сега и мене не ми е јасно дали законот е како што пропагираат некои за заштита на здравјето на целата популација генерално или само на непушачите.ако е на целата заедница тогаш во ред би било да забранат се што е штетно по оваа и онаа основа без разлика дали со тоа му пречеш на друг или си штетиш само на себе.а ако е само за непушачи тогаш државата во некоја смисла се гетоизира или една популација е привилегирана во однос на друга.затоа што види богати ако е брзата храна штетна тогаш си штетиш само на себеси( толку повкувано од непушачите), ама ако пушиш тогаш ми штетиш и мене затоа што непушам.не мислите дека е малце себично и лицемерно да се повикуваш на законот дека е донесен за општо добро на сите а од друга страна баш ви е гајле дека има поголеми загадувачи и штетни работи ама не можете да замилсите да живеете без нив па тогаш е ок.демек цигарите ми пречат пошто се штетни ама поважно е дека не пушам, ама колата не ми пречи или окта или цементара(ако се каде каде поштетни)...
Види Владе, законот пропагира заштита на сите од пасивно пушење и дим од цигари. Дури и пушачите додатно страдаат од пасивното пушење (покрај активното). Некои пушат неколку цигари некои, неколку пакла. Вака надвор, секој си наштетува сразмерно колку што пуши.
Ова не ти го објаснувам дека јас лично сум многу загрижен за здравјето на пушачите туку само сакам да ти го појаснам делот од законот што јас лично мислам дека не го разбираш.
Ти (односно пушачите генерално) си раскрстил со однос на тоа што е штетно за здравјето во корист на задоволството. Таа одлука може да се однесува само на твоето здравје, со барање да пушиш во затворен јавен објект веќе не влијаеш само на твоето туку и на здравјето на сите присутни.
Со другите фактори (еколошките) не можеш да правиш директна аналогија, едно е загадување во затворен а друго на отворен простор. Или ако веќе инсистираш на директна споредба тогаш треба оџаците од спомнатите фабрики да ги спроведеш во локалот и да постигнеш иста концентрација на димот. (?!?!?)
Другите загадувачи треба да се одстранат исто така ама тоа не го оправдува загадувањето со дим од цигари во затворен простор.
Приметуваш како не го спомнувам загадувањето со дим од цигари во отворен простор... пушењето таму не е забрането.
Значи не е дека на никој не му е гајле за другите загадувања, се надевам дека и тоа ќе се реши некогаш. Од твоја страна е лицемерно (а и себично) што се обидуваш тоа да искористиш како оправдување.
Како што и сам кажа „балкански„ е „да си признаеш“ дека не е лицемерно да бараш да им наштетуваш на сите а лицемерен е законот што ги штити сите од таквите како тебе...
Во однос на ваквата „балканска„ Македонија... јас дефинитивно ја одбирам ЕУ и покрај сите нејзини „забрани„.