Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 26.492
- Поени од реакции
- 80.550
Дај да ја живнам темава кога веќе никој не сака...
За овој случај гледав документарна емисија на Прилепската телевизија пред 13-14 години, ми остана у памет и еве после толку години ја најдов дешавката за "Ѕверот од Жевандон" еден од најпознатите случаеви на врколаци или пак ѕверови кои напаѓале луѓе. Жевандон (или Жевондан сеедно) е локално селце на југот на Франција, и во периодот измеѓу 1764 и 1767 година се забележани преку 200 напади на луѓе од крволочно животно, а за живината да не правиме муабет... последиците биле што 120 лица завршиле трагично со смрт, додека преостанатите 80 и кусур поминале со тешки телесни повреди. Оние што го преживеале нападот, ѕверот го опишувале како крзнено животно (го преставувале како волк) со големина на една крава... кога ќе паднело мрак жителите на Жевандон и околните селца се затварале во своите куќи во страв од ѕверот, а оние што ќе останеле надвор во мракот тешко дека се враќале наредниот ден. Честопати во локалната шума биле пронаоѓани искасапени тела, и делови како глави, раце, нозе и органи што ги оставило животното позади себе
Ловци биле ангажирани за да го утепаат животното, и многу волци уловиле луѓево, али главниот ѕвер никако не го фаќале на нишан... се додека не дошол Жан Шастел, за кого луѓето во селцето ќе речеле дека е мистериозен човек.
Е сега според таа документарната што ја гледав на телевизија, пред да се стемнело овој Жан Шастел застанал на една ширинка во надвор од селото, клекнал и почнал да се моли, во меѓувреме од шумите го забележал ѕверот како полека му се прикрадувал позади него, али овој не испаничил и си продолжил да се моли онака клекнат... кога ја завршил молитвата едно вртење и го погодува ѕверот директно во срце со пушка која содржела сребрен куршум (од таму и легендите по Хорор филмовиве дека врколаци се тепаат со сребро/сребрен куршум ) Жителите на Жевандон здивнале, али мистеријата останува што после смртта на ѕверот никој подетално не објаснил за каков тип на животно станувало збор, во нитуедна книга/документ/пишан лист не се објаснува како изгледало животното што го тероризилало населението.
Еве некои слики
Во местото има и статуи што го одбележуваат овој чин