Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Закон против пушење на јавни места (и на Нова Година)

Од 2010 стапува на сила законот за пушење на јавни места, иако уште од пред неколку дена инспекциските контроли почнаа да казнуваат по истиов иако нее стапен на сила.Како овој закон ке влијае на општата економија во МК дали тутуно производството ке се намали а се сметаме за земја која има нај голем прилив на пари токму од тој тутун? Дали угостителските објекти ке претрпат огромни загуби,и ке има нови отпуштања?
Или едноставно законов е премногу глупав и завлегува во личните определби на една личност и на тоа како ке го живее својот живот и правото на избор.
Да почнеме од самиот извор на законов брисел и седиштето на Европската унија, знаете ли дека во зградите на унијата нее забрането пушење барем не во баровите рестораните и одредени места,лицемерие на тон бидејки токму од таму произлегува овој закон. Иначе законов го гура во европскиот парламент едно лоби кое смета дека пушењето скроз треба да се забрани е сега по некоја случајност водачот на тоа лоби пред години влегол во ресторант,во минхен арно ама кајшто седнал имало пушачи а од тој дел од ресторанот бил најубавиот видик,типов несакал да се премести во делот за непушачи туку инсистирал да се преместат сите пушачи:tapp: отогаш навака негова цел е сегде да се забрани пушењето нели,зада не му смета него никој.

Зашто да нема кафулиња или угостителски објекти исклучиво само за пушачи?? па ако си пушач влезиси и готово,ако неси пушач имаш избор дали ке влезеш или нема да влезеш како и дае сепак овде се наметнува вољата на малцинството врз мнозинството. Вчера случајно видов како двајца полицајци им се издераваат на дечко и девојка,затоа што пушеле на јавно место пред градска болница ( иако законот е дециден само за затворени простории) го извадија тефтерот и почнаа да пишуваат казна, во тој момент му пријдов на дечкото и му побарав цигара а еден од полицајците ми се сврти и ми рече : Сакаш и ти глоба а? не реков ништо уште еднаш побарав цигара и дечково малку збунет ми подаде ја запалив цигарата, и жацо почна и мене да ми се дере и ми побара лична карта,е тогаш и јас него му побарав да се легитимира,малку се збуни типов и почна да прети со станици и ќотеци тогаш уште еднаш побарав да се легитимира,џандариве тогаш им ги фрлија документите на дечкото и девојката и им рекоа дека сега ке поминат само со опомена.Се присетив на времето кога во источна Македонија џандарине казнуваа бидејки си пушел додека си возел ( цигарата се рачунала исто како да збориш на мобилен) е сега уште еднаш зашто да нема посебни објекти или оделенија кајшто ке може да се пуши,како ке влијае законов врз економијата,и како општо ке се одрази врз сите.
Уствари сите пушачи се свесни дека се трујат и дека пушењето е штетно но тоа е нивни избор и нивно право законов е исти како да се дозволат јавни куќи а да се забранат курви,па ајде една кампања да го забраниме алкохолот пошто е каде каде по штетен од цигарите
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
законот е во почетна фаза,можеби ќе претрпи дообработки.....на пример зошто не би имало кафани,кафичи и сл. со обезбедени лиценци за места за пушење? и државата ќар од лиценците и гостите задоволни.... тоа со местата за разграничување-3 метра,5 метра се покажа глупаво и неефикасно,зошто едноставно не им се издаде лиценца дека вашиот локал обезбедува места исклучиво за пушачи,па нека се труе кој колку сака а да не им пречи на другите
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
Глупав закон.... Не е поглупав од тој со дел за пушачи и дел за непушачи во иста просторија, али сепак е глуп! :uvo:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Треба да се донесе закон за забрана на јадење на јавни места оти може некој нема пари да јаде а те гледа тебе како јадеш, па така ти го измачуваш...како што тргнала работава...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
А да трпиш нечиј чад? дали е тоа во ред? мене највеќе ми смета чад од цигари.
Кој те тера да трпиш? Не оди во такви простории и решен е проблемот.

И јас не сакам турбо фолк или кич музика по клубовите и да гледам прост народ.

Нема правда.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
А да трпиш нечиј чад? дали е тоа во ред? мене највеќе ми смета чад од цигари.
Што треба ако тебе некој не може да те трпе,треба да те затвориме или?

А за чадот,се чадит од кога постоит човештвото,него сега изгледа на некого му требат пари па само нешто измислуваат,како да немаме други проблеми на кои што треба да им се даде предност...

Како може на некого што плаќа кирија за некое кафуле да му се нареди да не се пуши во тоа кафуле,дали државата ќе преземе дел од таа кирија,Ако на некого не му одговарат тој чадот не мора ни да влегува,нека бара некоје друго место каде што не се чади.

За крај,тие што не пушат мене ми сметат,е што да правиме сега со нив каков закон тука да се измисли за да ги казниме и нив?
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Кој те тера да трпиш? Не оди во такви простории и решен е проблемот.

И јас не сакам турбо фолк или кич музика по клубовите и да гледам прост народ.

Нема правда.

nikoj nikogo ne tera da trpi, ama rabotata e sto kade i da otides e zacadeno, ne mora da e kafic ili diskoteka ides vo restoran vlagas da jades mesto na hrana mirisa na cigari
 

koleee

Убер Македонче
Член од
6 јули 2008
Мислења
643
Поени од реакции
42
Секаде да се забранело пушењето.... ебати будалите ебати
се друо решија сега уште тоа им остана...
Абе на најниското магаре сите се качуваат...
тие цајканите шо ќе пишуват казни за цигарите нека ги испратат во Арачиново да им соберат парите за долгогодишни не платени сметки на државата.
 
S

smart ass

Гостин
ај знаеме,најдобриот тутун ќе ојде кај скандинавците...а од остатокот државата ќе фане акциза троа...но генерално негативно ќе се одрази.
 
H

HITCH

Гостин
Законов е за никаде. Јас не сум пушач, ама ми смета оваа глупост. Демек ако не пушите ќе живеете поздарв живот, ма немој! глупости
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.617
Поени од реакции
11.158
Кој те тера да трпиш? Не оди во такви простории и решен е проблемот.

И јас не сакам турбо фолк или кич музика по клубовите и да гледам прост народ.

Нема правда.
Турбо-фолкот не е штетен по здравјето, цигарите СЕ!
Само да не се опуштат на почетокот, треба секој ден да шетат инспекции, да пишат казни, па да видите како ќе се почитува законот!
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.280
Поени од реакции
18.105
Браво за законот, доста вршевте убиство со цигари.

Мора да се стави крај на пушењето во затворени простории.


Земјите кои го спроведуваат повеќе од 3 години, забележуваат фантастични резултати.
Срцевите заболувања се намалени за 70%.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom