Не знам зошто,потсети ме ја немам таа вашата протестанска.
Еве ти линк од каде што можеш да си симнеш „православска“ Библија со благослов на твојата верска заедница МПЦ.
http://preminportal.com.mk/content/view/328/54/
Првосвештеници постојат за да раководат со црквата и свештенството.
Тоа не е службата на првосвештеникот. Службата на првосвештеникот е оваа:
„Зашто секој првосвештеник се поставува за да принесува и дарови и жртви, “ (
Евреите 8:3, Библијата)
Човечки првосвештеници постоеле во стариот завет и тие посредувале меѓу Бог и луѓето (евреите). Тие принесувале жртви за покривање на гревовите на луѓето. Единствено првосвештеникот имал право да влезе во Светината над светините (олтарот на Храмот) и да принесе жртва. Никој друг немал право да влезе таму. Светината над светините била одделена од останатиот дел од храмот со Храмската завеса.
Но нешто интересно се случило откако Исус го принел Своето тело како последна жртва за гревовите на луѓето. Храмската завеса се расцепила, и тоа одозгора надоле.
„А Исус извика пак со силен глас и го испушти духот. И ете! Завесата во Храмот се расцепи надве, одозгора додолу“ (
ев. Матеј 27:51, Библијата)
Не залудно е забележано дека Завесата се расцепила одозгора додолу. Тоа покажува дека Бог е тој што го раскинал човековото свештенство, а не човек.
Од тој момент во Христовата Црква единствен вечен свештеник и првосвештеник станува Исус. Потреба за жртви повеќе нема, бидејќи Исус принесе доволна жртва за сите гревови на човештвото - Свето тело и Својата скапоцена крв. Затоа во Евреите пишува дека:
„Неа ја имаме како безбедна и цврста котва на душата, која навлегува и зад завесата, каде што Исус за нас влезе најнапред, откако стана
вечен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков. “ (
Евреите 6:20, Библијата)
„ И тие (човечките старозаветни свештеници) во голем број станаа свештеници зашто смртта ги спречуваше да продолжат,
а Тој (Исус) пак има свештенство, што не може да мине на друг, зашто останува довека. Затоа и може наполно да ги спасува оние, кои преку Него доаѓаат при Бога, зашто секогаш живее, за да посредува за нив. Зашто таков Првосвештеник ни требаше и нам: свет, невин, непорочен, одвоен од грешниците и повозвишен од небесата, Кој нема секојдневна потреба како првосвештениците, да принесува жртва прво за своите гревови, а потоа за гревовите на народот, зашто
тоа го направи еднаш за секогаш принесувајќи се Самиот Себе.“ (
Евреите 7:23-27, Библијата)
Од овде и од многу други места особено во посланието до Евреите е јасно дека Исус е вечниот Свештеник и Првосвештеник во Христовата Црква.
Оттука ве прашувам зошто во православните цркви се уште има свештеници (хиереи) и првосвештеници (архиереи)?