Леле кај ме потсетивте на лексиконите да сте живи и здрави!!!
Значи едно време ептен беа “у шема“, правев секој месец нов лексикон и секој месец истите од школо и маало ми се потпишуваа. После толку време не ми е јасно како не ги мрзеше секој месец да одговараат исто на истите прашања, а мене како не ме мрзеше толку тефтери, тетратики да потрошам на истите прашања!
Имаше секакви прашања, дури на еден мислам стасав и до повеќе од 100 прашања...
Најјако беше прашањето: Сакаш ли нешто да ме прашаш? И последната страница беше одвоена за одговорите на прашањата. Најинтересни ми беа машките, демек сите викаа дека тоа се женски глупости, а кога ќе го донесевме у школо или било каде, се тепаа кој попрв да се потпише...
Еднаш у тоа дали сакаш да ме прашаш нешто, еден шо порано претходно ми беше симпатија ме праша: Дали те сакам?
Па знам, некои го грабаа да видат шо пишува под симпатии, па ние се тепавме со нив, не им го дававме...
Аааааааааааааааааааааааааа колку сакам со временска машина да се вратам, а бе само да се посматрам од страна и себе, ама и другите!!!