Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Од каде и да се започне, секогаш некој ќе има да направи обратен редослед за почеток на решавање на проблемите и ќе се вади на други. Проблемот е во сеирџиството кое секогаш е убаво, а плачеме кога ќе не здоболи! Нашиот ментален склоп така функционира. Затоа секогаш сме осамени во одбраната на некое право, кое во еден момент ни се забранува. Во тие моменти знаеме се, што треба прво да се направи, само за да покажеме дека ние сме во криво- право, а како одбрана ги земаме сите други кои немаат ама баш никаква поента во целата поента, што сакаме да ја покажеме. Далеку од суштината вртиме познати фрази на оправдување, настојувајќи повеќе да ја искомплицираме вистинската наша намера, немајќи желба за реално решавање на конкретен проблем.
Ако се фаќаме на такви оправдувања, тогаш секогаш ќе имаме и непушачите алиби за оправданоста на донесениот закон. Тој педесет и некој процент на пушачи можеме да го протолкуваме како една ОКТА во движење или цементарница во движење која уште понепосредно го труе нашето здравје и претставува уште поголема опасност! Не е во тоа финтата!
Зошто од каде да се започне, за се тоа што GORAZD спомна веќе постојат законски одредби, на за жал само на хартија, но работава излегува не можеш по коњот удри по магарето, јебига обичниот граѓанин е најбеспомошен а со тоа и најлесен за казнување.

А ако на некој му фалат прописи околу загадувањето и регулирање и спречување на истото нека ги погледне старите но добри JUS стандарди, а ако е алергичен на тоа JUS на располагање му сe ISO стандардите ..исти се. :helou:

Ај ќе видиме што ќе излезе

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2F32E61D1E3AEB4F8E6D053158289A1A
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Зошто од каде да се започне, за се тоа што GORAZD спомна веќе постојат законски одредби, на за жал само на хартија, но работава излегува не можеш по коњот удри по магарето, јебига обичниот граѓанин е најбеспомошен а со тоа и најлесен за казнување.

А ако на некој му фалат прописи околу загадувањето и регулирање и спречување на истото нека ги погледне старите но добри JUS стандарди, а ако е алергичен на тоа JUS на располагање му сe ISO стандардите ..исти се. :helou:
Да се задржиме на тоа болдираното... и секаде да се спроведуваат онака како што се донесени. Ништо повеќе. Повикување да се спроведува еден закон за да не се спроведува друг е проблем. Ја сум за доследно спроведување на сите закони. Дали по ЈУС или ИСО или ДИН итн., не е многу битно битно е доследно да се толкува и спроведува. Меѓутоа многу убаво знаеме во што е провлемот на немањето желба или почит за спроведување на законот. Немаме расчистено со многу нешта, кои намерно или не, не ги расчистуваме за да можеме постојано да ја задскриваме лажната желба за конкретни промени. Затоа и се се сведува на постојано изигрување на дрвени адвокати од наша страна без да се соочиме со конкретно почитување на нешто кога од нас тоа се бара. Тогаш тоа не се однесува на нас, тогаш само ние сме добрите, ние знаеме , а другите не знаат како треба. Ова последното сите го носиме како 51% од нашиот менталитет.
 
U

UniqueGirl

Гостин
Jaко и само јако!

Без модификации и креирање патишта за менување или пак укинување на законов.
Знаеш која земја прва го забранила пушењето?
Нацистичка Германија.

Ова у стилум Адолф Хитлер? :pos:
Патем интересен лик, не консумирал алкохол, непушач 'n all dat shit.

И да, можеби сега ти пречи тоа што некој ти пафка со цигарчето додека го јадеш хамбургерот.
Се надевам дека после 10-15 години, нема лебот да ти зависи од тоа. :pipi:

Што се однесува до законот ригорозен е до немај каде, нека барем им бидат обезбедени лиценци на оние кафулиња во кои ќе биде дозволено пушење. Да бидат обете страни задоволени. :)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.528
Поени од реакции
33.721
Као, ако е забрането пушењето, луѓето нема да седат по кафулиња да се социјализират? Дома сите, кафулињата без работа? Еве јас сум редовен на кафе, ако не секој ден преку ден, па немам забележено разлика во интензитетот на посетеност. Кога сме кај хардкор старите и Хитлер, за дување на некој во фаца дур си го јаде сочниот хамбургер, не 200, 500, 1.000 евра. Прст! :)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Само во Македонија има дебата за успех или не на закон. Донесен е и тоа е тоа, треба да има дебата пред да се донесе а не обратно. :tapp:
 

UrB@N

ФиН ДеЧкО Од ФиНсКа.!. :)
Член од
25 јануари 2010
Мислења
4
Поени од реакции
0
Јас сум пушач го поддрЗувам законот ама мислам оти треба да има во локалот одделна просторија за пушачи а не да висиме на ладното....:toe: =)
 
U

UniqueGirl

Гостин
Као, ако е забрането пушењето, луѓето нема да седат по кафулиња да се социјализират? Дома сите, кафулињата без работа? Еве јас сум редовен на кафе, ако не секој ден преку ден, па немам забележено разлика во интензитетот на посетеност. Кога сме кај хардкор старите и Хитлер, за дување на некој во фаца дур си го јаде сочниот хамбургер, не 200, 500, 1.000 евра.
Не е "као" во тоа проблемот, туку ..

Стравувањата на угостителите се дека ваквата мерка значително ќе им ги намали приходите и дека ќе секнат и приходите во буџетот врз основа на даноци и придонеси. Искуствата од земјите од ЕУ го потврдуваат тоа. Како последица на оваа мерка бројот на гостите во угостителските објекти во разни земји од Европа опаднал за од 20 до 50 отсто. Во Хрватска во мај годинава се затвориле повеќе од 100 локали, а прометот опаднал дури за 80 отсто.
Загубите што ќе ги претрпи Владата како резултат на намалените приходи од продажбата на алкохол се проценуваат на 16,2 милиони евра. Освен падот на приходите за најмалку 20 отсто, се очекува и намалување на бројот на вработените за 3 - 10 отсто.
- Гостите се бунат бидејќи повеќето од тие што доаѓаат на кафе се пушачи. Можно е да намали прометот и за 30 отсто - велат од познатото кафуле во центарот на Скопје „Тренд“.
Иако, претпоставувам ова воопшто не те тангира. :)

Put ur finger in your dirty, selfish ass. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.016
Поени од реакции
30.760
Во основа себични се сите, разликата е во тоа кој има морално право да го бара тоа што го бара... Непушачите сакаат воздух без дим од цигари во затворени објекти а пушачите да не им се наруши комфорот. Во сиромашна земја како нашата алузија е да се очекува техничко решение со кое двете страни ќе бидат задоволени во исто време и на исто место, како што се виде и од имплементацијата на предходниот закон. Повеќето газди на локали, за да остварат што поголем профит, работат со минимум технички услови (вентилацијата се реализира преку отварање врата). А Колку им е исплатливо да ги држат спомнатите локали можете да заклучите ако направите споредба со економската состојба на било кој што живее само од плата. Крајната поента е дека газдите на локалите остваруваат големи профити во секој случај а моментално намалените профити се представуваат поголеми отколку што навистина се. На пролет најкасно во ќе се вратат на нормала а после целата работа ќе легне „на брашно„. Впрочем еве што се случи на долго најавуваниот протест:

Дебакл на протестот-угостителите поделени

Во ситуација кога и двете страни сметаат имаат право да го побаруваат тоа што од нивна гледна точка е правилно... едните секогаш ќе бидат понезадоволни од другите. Пред новиот закон немаше пушачи што воопшто спомнуваа компромис а сега го бараат истиот.
Како непушач, најголема отстапка со који би се сложил е дозвола за пушење во летни бавчи (ама со одделени делови за пушачи и непушачи) и некаква мала издвоена просторија во локалите каде ќе може да испуши цигара. Таквата просторија би морала да има или посебен влез или технички решен начин димот да не влегува во главната просторија.
 
P

Princ

Гостин
Лажна надеж е да се очекува дека "на пролет најкасно" ќе се врати нешто на нормала а после целата работа ќе легнела "на брашно".
Зошто не се легнува уште од сега, туку го туркаме рокот онаму, на пролет најкасно?
Тоа е првата работа.

Втората е што во осакатена економија како нашата, со статистики преку 30% од работно-способното население невработено, и двајца да бидат отпуштени бидејќи некој загубил клиенти поради овој закон, се многу.

И трето, излегувањето е уживанција, задоволство. Нешто како мојот мерак да запалам една. После јадење, или со макијато без пена. Мммммм.
Ова го надоврзувам со првата точка, дека не можеш да очекуваш нешто да легне. Дел од населението не се согласува со овој закон и ќе мора да има промени во спротивно сите ќе загубиме по нешто. Највеќе слобода.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.725
Поени од реакции
11.962
Залудно докажуваме и објаснуваме дали законот е дискриминирачки или не, дали чадот е штетен повеќе отколку белиот шеќер или издувните гасови итн, итн. Проблемот е тоа што никој искрено не брани некое сопствено видување на проблемот туку се случуваат препукувања влада-опозиција, се случува инат, човечка глупост.

Еве еден пример:
Во Прилеп откако газдите на кафичите и кафеаните се согласија да протестираат против законот,газдите на два кафичи кои нема да ги именувам не сакаа да се договорат затоа што се блиски со раководството на ВМРО во Прилеп, и нормално, колку и да се тие против законот, ќе го поддржат.

Ние НАРОДОТ вака поделен, никогаш нема да имаме сопствено и непристрасно мислење се додека сме замајани со идеи од типот "предавници" и "патриоти" и се додека не почнеме критички да гледаме на уредувањето на законите, на државата.
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Новиот закон за пушењето е добар, но не во оваа форма како што е. Ако е толку многу владата загрижена за здравјето на луѓето нека ги средуваат законите во здравството, а не кај пушачите. Секој е одговорен за својот живот, не е владата должна со силум да ти го чува твоето здравје. Ако е за чадот работа во секој угостителски објект има вентилација која цело време ушмукува миризба од многу работи не само од чадот на цигарите. ВМРО ДПМНЕ најавува измени во законот, а тоа е дека ќе се дозволи пушењето на летните тераси во угостителските објекти, но забораваат дека повеќе од половина вакви објекти во државата не поседуваат вакви тераси, така да овие измени нема ништо да направат.
Во ниту една држава во Европа не постои толку многу ригорозен закон како што има во Македонија, али добро како ќе го влечат вниманието на граѓаните ако не на овој начин.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дури и Сталин не се согласува со законот:)
Вака ќе си дробиме за цигарите,ќе си штимаме цифри во статистика и од шешир ќе вадиме десет сопственици блиски на власта да ни ги „отворат“ очите.Кој знае што прават зад затворени врати....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Што и да прават зад затворени врати е споредно и не ме интересира многу-многу.

Важно е дека нема да има дим од цигари во угостителските објекти и во јавните простории.

За тоа уште еднаш - браво за владата што ригорозно го спроведува законот!
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Нормално, браво за законот, кој со дополнението да се дозволи барови САМО за пушачи, ќе биде комплетен.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мисирков за претседник:)
Туку како и секој донесен закон во последниве три години или ќе биде изменет или ќе биде симнат од Уставен.Браво за нивното ригорозно спроведување:)
Пушачи не губете надеж,кај и да е ќе се стопли:))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom