Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.311
Поени од реакции
14.666
Vanlok, напорно ти е затоа што постојано удираш со глава во ѕид. Велат дека тоа може и да боли. За сите тие твои факти покажавме дека не држат, сега ќе ти копирам од моите претходни постови за да видиш како неколку дена постојано удираш со глава во ѕид.

Факт 1: ’Кафеаната е јавен објект.’
Одговор: ’Кафеаната е пред се приватен имот, а дури потоа јавен објект.’ ’И тоа што се води како јавен објект не значи дека во име на ’јавно добро’, ти или било кој друг, имате право да спроведувате некакви агенди спротив волјата на сопственикот и неговите муштерии.’

Факт 2: ’Пушењето е забрането во сите јавни објекти’
Одговор: Ова прв пат го потенцираш, но каков аргумент е ова дека законот е добар? Како факт стои, но не докажува ништо, освен што го објаснува законот. Шрашањето е дали треба или не!!!

Факт 3: ’Пушењето е забрането на јавни места затоа што докажано штетно влијае на здравјето и потребно е да се заштитат луѓето од пасивно пушење.’
Одговор: ’Ти државата ја замислуваш како тутор кој ќе ни каже што е добро, а што лошо и по тоа ние ќе се придаржуваме. Јас велам дека секој човек знае што е најдобро за него, и не постои сила која ќе треба да му наметне нешто спротивно, доколку тој не штети на други. Пушење на цигари во приватен објект, со дозвола на газдите не е штета над другите, сите таму се наоѓаат по своја сопствена волја, проблем ќе настане само доколку некој со сила е задржан таму.’ ’А тоа дали пушењето е корисно или штетно е проблем на пушачите и тие кои по нивна желба ќе се најдат во нивно друштво. Никако на државата или на трети загрижени страни.’ ’Секој има слобода на избор и самиот си сноси одговорност од својот избор. Кога некој друг со сила ќе наметне одреден избор, тоа значи дека е прекшена слободата. Тоа не смее да се дозволи, без разлика колку хумани цели се криеле позади тоа. Но, за жал постојат луѓе кои што мислат дека знаат што е најдобро за сите и дека сите така ќе мора да се однесуваат.’

Факт 4: ’Вработените во место каде се пуши, во текот на целото работно време се изложени на штетно влијание на здравјето преку пасивно пушење.’
Одговор: ’Вработените во тој објект се наоѓаат по сопствена волја. Не им е прекршена слободота. Проблемот би бил доколку некој со сила ги натера да работат во тој објект. Ако му пречат цигарите тој ќе отиде да работи на друго место’ ’Но, веќе неколку пати ти кажав, никој таму не е држан со сила во тој објект. Тоа што скоро никој нема да даде отказ за да не работи во таква просторија воопшто нема врска со загрозување на слободата на друг поединец или некое право. Воопшто тука не се дискутира колку македонската економија може да дозволи луѓе да дадат отказ, па да се запослат на друго место. А, ти тоа веќе 4 пати го наметнуваш. Дискутираме за тоа дали некој таму е држен принудно. Само во тој случај се прекршува слободата на другиот. Јас не сум отишол дома кај него да го трујам, туку тој дошол во објект каде се пуши. И сега тој има проблем со тоа, па ајде да го решаваме. Морал да работи во просторијка каде немало дим? А бе ајде, а на тие што работат на ладно, мора да им купиме термо чорапи.’ Тука има пошироко објаснување.

Факт 5: ’Изјавата на некој дека цигарскиот чад не му пречи, не го менува фактот дека цигарскиот чад докажано штетно влијае на здравјето.’
Одговор: ’А тоа дали пушењето е корисно или штетно е проблем на пушачите и тие кои по нивна желба ќе се најдат во нивно друштво. Никако на државата или на трети загрижени страни.’
Ќе додадам само уште нешто. Оформете невладина организација која ќе се бори против пушењето. Така се работи тоа, а не со сила.

На крајот зборуваш нешто за неудобноста. Тоа ти го наметна, јас само го искоментирав. Твојот коментар: ’Не фала мене добро ми е вака, плус можеби не нужно тебе ама на некој друг неудобноста сигурно ќе му влијае да се обиде да си ја прекине зависноста. Јас лично знам неколку такви. ’
Тоа што за тебе државата може да се игра со такви работи е друг проблем, но ти неколку пати досега тврдеше дека поединецот треба да се жртвува за јавно добро против негова желба и дека ’просветно’ малцинство може да тероризира одредена група и да гази врз слободата на индивидуата.

Секој си знае најдобро што е добро, здраво за него. Нема потреба ти и државата да се грижите за тоа.
 
Член од
8 февруари 2011
Мислења
13
Поени од реакции
8
Факт 5: ’Изјавата на некој дека цигарскиот чад не му пречи, не го менува фактот дека цигарскиот чад докажано штетно влијае на здравјето.’
Одговор: ’А тоа дали пушењето е корисно или штетно е проблем на пушачите и тие кои по нивна желба ќе се најдат во нивно друштво. Никако на државата или на трети загрижени страни.’
Ќе додадам само уште нешто. Оформете невладина организација која ќе се бори против пушењето. Така се работи тоа, а
не со сила.

OBA epten nema vrska. Bi imalo smisol samo pusacite se otkazat od bilo kakov medicinski servis davan od drzavata odnosno koa ke treba da se lecat od posledicite radi toa sho pushele . Znaci ako ne sakash drzavata da ti se mesha ako pushish togash i ne treba va barash bilo kakva pomosh of istata koa ke bidesh bolen :)
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
ve molam da mi pomognete za esej za slobodno pusenje na javni mesta ???lugee neznam so da pisam a mi treba hitnoo moram da ja branam slobodata
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Здравјето на луѓето наспроти удобноста на зависниците? Тоа е цена што вреди да се плати уште безброј пати одново и одново.
И сега од што ќе умираме. Па ќе го банкротираме фондот за пензиско. Мислите малку, не е у корист на државата.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.311
Поени од реакции
14.666
Факт 5: ’Изјавата на некој дека цигарскиот чад не му пречи, не го менува фактот дека цигарскиот чад докажано штетно влијае на здравјето.’
Одговор: ’А тоа дали пушењето е корисно или штетно е проблем на пушачите и тие кои по нивна желба ќе се најдат во нивно друштво. Никако на државата или на трети загрижени страни.’
Ќе додадам само уште нешто. Оформете невладина организација која ќе се бори против пушењето. Така се работи тоа, а
не со сила.

OBA epten nema vrska. Bi imalo smisol samo pusacite se otkazat od bilo kakov medicinski servis davan od drzavata odnosno koa ke treba da se lecat od posledicite radi toa sho pushele . Znaci ako ne sakash drzavata da ti se mesha ako pushish togash i ne treba va barash bilo kakva pomosh of istata koa ke bidesh bolen :)
Пушачите го уредуваат здравсвтениот систем? Нека се приватизира здравството.

Но, имаш и друг проблем. Заканот не казнува пушење, туку пушење на јавни места. Пушачите и со новиот закон прават иста ‘штета‘ врз здравствениот систем.

П.С. А што правиме со луѓето кои што не се хранат здраво? :)
 
Член од
8 февруари 2011
Мислења
13
Поени од реакции
8
sekoja nezdrava navika pravi shteta na zdrastevniot system.Glavna razlika ako jadam smrden sendvich od mekdonalds ne pravam steta na okolinata okolu mene (barem ne od zdrasten aspkt :) )
mene muabetot ne mi beshe za shetata sho pusacite ja pravat svesno odnosno znaejki deka pushat tuku za shetata od tn pasivno pusenje storena vrz nepusacite.Poimite kako "svesno" nikoj ne gi tera itn zavisat od kontextot na upotreba
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Не постојат никави докази за штетноста на пасивното пушење.
Врз трудници и многу мали деца да, има штета, но врз останатите луѓе пасивното пушење, освен лошата миризба, нема никаков ефект.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.182
Поени од реакции
34.747
Не постојат никави докази за штетноста на пасивното пушење.
Врз трудници и многу мали деца да, има штета, но врз останатите луѓе пасивното пушење, освен лошата миризба, нема никаков ефект.


П.С. Фала за потписот.
--- надополнето: Oct 27, 2011 11:10 PM ---
Кафеаната е пред се приватен имот, а дури потоа јавен објект.’ ’И тоа што се води како јавен објект не значи дека во име на ’јавно добро’, ти или било кој друг, имате право да спроведувате некакви агенди спротив волјата на сопственикот и неговите муштерии.’

Ќе додадам само уште нешто. Оформете невладина организација која ќе се бори против пушењето. Така се работи тоа, а не со сила.
Во недостиг од мазохизам детално да го анализирам целото твое бунцање, го издвојувам само ова цитираното.

Хелооууу, законот е веќе донесен. „Ние„ (претпоставувам тука мислиш мнозинството), ние работата си ја завршивме и законот веќе не штити. (таму каде се применува)

А Ти, повели формирај какви сакаш „невладини организации„ па бори се против законот. Објасни им на правниците дека на приватен имот можеш да правиш што ќе ти текне па пиши ни потоа како ќе поминеш. Со (не)среќа во борбата!

Во меѓувреме, скорешно враќање во реалноста и пријатни моменти на незагрозување на туѓото здравје плус уживање во идните ниски температури Ти посакувам со песната Ајс Ајс Бејби во изведба на неповторливиот Џиииим Кеееерииииииии!

 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.311
Поени од реакции
14.666
Vanlok, неодржливоста на твоите аргументи и неспособноста да дискутираш те претвара во едно безобразно провокаторче кое мисли дека со навреди ќе докаже и покаже нешто.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
OBA epten nema vrska. Bi imalo smisol samo pusacite se otkazat od bilo kakov medicinski servis davan od drzavata odnosno koa ke treba da se lecat od posledicite radi toa sho pushele . Znaci ako ne sakash drzavata da ti se mesha ako pushish togash i ne treba va barash bilo kakva pomosh of istata koa ke bidesh bolen :)
И работењето на компјутер предизвикува здравствени последици. Се оштетува видот, се појавуваат деформитети на рацете, телото, ...

И што правиме сега. Ќе забраниме интернет? Ќе се откажете од социјалните олеснувања кои имате право да ги користите при посета на бањи, при очни прегледи и сл. само за да не ви забранат да пишувате тука бесмислени пораки?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.182
Поени од реакции
34.747
И работењето на компјутер предизвикува здравствени последици. Се оштетува видот, се појавуваат деформитети на рацете, телото, ...

И што правиме сега. Ќе забраниме интернет? Ќе се откажете од социјалните олеснувања кои имате право да ги користите при посета на бањи, при очни прегледи и сл. само за да не ви забранат да пишувате тука бесмислени пораки?
Бесмислени пораки?

Човекот можеби не е елоквентен, ама логиката му е здрава.
За разлика од твојата логика во овој пост.

Да пробаме вака.
Работењето на компјутер во нормални граници не предизвикува здравствени последици. Понатаму, работењето на компјутер не им го загрозува здравјето на другите присутни во просторијата.
За разлика од пушењето кое од сите присутни прави пасивни пушачи.

Уште некои паметни баби-жаби споредби можеби?

Vanlok, неодржливоста на твоите аргументи и неспособноста да дискутираш те претвара во едно безобразно провокаторче кое мисли дека со навреди ќе докаже и покаже нешто.
Ох, екскјуз муа месје Хмхм...

Се обидов конструктивно ама Ти не дискутираш туку конструираш квази правни кованици по некоја твоја искривена логика. Врв на се, уште врз основа на тоа изведуваш други бесмислици од второ и трето колено... Можеби очекуваш дека треба до бесвест да се докажуваме што всушност значат поимите приватна сопственост и јавен простор.

Повели на места како што е http://www.pravo.org.mk и провери што значат од законски аспект овие два поими. Кога ќе најдеш некаде дека приватна сопственост како поим зема предимство пред поимот јавен простор, пиши ни тука...
А до тогаш јас можам само да продолжам да те поздравувам. Овој пат не најдов ништо добро па ќе мора да се задоволиш со:

П.С. Неодржливоста на моите аргументи??!!??! Да можеше накако да најдеме објективен судија за дискусиска дебата ќе го попиеше некаде со 44:0
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Бесмислени пораки?

Човекот можеби не е елоквентен, ама логиката му е здрава.
За разлика од твојата логика во овој пост.

Да пробаме вака.
Работењето на компјутер во нормални граници не предизвикува здравствени последици. Понатаму, работењето на компјутер не им го загрозува здравјето на другите присутни во просторијата.
За разлика од пушењето кое од сите присутни прави пасивни пушачи.

Уште некои паметни баби-жаби споредби можеби?
Не мислам дека елоквенцијата на форум е пресудна да се води дискусија, но логиката да. Примерот со компјутерите е мајтапџиски, но сепак со малку логика може да се разбере напишаното. Компјутерите лесно во дадената реченица може да се заменат со пиво, вино или ракија, а сите нивни консументи се заштитени од државата, и сите ќе бидат потрошувачи на средствата кои меѓу другите и јас сум ги штедел.
Значи тука нема простор за изјави од тип „нормални граници“, ниту „здравјето на другите“, едноставно самата идеја за компензирање на некакво право (пушење, пиење, ...) со правото на здравство е бесмислено и не гледам зошто ти се најде повикан да го браниш тој предлог. Затоа што си непушач?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.182
Поени од реакции
34.747
@pLaToOn

Во твојот пример што и да замениш, повторно како последици нема да добиеш тутунски чад и пасивно пушење... Што всушност и беше поентата на „здравствениот„ коментар на Tuksadin.
Кога некој ќе си го расипе здравјето од прекумерна работа на компјутер, трошоците се за само лечење на таа индивидуа. Кога се работи за последиците од пушењето, жртва не е само пушачот туку и присутните преку пасивно пушење. Во тој случај имаш значително поголеми трошоци за здравствоto.
Досадно, ама се надевам јасно...

Ова е инаку јавна дискусија на јавен форум, на неа јас сум повикан да учествувам исто колку и ти или било кој друг...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom