека се штетни цигарите.
Факт е дека и издувните гасови се штетни.
Чекам закон за забрана на користење автомобил.
Correction - забрана за користење на автомобили со издувни гасови :).

Би бил прв да подржам таков закон btw.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.298
Поени од реакции
569
дур беше тазе законот секаде почна да се почитува, потоа со тек на време никаде не се почитува ... затаиа инспекциите и одма сите на пушење се фатија ... не бев излезен навечер одреден период и сега кога излегов (во Охрид) ја видов истата слика од пред да се донеси законот ... зачадени простории, сите пушачи пушат, никој не излегува ... не требаше инспекциите да се повлечат за пак сите внатре да пушат ... треба редовна контрола ... бтв кога се вратив дома, корнев на цигари ...:facepalm:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.268
Поени од реакции
36.399
http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-21571418

Русија им се придружува на земјите во кои пушењето е забрането на јавни места. Путин ја потпиша легислативата за забрана на пушење на јавни места одкако руската дума ја изгласа забраната со само еден глас против.

Руската легислатива е целосна забрана на пушење на јавни места, вклучително до 15 метри близина на влезовите на јавните објекти како на пример аеродроми, метро и автобуски станици, пристаништа, детски игралишта, плажи, ресторани, кафичи, продавници, влезови од згради, итн, итн... буквално на секое јавно место. Рекламирањето и изгледот на амбалажата ќе се ограничи како и во другите земји со вакви забрани. Ќе одредат и големи такси и минимум цена (домашните цигари им се прилично евтини накај 0.27 euro за пакло).

Инаку Русија е земја со еден од најголемите проценти на пушачи, барем четворица од десет Руси пушат.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Дури и пред фризерница со полу мокри коси на дожд се пуши.Очекувам дека инспекцииве и по куќи ќе ни влага...
Некако изгубив желба за одење некаде,дали во јавни простории, дали на гости кај роднини и пријатели...излези момче надвор на тераса...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom