Рандом мистерии

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
...

Сепак, тоа не биле единствените жртви на Јамата со пари. Пет години подоцна, монтреалскиот конзорциум Тритон алијанс спуштил ТВ-камери и силно осветлување во лавиринтот од јами и отвори на длабочина од 200 стапки... и успеал да сними бледи контури од човечка рака. Во темнината се распознавале три ковчега и секира. Меѓутоа, ни таа екипа не успеала да сними ништо вредно.


Едит ке допишам утре или после...
Има документарец за ова чудово? И ако може извор на англиски со слики да се види?
 

^MooN_RideR^

Blue in HearT
Член од
20 април 2006
Мислења
853
Поени од реакции
48
Има документарец за ова чудово? И ако може извор на англиски со слики да се види?
Изворот ми е книга ја имам многу од дамна се вика Најголемите светски мистерии од Најџел Блундел како што напишав и во претходниот пост.За документарец немам појма...Него да допишам јас од вчера.
________________________________________________________________


Јамата со пари станала магична мамка за ловците на богатство. Теренот бил толку издупчен што многу окна се уривале едно врз друго, така што положбата на јамата што ја нашол Мек-Гинис не можела да се одреди. Можеби веќе никој никогаш нема да успее да ја одреди, а прашањата во врска со тоа засекогаш ќе останат без одговор: кој ја ископал Јамата со пари, како и – зошто?

Постојат неколку теории од кои голем дел изнел и прочуениот писател Руперт Фурно, чија книга „Тајната на Јамата со пари“ е класично дело за оваа интересна мистерија. Нишката на приказната тргнува од 1795 година; кога младиот Мек-Гинис првпат го посетил Островот на Дабовите, тој бил сметан за проклет. Месното население раскажувало за полноќни огнови на малиот остров и за исчезнувањето на некои луѓе од Честер кои отишле да го испитаат тоа. Никој не бил во состојба да го одреди точното време на тие настани, но најверојатно е дека приказната се случила околу 1700-тата година.
Многу попознат случај се случил на околу 3.000 милји од бреговите на Англија, кога во 1701 година поради пиратство бил обесен капетан Вилијам Кид. Додека го воделе на губилиштето во Вепинг, Лондон, мрморел зборови на проклетство за сите оние што ќе се осмелат да го побараат неговото „богатство“. По неговата смрт за тоа биле раскажани цели легенди. Дали Кид и неговите луѓе ја ископале Јамата со пари?
Пензионираниот англиски правник Хуберт Палмер во 1930 година нашол три карти што биле скриени во тајните прегради на работната маса во неговата куќа во Истборн, Сасекс. Масата некогаш му припаѓала на капетан Кид и Палмер, кога чул за потрагата по богатство на Островот на Дабовите, ги споредил своите карти со мапата на островот. Биле многу слични, но не било означено местото каде што би можело да биде закопаното богатство.
Приближно во истото време партнерот на Блер Хедон исто така дошол до карта, онаа од книгата за капетан Кид. Картата прикажувала остров што бил сличен со Островот на Дабовите. Хедон ја крстосал цела Англија за да го најде писателот кој му рекол дека картата ја копирал од една мапа што му ја дал некој Холанѓанец. Од каде му била нему? Писателот се сеќавал дека тој му зборувал дека ја извадил под некој куп камења на еден остров во Нова Шкотска.
Хедон ги проучил упатствата што биле на картата: 18 запад со 7 исток, карпа 30 југозапад 14 север, дрво 7 од 8 од 4. Се вратил на Островот на Дабовите и нашол две големи гранитни карпи со дупки од сврдли и го скроил својот план користејќи го стариот англиски метод на мерење. Правецот го одвел до еден густ честак. На висорамнината над него Хедон нашол три полузакопани камења во вид на триаголник – кои директно покажувале на Јамата со пари. Кога на тоа извонредно откритие ќе му се додаде документарниот извештај од Тритон алијанс – дека остатоците пронајдени во јамата биле дрвени и метални алати од англиските бродови – теоријата за кепатен Кид станува уште поубедлива.
Каква и да е намената на Јамата со пари, таа, ако ништо друго, е вистинско чудо на рударската вештина. Фактите укажуваат дека цел тим инженери и помала група работници во тајност ископале совршена обликувана дупка до длабочина од 180 стапки (околу 54 метри). На платформата на дното, над подземните водени струи, го сместиле своето богатство – кое, штом барало толкав труд, бездруго имало огромна вредност.
Тие пробиле канал долг 500 метри што излегувал во Смитов Залив – и тоа четири стапки над највисокото ниво на приливот во него – за да спречат водата да навлезе внатре.
Потоа го цементирале капакот на „трезорот“ со богатството, го покриле со слој од глина со дебелина од 50 стапки и преку сето тоа поставиле платформа од елови трупци. Следиот потег во тој чудесен потфат бил да се прокопа друг канал до Смитов Залив, што водел до првиот. За да можат да ријат како гасеници крај тесното окно, била ископана втора јама која овозможувала вентилација меѓу Јамата со пари и морето. За ова се дознало дури во 1878 година, кога една селанка што орала со воловите одеднаш пропаднала во јамата.
За да го спречат некако навлегувањето на морската вода во тунелот, копачите поставиле два-три „сандаци со богатство“ на платформата. На врвот сето тоа го покриле со дабова платформа и со таинствен шифриран камен. Потоа следувале платформите на секои десет стапки. Над последната платформа нафрлиле земја, ја израмниле и ги уништиле сите траги освен, што е посебно чудно, кормилото.
Таков потфат не би извел ниеден пират. За тоа била потребна цела армија луѓе. Писателот Руперт Фурно дошол до необичен закучок...
Во 1778 година американската војна за независност била во полн ек. На англискиот гарнизон во Њујорк му се заканувала опасност од Вашингтон и британскиот командант сер Хенри Клинтон се уплашил дека армискиот трезор би можел да падне во непријателските раце. Дали тој им наредил на инженерите да ги скријат парите – најверојатно некаде во близината на своите положби во Халифакс, Нова Шкотска?
Оваа необична теорија, ако е точна, поставува нови прашања. Бидејќи Британците никогаш не пријавиле исчезнување на поголема сума пари, дали инженерите се вратиле на островот и го извлекле богатството од страничните окна? Дали тоа значи дека Јамата со пари е празна веќе 200 години?

Еве најдов и слики и документарец.






еве и видеа:



 
B

black angel

Гостин
Изворот ми е книга ја имам многу од дамна се вика Најголемите светски мистерии од Најџел Блундел како што напишав и во претходниот пост.За документарец немам појма...Него да допишам јас од вчера.
________________________________________________________________
зарем им се исплатело толкав труд да вложат само да скријат некое богатсво за подоцна да го откопаат:toe:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
зарем им се исплатело толкав труд да вложат само да скријат некое богатсво за подоцна да го откопаат:toe:
се утепав читајки и си викам замисли од кога е почнато ова и до кога траело колку труд е вложено, техника, сила, инвестиција...
види.. чим е толку многу вложено се надевам дека не е залудно потрошено време.. после толку многу години труд инвестирање и слично сигурен сум дека некој има нешто најдено ако ништо више барем добивач некакви знаци и воља за да продолжи понатака...

Инаку ја прочитав цела тема. има стварно многу интересни случаеви и мистерии во права смисла на зборот...
 

-G-

Успешен
Член од
15 јуни 2009
Мислења
636
Поени од реакции
255
Interesna tema ja procitav celata i se nadevam deka ke ima uste mnogu misterii ovde da se procitaat
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Мистеријата на Мелори и Ирвин
Најголемата нерешена „мистерија“ поврзана со искачувањата на Еверест – т.е. дали тој веќе бил качен 30 години пред првото официјално искачување во 1953 година...
Почетокот
Ако некој можел да се качи на Еверест во 1924 година тоа бил најпознатиот Британски алпинист во тоа време – Џорџ Леј Мелори. Во 1921 година тој бил член на извидувачката експедиција и преку разгледување на планината направил шема на насока која до врвот одела преку северниот и северо-источниот гребен. Во 1922 година токму преку оваа насока тој заедно со Едвард Нортон и Теодор Сомервел ја поминал границата од 8000 метри. Тие качувале БЕЗ употреба на дополнителен кислород и стигнале до точка на северниот гребен на висина од 8100 мнв. Шест дена подоцна друг тим (Џорџ Ингл Финч и Џефри Брус) пречеле во северната страна и стигнале до снежното поле под Првата Скала (местото кое се нарекува First Step и кое изгледа како скалило на гребенот – ги има три такви) на височина од 8400 метри. Тие сепак користеле дополнителен кислород – Мелори и други алпинисти (во тоа време, но и денес) сметале дека тоа не е етички…

Експедицијата во 1922 година завршува со трагедија: Мелори, Сомервел и Крафорд правејќи трет обид се движеле дијагонално по падина со нов снег и создале лавина која потекувајќи надолу потрупува девет Шерепаси – убивајќи седум од нив…
По враќањето дома, Мелори започнува тура на предавања низ Ангилја и САД каде му е поставено прашањето „Зошто (качува)…?“ и тој одговара со најпознатата реплика во алпинизмот денес: „Затоа што е таму“ (“Because it is there”).
Поради трагедијата две години претходно, Мелори рекол дека повеќе нема да оди на Еверест, но сепак неговото име било и на списокот за експедицијата во 1924 година...
 
Член од
28 февруари 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
Незнам дали имате чуено за оној филмон blair witch project.
Дечките идат значи во шума се е снимано со live camera онака као домашно видео и се договораат цело друштво да идат во шума да ја бараат легендата за некоја вештерка и се како заебанција некоја никој не го доживува како вистина како авантура повеќе и коа ќе дојдат во шумата првиот ден е нормално вториот почињата паранормални работи да се случуваат а третиот еден по еден изчезнуваат и на крај со камерата типката со снима вреска несо и она умира мн е језиво.


Е сеа малце за вистинската легенда три другари и три другарки идат да истражуваат нели за вештерка некоја во шумата како истражувачи за некое списание и после 2 дена ги нема не се враќаат.По потрага од 2 месеци никој незнае со им е и само наоѓаат камерата со све со се случило и според ова е напраен филмот а мн луѓе мислат дека е вистина.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
133
Поени од реакции
9
Е добро сега ова со островот на богатсвото уште и ден денес не е откопано или?
Барем денес со ваква технологија ова не би требало проблем да биди.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Изворот ми е книга ја имам многу од дамна се вика Најголемите светски мистерии од Најџел Блундел како што напишав и во претходниот пост.За документарец немам појма...Него да допишам јас од вчера.
________________________________________________________________


Јамата со пари станала магична мамка за ловците на богатство. Теренот бил толку издупчен што многу окна се уривале едно врз друго, така што положбата на јамата што ја нашол Мек-Гинис не можела да се одреди. Можеби веќе никој никогаш нема да успее да ја одреди, а прашањата во врска со тоа засекогаш ќе останат без одговор: кој ја ископал Јамата со пари, како и – зошто?

.....
Bi mozelo li vamu nekade da bide skrieno (isceznato) bogatstvoto na templarite..........
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.397
Поени од реакции
5.023
5 нерешени мистериозни злосторства за кои што никој нема логично објаснување

Има нерешени злосторства, и има морничави нерешени злосторства. „Што ли по ѓаволите се случувало таму“ – такви загатки ги држеле полицајците будни по цела ноќ , а исто така и сите кои слушнале за тоа.




Во продолжение следуваат вистински случувања, кои што многу лесно би можеле да бидат групирани во случаи од типот на X-Files:
#5. Случајот Taman Shud


Жртвата била пронајдена мртва во 6:30 изутрината на 1. декември , 1948 на плажата Самертон во Австралија. И со оваа реченица се исцрпени сите податоци за идентитетот на овој човек. Нештата кои што не се познати ги збунуваат овластените лица оттогаш, вклучувајќи го и значењето на нерешливата шифрирана порака која што тој ја оставил зад себе.

Но малку подоцна за неа. Нештата почнале полека да стануваат морничави кога полицијата забележала дека сите ознаки од неговата облека биле отстранети. На крајот успеале со големи заложби да го лоцираат местото на производството на неговото палто, имено во Америка, што било чудно, бидејќи отисоците од неговите заби, како и отисоците од неговите прсти не се совпаѓале со отисоците на никој кој што воопшто некогаш живеел во Америка....или било каде во светот. Човекот како никогаш да не постоел.


Па покрај сето тоа, изгледа дека за полицајците и не било некое изненадување кога иследникот ја соопштил причината за смртта вака некако: „ненадејна... ма нека сум проклет ако знам од што умрел“Аутопсијата открила дека бил со исклучително здравје, со полусварени тестенини во стомакот и со згрутчувања во мозокот и стомакот кои би посочуале на труење, само што не успеале да откријат ни најмала трага на отров во неговото тело. Неговата слезина исто така била трипати поголема од нормалната големина.
Секое новооткриено нешто како уште повеќе да ја зголемувале мистеријата. Откриле и кафеав куфер кој што очигледно му припаѓал на човекот , и во него откриле само уште повеќе облека со отстранета ознака од нив.
Полицајците исто така откриле и скриен џеб во неговите панталони, во кој што нашле парче хартија на кое што биле испечатени зборовите "Tamam Shud" (со значење "заврши" или "сврши").
Парчето хартија како да било откинато од некоја книга. Истрагата покажала дека и навистина била; тоа било од збирка на поеми наречена Rubaiyat of Omar Khayyam, и тоа не било која, туку многу редок превод на збирката поеми.
Полицијата го открила тоа откако спровела неуспешна истрага низ цела Австралија, се додека некој човек не се јавил дека нашол копија од книгата на задното седиште на неговиот автомобил, приближно во истото време и на истото место на настапувањето на смртта, само што човекот кој ја нашол книгата за случајот првпат дознал на вести. Се разбира, делот со "Tamam Shud" недостигал од книгата. Најдената книга само допринела нештата да бидат завиткани во уште поголема мистерија.
За нештата да бидат уште почудни, на задниот дел од книгата полицајците ја нашле оваа шифра:

Пет реда, од како што се чини, произволно испишани букви, од кои што вториот е прецртан. Значењето на овој код до ден денес останало мистерија.

Дали тој код бил резултат на растроен ум, или пак едноставно последица на нечија здодевност? По се изгледа дека не. Последните обиди да се реши случајот откриле дека буквите не се напишани произволно, дека има некој ред, само што нивното значење сепак останува тајна. Дали вие мислите дека би можеле да ја дешифрирате таа порака? Кога би успеале би станале славни, со оглед на тоа дека луѓето се мачат околу тоа цели шеесет години.

#4. Мистеријата со стапалата од Британска Колумбија


Стапала, отсечени човечки стапала, обично обуени во чевли, допливуваат на плажите на Британска Колумбија, провинција во западна Канада, северно од државата Вашингтон.
Сега, семожни нешта допливуваат секојдневно на бреговите, и се случува луѓе да се удават или да испаднат од рибарските бродови. Но колку отсечени стапала би требало да најде некој за да се посомнева дека сепак нешто чудно се случува?


Биле пронајдени осум стапала во последните неколку години, од кои што пет случаи биле поставени на Google maps поради некоја причина. Чудно, но скоро сите стапала биле обуени во патики. Исто така, некој ненормален ставил животинска шепа во патика како некаква болна шега, откако случувањата се појавиле на насловните страници.


Меѓу осумте најдени стапала имало два пара стапала и шест единечни. Едниот пар бил идентификуван- левото стапало на некој човек било пронајдено четири месеци подоцна од десното. Полицијата известила дека човекот бил депримиран и дека веројатно извршил самоубиство. Мистеријата е решена?

Не. Првите две стапала биле најдени во временско растојание од една седмица . Двете биле десни и биле најдени на различни места. Некои сметаат дека стапалата се од некоја бродска или авионска несреќа, но биле најдени во сосема различни места и носени од различни струи.
Другата теорија е веројатно истата онаа на која што вие веднаш сте помислиле кога прочитавте за отсечени стапала: дело на некој сериски убиец - психопат.

Прашање е дури и дали стапалата се отсечени воопшто, бидејќи ако има тела кои се распаѓаат во водата, стапалата сами се одвојуваат од релативно слабиот глужд, патиките ги држат на површината на водата па така стапалата допловуваат до брегот. А на кого припаѓаат тие стапала, и зошто постојано се појавуваат во патики на бреговите на Британска Колумбија веројатно нема да се дознае се додека не се пронајдат и другите остатоци од телата на жртвите.

#3. Плочките Тојнби


Ова се некакви скриени пораки вкопани во асфалт најдени во повеќе градови. Се смета дека се работи за линолеум и некаква смеса за пополнување на дупки во асфалтот, и сите плочки на себе имале варијации на истата кратка порака која се однесува на филмот на Кјубрик- 2001: A Space Odyssey, со сугестија да се воскреснат мртвите на планетата Јупитер.
Би изгледало како случај на обичен вандализам само ако не би се појавувале од никаде, без некое логично објаснување цели триесет години.

Може да се види зборот "Toynbee" на почетокот кој што се однесува на името на познат историчар. И ако сте го гледале филмот Одисеја 2001 знаете дека и планетата Јупитер е во игра и.....тоа е се што може да се поврзе смисловно од самата порака.

Ќе си помислите, па ништо особено, некој лудак остава некакви пораки. Нема никаква мистерија во тоа...
Но само да можеше да биде еден човек во прашање..
Плочките можат да се најдат во цела дузина градови во САД, па дури и Јужна Америкa. Освен ако не се работи за некој ненормално богат ненормалник-глобтротер, веројатно се работи за организирана група која ги остава овие мистериозни пораки наоколу по западната хемисфера.

Полицајците имале некој осомничен, извесен James J. Morasco. Како и да е, покрај интересот за Тојнби и Кјубрик, неговата вдовица се колнела дека во никој случај тој не би можел да биде одговорниот за поставувањето на мистериозните плочки. Да, токму така- вдовицата. Дури и тој да ги поставувал плочките, починал во 2003, а плочките не престанале да се појавуваат во 2003. А згора на тоа, човекот би имал седумдесет години во во времето на поставување на тие плочки.
Се појавиле шеесет такви само во Филаделфија, каде што е пронајдена и група од четири плочи во кои што се раскажува бизарна приказна за тоа како мафијата, FBI и КГБ го гонат авторот на овие чудни пораки.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.397
Поени од реакции
5.023
#2. Случајот Глико Моринага или Чудовиштето со 21 лице


Во осумдесетите години на минатиот век, јапонскиот гигант во прехранбената индустрија Езаки Глико бил уценуван од некаква мистериозна и моќна група на криминалци кои што се нарекувале себеси Чудовиштето со 21 лице.
Сето тоа започнало кога двајца вооружени луѓе провалиле во домот на председателот на Глико, киднапирајќи го пред очите на неговото семејство. Луѓето го чувале председателот во некој склад, барајќи од компанијата откуп од сто милиони јени и сто килограми злато во прачки. Жртвата успеала да избега од складот уште пред да дознае дали на луѓето од компанијата им значи нешто неговиот живот или не. Никој од злосторниците не бил фатен, што не било добро, бидејќи „чудовиштето“ не се согласувало приказната да се заврши на тоа.

Неколку недели подоцна биле запалени неколку автомобили на паркингот на компанијата. Потоа, „чудовиштето“ почнало да испраќа и писма.

"Драг Глико, како си? Јас сум добро, ама времето е ужасно жешко. Толку жешко што автомобилите се самозапалуваат. Лудо време“
Во првото писмо (пратено во пластичен сад заедно со хидрохлорна киселина бидејќи, а зошто па да не?) од „Чудовиштето со 21 лице“ порачале дека ги затруле сите слатки на Глико што довело до тоа Глико да изгубат 21 милиони долари поради повлекување на производите од продажба. Можеби бројката е само случајно совпаѓање, ама кој знае?! Криминалците си подигрувале со полицијата со опишување на детали за тоа како упаднале во компанијата, каква машина за пишување на писмото употребиле и други подробности. Полицијата ја преорала земјата во потрага по нив, и се вратиле со празни раце.
Набргу, само за да покажат дека си играат со сите, Чудовиштето ненадејно испратило писмо во кое што било напишано дека на Глико му е простено.

"Простено ти е!"
Потоа, Чудовиштето со 21 лице го свртело своето внимание кон друга прехранбена компанија: Моринага. Повторно било испратено писмо, слично на испратеното на Глико, само што овојпат биле откриени 21 пакувања со високо отровен содиум цијанид. Бидејќи биле добро воспитани терористи, кутиите биле грижливо означени со етикети „Внимание- отровни материи !“, пример кој што треба да го следат сите терористи со добро домашо воспитување.

Внимание: Темпирана бомба!.
Полицијата, веќе во очај, помислила дека успеала да го здогледа на миг главниот ум на организацијата при едно доставување на пари. (групата во меѓувреме побарала пари од друга компанија). Полицаецот го опишал главниот на организацијата како човек со очи на лисица.

Истиот мистериозен човек бил забележан подоцна во еден автомобил при тајна операција на полицијата. Тој успеал да избега, но во автомобилот бил најден радио уред со кој што ја прислушувал полицијата за време на операцијата.
Најпосле успеале да најдат некаква трага, ама резултатот сепак останал- никаков. Чудовиштето вознемирувало уште неколку корпоративни гиганти со години, смеејќи и се в лице на полицијата, злосториците го уживале угледот на едни од најбараните криминалци на планетата, и пак ниеден од нив не бил фатен. Полицискиот управител се почувствувал толку исфрустриран и посрамен од својата немоќ и од тоа што постојано бил надигруван од мистериозните изнудувачи што си поднел неотповиклива оставка. Поверувавте? Всушност, во духот на јапонската традиција, човекот извршил самоубиство- самозапалувајќи се.
Пред да исчезнат во ноќта, од „Чудовиштето “испратиле порака во која го исмевале покојниот и објавиле дека ќе престанат да ги измачуваат луѓето од прехранбената индустрија очигледно сметајќи го сето тоа за некаква злобна детска игра. Последните зборови на Чудовиштето до јавноста биле:
Ние сме лоши момчиња. Тоа значи дека има и други лошотии кои треба да се сработат покрај злоставувањето на компании. Многу е забавно да се живее животот на лош човек.

- Чудовиштето со 21 лице.

P.S. Се гледаме наскоро.
#1. Случајот „оловни маски“


Во 1966, едно момче во Бразил летајќи летало се нашло над телата на двајца инженери кои лежеле еден покрај друг во треватa. Немало никакви показатели за тоа како починале, никакви траги на насилство .
Набргу ридот бил окупиран од полицијата кои си ги чешале главите чудејќи му се на чудното злосторство- ако и воопшто станувало збор за злосторство.Двајцата покојници биле облечени во свечена облека како за погреб и нагрнати со непропустливи наметки. Крај нив имало испразнето шише за вода.
Зошто случајот е наречен „оловни маски“? Токму тоа е збунувачкиот дел. Починатите носеле оловни маски за заштита од радијација.

Идентификацијата покажала дека се работи за двајца електронски техничари од околината.
Полицијата собрала докази и некако успеала да направи реконструкција на денот на нивната смрт . Според наодите, мажите купиле наметки за дожд, и потоа отишле во некој бар каде што купиле шише со вода. Од непознати причини, едниот од нив изгледал многу нервозно, и кога го напуштиле барот веднаш се упатиле кон ридот каде што сами од себе паднале мртви. Решен случај.


Но има и уште нешто:
На местото каде што настапила смртта бил најден бележник со следниве збунувачки пораки внатре:
Во 16:30 бидете на договореното место.

Во 18:30 голтнете ги капсулите, откако ефектот ги заштити металите чекајте го знакот на маската.
Очигледно е дека тие ги голтнале капсулите и дека тоа е причината за нивната смрт. Проблемот е во тоа што во бележникот пишува дека тие чекале да се случи нешто откако капсулите ќе почнат да дејствуваат, што значи дека ако тоа било отров, луѓето не го знаеле тоа. Исто така, едниот од нив имал и купон за да го врати празното шише во барот што исто така посочува на тоа дека тие не планирале да умрат на ридот.Токсиколошки тестови не можеле да се направат бидејќи органите на жртвите не биле соодветно зачувани.
Што ли ги натерало тие двајца да се качат на тој рид, да облечат облека за заштита од радијација и да голтнат некои чудни капсули? Каков ефект очекувале? Од што ги заштитувале нивните маски? Дали и некоја трета страна била замешана во тоа, или се работи за некаква лудачка фантазија со фатален крај, се уште не е дознаено и кој знае даи и воопшто некогаш ќе се дознае.

Превземено од Мотика


Што мислите, дали некогаш ќе ги разрешат овие мистериозни случаи?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Можев да се заколнам дека токму ти ќе ја отвориш темава и уште вчера на букмаркс ја ставив темата во која треба да стојат овие т.е темата со која сега ќе ја спојам :)
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
#2. Случајот Глико Моринага или Чудовиштето со 21 лице


Во осумдесетите години на минатиот век, јапонскиот гигант во прехранбената индустрија Езаки Глико бил уценуван од некаква мистериозна и моќна група на криминалци кои што се нарекувале себеси Чудовиштето со 21 лице.
Сето тоа започнало кога двајца вооружени луѓе провалиле во домот на председателот на Глико, киднапирајќи го пред очите на неговото семејство. Луѓето го чувале председателот во некој склад, барајќи од компанијата откуп од сто милиони јени и сто килограми злато во прачки. Жртвата успеала да избега од складот уште пред да дознае дали на луѓето од компанијата им значи нешто неговиот живот или не. Никој од злосторниците не бил фатен, што не било добро, бидејќи „чудовиштето“ не се согласувало приказната да се заврши на тоа.

Неколку недели подоцна биле запалени неколку автомобили на паркингот на компанијата. Потоа, „чудовиштето“ почнало да испраќа и писма.

"Драг Глико, како си? Јас сум добро, ама времето е ужасно жешко. Толку жешко што автомобилите се самозапалуваат. Лудо време“
Во првото писмо (пратено во пластичен сад заедно со хидрохлорна киселина бидејќи, а зошто па да не?) од „Чудовиштето со 21 лице“ порачале дека ги затруле сите слатки на Глико што довело до тоа Глико да изгубат 21 милиони долари поради повлекување на производите од продажба. Можеби бројката е само случајно совпаѓање, ама кој знае?! Криминалците си подигрувале со полицијата со опишување на детали за тоа како упаднале во компанијата, каква машина за пишување на писмото употребиле и други подробности. Полицијата ја преорала земјата во потрага по нив, и се вратиле со празни раце.
Набргу, само за да покажат дека си играат со сите, Чудовиштето ненадејно испратило писмо во кое што било напишано дека на Глико му е простено.

"Простено ти е!"
Потоа, Чудовиштето со 21 лице го свртело своето внимание кон друга прехранбена компанија: Моринага. Повторно било испратено писмо, слично на испратеното на Глико, само што овојпат биле откриени 21 пакувања со високо отровен содиум цијанид. Бидејќи биле добро воспитани терористи, кутиите биле грижливо означени со етикети „Внимание- отровни материи !“, пример кој што треба да го следат сите терористи со добро домашо воспитување.

Внимание: Темпирана бомба!.
Полицијата, веќе во очај, помислила дека успеала да го здогледа на миг главниот ум на организацијата при едно доставување на пари. (групата во меѓувреме побарала пари од друга компанија). Полицаецот го опишал главниот на организацијата како човек со очи на лисица.

Истиот мистериозен човек бил забележан подоцна во еден автомобил при тајна операција на полицијата. Тој успеал да избега, но во автомобилот бил најден радио уред со кој што ја прислушувал полицијата за време на операцијата.
Најпосле успеале да најдат некаква трага, ама резултатот сепак останал- никаков. Чудовиштето вознемирувало уште неколку корпоративни гиганти со години, смеејќи и се в лице на полицијата, злосториците го уживале угледот на едни од најбараните криминалци на планетата, и пак ниеден од нив не бил фатен. Полицискиот управител се почувствувал толку исфрустриран и посрамен од својата немоќ и од тоа што постојано бил надигруван од мистериозните изнудувачи што си поднел неотповиклива оставка. Поверувавте? Всушност, во духот на јапонската традиција, човекот извршил самоубиство- самозапалувајќи се.
Пред да исчезнат во ноќта, од „Чудовиштето “испратиле порака во која го исмевале покојниот и објавиле дека ќе престанат да ги измачуваат луѓето од прехранбената индустрија очигледно сметајќи го сето тоа за некаква злобна детска игра. Последните зборови на Чудовиштето до јавноста биле:
Ние сме лоши момчиња. Тоа значи дека има и други лошотии кои треба да се сработат покрај злоставувањето на компании. Многу е забавно да се живее животот на лош човек.

- Чудовиштето со 21 лице.

P.S. Се гледаме наскоро.
#1. Случајот „оловни маски“


Во 1966, едно момче во Бразил летајќи летало се нашло над телата на двајца инженери кои лежеле еден покрај друг во треватa. Немало никакви показатели за тоа како починале, никакви траги на насилство .
Набргу ридот бил окупиран од полицијата кои си ги чешале главите чудејќи му се на чудното злосторство- ако и воопшто станувало збор за злосторство.Двајцата покојници биле облечени во свечена облека како за погреб и нагрнати со непропустливи наметки. Крај нив имало испразнето шише за вода.
Зошто случајот е наречен „оловни маски“? Токму тоа е збунувачкиот дел. Починатите носеле оловни маски за заштита од радијација.

Идентификацијата покажала дека се работи за двајца електронски техничари од околината.
Полицијата собрала докази и некако успеала да направи реконструкција на денот на нивната смрт . Според наодите, мажите купиле наметки за дожд, и потоа отишле во некој бар каде што купиле шише со вода. Од непознати причини, едниот од нив изгледал многу нервозно, и кога го напуштиле барот веднаш се упатиле кон ридот каде што сами од себе паднале мртви. Решен случај.


Но има и уште нешто:
На местото каде што настапила смртта бил најден бележник со следниве збунувачки пораки внатре:
Во 16:30 бидете на договореното место.

Во 18:30 голтнете ги капсулите, откако ефектот ги заштити металите чекајте го знакот на маската.
Очигледно е дека тие ги голтнале капсулите и дека тоа е причината за нивната смрт. Проблемот е во тоа што во бележникот пишува дека тие чекале да се случи нешто откако капсулите ќе почнат да дејствуваат, што значи дека ако тоа било отров, луѓето не го знаеле тоа. Исто така, едниот од нив имал и купон за да го врати празното шише во барот што исто така посочува на тоа дека тие не планирале да умрат на ридот.Токсиколошки тестови не можеле да се направат бидејќи органите на жртвите не биле соодветно зачувани.
Што ли ги натерало тие двајца да се качат на тој рид, да облечат облека за заштита од радијација и да голтнат некои чудни капсули? Каков ефект очекувале? Од што ги заштитувале нивните маски? Дали и некоја трета страна била замешана во тоа, или се работи за некаква лудачка фантазија со фатален крај, се уште не е дознаено и кој знае даи и воопшто некогаш ќе се дознае.

Превземено од Мотика


Што мислите, дали некогаш ќе ги разрешат овие мистериозни случаи?
Случајот со Чудовиштето со 21 лице...анархисти? Цел на нападите им биле корпорации...could be...

Случајот во Бразил...во тие времиња на власт се менувале воени хунти како онаа на ген.Умберту Бранку кои имале една заедничка работа - започнале тајна нуклеарна програма со цел Бразил да стане Јужноамериканска супер-сила и да се зачлени во елитниот клуб на нуклеарни сили...во тоа време САД,СССР,Британија,Франција и Кина...
Гајгеров бројач на местото на настанот веројатно би објаснил многу.Иако носеле заштитни одела од радијација и оловни маски (оловото штити од радијација) веројатно биле озрачени до некој степен.Бидејќи програмата била тајна,а сега се знае дека Бразил располагал со неколку нуклеарни реактори и постројки веројатно се работи за некакво истекување на радијација кое ги озрачило овие двајца кои ги нашле мртви.Од страв да не ја откријат тајната,кога веќе се озрачени и животот и онака им е во опасност некој од власта решил да ги елиминира.Таблетите им биле дадени како заштита од радијација (јод или калиумови соли или јодиран калиум кои помагаат при радијација) но наместо таблети против радијација им дале цијанид,стрихнин,арсеник,кураре или бог знае што...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Пред некој да го бапне во посебна тема...

10. Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре


Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре е хуманоиден криптид (суштество за кое се претпоставува дека постои но се уште не е научно докажано) за кое што се зборува дека ги населува мочуришните области во и околу Ли Каунти, Јужна Каролина, САД. Според легендите тој е над два метри висок, оди исправено и е цврсто граден со зелена лушпеста кожа и светкави портокалови очи. Се вели дека има по три прсти на рацете и нозете кои што завршуваат во кружни перничиња на врвовите со помош на кои се лепи на ѕидовите. Ова суштество за прв пат било забележано од Кристофер Дејвис, локален седумнаесетгодишник, кој што изјавил дека налетал на него додека се возел дома од работа во два часот по полноќ на 29. Јуни 1988. Според неговите кажувања, Дејвис застанал на патот крај мочуриштето за да ја смени издишаната гума. Во моментот кога привршувал со менувањето слушнал силен шум зад него, и кога се свртел го забележал чудовиштето како трча кон него. Дејвис раскажал дека суштеството во последен момент се дофатило до автомобилот и се качило на покривот додека тој се обидувал да избега од него, и потоа висело на покривот додека Дејвис правел остри цик-цак движења трудејќи се да го отфрли од автомобилот. Кога се вратил дома, забележал дека страничниот реттровизор бил доста оштетен, а исто така нашол и драсканици по покривот од автомобилот. Но освен тоа, немало други показатели за наводната средба со чудовиштето.

Наредниот месец откако Дејвис го забележал мистериозното суштество, следувале уште известија за големо суштество кое наликувало на гуштер, како и за невообичаени гребаници и отпечатоци на гризнувања врз автомобилите кои биле паркирани во радиус од 5km близу мочуриштето.Две недели по случката со Дејвис шерифот направил гипсени отпечатоци од она што изгледало како стапки од стапала со три прсти- во должина од 360mm, но решиле да не ги праќаат во FBI на понатамошна анализа откако биолозите ги советувале дека тие не мжат да се класифицираат. Потоа видувањата и општата еуфорија по суштеството опаднала, за повторно да биде видено од една жена во октомври 2005, а во февруари 2008 повторно биле забележани чудни траги врз автомобилот на Боб и Дикси Росон, кои што забележале и дека некои нивни мачки се исчезнати. Трагите од крв најдени на автомобилот биле пратени на анализа по што било утврдено дека припаѓаат на куче.

Две декади по првото видување на чудовиштето, луѓето се уште се прашуваат дали тоа е вистина, или пак луѓето кои што наводно го виделе се психички лабилни личности, или пак се работи само за добар рекламен трик за привлекување на туристи. Некои дури сметаат дека според тоа што суштеството оди на задните нозе и има три прсти, би можело да се работи за преживеан вид на диносаурус.


9. Гоблините од Хопкинсвил


Овој случај е од редот на сведочењата за блиски средби од трет вид во историјата на НЛО инцидентите. Настанот се случил близу градовите Кели и Хопкинсвил во Кентаки, почнувајќи вечерта на 21. Август 1955 и продолжувајќи се до утрото следниот ден. Истражувачот на НЛО појавите Алан Хендри напишал:„овој случај се одликува по своетоо времетраење, како и по бројот на очевидците“. Повеќе очевидци тврделе дека во текот на тие неколку часа виделе пет сребрникави светлечки суштества, кои што биле високи околу еден метар, и се чинело како да лебдат над земјата. Очевидците истакнале дека дури употребиле и огнено оружје за да ги застрелаат суштествата, но без ефект.

Таа вечер Били Реј Тејлор бил кај своите пријатели на вечера кога забечежал чудни светла на небото кон запад. Ги извикал и другите да излезат надвор. Групата на луѓе забележала светлечко суштество високо околу еден метар со несразмерно голема глава, големи клапести уши, светлечки очи и раце со канџи на нивните краеви. Приликата која што или била од метал, или пак била така облечена ги имала подигнато своите раце. Кога суштеството се доближило на приближно 6 метри растојание од куќата, луѓето започнале да стрелаат во него. Тогаш тоа се свртело и исчезнало во темнината. Еден од луѓето истапил за да види дали сепак го застрелале, а во тој момент канџеста рака се испружила од покривот и допрела некој од луѓето. Во следните неколку часа тие постојано забележувале такви суштества како се движат кон куќата. Некои веруваат, други пак мислат дека се работи за само уште еден производ на фантазијата.


8. Палатата Самервинд


Палатата Самервинд, порано позната и како палатата Ламонт сега е само напуштена рушевина на бреговите Вест Беј Лејк во североисточен Висконсин, САД. Се смета дека е едно од најопседнуваните места во државата. Поради напуштеноста, како и случаите на пожар, останало многу малку од зградата. Самервинд бил изграден во раниот дваесетти век првично како рибарска куќичка. Во 1916 имотот бил купен од Роберт П. Ламонт кој што ги ангажирал архитектите од Чикаго, Талмаџ и Вотсон за да го преуредат местото во палата. Ламонт останал да живее во Самервинд приближно 15 години, за времето на кои слугите го известувале дека куќата е опседнувана од духови, но тој не им верувал. Како и да е, според кажувањата, тој ненадејно го напуштил имотот откако забележал некаква појава на дух во кујната.

Откако некое време стоела празна, куќата ја купиле Арнолд и Џинџер Хиншо кои што се вселиле во неа во раните седумдесети заедно со нивните деца. Од тоа време наваму почнале зачестените известувања за појава на духови во тоа место. Откако се вселиле Хиншоови тврделе дека забележале извесен број на чудни појави, почнувајќи од треперливи сенки кои се движеле по степениците и тивки гласови кои запирале кога тие би влегле во собите од кои што се слушале, па се до разни електрични и механички проблеми како и отварања на прозорците сами од себе. Исто така виделе и дух на некоја жена кој што се појавил неколку пати во близината на собата за обед. Шест месеци по вселувањето Арнолд доживеал нервен слом, а Џинџер се обидела да се самоубие. Арнолд бил пратен на лечење, а Џинџер се преселила кај нејзините родители во Грантон, Висконсин.

Во јуни 1988 Самервинд бил погоден од гром неколку пати кое што предизвикало пожар кој што уништил голем дел од палатата. Чудно, и покрај непосредната близина на високи дрвја до куќата, сепак токму таа била погодена од гром. Денес од неа останале само остатоци од оџаците, темелите и влезот.


7. Мистеријата Клапам Вуд


Со тоа име се именувани серија на невообичаени збиднувања кои што се поврзани со Клапам Вуд во Западен Сасекс, Англија, кои што станале многу познати во популарната култура. Се известува за разни мистериозни случувања како невообичаени глетки и феномени како и исчезнувања на миленичиња. Исто така, со тоа место се поврзуваат и смртни случаи на луѓе. Почнувајќи од 60-те години на минатиот век разни луѓе тврдат дека таму забележале НЛО објекти, чувствувале тешка необјаснива мачнина или биле турнувани од невидливи сили, или пак забележувале некакви чудни необјасниви маглини како се појавуваат на патеките низ шумата. Други пак имале силно чувство дека некој ги демне и следи. Мерењата со Гајгеров бројач покажале зголемена радиоактивност во областа.

Откако местото станало познато по својата мистериозност се случиле четири смртни случаи било близу или пак внатре во шумите. Првиот се случил во Јуни 1972 кога полицаецот Питер Голдсмит исчезнал додека ловел во областа. Неговото тело било најдено шест месеци подоцна. Второто тело било на Леон Фостер, откриено во Август 1975, кој што бил објавен за исчезнат три недели пред тоа. Третата жртва бил свештеникот Хари Нил Снелинг, поранешниот пастор на Клапам, кој што бил пронајден три години по неговото исчезнување. Во септември 1981 исчезнала шизофреничната бездомничка Џилиан Метјус- Витерс чие што тело било најдено шест недели подоцна, и според вештачењата таа била силувана и задавена.

Во нивната книга од 1987, Демонската врска, Тојн Њутон, Чарлс Вокер и Алан Браун тврдат дека во Клапам Вуд се негувал сатанистичкиот култ наречен „Пријателите на Хеката“, кои што во шумите жртвувале кучиња и други животни. Според кажувањата Чарлс Вокер бил контактиран и вовлечен од некој член на групата кој што му кажал дека во култот учествувале луѓе на важни места. Подоцна култот го напуштил местото поради тоа што печатот многу се заинтересирал за случајот, како и поради тоа што големо невреме, познато како Големата Бура од 1987, уништило голем дел од шумата токму во годината кога книгата била издадена.


6. Триаголникот Бриџвотер


Триаголникот Бриџвотер е област од околу 520 квадратни километри во североисточниот дел на Масачусетс, САД. Уште од колонијални времиња тоа е место каде што наводно биле забележани бројни паранормални феномени почнувајќи од НЛО, џиновски змии, „Големото стапало“, како и исчезнувања и убивања на стока. Во средината на областа се наоѓа мочуроштето Хокмок , што значи „место каде што скитаат духови“, а кое што било наречено „Ѓаволско мочуриште“ од раните доселеници. Во тој триаголник се пронајдени повеќе индијански гробници.

Еден од најпознатите феномени забележани таму се необјаснивите светла кои што вообичаено се забележуваат во мочуришните области, а кои што според известувањата се појавуваат секој јануари.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
5. Лудиот напаѓач со гас во Матун


Со тоа име било означено лицето, или повеќето лица одговрни зад серијата напади со гас во Ботетурт Каунти во Вирџинија за време на раните триесетти, и во Матун, Илиноис во средината на четириесеттите. Првиот инцидент се случил во домот на Кол Хофман во Хајмејкертаун во областа Ботетурт, каде што се случиле три такви напади во текот на само една ноќ.

Вечерта околу десет часот на 22 декември 1933, жената на Хофман се пожалила на чудна миризба која што и предизвикала мачнина. Истото тоа се повторило и половина час подоцна, кога што Кол Хофман повикал полиција. Третиот напад се случил во еден часот по полноќ, кога ефектот се почувствувал низ целата куќа. Осум членови на семејството го почувствувале тој ефект, заедно со Ешби Хендерсон, нивен гост кој што престојувал во куќата.

Следниот инцидент се случил во Кловердејл на 24. декември. Кларенс Хал, неговата жена и нивните две деца се враќале од црква во девет часот вечерта. Почувствувале сладникава миризба после што почувствувале мачнина и изнемоштеност. Полицијата направила истрага со која што утврдиле најголема концентрација на мистериозниот гас кај еден од прозорците од кој што бил извлечен еден клинец, а дупката послужила како место од каде што бил пуштен гасот во куќата. Третиот инцидент се случил на 27. декември кога жителите на Трутвил А. Кели и неговата мајка се пожалиле на истите симптоми како и кај случаите на семејствата Хофман и Хол. Четвртиот и петтиот инцидент се случиле на десетти јануари кога гостинката на Хомер Хилтон жител на Хејмејкертаун, изјавила дека слушнала гласови пред куќата токму пред да биде пуштен гасот преку прозорецот кој што го скршиле мистерозните напаѓачи. Истата таа ноќ се случил и друг таков инцидент во куќата на Џ. Кинзи.

Барем десет други напаѓања се случиле во Ботетурт, и дваесет нови такви случаи десет години подоцна во Матун. Еден очевидец изјавил дека го видел напаѓачот кој што всуност била висока и слаба жена облечена како маж. Отисоци од прсти кои што припаѓаат на жена се пронајдени кај некои места на нападите.


4. Зана


Во средината на осумнаесеттиот век во регионот Очамчир во Грузија била заробена „дива жена“ која што имала карактеристики на мајмун, со голем граден кош, дебели раце, нозе и прсти, и била целата покриена со влакна. Оваа „дива жена“ наречена Зана од лицата кои што ја заробиле била толку агресивна на почетокот, што морала да помине многу години во кафез во кој што и ја дофрлувале храната. Најпосле некако успеале да ја припитомат и таа можела да извршува едноставни задачи како мелење на пченка. Со текот на времето Зана развила слабост кон грозје, како и кон вино. Всушност, таа многу сакала да пие вино и понекогаш толку силно се опијанувала што спиела со часови. Како што истакнува Колин Вилсон воЕнциклопедијата на нерешени мистерии, по се изгледа на тој начин и станала мајка на многу деца од различни татковци. Овие деца обично умирале кога таа наводно се обидувала да ги искапе во замрзнатата река. Поради тоа селаните почнале да и ги одземаат децата и да ги одгледуваат како свои. За разлика од неа, децата развиле способност за нормална комуникација. Зана починала во селото во 1890; нејзиното најмладо дете починало во 1954. Нејзината приказна била истражена од проф. Порчнев кој што испрашал многу стари луѓе од местото, а исто така и нејзините внуци. Тие имале темна кожа, а Шаликула, еден од нив, имал толку силна вилица што со устата можел да подигне стол со седнат човек на него.


3. Ѓаволските отпечатоци


Ѓаволските отпечатоци е име за невообичаениот феномен кој се појавил во Девон, Англија на 8 февруари 1855. Откако паднал снег таа ноќ, серија на отпечатоци налик на копито се појавиле во снегот. Овие отпечатоци со димензии од 3 до 6 сантиметри и на растојание од 20 сантиметри еден од друг се појавиле низ областа од сто милји, и покрај тоа што некаде биле раштркани, главно следеле права линија. Препреките како реки, куќи, плевни биле директно преминувани. Такви траги биле наоѓани на снежните покриви на куќите и на други такви високи објекти кои како да се нашле на патот на мистериозното суштество.


2. Смртта на Мари Рисер


Мари Рисер, родена во 188, била најдена речиси целосно изгорена во нејзиниот дом во Флорида во 1951. Чудното нешто е што од нејзиното тело останало нечепнато само нејзиното лево стопало , а екстремно високата температура потребна да се кремира човечко тело не предизвикала никаква штета во собата каде што бил најден купот со пепел. Од FBI го повикале проф. Крогман од Училиштето за медицина при пенсилванискиот универзитет, во надеж дека ќе помогне во решавањето на мистеријата. Тој рекол: „Не ми се верува дека човечко тело откако ќе се запали може да согори на ваков начин, како што согорува свеќа собирајќи се во купче восок.....Што всушност се случило, можеби нкогаш нема да дознаеме....Невозможно е таквата голема температура да не направи никаква штета во куќата...Како да живееме во средниот век, и како да се соочуваме со црна магија...“

Мистеријата останала нерешена.


1. Инцидентот Амитивил


Малку се луѓето кои што не слушнале за филмот Ужасот во Амитивил – а повеќето и го имаат гледано истиот. Но она што можеби не го знаете е дека е правен врз основа на вистински случувања. Авторите на книгата (Џорџ и Кети Лутс) биле убедени до смрт дека приказната е вистинска. Во 1975. брачната двојката се вселила во куќата во Амитивил, Њујорк. Но тие не знаеле дека тринаесет години порано синот на поранешните сопственици ги убил сите шест членови на неговото семејство- велејќи дека бил воден да го стори тоа од гласовите во неговата глава. Убиецот Роналд Дифио е се уште во затвор во Њујорк, и таму ќе остане се до неговата смрт. Уште почудно, сите негови жртви биле најдени мртви во нивните кревети со лицата надолу без никакви знаци на борба, или пак седативи во нивните тела.

По дваесет и осум дена откако се вселиле, Џорџ и Кели избегале- велејќи дека серија ужаснувачки искуства ги натерале да избегаат. Семејството почувствувало лоши мириси, слушале силни гласови, чудни звуци, а дури и физички биле нападнати. Исто така виделе светлечки црвени очи во куќата. Кети нашла мала скриена соба во куќата, бојадисана во црвено, и нивното куче не сакало ни да пријде до чудната соба. Подоцна повикале и свештеник да ја благослови куќата, и тој исто така бил очевидец на некои такви случувања, за што посведочил пред камера. Сегашните сопственици пак, како и тие по Лутсови, не се пожалиле на такви мистериозни и паранормални појави, а прозорците во холандски стил биле преуредени за да ги спречат љубопитните погледи.




превземено од мотика (која па прави добри дела што преведува од cracked.com :wink: - фала ви)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom