Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
:pos2::pos2::pos2:

Каај си бе КИНЏООО!!!:pos2:

абе дај интерпретирај тоа што го напиша и убаво елоквентно образложи....или смени го аватарот.
Ренџо трезен читај го ова оти со THC во телото нема да можеш да го разбереш :icon_lol:.

Се вика финта одвлекување на внимание, заеба што заеба владата со законот за пушење ама сега има да донеси мноогу поволен закон за увоз на половни автомобили ако сака да си остани миленик на народот според рејтингот. Кога ќе го донесат тоа законот за увоз на половни автомобили сите ќе бидат зафатени со купување на коли, добро не сите ама голем дел, и нема многу да се мрцварат за некој си закон таму за пушење или непушење. Е тоа е одвлекување на внимание од лоша кон добра работа во корист таму на властодршците. Инаку цела финта има одреден потпис или жиг таму кој што јас го препознавам ама нема да навлегувам во тоа :icon_lol:.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Топ предлог измени слушнав :) Пушење во коцкарници, во делот кај што се игра. Ионака пола земја ни е навлечена на кладилници и „астри“, еве ново хоби за пушачите со барем некоја недвижнина или вишок на крв за продажба - висење по коцкарници со омилениот другар тутунот. Па кога ќе се изгуби се, време е човек да ги остави :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Топ предлог измени слушнав :) Пушење вокоцкарници, во делот кај што се игра. Ионака пола земја ни е навлечена на кладилници и „астри“, еве ново хоби за пушачите со барем некоја недвижнина или вишок на крв за продажба - висење по коцкарници со омилениот другар тутунот. Па кога ќе се изгуби се, време е човек да ги остави :)
А тоа што рекле жените на чешма во средсело додека полнат вода не важи. Ќе си кажи законодавецот таму освен во тоа терасите дали и каде ќе биде дозволено на друго место.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
aj да ти прафразирам што сакала членката да каже:

Поентата е што имаш право на избор ок?
Значи ти си бираш дали твоето гзе ќе седи во кафич без вентилација и во чад од цигари или пак ќе седи на некое друго место каде нема чад од цигари.
Проблемот е што се работи за јавен објект а не за твојот дом. На твоето газе и на мојот газ никој не им забранува каде да седат. Ти забрануваат каде да пушиш.
Токму така. Поголемиот процент од непушачите кои посетуваат кафулиња се консументи на кафето.

Caffeine increases the stimulating neurohormone, noradrenaline, and reduces the calming neurotransmitter, serotonin.
Caffeine triggers a stress response that involves a surge in adrenal hormones and the classic fight-or-flight "emergency," affecting virtually every cell in the body.

На нет можеме да најдеме мал милион разлози кои инсинуираат колку се штетни цигарите, кафето, чајот и така натака..И не сме принудени да ги консумираме доколку веќе сме засегнати за своето здравје, не?
А како моето консумирање кафе го тангира твоето здравје?
А иначе кафе и алкохол сите имаме дома, главната поента на плаќањето пренаплатени пијачки во јавен објект е социјализацијата.

BTW, интересно е како пушачите секогаш се обидуваат со небулозни аналогии... За мене главна поента на законот е заштита на непушачите од дим од цигарите, тема која изгледа пушачите не им одговара да ја дискутираат. (ниту ја дискутираа пред законот)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Се надевам дека на оние кои го подржуваат, владава во двор или на тераса ќе им изгради по една мала статуа


во знак на благодарност за агитирање дека забраната за пушење е супер........... па кога веќе го подржуваат да го подржат до крај.:вртиочи:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
А тоа што рекле жените на чешма во средсело додека полнат вода не важи. Ќе си кажи законодавецот таму освен во тоа терасите дали и каде ќе биде дозволено на друго место.
Фатмир Бесими не е баш по чешмите :) Мада во казината од она што го чув, не се многу потресени од законов, иако и тие не би да плаќаат по 5.000-ки секоја вечер :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Се надевам дека на оние кои го подржуваат, владава во двор или на тераса ќе им изгради по една мала статуа


во знак на благодарност за агитирање дека забраната за пушење е супер........... па кога веќе го подржуваат да го подржат до крај.:вртиочи:
Еј, па дај... па нели ти го подржуваш пушењето? :helou:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Еј, па дај... па нели ти го подржуваш пушењето? :helou:
:пушач:
Шо не се пофалиш дека си меѓу првите кои по дома имаат таква статуа?Епа ајде уживај додека ја гледаш и нема да ти кажам да ти се множат, пошто за нивна изработка се двојат пари од буџет.

п.с.Различен е вкусот и уживањето во цигарата и :дудл: у штаб.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Ако продолжите со лични препукувања наместо да дискутирате за законот, темата ќе биде многу брзо заклучена. Само опомена, да не се чудите „зошто ми е избришано мислењето“, „зошто сум баниран од тема“ и „зошто е темата затворена“.... Коментарите погоре се намерно оставени, за пример како не треба да се води една дискусија.

Продолжете. Секој нареден испад се санцкионира.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Проблемот со дискусијава е што се состои во најголем дел од препукувања на релација пушачи-непушачи без конкретни предлози.
Објективна дискусија е предлагање на конкретно решение. За ваквите идеи за евентуални измени на законот може да се разговара... она за што не може да се разговара е дека таквите идеи мора да се темелат на премисата дека законот мора да ги заштити непушачите од димот од цигари и од пасивно пушење, пред се во јавни (затворени) објекти.

Иначе, за детски провокации и за спомнување политички партии дефинитивно треба бан без многу убедување...
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
1991-1992 kako tinejdzer koga go gledav evrospkoto zname so zvezdite i idejata za Evropskata unija i se okolu nea toa za mene pretstavuvase nadez ,toa pretstavuvase idnina , taa Evropska zaednica bese simbol za slobodata . Sega 2010 navistina gledam sto e Evropskata unija , Klasicna diktatura od 25 komesari ( polovinata od niv so kriminalna pozadina i plateni od Soros i drugi industrijalci ,bankari ) koi nalikuvaat na politbiroto od SSSR , so iljadnici zakoni ,zabrani , ogranicuvanja . Lugeto od Jamajka i Kostarika se poslobodni od Evropjanite .Ovoj evropski zakon za pusenjeto i iljadnicite sto ne cekaat e vlez vo klasicna diktatura i koj ne go gleda toa sega ke go vidi za nekoja godina ..gi povikuvam site luge koi ja sakaat slobodata da se sprotivstavat na ova glupo ogranicuvanje dodeka ne bide prekasno.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Добар пример даде со Јамајка и Костарика, таму никој не ти брани да пушиш а ама од друга страна нема ни што да јадеш... ама битно за пушење нема гајле. Можам да ти кажам да одиш во Јамајка и Костарика, ама така не би бил ништо подобар од пушачите кои мене ми велат да не одам во јавен објект односно кафич пошто „таму се пушело„.
Види, можеби ти во ЕУ гледаш забрана на слободите таму каде што некогаш си гледал слобода, јас гледам подобар стандард и подобро живеење. Можеби ги мешаш поимите слобода и анархија.

Законот не ти забранува да пушиш, ти забранува да пушиш во затворен јавен објект и да им наштетуваш на другите. Таму каде што гледаш повреда на својата слобода провери дали ти на другите им ја повредуваш слободата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.236
1991-1992 kako tinejdzer koga go gledav evrospkoto zname so zvezdite i idejata za Evropskata unija i se okolu nea toa za mene pretstavuvase nadez ,toa pretstavuvase idnina , taa Evropska zaednica bese simbol za slobodata . Sega 2010 navistina gledam sto e Evropskata unija , Klasicna diktatura od 25 komesari ( polovinata od niv so kriminalna pozadina i plateni od Soros i drugi industrijalci ,bankari ) koi nalikuvaat na politbiroto od SSSR , so iljadnici zakoni ,zabrani , ogranicuvanja . Lugeto od Jamajka i Kostarika se poslobodni od Evropjanite .Ovoj evropski zakon za pusenjeto i iljadnicite sto ne cekaat e vlez vo klasicna diktatura i koj ne go gleda toa sega ke go vidi za nekoja godina ..gi povikuvam site luge koi ja sakaat slobodata da se sprotivstavat na ova glupo ogranicuvanje dodeka ne bide prekasno.
Тогаш...кога немавме кабелска, тв канали осим мтв, интернет со милијарди страници и информации, блогови, форуми...немаше информации па затоа и така делуваше.
Исто ко ја као дете што мислев дека е се одлично во СФРЈ и никој никого не краде, сите се рамноправни (по статус, пари, националност),се е одлично. Е сега...можда и не чини човек да прогледа, па она што го велиш ме потсеќа на апчињата на Нео -црвеното и синото (или беше зелено?)...или уште попросто -на фина нашминкана јебозовна госпоѓа, која, кога ќе ја извади шминката, прслукот :nesvest: и пердувите, ќе те извади од памет.
Фајрвол, да си посакаме добредојде во реалноста :)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.883
Поени од реакции
23.283
сега и мене не ми е јасно дали законот е како што пропагираат некои за заштита на здравјето на целата популација генерално или само на непушачите.ако е на целата заедница тогаш во ред би било да забранат се што е штетно по оваа и онаа основа без разлика дали со тоа му пречеш на друг или си штетиш само на себе.а ако е само за непушачи тогаш државата во некоја смисла се гетоизира или една популација е привилегирана во однос на друга.затоа што види богати ако е брзата храна штетна тогаш си штетиш само на себеси( толку повкувано од непушачите), ама ако пушиш тогаш ми штетиш и мене затоа што непушам.не мислите дека е малце себично и лицемерно да се повикуваш на законот дека е донесен за општо добро на сите а од друга страна баш ви е гајле дека има поголеми загадувачи и штетни работи ама не можете да замилсите да живеете без нив па тогаш е ок.демек цигарите ми пречат пошто се штетни ама поважно е дека не пушам, ама колата не ми пречи или окта или цементара(ако се каде каде поштетни) затоа што јас возам и не живеам до ниту еден поголем загадувач или живеам ама од нив лебот си го вадам па така да тие се ок.ако ова не е лицемерие и себичност тогаш незнам што е.
п.с за европската унија секоја чест.точно е дека имаат поголем стандард подобар живот(додуша зависи како гледаш), ама имаат дегенерирани друштвени односи, разводи или други општествени норми и обичаи кои за нас балканците се рамни на глупост.џабе ти е најголемото богатство на свет и највисокиот стандард ако не си среќен или ако ти забранваат или те ограничуваат во најосновните работи како ете на пример за една ебана цигара да неможиш да запалиш со кафето како чоек да го испијаш со друштво и не само тоа туку ред други.
некои тука на форумот никако да сватат и што е потрагично се срамат да си признаат дека се на балканот и дека се балканци и дека таков ни менатлитетот и ние имаме други општествени норми и обичаи кои за нив се несватливи но кои не прават срекни и весели и не прават да се чуствуваме слободни па иако немаме толкав стандард и пари.би се кладел дека ако прашате некој од јамајка и костарика поголемиот дел ке речат дека се посреќни од просечниот европеец и американец.а и ако ги прашате нашите иселеници во странство кои живеат таму ке речат дека да таму подобро се живее ама нема како тука!!!
па сега што подразбираат по тоа нема како тука размислете сами.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
сега и мене не ми е јасно дали законот е како што пропагираат некои за заштита на здравјето на целата популација генерално или само на непушачите.ако е на целата заедница тогаш во ред би било да забранат се што е штетно по оваа и онаа основа без разлика дали со тоа му пречеш на друг или си штетиш само на себе.а ако е само за непушачи тогаш државата во некоја смисла се гетоизира или една популација е привилегирана во однос на друга.затоа што види богати ако е брзата храна штетна тогаш си штетиш само на себеси( толку повкувано од непушачите), ама ако пушиш тогаш ми штетиш и мене затоа што непушам.не мислите дека е малце себично и лицемерно да се повикуваш на законот дека е донесен за општо добро на сите а од друга страна баш ви е гајле дека има поголеми загадувачи и штетни работи ама не можете да замилсите да живеете без нив па тогаш е ок.демек цигарите ми пречат пошто се штетни ама поважно е дека не пушам, ама колата не ми пречи или окта или цементара(ако се каде каде поштетни)...
Види Владе, законот пропагира заштита на сите од пасивно пушење и дим од цигари. Дури и пушачите додатно страдаат од пасивното пушење (покрај активното). Некои пушат неколку цигари некои, неколку пакла. Вака надвор, секој си наштетува сразмерно колку што пуши.
Ова не ти го објаснувам дека јас лично сум многу загрижен за здравјето на пушачите туку само сакам да ти го појаснам делот од законот што јас лично мислам дека не го разбираш.
Ти (односно пушачите генерално) си раскрстил со однос на тоа што е штетно за здравјето во корист на задоволството. Таа одлука може да се однесува само на твоето здравје, со барање да пушиш во затворен јавен објект веќе не влијаеш само на твоето туку и на здравјето на сите присутни.
Со другите фактори (еколошките) не можеш да правиш директна аналогија, едно е загадување во затворен а друго на отворен простор. Или ако веќе инсистираш на директна споредба тогаш треба оџаците од спомнатите фабрики да ги спроведеш во локалот и да постигнеш иста концентрација на димот. (?!?!?)
Другите загадувачи треба да се одстранат исто така ама тоа не го оправдува загадувањето со дим од цигари во затворен простор.
Приметуваш како не го спомнувам загадувањето со дим од цигари во отворен простор... пушењето таму не е забрането.

Значи не е дека на никој не му е гајле за другите загадувања, се надевам дека и тоа ќе се реши некогаш. Од твоја страна е лицемерно (а и себично) што се обидуваш тоа да искористиш како оправдување.

Како што и сам кажа „балкански„ е „да си признаеш“ дека не е лицемерно да бараш да им наштетуваш на сите а лицемерен е законот што ги штити сите од таквите како тебе...
Во однос на ваквата „балканска„ Македонија... јас дефинитивно ја одбирам ЕУ и покрај сите нејзини „забрани„.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom