Работна позиција за веб девелопер

Статус
Затворена за нови мислења.

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Имам потреба од Веб Девелопер во Скопје, пожелно е да има искуство

Кандидатот треба да:
- има одлично познавање на HTML и CSS3
- има солидно познавање на jQuery и Javascript - не е потребно да правите чуда меѓутоа да знаете да работите со веќе постоечки плагини и да можете да ги модифицирате/знаете кога/каде да ги употребите.
- има основно познавање на Adobe пакетот - да знае да направи минимални измени на некој дизајн и да го исече тој дизајн во HTML/CSS
- има основно познавање на PHP и работа со WordPress и Joomla (најголемиот дел од работата ќе биде на овие две платформи при што се бара модификација на постоечки и/или кодирање на нови теми и плагини)
- знае да се снајде кога ќе наиде на потешкотии/багови. За секој проблем гугл има одговор(и) така да снаоѓање во такви ситуации е задолжително.
- биде спремен да учи/чита документација за сите нови работи со кои ќе се соочи.

Сите што се заинтересирани нека ми пратат ПП со портфолио.
Доколку имате некој познаник/другар/пријател кој ги има горенаведените квалификации исто така можете да го известите за оваа позиција и да ме контактирате преку ПП.
Понудава е сериозна и не е за краток временски период така да ве молам само сериозни луѓе нека ме контактираат.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
346
Поени од реакции
146
А да ни кажеше во кратки црти за што се работи? (Каква/за што страна, зашто секој си има различен вкус и верувам дека го интересира таа информација да ја добие пред да размислува нешто друго за понатаму)
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
А да ни кажеше во кратки црти за што се работи? (Каква/за што страна, зашто секој си има различен вкус и верувам дека го интересира таа информација да ја добие пред да размислува нешто друго за понатаму)
Не се работи за страна или проект, се работи за работна позиција како што кажува насловот.
Заборавив да напоменам дека е за во Скопје.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Поставена како важна. Топче, контактирај ме на профил коа ќе треба да се затвори темава.
 

ONE

Член од
21 декември 2008
Мислења
895
Поени од реакции
64
Во тој случај, дај информации за фирмата (ако воопште е фирма). Дај информации за претходни проекти, или почнуваш од почеток. Некакви информации, иначе вака не ја бива работата
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Во тој случај, дај информации за фирмата (ако воопште е фирма). Дај информации за претходни проекти, или почнуваш од почеток. Некакви информации, иначе вака не ја бива работата
Називот на фирмата и тоа дали почнува од почеток или не, се сосема ирелевантни во овој случај.

Нудам работна позиција за веб девелопер кој моментално нема работа.
Не барам фриленсери, ми треба човек со полно работно време во канцеларија од 9 до 5, од понеделник до петок, со месечни примања како во секоја друга фирма.

Доколку те интересира уште нешто бујрум на ПП со твоето CV/Портофлио, доколку не те молам не ми ја уништувај темата.

Поздрав
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Имате ПП за тие работи а и стварно не знам што е тоа толку битно, кај Топче нуди работа прво на некој од форумов па уште пребирања. Да имав уште малце повеќе скилови ќе го изнаспамирав досега :D
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Уште Joomla да немаше и секој ден да ми одговараше терминот, таман ќе беше. :)
Инаку, нема да е лошо да се наведе која е фирмата де... барем човек да знае во која фирма аплицира, каква репутација има и слично.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Работната позиција е пополнета со кајганџија, изгледа во право бев кога отворив оглас тука :)
Наскоро веројатно е дека ќе треба уште еден човек меѓутоа ќе отворам за тоа друг оглас кога ќе дојде време така да овој може да се затвори.

Уште Joomla да немаше и секој ден да ми одговараше терминот, таман ќе беше. :)
Инаку, нема да е лошо да се наведе која е фирмата де... барем човек да знае во која фирма аплицира, каква репутација има и слично.
Нема потреба да се наведе името на фирмата, нова е, нема репутација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom