Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Добро бе, ако дискутираме за тоа колку дупки има законов и за тоа колку други работи прво треба да се средат, и за тоа колку вие непушачите „се грижите“ за вашето здравје (од цигарите, а се` друго е валкано и гнасно околу вас), тогаш е бегање од темата?
Јас повеќе пати повторив дека и другите проблеми со животната средина треба да се средат. Но тоа на никој начин не значи ниту може да значи дека и проблемот со пушењето не е проблем и не треба да се „среди„.
Повикување на други проблеми затоа што е решен проблемот што тебе/вас не ви одговара да биде решен? Ќе чекаме да ги затворат сите фабрики во земјава за да го решиме проблемот со пушењето? Ако тоа не е бегање од темата, тогаш не знам што е...

И воопшто не реков, барем не јас, дека ти ни солиш памет. Само прашав дали во нас 20 души кои моментално пишуваме на темава, а неколку од нив се непушачи, дали во нас е проблемот, или е во тебе?

Знаеш, не може 20 души (меѓу кои и луѓе кои не пушат, значи објективно гледаат на законов) да не се во право, и упорно да зборуваат и да докажуваат, а ти еден, да бидеш за се` во право.
Едноставно, така не функционираат работите.
Ако е една личност со која не можеш да излезиш на крај, во ред, ќе се прифати дека не е во право и дека зборува глупости. Ама 20 души ти го зборуваат истото шо Аннабел го кажа (во еден така смирен пост, без нервози), ние сите десет страни наназад ти го зборуваме.
Сите работи кои ги наброив се поврзани со темата. Друга работа е тоа што тебе не ти одговара да дискутираш на тоа и затоа велиш сите да се држиме кон неа.
Анабел си го кажа искрено тоа што го кажа. Доволно искрена беше да каже не ја засегаат последиците.
За разлика од тебе, таа не се повикува на ред „други проблеми што биле полоши„ за да обезбеди алиби за проблемот што го дискутира темава.

Цифрата од 20-те луѓе што ги набројуваш, не е никаков аргумент со оглед на тоа дека од сите нив 2-3ца се обидуваат да дискутираат, останатите се тука да навиваат и најверојатно не ги ни читаат постовите. Ред членови што постираат тука а не се согласуваат со вас или видоа со кого полемизираат (кога почнаа да се прават споредби како на пример со алкохолот и брзата храна колку штетни биле) па си заминаа одтемава... или дел од нив беа банирани кога исфрустрирани од глупавоста на ваквите постови, почнаа да се спуштаат на нивото на постерите на тие постови. (кои инаку гледам уште си постираат вулгарности, препукувања или нерелеванти работи)

Значи по твојот муабет, до досегашното постоење на Македонија пушачите беа во право, и од 1 јануари сега непушачите се во право?
Не. Штетноста на димот од цигари не била помалку штетена и пред законов. Разликата е во тоа што сега тоа е законски регулирано, како што е тоа случај и со други штетни работи.

Би ја сфатила целта на законот во држава каде што се` друго е средено, па ајде дојде време и да се реши проблемот со цигарите.
Ќе се повторам. Повикување на други проблеми затоа што е решен проблемот што тебе/вас не ви одговара да биде решен... лош изговор.
 
K

kaiser soze

Гостин
Ред членови што постираат тука а не се согласуваат со вас или видоа со кого полемизираат (кога почнаа да се прават споредби како на пример со алкохолот и брзата храна колку штетни биле) па си заминаа одтемава... или дел од нив беа банирани кога исфрустрирани од глупавоста на ваквите постови, почнаа да се спуштаат на нивото на постерите на тие постови. (кои инаку гледам уште си постираат вулгарности, препукувања или нерелеванти работи)
Меѓу кои и јас,откако увидов дека на темава нема никаква дискусија,се прават еден куп конфузни споредби,кои како што кажав и погоре како да доаѓаат од најистакнатите активисти на Гринпис.Некои пак отидоа до таа крајност,што им предлагаа на тие кои го подржуваат законот да се дислоцираат во чистите планински предели.Уште да се спомнеше и проблемот со сечата на амазонските шуми,како дополнение на компарациите кои се направија.
Факт е дека во земјава има многу еколошки проблеми,исто е факт дека и тие треба да се решаваат,мене како човек активен во таа фела тоа ми е повеќе од јасно,ама тоа не може да се поистоветува со истиов овој закон.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
И јас можам за тебе да кажам дека си оток... си запнал за други проблеми а ние овде збориме за заштита од последици од пушење. А тоа „малку дим во некое локалче„ е всушност многу дим на мало место, 1000000 пати по концентрирано од другите ѓубриња што ги наведуваш. Јас сум и против тие ѓубриња, ти не си против сите ѓубриња?.
Не сум запнал за други проблеми туку ти се чудам на паметот што за ова си се фатил ко слеп за стап и затоа не можеш да го видиш целиот моронизам и идиоштина на овој закон.

1000000 пати....:pos2:иди бе таму..како ли само го измери ова, преѓеска и оџакот на окта или цементарница ги смести (спореди) во просторија на некое локалче и изведуваше паралели, оди слободно наведни се над тие оџаци ако во во истата секунда не испариш дојди овде пак и опишини дали е баш исто. :helou:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.899
Поени од реакции
23.301
@Владе
Да одговорам на што? Како се чувствував пред да се донесе законов...?
Обесправен. Ако сакав да не дишам тутунски чад единствен избор ми беше да не одам во локали. Што не значи дека не одев. Нормално желбата да се дружам со млади и промискуитетни госпоѓици секогаш беше појака..

Сега да ти одговорам и на следното прашање што ќе го поставиш...
Не ти не си сега во иста ситуација. Ако јас го имав изборот да одам во кафана или не, односно за работа немав никаков избор... ти имаш избор да правиш што сакаш. Само треба на минута да излезеш пред врата и за да не му сметаш на никој... Ја гледaш разликата
ок благодарам за твојот опширен и поучен одговор
ако добро те сватив ти беше обесправен и дискриминиран а ние сега не сме иако ги заменивме местата.иако тебе никој не ти бранеше да влезиш некаде или не уште помалце ти напика некој цигара во уста, а мене ми бранат, иако порано не бев со закон заштитен ни јас ни ти ,а сега си заштитен како бела мечка со истиот тој закон кој мене ме третира како штетник.ок чим така велиш и тоа е твоето мислење поштовам.секој си има право на свое мислење па макар било и грешно.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
ок благодарам за твојот опширен и поучен одговор
ако добро те сватив ти беше обесправен и дискриминиран а ние сега не сме иако ги заменивме местата.иако тебе никој не ти бранеше да влезиш некаде или не уште помалце ти напика некој цигара во уста, а мене ми бранат, иако порано не бев со закон заштитен ни јас ни ти ,а сега си заштитен како бела мечка со истиот тој закон кој мене ме третира како штетник.ок чим така велиш и тоа е твоето мислење поштовам.секој си има право на свое мислење па макар било и грешно.
Владе, Владе... во право си само за подвлеченото.

Не сум запнал за други проблеми туку ти се чудам на паметот што за ова си се фатил ко слеп за стап и затоа не можеш да го видиш целиот моронизам и идиоштина на овој закон.

1000000 пати....:pos2:иди бе таму..како ли само го измери ова, преѓеска и оџакот на окта или цементарница ги смести (спореди) во просторија на некое локалче и изведуваше паралели, оди слободно наведни се над тие оџаци ако во во истата секунда не испариш дојди овде пак и опишини дали е баш исто. :helou:
Слабо ти оди согледувањето па си помислив да ти илустрирам, полесно да „видиш„. :helou:

Абе на вакви како тебе мора да им се нацрта ама и потоа еве пак јадеш бурек...
Како сакаш да правиш споредба на концентрација на дим од фабрички оџак 20 километри далеку со концентарција на дим во затворен кафич? Не знам колку пати да е по-отровен гасот од ОКТА во однос 1:1, далеку поголемата концентрација на тутунскиот чад (во затворениот простор на кафичот) го прави далеку полош. Компренде?

Ред членови што постираат тука а не се согласуваат со вас или видоа со кого полемизираат (кога почнаа да се прават споредби како на пример со алкохолот и брзата храна колку штетни биле) па си заминаа одтемава... или дел од нив беа банирани кога исфрустрирани од глупавоста на ваквите постови, почнаа да се спуштаат на нивото на постерите на тие постови. (кои инаку гледам уште си постираат вулгарности, препукувања или нерелеванти работи)
Меѓу кои и јас,откако увидов дека на темава нема никаква дискусија,се прават еден куп конфузни споредби,кои како што кажав и погоре како да доаѓаат од најистакнатите активисти на Гринпис.Некои пак отидоа до таа крајност,што им предлагаа на тие кои го подржуваат законот да се дислоцираат во чистите планински предели.Уште да се спомнеше и проблемот со сечата на амазонските шуми,како дополнение на компарациите кои се направија.
Факт е дека во земјава има многу еколошки проблеми,исто е факт дека и тие треба да се решаваат,мене како човек активен во таа фела тоа ми е повеќе од јасно,ама тоа не може да се поистоветува со истиов овој закон.[/quote]
... со мала дигресија дека активисти на Гринпис не би го бранеле пушењето.

„Ние баравме да се решат ТИЕ, ТИЕ и ТИЕ проблеми! А не ОВОЈ проблем!„
Пази те молам, загижени екологисти станаа пушачиве преку ноќ, само за загадувањето од тутунски дим да се остави последно за решавање?!?!?!
„Насадете ја Амазонската шума, затнете ги озонските дупки и после може да го решиме и пушењето!„

Нормално дури и да се решат спомнатите проблеми, после ќе ти кажат па добро кога сето тоа се реши, пушењево е мал проблем... може и да се остави како што си е! :lud:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
.................
Како сакаш да правиш споредба на концентрација на дим од фабрички оџак 20 километри далеку со концентарција на дим во затворен кафич? Не знам колку пати да е по-отровен гасот од ОКТА, самата концентрација на тутунскиот чад (во затворениот простор на кафичот) го прави далеку полош. Компренде?
Тебе и мене можда ни е 20 км оддалечен но на некој му е под нос.....

Е тоа по-отровен е ноторен и неоспорен факт, додека овој другиов дим се уште е во категоријата можен ризик и ништо друго.......
...ако не разликуваш факт од ризик може и да ти нацртам.:helou:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ПРЕД КЛУЧ ЗА ТЕМАТА
Аман веќе луѓе, мачно ми е да ве читам. Ај малку прилагодете се на цивилизациски услови на комуникација.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Тебе и мене можда ни е 20 км оддалечен но на некој му е под нос.....

Е тоа по-отровен е ноторен и неоспорен факт, додека овој другиов дим се уште е во категоријата можен ризик и ништо друго.......
...ако не разликуваш факт од ризик може и да ти нацртам.:helou:
- А кога некој рече дека не треба да се реши и тоа загадување?

- Како тоа треба да влијае да не се реши ОВА загадување?

- Кој нормален (и од тутун не-зависен) човек сака да и зошто би го земал, на здрав разум, ризикот од твојата лоша навика?


Законот си е добар, за повеќето луѓе ми е жал што им е нарушен комфорот ама за вакви како тебе жал ми е што не е поладно надвор...

Проблемот со нашиот менталитет е потребата за водење инат и тогаш кога е и премногу очигледно дека се нема право. Тука е и проблемот со дискусијава, се оспорува неоспорното (и тоа што е најлошо, со екстремно глупави споредби), се брани неодбранливото, се прават светски завери и заговори на светската наука против македонските пушачи!
 
P

Princ

Гостин
Што се расправате бе, законов се кладам во 100 евра дека ќе падне на уставен.
Не може заради комоцијата на еден (Vanlok на пример) да му се одземе комоцијата на друг (Princ на пример).
Така вели уставот.

П.С. Излегувањето во кафич е комоција.
Пушењето во затворен локал уз кафе е комоција.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Сепка мислам дека треба да се пуши... Јас не сум пушач, ми сметат цигарите, сепак премногу е строго.. треба да има ресторани и кафулиња (барем 1) за секоја општина во кое ке биде забрането пушењето, а за сопственикот да следува нешто (100 - 200) евра месечно... али незнам... сепак многу влијае на економската состојба.. многу од лугето пијат кафе со цигари
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Да се кладев во пари, со задоволство ќе го прифатев облогот.

Вака ќе се задоволам да те цитирам за една година, веќе ставив ремајндер...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.776
Поени од реакции
12.239
Кога се носи закон или менува некој член, нели треба да се види и за можни последици од таа измена од социолошки и економски аспект?

Кога се реагира на некоја измена (како што стои и темата), нели треба да се погледне малку пошироко од она што само за ЈАС значи таа измена?

Мене исто ми смрделе алишта, исто сум имал проблем со очи (и дишење), иако сум пушач...не сум имун на димот. Но од една крајност во друга, тоа е реакцијата кај повеќето од луѓето. Оние кои го пишувале можеби прошетале низ другите земји, но виделе само тоа што ним им било прикладно, а не и на општеството во целина.
И зошто спомнуваме други извори на загадување. Затоа што реакциите и на други закони се слични, ги споредуваме со тоа дали се применува и колку тоа ќе придонесе за подобра околина. А ова е сегмент од целокупната заштита на здравјето на човекот во кое влегува и фирми загадувачи, отпад, отпадни води, сега поново и складирање на нуклеарен отпад. Не можеш ти да издвоиш еден сегмент и да кажеш дека ете сме успеале да го спасиме човекот од болестите на загадувањето. Комплетно и комплексно решение е потребно, инаку личиме на про форме театар.

Глупо ми е што на се сакаме да наликуваме на тој проклет запад со обезличување на сета традиција (па нека е и порок, не е подобар од порокот марихуана или алкохолизам) и шареноликост од балканите. И што више ретко се наоѓа и обично, балканско кафе. Не сме ладни луѓе, не сме Шведска и Британија, од балканот сме, а тоа е добро.

Да додадам, овој закон се вика како знам "за заштита од пушење", но покрај непушачите од пушење не заштитуваат (на јавни места/простории) и нас пушачите (апсурд).
Како поткрепа на овој закон, а контра реакциите на љубителите на балканската традиција кафе и цигара доаѓаат многу написи и колумни, а истовремено еден доктор дава предлог законот да се измени. Доктор кој знае повеќе за ова од здравствен аспект.
Дали некој се консултирал со социолози (социолошка појава), психолози (психата игра важна улога), психијатри (зависност), економистите (ефектите во стопанските и нестопански гранки)...во врска со донесување на законот и начинот и условите на уредување на членовите од законот? Тешко, "тие" се си знаат и без стручни лица.


Или накратко од ова погоре, ова е чиста зае*анција на народ, дупат та дури растураат со вакви апсурди. Ко да сме лепрозни мајку му.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Mnogu mi se interesni pusacive koga ke se "fatat" za zagaduvanjeto na zivotnata okolina pa gi spomnuvaat avtobusite i industrijata (edna golema u p.m.- industrija "u raspadanju").... Pa Atina e desetpati pozagadena, New York 5-6 pati, Beograd isto taka...i sega? Ke pocnat peski da odat? Imale tie ponovi avtobusi i filteri na odzacite od fabrikite? Razumno! Pobogati se.... Sto se odnesuva do avtobusite ne se sekirajte, vladata ke ni kupi novi - od Kina po 700.000 Evra eden! :pos2: ... za da ne se gusime so starive koi zagaduvale neli!?
Mnogu mi se interesni i tezite za ekonomskiot aspekt i posledicite od zakonot protiv pusenje na javni mesta na ekonomijata... Pa dami i gospodo pusaci, vie nema da se otkazete od pusenjeto vo interes na drzavata i na tutunoproizvoditelite!? I natamu ke se truete sebe si i svoite familii... i natamu ke plakate skapi cigari i dvoite enormni sumi od vasite budzeti za da se truete... ke plakate skapi akcizi i danoci za vasite otrovi, a se vo interes na drzavata! Pa avtobusi treba da kupime
Kako e mozno na nikoj od vas da ne mu e jasno, te da nesaka da vidi sto naukata koja se vika ekonomija i koja presmetuva ili medicina koi govorat za stetnosta i za toa kolku pari godisno se trosat za lecenje od posledicite od pusenjeto! Nemora da gledate kaj nas, citajte gi izvestaite vo svetski ramki kolku se trosi za lecenje od posledicite samo od pusenjeto! Koilku Filip-Morisi trosi godisno amerikanskoto zdravstvo... ILI I TOA NE E TOCNO!? KONSPIRACII I ZAVERI PROTIV MAKEDONSKIOT TUTUN! SAKAAT DA NE UNISTAT! :pos2:
Na krajot, kazete mi edna - samo edna pricina zosto necii deca, koi sto so svoite roditeli izlegle vo restoran na rucek, vo svojot razvoj da go disat vasiot otrov?
Ne mi kazuvajte prikazni za ekologijata! Kako se okolunas bilo zagadeno kako Okta truela... bla, bla, bla! Kako be majkata odednas tolku ekologisti se rodiva u Makedonijava!? Eve vi odgovor i na toa prasanje: ako nesakaat tie roditeli necist vozduh da disat nivnite deca, ke gi cuvaat doma ili ke odat vo selo ili suma da ziveat... Ama prasanjeto e: vo restoran kade sto otisle da rucaat zosto da go disat dimot od vasite cigari zosto tamu da bidat izlozeni na vasata tortura?
Samo zatoa sto ste vie zavisni od tutunot? I tesko se odviknuvate od vasiot porok?
SMESNI STE BRE LUGJE! :drk:
I sosema na krajot: Se soglasuvam deka treba da vi se dade prostorija vam....
TREBA DA VI SE DADE NEKOJA SOBA... SOBA ZA KUKANJE PROTIV ZAKONOT! HAHAHAHA! :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom