Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
... мрмотот...

...драпа
...
Еве тебе ќе ти одговорам за аргументи, влевам во многу фирми, и (не сум по правото, па само ќе парафразирам), значи една купа директори што си пушеле порано и понатаму си пушат во канцелариите. Инфото е дека не му е настапено на некој по моќен на нога, па да се иде на суд, оти законот и не е баш уставен, барем у делот на приватните фирми.
Мрмотите си мрморат, дебелите се дебелеат, карванот си врви... а во Македонија полицијата не си ја работи работата.

Скратена верзија на беседата од мрмотот.
 
мило ми е дека живеам во ваква држава каде има институции но за жал на некои ете не работат. хехеххеее
ајде сега жалисе во судот за човекови права.
 
Пазарни инспектори со закани набркани од тетовска кафеана
Сопственик на угостителски објект во Тетово завчера со закани дека ќе ги убие набркал четворица инспектори на државниот пазарен инспекторат кои затекнале неколкумина гости како пушат во локалот.

Инспекторите случајот веднаш го пријавиле кај претпоставените, а потоа и во тетовската полиција која работи на расчистување на случајот.

Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил околу 13 часот во угостителскиот објект Тифани на улицата Маршал Тито.

Додека екипата на пазарниот инспекторат, која била во рутинска контрола го поплнувала записникот, дошол сопственикот на локалот и ги искинал документите, а потоа ги исфрлил инспекторите заканувајќи им се дека доколку му поднесат пријава ќе ги убие сите.

извор
 
Еве у социјалното во Тетово како се почитува законот. Имаше уште двајца службеници со цигара но од гужвата не успеав да ги сликам!294908_3229838223519_1193500895_32541969_2130052503_n.jpg
 
Малку глупо е поставено првото прашање во анкетата. Според мене законот не е дискриминирачки , ама истиот може негативно да се одрази врз економијата.

На неколку места ( форуми ) го имам изнесено мојот став во врска со законов за пушење па ајде и овде да не останам покус. Како прво реков дека не е дискриминирачки , дека пушачите на крај краишта не се ништо посебно од другиве да имаат посебен третман. Најпосле тие од непушачи станале пушачи а не обратно. Никој не е должен додека јаде/пие да дише чад кој што му смети.

Единствено пушачите би можеле да пушат внатре само доколку има посебни простории кои што се со ѕид оделени од другите , доколку нема би требало да се пуши надвор.

И кукања од типот дека било ладно не се оправдани оти , ако неможеш без цигара да издржиш ќе ја пушиш и на 5 минутен студ. Сигурно дека нема да се смрзнат за тоа време.

Тоа ти е еден акт на лична култура , дури и дома кога одиш кај некого учтиво е да излезеш на тераса за една цигара па макар и да ти дозволи домаќинот од гостопримство. Можеби има жена , деца или едноставно не сака да му смрди на чад и глупо е да го ставаш во незгодна ситуација.
 


Во Австралија сите цигари во исто пакување​
Уставниот суд на Австралија денеска поддржа нов закон со кој сите цигари ќе бидат во исти маслино-зеленасти пакувања, без логотип на производителот и со фотграфии кои предупредуваат на последици од пушењето.
Предвидено е законот да стапи на сила на 1 декември. Законот е на предлог на Владата, која верува дека ќе придонесе за намалување на бројот на пушачи во Австралија и беше донесен минатата година. Големи компании како „Бритиш американ тобако“ и „Филип Морис“ го оспорија пред суд.
Мнозинство членови на судскиот совет смета дека законот не е во спротивност со Уставот на Австралија, се вели во кусо соопштение. Донесување сличен закон разгледуваат во Нов Зеланд, Индија, Велика Британија и САД.



Australian_cigarre_1566578a.jpg
Australian_health__1566577a.jpg
 
Денес Австралија и официјално стана првата земја каде се забранува истакнување на бренд имиња и логоа на кутиите со цигари. Таму од денес сите брендови на цигари ќе имаат иста амбалажа со предупредувања за штетноста од пушењето. Идејата е дека брендот и дизајнот на пакувањето се значаен дел од одлуката на потенцијалните нови пушачи да почнат со пушење цигари.

Следна планирана акција е контрола на состојките во цигарите. Не е тајна дека најштетните состојки во цигарите се додатните состојки кои тутунските компании ги додаваат за да се подобри вкусот, да се зголеми брзината на стварање зависност, да се намали брзината на горење итн итн.

_53705829_cigarettes.jpg
_64491980_cigarette.jpg
 
А тоа е малку глупаво.
Не е исто дали ќе пушам Родео или Марлборо.
Јас барем правам огромна разлика, една цигара Ронхил и умирам од киселини, на пример.
 
Дискриминирачки е законот.

Кафана е приватна сопственост и никој со сила на улица не ги тера луѓето да влезат.

Нека си има регистрација кафич/кафана за пушачи/непушачи и решен проблем.
 
Ги видов сликите...грозни се...
Но,да викажам,мојата мајка никогаш не запали цигара....почина од гангрена,имаше проблем со циркулација на крвта...и не беше од пушење,туку од негрижа на матичниот лекар, а покасно и од специјалистите кај што,ништо не направија:(
Мајка ми викаше, од нешто мора да се умре:facepalm:
 
Факт е дека се штетни цигарите.
Факт е дека и издувните гасови се штетни.
Чекам закон за забрана на користење автомобил.
 
Што бе, уште плачете, не се навикнавте?
Тоа е, помирете се со судбина, ќе излагате надвор ако сакате да пушите, шо да ви правам :icon_lol:
 
Како пушач го поддржувам законов во целост,поради мои причини.Искрено одговорете ми на што личеа кафичите,кафанчињата и останатите локали кога во нив 20-30 луѓе ќе запалат цигара,се чувствував како во гасна комора.
И пушачи не го тупете,не ви е никаков проблем да излезете и да запалите цигара.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom