Рамна Земја?

Red Zurla

Kill The Programming
Член од
29 јули 2021
Мислења
2.150
Поени од реакции
4.926

Red Zurla

Kill The Programming
Член од
29 јули 2021
Мислења
2.150
Поени од реакции
4.926
Со 1670км/ч врти околу својата замислена оска.

Со 106 000км/ч врти околу сонцето.

Со 805 000км/ч лета низ "универзумот".


Никој ништо не чувствува... И мора да е офтопик.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
994
Поени од реакции
889
Со 1670км/ч врти околу својата замислена оска.

Со 106 000км/ч врти околу сонцето.

Со 805 000км/ч лета низ "универзумот".


Никој ништо не чувствува... И мора да е офтопик.
Еве, да претпоставиме дека наведениве измерени брзини се точни.

Како „глобусарски„ се објаснува иствовременето „пичење„ на Земјата во (најмалку) 3 брзини, што значи дека меѓу брзините постои битна разлика, па таа разлика мора на некој начин да биде лесно забележлива, дури и сетилно.

Како што наведе еден член на темава, точно е дека можеме да забележиме промена на брзината ако се работи за забрзување или за забавување на брзината ако се наоѓам/е на тело кое се движи, ама како тоа не ја забележувам/е разликата која постои кај наведените 3 брзини?...

Доколку одговорот не е релативизаторски (со апстрактно-произволно менување на референтниот систем, онака како ќе ми текне во моментот на одговарање), разбира се, би можел да го прифатам...
 

Red Zurla

Kill The Programming
Член од
29 јули 2021
Мислења
2.150
Поени од реакции
4.926
Еве, да претпоставиме дека наведениве измерени брзини се точни.

Како „глобусарски„ се објаснува иствовременето „пичење„ на Земјата во (најмалку) 3 брзини, што значи дека меѓу брзините постои битна разлика, па таа разлика мора на некој начин да биде лесно забележлива, дури и сетилно.

Како што наведе еден член на темава, точно е дека можеме да забележиме промена на брзината ако се работи за забрзување или за забавување на брзината ако се наоѓам/е на тело кое се движи, ама како тоа не ја забележувам/е разликата која постои кај наведените 3 брзини?...

Доколку одговорот не е релативизаторски (со апстрактно-произволно менување на референтниот систем, онака како ќе ми текне во моментот на одговарање), разбира се, би можел да го прифатам...
Прашањето за разликата во трите брзини е премногу сложено прашање за овој форум. Тоа прашање нема да може да ти го одговори ни најголемиот "астрофизичар" за кој се сомневам дека и постои таков во овој забеган свет. Овде се работи за друг проблем. Овде на повеќето глобусари им е повредено егото и сеуште се шокирани и не им се верува што читаат и гледаат. Никој нема директно да ти одговори на прашањето ниту да признае дека си во право. Ќе ти го игнорираат прашањето или ќе ти одвлечат внимание со друга тема. Едноставно прашањето е претешко и невозможно е да се објасни нешто што е фантастично и нереално. Јас искрено ги разбирам и жал ми е за нив но тоа не значи дека ги мразам туку баш напротив би сакал да ни се придружат во ширењето на вистината. Тогаш би бил најсреќен.
 

Red Zurla

Kill The Programming
Член од
29 јули 2021
Мислења
2.150
Поени од реакции
4.926
Како би мерел константна брзина? Со кој инструмент?
Јас истото го прашувам. Барам само да се сложиш со мене и да пишеш дека сум во право. Нели е логично една метеоролошка станица да може во секое време да измери "ротација на земјата" околу замислена оска доколку би постоела? Бидејќи секакво движење на земјата не е мала работа и треба да биде регистрирано од страна на една метеоролошка станица.
Ами оти е неконситентна?
Во однос на што? Дај ми пример не ти го разбирам прашањето.
Автоматски споено мислење:

Ти пуштија слика каде убаво се гледа дека пола зграда е потоната под хоризонтот,
Со добар зум на Никон можеш повторно да ја вратиш во целост односно да ја видиш цела зграда. Тоа се вика перспектива и конвергенција. А конвергенција не е закривување. Кога сме кај закривување на водните површини или општо на земјата мора да знаеш дека штом е измерен периметарот на земјата тогаш логично мора да постои прецизно математичко закривување на "водената топка" кое нигде не постои во реалноста.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.184
Поени од реакции
3.549
Терај даље ајде, доста ми беше од темава и и што те малтретирав тука со наука и „небитни“ ствари за тебе
Интересно и добро е понекогаш да се навлези во вакви некои теми што ни имаат логика, ниту било каква поткрепа за некои тврдења, од аспект на тоа што може да размислиш и научиш некои нови работи, што во секојдневието си ги земаме здраво за готово. Репетитивни нешта за кои не се замараме воопшто, а знаат да бидат интересни еднаш кога ќе им дадеш внимание.
Оттука, вакви ликови (за кој реално мислев дека е трол, дури понекогаш уште мислам) ја имаат улогата на корисни идиоти, и може да научиш нови работи за кои како што реков, делуваат просто заради секојдневното повторување, а всушност имаат длабока комплексност.
 

Red Zurla

Kill The Programming
Член од
29 јули 2021
Мислења
2.150
Поени од реакции
4.926
И одговори ми на следниве прашања:
1. Зошто нема слика или видео од фирмаментот одблиску?
2. Зошто нема слика или видео од фирмаментот на краевите на твојата рамна земја?
3. Зошто нема слика или видео од целата земјена плоча сликана од врвот на фирмаментот?
4. Зошто нема слика, видео и вест за тоа дека откако се откачило парче од фирмаментот, почнало да истура вода, бидејќи нели над него има океан.
Куполата е спомната во Библијата плус има и неколку псалми за фиксна и неподвижна земја. Куполата спомната е во ENCYCLOPEDIA AMERICANA од 1958. Имаш многу видеа со воздушни балони на кои има прикачено камера кои се на висина помеѓу 30 до 40км.висина како се гледа рамна земја, хоризонт и локално сонце. Еве барем едно
за разлика од НАСА која прикажува компјутерски анимации и фотошоп слики. Забранети се сите видови истражувања на Антарктикот и се што е во врска со куполата.
Автоматски споено мислење:

Оттука, вакви ликови (за кој реално мислев дека е трол, дури понекогаш уште мислам) ја имаат улогата на корисни идиоти, и може да научиш нови работи за кои како што реков, делуваат просто заради секојдневното повторување, а всушност имаат длабока комплексност.
А зошто не напишеш нешто за твоето минато на оваа тема? Сакаш да кажеш дека и твоите постови во корист на рамна земја те прават "корисен идиот"? Што се случи во меѓувреме како се промени од рамноземјаш во глобусар? Или да почнам да ги тагнувам твоите размислувања од порано за да те потсетам ако си заборавил?
Автоматски споено мислење:

Но и ти си дел од таа комедија.

Сфаќаш нели?
Автоматски споено мислење:

Обична сијалица, свеќа или било која глупост што ќе ја наредиш, за да испадеш во право не е добра споредба.
Обична сијалица неможе да осветли пола стадион наеднаш, како што Сонцето осветлува пола свет наеднаш.
Затоа

Добар пример е рефлектор, што осветлува пола стадион, како што Сонцето осветлува пола свет наеднаш.

Е сега, дали таков рефлектор, колку сакаш ниско стави го, ако осветлува пола стадион, ќе биде невидлив на другата половина на стадионот?





:pos:
Како мислиш пола свет?
Screenshot_2022-08-04-16-00-25-30_cbf47468f7ecfbd8ebcc46bf9cc626da.jpg
 
Последно уредено:

Red Zurla

Kill The Programming
Член од
29 јули 2021
Мислења
2.150
Поени од реакции
4.926
Не бе братче, јасен е пријателот погоре...
Претходно ти кажа дека, ако се движи некој по насока на вртење на планетата, побргу ќе стигне, а ако оди обратно ќе треба повеќе време.
И за пријателот и за тебе важи прашањево...
Авионските летови? Од кога авионите и во двата правци A --->B и
B--->A исток кон запад и обратно пристигнуваат за еднакво времетраење на двата лета во двата правци ? На пример:
Screenshot_2022-08-06-23-53-36-68_cbf47468f7ecfbd8ebcc46bf9cc626da.jpg

Автоматски споено мислење:

Причината заради која ти неможеш да ја осетиш таа брзина е бидејќи брзината е константна, да се менува брзината лесно ќе можеш да осетиш.
Јас не сакам да ја осетам брзината... Да ни напишеш како може да ја измериме таа константна брзина? Ако во хеликоптерот,автомобилот или авионот се гледа брзината на движењето тогаш и јас сакам ДА ЈА ВИДАМ ИЗМЕРЕНА БРЗИНАТА НА "РОТАЦИЈА НА ЗЕМЈАТА". САКАМ ДА НИ ОБЈАСНИШ НА КОЈ НАЧИН МОЖЕ ДА СЕ ПОТВРДИ ПОВТОРНО ПРЕЦИЗНО ИЗМЕРЕНА БРЗИНА.Проблемот кај хелиоцентризмот е во тоа што сега веќе не може да се оправда моделот дека измерените брзини и растојанија се неважни или па дека веќе нема да постојат. Во понатамошните пишувања,разговори мора да се земаат во предвид сите прецизно измерени брзини и растојанија во врска со хелиоцентризмот.Така да кај хелиоцентризмот важи дека:
КОНСТАНТНА БРЗИНА = ПРЕЦИЗНО ИЗМЕРЕНА БРЗИНА. На кој начин и како вие си знаете... Just take your time.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2012
Мислења
375
Поени од реакции
202
Аман бе уште ли. Батали тоа со брзините
Еве веќе од коа ме повика на темава едно питање до тебе
Зашто коа зајде сонцето, ако е мало и локално според моделот на рамна земја, неможеме да го вратиме со телескоп, а ако зголемиш надморска висина сонцето се враќа назад и гледаш уште 1 зајдисонце.
 

Red Zurla

Kill The Programming
Член од
29 јули 2021
Мислења
2.150
Поени од реакции
4.926
неможеме да го вратиме со телескоп, а ако зголемиш надморска висина сонцето се враќа назад и гледаш уште 1 зајдисонце.
Тоа е можно само на моделот на рамна земја. Како прво со телескоп не можеш да гледаш бесконечно тоа значи дека имаш ограничен опсег. Второ тоа што велиш да зголемиш надморска висина значи дека ХОРИЗОНТОТ секогаш ќе биде во висина на очите без разлика на која висина и да се наоѓаш. Тоа твое "второ зајдисонце" значи дека сонцето можеш повторно да го видиш затоа што тоа никогаш не заоѓа, заради перспектива и конвергенција.
КОНВЕРГЕНЦИЈА НЕ Е ЗАКРИВУВАЊЕ НА ЗЕМЈАТА.

Никогаш и на никој начин не можеш да докажеш дека земјата е топка да ти олеснам.

П.С
Како е можно да се закриви простор и време? Колку часа има во десет кубни метри?
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2012
Мислења
375
Поени од реакции
202
Тоа е можно само во хелиоцентричниот модел. Ако земјата беше рамна со телескоп лесно ќе го вратиш сонцето. Плус ќе има огромна разлика во големината на сонцето во текот на денот, при почеток на изгревање и при крај на заоѓање сонцето треба да е мала точка.
 

Red Zurla

Kill The Programming
Член од
29 јули 2021
Мислења
2.150
Поени од реакции
4.926
Ако земјата беше рамна со телескоп лесно ќе го вратиш сонцето.
А ти затоа што не можеш "во секое време" да го вратиш сонцето со телескоп заклучи дека земјата е топка? Како можеш да заклучиш дека е топка кога не си ја видел земјата од таа перспектива? Што значат за тебе поимите ХОРИЗОНТ, ПЕРСПЕКТИВА И КОНВЕРГЕНЦИЈА?
Ти со телескоп можеш ли од Велес да гледаш до Прилеп? Нели според вас глобусарите земјата е огромна па нема да ти биде проблем со телескоп од некој асфалт во Велес да ги видиш Маркови кули во Прилеп нели?
Автоматски споено мислење:

Плус ќе има огромна разлика во големината на сонцето во текот на денот, при почеток на изгревање и при крај на заоѓање сонцето треба да е мала точка.
Како што се движи сонцето додека кружи над рамна земја тоа е сосема нормално. Постепено исчезнување на сонцето од твојот видик се вика ПЕРСПЕКТИВА. Тотално губење на сонцето од твојот видик се вика КОНВЕРГЕНЦИЈА а не заоѓање.
Автоматски споено мислење:

Како е можно вие глобусарите да гледате "зајдисонце" или "изгрејсонце" додека земјата сосе атмосферата ви "ротира" со 1670км/ч ,
кружи околу сонцето со 106 000 км/ч и лета низ "универзум" со 805 000км/ч?
Автоматски споено мислење:

А, дали ако автобусот вози со 90 км/ч тебе ќе ти треба брзина на одење од 91 км/ч за да појдеш од крајот на автобусот до кај шоферот?
Тоа не докажува ротирање или било какво движење на земјата. Ако тргнеме од експериментот на Леон Фукалт од 1851 со клатното ќе забележиме дека иако клатното се ниша земјата под клатното не ротира. Дури овој експеримент можеш сам да го направиш. Најди некое клатно и постави го во мирување и набљудувај дали само од себе ќе почне да се ниша или придвижи. Автобуси се уште немало во почеток на 19-ти век. А и сега покрај тоа што наведуваш примери со автомобили,авиони или автобуси тие ништо друго и не докажуваат освен тоа дека и кога си статичен можеш да се движиш. "РОТАЦИЈАТА НА ЗЕМЈАТА" е измислена во 19-ти век во време кога не постојат автомобили,автобуси и авиони. Прецизно измерената брзина на "ротација на земјата" од 1670км/ч е измислица од 21-век која никој не може практично да ја провери ниту докаже.
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
994
Поени од реакции
889
П.С
Како е можно да се закриви простор и време? Колку часа има во десет кубни метри?
Пред пар денови, на „ЈТ„ гледав еден видео-запис од српски професор, кој ја објаснуваше Ајштајновата специјална теорија на релативитетот на прост јазик...ама буквално на прост, и доволно разбирлив, без користење безвезни поими и математички равенки.

Дотичниот го спомена и збивањето на просторот и времето кај материјалните тела, чија брзина на движење е блиска до брзината од светлината. При таа брзина, според теоријата, телото би се збивало само по „х„ оската (не по „у„ и по „z„!), односно неговата должина би се „кратела„, ако телото се набљудува „од надвор„, ама не и од „внатре„ (во телото кое се движи).

Така, се‘ повеќе ми станува јасно зашто Ајнштајн не е почестен со „Нобелова„ за неговите теории на релативитетот, односно ми станува јасно дека користа од неговите теории е во можноста од бескрајно релативизирање на се‘ што ќе ни падне на памет...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom