Не, не се заебавам луѓето во Македонија се невидени мрзи, неработници и слично и не само тие што се во администрација! Секако, вие може да утре да ме убедувате ама.. без резултат се разбира. Сум видел све низ животов ама ова тука нигде го нема. Знам, сега сигурно мислиш дека сум поврзан со власта, уште еден пример што освем тука ретко каде ќе го видиш
Мора да си за Вмро или Сдсм нели?
АКо не ти иде у животот плукај по власта, ако пак ти иде мрзи ја опозицијата е збори дека власта е супер и дека животот е одличен! Важно контра да се иде нели
Sto pisuvas gluposti na forumov nemalo koj da raboti dali znaes deka vo Kumanovo samo pola i povece Kumanovci se na pecalba vo Irak,Avganistan dali znaes kolku fabriki rabotat tuka aj rasprasaj se malku a tie sto rabotat posteno vo privaten sektor gardata gi zeza ko da se bez pamet ili nema da plati osiguruvanje ili ce skrati od plata ... spored tebe i voa podolu e laga
Со 33, 8 проценти невработени Македонија е рекордер земја по невработеност во светот. Интернет порталот „24/7 Волстрит“ ја обајви анализата според која Македонија е водечката нација во светот по невработеност. Пресметувајќи ги бројките добиени од повеќе извори како што се ММФ, Светска Банка, ЦИА-Светски факти и многу други, Македонија го освои врвот. Доколку се сметаат сите над 15 години што се невработени (во оваа категорија спаѓаат и хендикепираните, старите и сите оние што не бараат работа) тогаш процентот е речиси двоен или 65,2% невработени од целата нација- пишува „24/7 Волстрит“.
Во првите 15 нации по невработеност, по Македонија следуваат Ерменија(28,6%), Алжир(27, 3%), палестинските територии Западен Брег и Газа ( 25,7%). На 5-то место е Босна и Херцеговина (23,4%). Од 6-тото до десетото место се африканските Јужна Африка (22,9%), Намибија(22%), Колумбија е најлошата јужно-американска држава на 8-то место со 20,5% , Боцвана(17,6% невработеност), па кризниот Ирак (17,5%).
Грузија е 11-та во светот по невработеност со 16,5% невработеност, следува Јемен (16,1%), а баксузното 13-то место го држи Хрватска (14,8%). Топ 15-те најневработени нации ги заокружуваат Тунис (14,2%) и Бурунди (14%). Голем дел од овие земји доколку се сметаат сите над 15 години кои се невработени имаат полош резултат од Македонија, но сепак во општите бројки Македонија е прва.
„Како уште неколку земји на оваа листа и Македонија е дел од поранешната Југославија која се распадна во 1991-вата. Иако беше поштедена од најголемиот дел на апокалиптичните насилства во регионот, земјата стради од свои проблеми. Како и соседите и Македонија имаше етнички тензии, а неколкупати беше на работ на граѓанска војна. “ стои во краткиот опис за економијата и за лидерството во невработеноста на порталот „24/7 Волстри“.
Анализите на порталот покажале дека во 15-те лидери по невработеност владеат главно млади државници или влади, дека се поранешни колонии или делови од некогашните поголеми држави.
Но вкупната бројка на невработени во топ 15-те земји не е голем процент од вкупниот број на невработени во целиот свет. Според порталот во светот има вкупно милијарда и 116 милиони невработени. Или речиси колку една Кина- земјата со најголема популација. Најмногу невработени има во Индија над 355 милиони луѓе, Кина е втора со над 306 милиони невработени, а третата нација по бројот на невработени жители се САД со 100 милиони луѓе.