Разликите помеѓу луѓето

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Знаеме дека луѓето колку што се исти толку можат да се и се различни. Значи има секакви поделби, реални или не - сеедно.
Прашањето ми е, дали разликите помеѓу нас се позитивна или негативна работа?
Дали тие разлики треба да ги разделуваат или спојуваат луѓето?
Дали треба да се надополнуваме и да учиме едни од други или слепо да веруваме само во тоа што сме ние и да ги осудуваме и мразиме оние поразличните од нас?
Дали треба секој човек да го гледаме како човек пред се`, па потоа како тоа што тој претставува и си е?

За појасно, мислам на сите оние најпознати поделби како што се тие според полови, според сексуална определба, според вери, според припадност на политички партии, според длабочината на џебовите итн ...

Да потенцирам уште еднаш, општо реплицирајте за разликите дали се предности или мани со примери доколку сакате. Не се зајадувајте и задржувајте на работи кои секојдневно се дискутираат по форумов и не забегувајте ...:pipi:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Разликите се позитивна работа. Едноставно кажано монотонијата убива
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Според мене се зависи од карактерот на личностите.
Мене не ми смета ништо од наведеното,го гледам карактерот,не гледам вера,пол итн итн...
Разликите не се ништо лошо,секогаш е поинтересен муабетот со некој различен од нас,дознаваме нови нешта,се стекнуваат нови искуства.Не гледам ништо лошо во тоа да направам муабет со некој од друга вера на пример,додуше и имав другарка муслиманка.
Сепак сите сме луѓе,и сметам дека разликите се позитивна работа,учиме едни од други,и наоѓаме начин како да се согласуваме и со другите слични на нив.
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Дивајн навистина решила да го збогати под-форумов со теми. Ако, ако. Ајде сега он топик. :)
Дефинитивно разликите помеѓу луѓето се предност. Секако дека не треба да ги осудуваме луѓето што се поинакви од нас (без разлика дали во добра или во лоша смисла), ама светот без тие разлики не би функционирал. Разликите се добри. Зошто? Затоа што сите нас не бива за различна работа, што ако не бива сите за една работа, ќе опстанеме? Нема. Разликата е дефинитивно добра, осудувањата од страна на "совршените" луѓе не се добри.

Разликите се позитивна работа. Едноставно кажано монотонијата убива
Не се работи само за монотонија. Се работи и за опстанок. :wink:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Дивајн навистина решила да го збогати под-форумов со теми. Ако, ако. Ајде сега он топик. :)
Дефинитивно разликите помеѓу луѓето се предност. Секако дека не треба да ги осудуваме луѓето што се поинакви од нас (без разлика дали во добра или во лоша смисла), ама светот без тие разлики не би функционирал. Разликите се добри. Зошто? Затоа што сите нас не бива за различна работа, што ако не бива сите за една работа, ќе опстанеме? Нема. Разликата е дефинитивно добра, осудувањата од страна на "совршените" луѓе не се добри.
Ако бев лезбејка ќе се самоубиев! :pos2:
Не гледам причина зошто не сте искрени. Само на тој начин може и да научиме како да не осудуваме некого, преку дискусија со различни мислења. Со лаги ништо не постигнуваме.:toe:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Од една страна, разликите се оние поради кои постои подем во општеството, а од друга страна, тие се причината поради која постои и нееднаквост помеѓу луѓето, што во некои случаи може да резултира со појава на омраза.

Јас ги сметам за позитивни, бидејќи го поттикнуваат човекот да се труди, да вложува во себе за да биде подобар.
На пример, има неколку компании од кои секоја различно им ветува на луѓето и многу е јасно дека една ќе се издвојува која ќе биде “најдобра“ и тие разлики ќе ги поттикнат другите компании да напреднуваат со цел да стигнат на врвот.

Факт е дека јас сум ЈАС, дека нема никој друг кој е потполно ист како мене, кој би се сложил со сите мои размислувања и ги прифаќам луѓето како такви и не би можела поради различни гледишта да чувствувам одбивност или ( скраја да е ) омраза. Оној кој би дошол до тој стадиум да не може да се помири со разликите и со тоа дека не може сите да се согласат со него го прави неспособен да се избори во животот за да направи нешто од себе, па се одлучил на тој чекор да ги мрази сите, бидејќи не може да биде како нив или над нив и не умее да ги почитува човечките вредности.

Сакам да сум опкружена со луѓе кои знаат нешто поразлично од мене и да можам да споделам со нив различни искуства или да научам нешто ново.
За мене би било неподносливо секој ден да ги вртам истите муабети со истите луѓе, бидејќи кога тогаш ќе пресуши бунарот и ќе нема повеќе што да се дискутира на тие теми и монотонијата ќе ме претвори во зомби.

Така да, заклучок:
Почитувам разлики, ги почитувам луѓето кои на културен начин умеат да ги споделат нивните идеи и ставови и ги гледам како двигатели на општеството.:)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Прашањето ми е, дали разликите помеѓу нас се позитивна или негативна работа?
Зависи од начинот на кој човек размислува и што си увртува во главата. Јас не мислам дека било која разлика треба да се прифати како негативна.
Дивајн напиша:
Дали тие разлики треба да ги разделуваат или спојуваат луѓето?
Разделува омразата која се појавува заради (икс) разлика. А луѓето мразат кога се чувствуваат загрозени или претпоставуваат дека на некој начин понатаму може да се загрозени.
Дивајн напиша:
Дали треба да се надополнуваме и да учиме едни од други или слепо да веруваме само во тоа што сме ние и да ги осудуваме и мразиме оние поразличните од нас?
Она што сум јас тоа е и секој. Може да се разликуваме во полот или начинот на размислување. Или и во двете. Другото е прашање на избор.
Баш ми е мило што познавам секакви луѓе и што сум научила толку работи од нив.
Дивајн напиша:
Дали треба секој човек да го гледаме како човек пред се`, па потоа како тоа што тој претставува и си е?
Жално е што има луѓе што не знаат да препознаат и ценат човечки карактеристики достојни за почит и донесуваат заклучоци врз основа на некои туѓи размислувања или стереотипи. Секој кој си има изградени ставови во животот, знае секој човек да го гледа како човек. Барем јас така мислам.

Јас, лично, не се ни замарам со некакви разлики меѓу луѓето кои ги спомна Дивајн. Не размислувам на тој начин. Јас ги делам луѓето на добри и на лоши, а ги има насекаде и такви и такви без разлика на која политичка партија и` припаѓаат, без разлика на вера, сексуална определба, длабочина на џебот или било која друга поделба што е направена.
Покрај мене секогаш има слободно столче ако знаеш на пристоен начин да комуницираш. Па кој сакаш биди, како сакаш викај се.

Јас сум за поединечно разгледување, прифаќање и почитување на личноста според нејзините самостојни карактеристики, без претходно да има класифицирање во некоја група и врз таа основа да се донесуваат заклучоци.

Толку имав.
 
H

HCL

Гостин
Во минатото луѓето што биле поинакви биле убивани. Порано светов не бил толку комплексен и разновиден. Кога процентот на разновидност е помал, тогаш разновидноста е полоша работа. Дури и научници биле убивани само затоа што биле попаметни од другите. Простата маса ги нарекувала вештери или незнам уште што не. Разликите се дефинитивно позитивна работа, да би биле сите исти, би биле како роботи, програмирани и кои неможат да еволвираат.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Разликите помеѓу луѓето се позитивна работа. Колку луѓе - толку различни ставови, различни карактери и толку поинтересни дискусии, ставови, споделувања и различни искуства.
Барем јас така гледам така на тоа. Мислам дека би требало да ги спојуваат луѓето, барем до одредена мера, нели плус и минус се привлекува, но сепак има и граници. Екстремни разлики меѓу луѓето само вршат раздорување и оддалечување на луѓето едни од други.

Дали треба да се надополнуваме и да учиме едни од други или слепо да веруваме само во тоа што сме ние и да ги осудуваме и мразиме оние поразличните од нас?
Па ете тоа го спомнав и погоре. Интересно е, треба од различните искуства да учиме едни од други, да допре до нас нова информација, нов став, кој можеби ќе не замисли, ќе не натера и од друг аспект да ги гледаме работите, на друг начин да ги примаме работите, а и некој друг може да научи од нас.

Баш мислам дека примање нови работи кои се различни од нашите, може да бидат и како скала за надоградување на човекот, бидејќи така ги проширува своите видици.
Но, луѓето како луѓе, обично го осудуваат и го отфрлаат она што е различно од нивниот стил и начин на живеење и она кое отстапува од општата рамка.
Некогаш, колку и да ме убедува некој за некои работи, ќе го ислушам соговорникот, но сепак мојот став ќе си остане цврст како и претходно, но за некои работи може и ќе се замислам.

Треба да веруваме и во нашите ставови, да гледаме да бидат поцврсти, поаргументирани, но не треба да ги мразиме поразличните од нас. Нема потреба од такви негативности, злобни зборови, погледи и слично. Па добро, на крај на краиштата секој има право на своја определба (без разлика каква е и без разлика дали јас го прифаќам тоа или не) и не гледам ништо лошо во тоа.

Мене ми е важно некој прво да е ЧОВЕК и се додека се однесува со почит кон мене, не гледа да ми наштети, не пробува да ми се меша и навлага во животот со намера да направи некој раздор и ми оди муабетот со тој човек - не ме интересира на која партија, вера, националност припаѓа или колку пари има.
Не ги судам и гледам луѓето според тие работи. Ги гледам внатрешните и важните вредности кај еден човек. Се друго е споредно. Битна е човечноста на човекот.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Аххх...Доста комплицирана тема на која може многу да се разговара.

Дивајн напиша:
Прашањето ми е, дали разликите помеѓу нас се позитивна или негативна работа?
Зависи од разликите.
Од една страна можеби разликите се тие што го прават светот поинтересен и ја убиваат монотонијата, но од друга страна има и разлики кои се негативни, разлики кои делуваат дискриминирачки на одредена категорија луѓе.

Во секој случај позитивно е да има разлики, спротивставени и различни луѓе, различни мислења, идеи....

Дивајн напиша:
Дали тие разлики треба да ги разделуваат или спојуваат луѓето?
Кога зборуваме за разлики,разликите се тие кои треба да ги разликуваат луѓето да ја надминат униформноста, а тоа е далеку од разделување. Напротив никоја разлика нема да се надмине со разделба или сл.

Дивајн напиша:
Дали треба да се надополнуваме и да учиме едни од други или слепо да веруваме само во тоа што сме ние и да ги осудуваме и мразиме оние поразличните од нас?
Првото-дефинитвно, но за жал не е така. Разликите како што кажав горе се причина за мразење, за дискриминација, за стигматизација. Ретко кој човек има доблест луѓето околу себе да ги прифати заедно со разликите.
Разликите најчесто се причина за конфликти. Различното мислење е причина за кавга.
Секој има желба и се стреми кон туѓо прифаќање на неговите особини и такво надминување на разликите. Ретко кој е спремен на компромис.

Дивајн напиша:
Дали треба секој човек да го гледаме како човек пред се`, па потоа како тоа што тој претставува и си е?
Да човекот треба да го гледаме исклучиво како човек, но треба да го прифатиме заедно со особините што ги носи тој „човек„, заедно со сите карактеристики и секако вклучувајќи ги и работите што го прават различен од нас.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Да на никого не му сметаат разликите. Сите демек се за разлики, демек сите сме исти а сите дискриминирате.

Прашањето ми е, дали разликите помеѓу нас се позитивна или негативна работа?
Дали тие разлики треба да ги разделуваат или спојуваат луѓето?
Не гледам на разликите нити како некоја позитивна нити негативна работа. Не мислам дека треба да ги спојуваат ниту да ги разделуваат луѓето. На разликите не треба да се обрнува внимание. Секој е таков каков што е. Зошто да се обрнува внимание на тоа?

Дали треба да се надополнуваме и да учиме едни од други или слепо да веруваме само во тоа што сме ние и да ги осудуваме и мразиме оние поразличните од нас?
Не гледам причина зашто би ги мразеле и исто така не гледам причина зашто повеќе би ги сакале. Едноставно е- треба да владее рамноправност меѓу луѓето а не субкултурата.

Дали треба да се надополнуваме и да учиме едни од други?

А кој се тоа тие едни од други? Секој има право на избор. Секој има можност да го избере она што го сака и она што нему му одговара. Нема што да се надополнуваме и да учиме нешто едни од други. Она што ми одговара ќе го вметнам во мојот живот, она што некому другого одговара нека си го присоедини тој и така. Ако се надополнуваме или менуваме искуства значи дека повторно акцент им ставаме на разликите. А нели сите сме исти? Нели на сите треба да гледаме како на луѓе, еднакви и рамноправни?

Дали треба секој човек да го гледаме како човек пред се`, па потоа како тоа што тој претставува и си е?
Ова е она нешто што најмногу ме нервира кај луѓето. Тоа што сите им судат на другите врз основа на вера, националност, сексуална ориентација, полова припадност, боја на кожа итн. (да не набројувам во интерес на сопственото време зошто нема да ми стигне уште еден месец цел ако почнам да набројувам колку многу поделби постојат). А при тоа никој не го гледа човекот. Од самиот почеток го декларира како нешто а потоа не се ни труди да го запознае подобро човекот и да увиди дали греши или не.

Сите сме луѓе- сите сме исти. Сите се раѓаме како tabula rasa - битна информација која сите ја забораваат. Потоа дали некој ќе се одлучи за христијанство или муслиманство, дали ќе живее во Македонија или во Франција, дали ќе биде стрејт или геј тоа е негово право и игра на судбината пред се што не значи дека треба да добие пониски вредности во нашите очи и да биде дискриминиран од наша страна затоа што можеби утре ќе дојде ред кога некој нас ќе не издискриминира. Никој не може да знае каде ќе го однесе животот.

Да потенцирам уште еднаш, општо реплицирајте за разликите дали се предности или мани со примери доколку сакате.
Не можев да се одлучам затоа што како што кажав погоре не ги гледам разликите ни како предност ни како маана.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Разлики....
Комплицирана работа.
Кога сите би можеле да научат нешто од разликите со другите луѓе...би било подобро нели...
Штета....не е така.
Секојдневно учам од разликите со светот,барем се трудам.
Ама...има еден човек...важен во мојот живот,а разликите се мамутски.
Никако не доаѓа до помирување.
Разликата е благослов,кој во голем дел од случаите станува клетва...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom