Рај за олдтајмери?

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
според мене најдобра опција за уживање на моќен олдтајмер,па и за некојси 20тина години да се извади добар кеш е да се земе Мерцедес Ponton или 220 SEB fine body...само што мислам дека во Македонија забрането е да се внесуваат коли со EURO 1 емисија на гасови и се доплаќа плус за олдтајмери ...не би требало да фати повеќе од 15тина илјадарки додека да седнеш на раат да си ја возиш колата, но сигурен сум дека ке се исплати...
Или да си купиш 115/123 за некоја нормална сума на пари (500 евра) па со уште 3000-ки и мотор и каросериски да го скоцкаш што е најевтина варијанта. 15к еврони ќе се подумам дали ќе ги дам за старудија, подразмисли колку ќе ти треба со македонскиот стандард да ги собериш.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
За 15000 евра... (14000+сервис)

http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/338731?searchID=1143&Idx=2

Јес да сум фанатик за олдтајмери, ама подобро ова ќе го возам 30 години отколку да давам 15000 за олдтајмер, не за друго, немаме таков стандард. Да имам стандард и гаража, да зошто да не.

Mercedes PONTON во одлична состојба за 10000 евра. Да го увезиш сигурно нема да платиш повеќе од 5000.
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
104
Поени од реакции
19
За 15000 евра... (14000+сервис)

http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/338731?searchID=1143&Idx=2

Јес да сум фанатик за олдтајмери, ама подобро ова ќе го возам 30 години отколку да давам 15000 за олдтајмер, не за друго, немаме таков стандард. Да имам стандард и гаража, да зошто да не.

Mercedes PONTON во одлична состојба за 10000 евра. Да го увезиш сигурно нема да платиш повеќе од 5000.
Да си фанатик е едно да имаш можности да поседуваш олдтајмер е нешто сосема сосема друго. Кај нас за жал ова скапо хоби е многу погрешно разбрано и на многу ниско ниво и затоа секој што има кола од 500 евра офарбана за 100 евра се смета себе за колекционер :) другата работа е тоа што олдтајмер не е кола за одење на работа и возење секој ден, туку кола за уживање и затоа е безумие да немаш нормална кола за секој дена а да купиш Ponton и да го возиш секој ден во гужви...а ако си голем фанатик и имаш како што пишуваш 15 000 евра, купи си убава кола за 10 000 и со 5 000 ке купиш одличен олдтајмер за уживање, што секогаш ке можеш за исти пари и да го продадеш.
 
Член од
18 јули 2010
Мислења
278
Поени од реакции
177
RCCC +1 за ова од мене
истото мислење го делам и јас. Наместо да возам кола од 15 илјади ќе возам една астра од 10000 и ќе си го средам кадетот за 5000.
А да ги дадам последните пари за олдтајмер нема логика. Но ако си мераклија ова е најдобриот компромис. Само ни ова не е лесно да се протурка во семејството верувај. Да не се залагам јас толку многу кадетот тешко дека би останал кај мене.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Ете јас возам кола од 69-та. Стросана скрос се. Пред тоа сум имал 4-ри олдтајмери...го знам чувството и реално знам колку вреди да се има олдтајмер.

Истото го кажав и јас. Да имаш услови зошто да не...ама ретко кој ги има!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.347
По мене... една за секој ден, нормално да ја наречеме кола, и еден олди за мерак.
Ама, пусти стандард...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
мореееееее.... по мене ке земам сите оние од погоре, (вториот линк) ке ги запалам, средам исчистам и ке ги доведам во состојба да палат чак мак... и после ке си играм лотарија кога ке излагам од дома... зимаш клучевите, ставени во кугла, брцаш со рака и што се фати, тоа ке се вози денес...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
мореееееее.... по мене ке земам сите оние од погоре, (вториот линк) ке ги запалам, средам исчистам и ке ги доведам во состојба да палат чак мак... и после ке си играм лотарија кога ке излагам од дома... зимаш клучевите, ставени во кугла, брцаш со рака и што се фати, тоа ке се вози денес...
Најубав муабет! ;)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Отворете го овој линк и видете ги сликите
како што разбрав ова место се наога на островот корзика
http://www.accidenti-a-me.com/
и мене на гробишта ми личи а не рај... да е ова кај нас, одамна ѓупциве ке ги собереа за по одпади за железо... ке беше чист паркот а не вака нагрден со стари олупини... не бива ништо од овие... само еден мал, беден траг од минатото...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
A разбира некој од каде се нашле колите по планината? Не разбирам француски, неможам да сетам која е целта...
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
12
Поени од реакции
0
некои ми стојат како добра подлога за реставрација,
ни јас незнам како се насле таму
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Како би го средил Fiat 128 -чето... со оглед дека е Југо подвозје :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom