Разочарувања од спротивниот пол!

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
Многу бараш пријателе, повеќето ќе ти пишат меѓу редови, не секој е спремен интимата и она што му се случило да го сподели јавно ;)
интимата пријателе е скриена некаде позади твојот профил а и не се бараат овде имиња, презимиња, адреси, точно време и сведоци. The Mayor веќе ја поддржа темава и не гледам зошто и другите да не го направат истото. Ако некој тоа не го сака нека не пишува. Нема да му бидеме лути. Сите знаеме дека има голем избор на теми во кои може да си го искаже своето мислење. Негово е само да си ја најде вистинската тема за вистинското мислење.
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 16:40 ---
Обично кога го преземаме тој чекор и решаваме да се отвориме на некого, треба да бидеме спремни како за добрите работи така и за лошите.Со добрите сме изградиле повеќе доверба, но што кога личноста ќе ни го заврти грбот и ќе почне да не разочарува?Ќе си мислиш во себе дека ќе пројде, дека се ќе биде потоа како што треба и тогаш после одреден период, уште едно разочарување.И така само ќе се редат, колку и да си се тешиме и надеваме.Токму така, надежта е онаа што ги отежнува работите.
Колку поголема надеж имаш, толку поголеми разочарувања ќе ти следат.И во моментите кога ќе мислиш дека се е супер и е смирено, одеднаш ќе те удри по глава за уште еднаш да ти докаже дека работите не се такви какви што мислиш и се надеваш дека се.
Колку помала надеж, толку помало разочарување.Ама ај натерај го човек да биде рамнодушен и ладнокрвен.Не постои таков, а ако постои тоа е само глумата негова и ништо повеќе.Еден вид на заштита која како и да е не помага затоа што уште повеќе во себе се притиска.
Факт е дека секогаш ќе се надеваме, и секој пат ќе бидеме разочарани и повредени.
Јас се навикнав да бидам разочарувана, особено од најблиските затоа што секогаш имам надеж, некогаш и премногу.Меѓутоа научив и тоа да го прифаќам, колку и да боли и е тешко.Таков е животот и затоа треба да се научиме да живееме со тие работи, затоа што така секој ден учиме нешто ново, и во иднина тоа ќе ни се исплати на некаков начин.
Што те разочара тебе?
 

Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Верував дека доколку ги избегнам безмислените врски, дека доколку ја чувам Љубовта за онаа вистинската - истата Љубов во таа мера ќе ми се врати. Чекајќи ја неа, бев уверен дека ќе ми биде и последна. Сакав да ми биде последна. Сакав комплицираното со едноставност да го избришам. Бев искрен од почеток, до крај. После две прекрасни години, решивме дека мора да застанеме. Патиштата ни се разделија. Други не разделија, што е најболно. Што ме разочара мене? Нечовечноста и прљавите начини со кои не разделија. Ме разочара комплицираноста на животот. Ме разочара тој без неа во него. Ме разочараа пријателите со потсмевот нивен. Се разочарав што изгубија верен пријател, кој секогаш беше тука за нив - дежурно раме за плачење. Се разочарав што ова ме смени. Се разочарав што насмевката веќе не ми е искрена. Зошто се жалам за моите проблеми, ко да светот нема попаметна работа од слушање на уште една тажна приказна? Ха, ко да не го знеме крајот на таа приказна? Сите тие се исти, речиси неважни. Она што се памети се лошите и добри мисли, лоши и добри дела, и последниот пат кога сте прочитале во некои очи „Те Сакам“. Се останато, па и овие 23 реченици, се само чекор напред. Чекор поблиску до спуштање на црвената завеса... The question is, was the play worth it?
 

Serengeti

Има само една вистина сето друго е лага
Член од
4 февруари 2009
Мислења
260
Поени од реакции
63
Барањето кон перфекција секогаш ќе оди на разочарување...се додека трагаме по совршеното и најидеалното мора да бидеме спремни и за она "несовршеното" во совршеното...
Типичен пример е за луѓе кога ќе ти кажат сакам да имам висока женска црна со плави,зелени таква градба и етц, што исто важи и за женските и сум приметил дека овие ликови секогаш по дефолт се најразочарани , таман кога ќе помислам е ова е совршеното сега ќе бидам најсреќен/на се дешава гром од ведро небо и од разочараност па депресија и се пак од почеток...
Како и сите и јас сум се разочарувал не велам не, кој не би бил разочаран во нешто кога вложуваш и на крај ти испаѓа дека џабе за се, сум извлекол поука дека колку и да сакаш да промениш некого не можеш или го прифакаш како што е или продолжуваш понатака, никогаш не било и нема ни да има совршенство можеби само во бајките пепелашка и остало...
 
Член од
27 февруари 2011
Мислења
66
Поени од реакции
30
^ Се сложувам..Совршенство=разочарување .Јас никогаш не сум барал партнерка според некои си критериуми да е ваква, таква ..и пак сум наоѓал "Совршени" за мене (кои воделе до гореспоменатото-разочарување) Еве , мене ме разочара злоупотребата на добрина од цурата , ти колку да си добар со неа она ке ти даде милион причини зашто да не си, ме разочарува тоа што чим покажеш чиства , готов си ! ме разочарува тоа што не знаат што сакаат и не знаат што имаат крај себе , кога си лош - не чиниш , кога си добар -уште поише не чиниш...
Во постов не глобализирам , туку зборам за моето минато
 

Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
^ Се сложувам..Совршенство=разочарување .Јас никогаш не сум барал партнерка според некои си критериуми да е ваква, таква ..и пак сум наоѓал "Совршени" за мене (кои воделе до гореспоменатото-разочарување) Еве , мене ме разочара злоупотребата на добрина од цурата , ти колку да си добар со неа она ке ти даде милион причини зашто да не си, ме разочарува тоа што чим покажеш чиства , готов си ! ме разочарува тоа што не знаат што сакаат и не знаат што имаат крај себе , кога си лош - не чиниш , кога си добар -уште поише не чиниш...
Во постов не глобализирам , туку зборам за моето минато
Токму така. Искрено и безрезевно Љубиш, не чиниш. Најголемиот број од нив не се задоволуваат од само еден, сакаат да менуваат. Да пробаат различни. А кога ќе соберат два и два, ти си им четири. Сфаќаат дека на сите им биле кратка авантура, само на еден вредела нешто. Ама има една српска поговорка која многу си ја сакам : „Кад ме посереш, немо да ме переш!“ Ако си го почитуваш себе-дадениот збор, една грешка два пати нема да ја направиш. Ама ако те водат гаќите, а не главата - разочарувањето ќе ти стане навика...
 
С

Сатори

Гостин
Никогаш не сум се разочарала од машкиот род, само неколку пати во животот од претставниците на истиот. Никогаш од мојата уста не излегла и нема да излезе таква небулоза „Сите мажи се исти“, познавам мажи кои што вредат повеќе од 50 жени ставени на куп. Само поединци можат да ме разочараат и токму затоа што не се мажи, а не обратно.
Немам универзална карактеристика со која што би ги етикетирала, а да не ја пронаоѓам и кај жените.
Напротив, мислам дека сум многу поблага кон спротивниот пол, наместо кон мојот. Но што да правам, сметам дека знаат да бидат фасцинантни. Мажи бе, сонциња. :icon_lol:
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Не се разожачувам од мажите. Такви се какви што се. Се разочарувам од мојот избор. Од моето трпение. Од мојата толерантност. Од моите попуштања. И можеби од нивните искористувања на сите горенаведени.
Ме разочараше еднаш тоа што бев земена здраво за готово. Што не бев почитувана, оти беше заборавено дека сум подобра од многу кои би биле во комбинација.
Потоа ме разочараше невложеноста во можноста да бидеме заедно. И кукавичлукот.
Потоа ме разочараше топло-ладниот однос. Изненадните појавувања на врата, и нејавувањето 3 недели. Искористувањето на моите чувства и средства, на моето бескрајно трпение, на јасно кажаните мисли. Насладувањето со сфаќањето дека сум заљубена. Негрижата за моите чувства.
Потоа ме разочараше самобендисаноста и промисленоста, искористувањето на слабоста.
А збирно на крај, ме нервира мојата достапност до сите горенаведени, мојата искреност, отвореност, надеж и глупавата слика што сум ја имала пред очи за секој од нив. Многу добро ги гледам маните и идиотизмите на секој од нив, свесна дека никој не вреди доволно за да си ги трошам ноктите на тастатурава, а јас упорно попуштам.
Веројатно, ние не се разочаруваме од другите, туку од нашите преголеми очекувања од нив. Кога ќе решам да сфатам дека никој од сите не вреди, и ќе бидам идиотка, никој нема да ме разочара. Ама....дали сум тоа јас?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ме разочарува онаа несватлива за мене и секогаш присутна фасцинираност кон имиџот на "лошо момче", кој е индикаторот за активирање на "пеперутките во стомакот", свесно или несвесно...сеедно. Проблемот лежи во тоа што кога конечно ќе "паднеш" на неа, емоциите го прават своето, и тој "имиџ" се трансформира...почнуваш да чуствуваш нешто.....сваќаш дека ја сакаш....и тој имиџ кој си го имал, драстично се трансформира, до таа мера што самиот себеси си непознаница. И обично тука доаѓа проблемот....жените се раководат според емоциите....и кога ќе ја воочат таа промена, се руши и сликата на она "лошо момче"....и одеднаш ги снемува пеперутките во нејзиното стомаче....
И тогаш може да слушнете веќе очекувани фрази од типот...."ама јас тебе не те заслужувам...", или "без мене ќе бидеш посреќен...".
Но тоа не е најиритирачкото! Тоа што го вади од кожа секое машко....(барем кај мене е така), е моментот кога ќе решиш да продолжиш понатаму....да не и дозволиш на меланхолијата да те совлада!
Пред неа повторно се појавува "старата слика" оној ист имиџ кој ги будеше пеперутките во стомакот, и тогаш се вклучува автопилотот, кој се обидува повторно да ве освои.....

Ме разочарува тоа што сме на сосема поинаква фреквенција на размислување и делување, зборам генерално за двата пола.....девојките можат да бидат итекако искрени кога ќе кажат дека причината поради која ве повредила е наведената, но вистинската причина секогаш ќе лежи во погоре наведеното...
Тоа не е затоа што тие се лоши личности, тоа е најверојатно затоа што таков е менталниот склоп на жената....

П.С. Се надевам дека ова ќе биде доволен одговор на тоа дали ова е оној....Ипси за кој зборував, душо.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Класична приказна на двата пола-Разочарување.
Јас пре би рекла класична приказна за жените. Поправете ме ако грешам.

Големите очекувања водат кон големи разочарувања, но...
Ќе зборувам лично за мене, како што поминува времето очекувањата ми се сведуваат на минимум, и тоа е тоа што ме разочарува. Јас сум засегната од самата себе, зошто веќе ништо не очекувам.
Се разочарувам од времето во кое живееме и што стори со нас жените, а што со мажите.
Ми се губи смислата за култура, кавалерство, интересите.
И ако некогаш искрено и јас се поставував, сега повеќе не е така. Зошто?

Страшно ме иритира таа некултура од страна на мажите и непочитување на жените. Под поимот некулутра освен во буквално значење, можам комотно да го вбројам и мислењето за мажите кои го имаат кон повеќето жени. Ме разочара и ме тера да се прашува каде отиде кавалерството?
Зарем го заборавивте оној момент кога од дома ви објаснуваа како да се однесувате со девојче?
Ме разочарува незаинтересираноста за друштвени активности каде што не е вклучено алкохол, џаболебарење или дискотека. Да, постојат куглани, театар, кино, прошетки, библиотеки.. Не, не сте вие криви што не сакате да го правите тоа што не ве интересира. И друштвото си има влијание. Се за да се нахрани машкото его..

Кога сме веќе кај машкото друштво да напоменам дека се имам разачарано како не знаат да разграничат што е девојка, што е друштво. Не го оспорувам фактот дека и двете се важни, со различен интензитет, впрочем и така се вели-другарите се засекогаш, и не го оспорувам дека тоа е вистина, но дефинитвно е злоупотребено. Хех, сите знаеме зошто...

Сума сумарум, не се сите исти, го знаеме тоа, во ова што го напишав, можеби и не се пронајдовте.

Не сум мажо-мразач, или како некои што љубат да кажат феминистка, и ги разбирам многу добро нив, секоја причинско-последнична ситуација и однесување многу ми е јасно. Можеби сум налетала само на погрешни за горенаведеното. И затоа, не ни морате да се согласите со мене. ;)
 

P.Eskobar

Лева рака на Десницата!
Член од
2 септември 2011
Мислења
95
Поени од реакции
37
Вложуваш, ризикуваш, се трудиш, признаваш......на крај грам повратни (љубовни) чувства нема= ти си ми другар!
Дали некој ќе ја цени и почитува како јас?!... нека се обиде, не знам можеби..

...и неколку рефрени за крај:
-spreman sam ti dati ovaj zivot cjeli, pitaj njega le li?!?!
-вљубена заведена знам си била, во кој знае колку ли срца си се скрила...
-срцево и разумот се борат, не играј си со оган...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom