5 нерешени мистериозни злосторства за кои што никој нема логично објаснување
Има нерешени злосторства, и има морничави нерешени злосторства. „Што ли по ѓаволите се случувало таму“ – такви загатки ги држеле полицајците будни по цела ноќ , а исто така и сите кои слушнале за тоа.
Во продолжение следуваат вистински случувања, кои што многу лесно би можеле да бидат групирани во случаи од типот на
X-Files:
#5. Случајот Taman Shud
Жртвата била пронајдена мртва во 6:30 изутрината на 1. декември , 1948 на плажата Самертон во Австралија. И со оваа реченица се исцрпени сите податоци за идентитетот на овој човек. Нештата кои што не се познати ги збунуваат овластените лица оттогаш, вклучувајќи го и значењето на нерешливата шифрирана порака која што тој ја оставил зад себе.
Но малку подоцна за неа. Нештата почнале полека да стануваат морничави кога полицијата забележала дека сите ознаки од неговата облека биле отстранети. На крајот успеале со големи заложби да го лоцираат местото на производството на неговото палто, имено во Америка, што било чудно, бидејќи отисоците од неговите заби, како и отисоците од неговите прсти не се совпаѓале со отисоците на никој кој што воопшто некогаш живеел во Америка....или било каде во светот. Човекот како никогаш да не постоел.
Па покрај сето тоа, изгледа дека за полицајците и не било некое изненадување кога иследникот ја соопштил причината за смртта вака некако: „ненадејна... ма нека сум проклет ако знам од што умрел“
Аутопсијата открила дека бил со исклучително здравје, со полусварени тестенини во стомакот и со згрутчувања во мозокот и стомакот кои би посочуале на труење, само што не успеале да откријат ни најмала трага на отров во неговото тело. Неговата слезина исто така била трипати поголема од нормалната големина.
Секое новооткриено нешто како уште повеќе да ја зголемувале мистеријата.
Откриле и кафеав куфер кој што очигледно му припаѓал на човекот , и во него откриле само уште повеќе облека со отстранета ознака од нив.
Полицајците исто така откриле и скриен џеб во неговите панталони, во кој што нашле парче хартија на кое што биле испечатени зборовите "Tamam Shud" (со значење "заврши" или "сврши").
Парчето хартија како да било откинато од некоја книга. Истрагата покажала дека и навистина била; тоа било од збирка на поеми наречена
Rubaiyat of Omar Khayyam, и тоа не било која, туку многу редок превод на збирката поеми.
Полицијата го открила тоа откако спровела неуспешна истрага низ цела Австралија, се додека некој човек не се јавил дека нашол копија од книгата на задното седиште на неговиот автомобил, приближно во истото време и на истото место на настапувањето на смртта, само што човекот кој ја нашол книгата за случајот првпат дознал на вести. Се разбира, делот со "Tamam Shud" недостигал од книгата. Најдената книга само допринела нештата да бидат завиткани во уште поголема мистерија.
За нештата да бидат уште почудни, на задниот дел од книгата полицајците ја нашле оваа шифра:
Пет реда, од како што се чини, произволно испишани букви, од кои што вториот е прецртан. Значењето на овој код до ден денес останало мистерија.
Дали тој код бил резултат на растроен ум, или пак едноставно последица на нечија здодевност? По се изгледа дека не.
Последните обиди да се реши случајот откриле дека буквите не се напишани произволно, дека има некој ред, само што нивното значење сепак останува тајна. Дали вие мислите дека би можеле да ја дешифрирате таа порака? Кога би успеале би станале славни, со оглед на тоа дека луѓето се мачат околу тоа цели шеесет години.
#4. Мистеријата со стапалата од Британска Колумбија
Стапала, отсечени човечки стапала, обично обуени во чевли,
допливуваат на плажите на Британска Колумбија, провинција во западна Канада, северно од државата Вашингтон.
Сега, семожни нешта допливуваат секојдневно на бреговите, и се случува луѓе да се удават или да испаднат од рибарските бродови. Но колку отсечени стапала би требало да најде некој за да се посомнева дека сепак нешто чудно се случува?
Биле пронајдени
осум стапала во последните неколку години,
од кои што пет случаи биле поставени на Google maps поради некоја причина. Чудно, но скоро сите стапала биле обуени во патики. Исто така, некој ненормален ставил
животинска шепа во патика како некаква болна шега, откако случувањата се појавиле на насловните страници.
Меѓу осумте најдени стапала имало два пара стапала и шест единечни. Едниот пар бил идентификуван- левото стапало на некој човек било пронајдено четири месеци подоцна од десното. Полицијата известила дека човекот бил депримиран и дека
веројатно извршил самоубиство. Мистеријата е решена?
Не.
Првите две стапала биле најдени во временско растојание од една седмица . Двете биле десни и биле најдени на различни места. Некои сметаат дека стапалата се од некоја бродска или авионска несреќа, но биле најдени во сосема различни места и носени од различни струи.
Другата теорија е веројатно истата онаа на која што вие веднаш сте помислиле кога прочитавте за отсечени стапала: дело на некој сериски убиец - психопат.
Прашање е дури и дали стапалата се отсечени воопшто, бидејќи ако има тела кои се распаѓаат во водата, стапалата сами се одвојуваат од релативно слабиот глужд, патиките ги држат на површината на водата па така стапалата допловуваат до брегот. А на кого припаѓаат тие стапала, и зошто постојано се појавуваат во патики на бреговите на Британска Колумбија веројатно нема да се дознае се додека не се пронајдат и другите остатоци од телата на жртвите.
#3. Плочките Тојнби
Ова се некакви скриени пораки вкопани во асфалт најдени во повеќе градови. Се смета дека се работи за линолеум и некаква смеса за пополнување на дупки во асфалтот, и сите плочки на себе имале варијации на истата кратка порака која се однесува на филмот на Кјубрик-
2001: A Space Odyssey, со сугестија да се воскреснат мртвите на планетата Јупитер.
Би изгледало како случај на обичен вандализам само ако не би се појавувале од никаде, без некое логично објаснување цели триесет години.
Може да се види зборот "Toynbee" на почетокот кој што се однесува на името на познат
историчар. И ако сте го гледале филмот Одисеја 2001 знаете дека и планетата Јупитер е во игра и.....тоа е се што може да се поврзе смисловно од самата порака.
Ќе си помислите, па ништо особено, некој лудак остава некакви пораки. Нема никаква мистерија во тоа...
Но само да можеше да биде еден човек во прашање..
Плочките можат да се најдат во цела дузина градови во САД, па дури и
Јужна Америкa. Освен ако не се работи за некој ненормално богат ненормалник-глобтротер, веројатно се работи за организирана група која ги остава овие мистериозни пораки наоколу по западната хемисфера.
Полицајците имале некој
осомничен, извесен James J. Morasco. Како и да е, покрај интересот за Тојнби и Кјубрик, неговата вдовица се колнела дека во никој случај тој не би можел да биде одговорниот за поставувањето на мистериозните плочки. Да, токму така- вдовицата. Дури и тој да ги поставувал плочките, починал во 2003, а плочките не престанале да се појавуваат во 2003. А згора на тоа, човекот би имал седумдесет години во во времето на поставување на тие плочки.
Се појавиле шеесет такви само во Филаделфија, каде што е пронајдена и група од четири плочи во кои што се раскажува бизарна приказна за тоа како мафијата, FBI и КГБ го гонат авторот на овие чудни пораки.