Работи од минатото

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
20.353
Да! Фала Кики.
Оваа луси остаре и се заборави од детството :icon_lol:
Зимај тема напрај сеа Лексикон место страни цртки клај, и ќе си одговараат децата, сите гарант имаат по некоја симпатија ќе си пишат шо ...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зимај тема напрај сеа Лексикон место страни цртки клај, и ќе си одговараат децата, сите гарант имаат по некоја симпатија ќе си пишат шо ...
Џабе ти е тема гаро ќе и влезе во џигер и ќе излезе темата гаро сака да каже...:icon_lol:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Леле кај ме потсетивте на лексиконите да сте живи и здрави!!!:LOL: Значи едно време ептен беа “у шема“, правев секој месец нов лексикон и секој месец истите од школо и маало ми се потпишуваа. После толку време не ми е јасно како не ги мрзеше секој месец да одговараат исто на истите прашања, а мене како не ме мрзеше толку тефтери, тетратки да потрошам на истите прашања!:pos:Имаше секакви прашања, дури на еден мислам стасав и до повеќе од 100 прашања...:ROFLMAO: Најјако беше прашањето: Сакаш ли нешто да ме прашаш? И последната страница беше одвоена за одговорите на прашањата. Најинтересни ми беа машките, демек сите викаа дека тоа се женски глупости, а кога ќе го донесевме у школо или било каде, се тепаа кој попрв да се потпише...:pos:Еднаш у тоа дали сакаш да ме прашаш нешто, еден шо порано претходно ми беше симпатија ме праша: Дали те сакам? :pos::pos::pos::pos::pos::pos: Па знам, некои го грабаа да видат шо пишува под симпатии, па ние се тепавме со нив, не им го дававме...:ROFLMAO:

Аааааааааааааааааааааааааа колку сакам со временска машина да се вратам, а бе само да се посматрам од страна и себе, ама и другите!!!:pos:

П.С 95 посто од лексиконите уште ги чувам!!:icon_mrgr:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леле кај ме потсетивте на лексиконите да сте живи и здрави!!!:LOL: Значи едно време ептен беа “у шема“, правев секој месец нов лексикон и секој месец истите од школо и маало ми се потпишуваа. После толку време не ми е јасно како не ги мрзеше секој месец да одговараат исто на истите прашања, а мене како не ме мрзеше толку тефтери, тетратики да потрошам на истите прашања!:pos:Имаше секакви прашања, дури на еден мислам стасав и до повеќе од 100 прашања...:ROFLMAO: Најјако беше прашањето: Сакаш ли нешто да ме прашаш? И последната страница беше одвоена за одговорите на прашањата. Најинтересни ми беа машките, демек сите викаа дека тоа се женски глупости, а кога ќе го донесевме у школо или било каде, се тепаа кој попрв да се потпише...:pos:Еднаш у тоа дали сакаш да ме прашаш нешто, еден шо порано претходно ми беше симпатија ме праша: Дали те сакам? :pos::pos::pos::pos::pos::pos: Па знам, некои го грабаа да видат шо пишува под симпатии, па ние се тепавме со нив, не им го дававме...:ROFLMAO:

Аааааааааааааааааааааааааа колку сакам со временска машина да се вратам, а бе само да се посматрам од страна и себе, ама и другите!!!:pos:
Прашањава кажи какви беа ретардос не ни беше рамен:pos:
Каква боја на очи имаш, колку си висок, каде учиш, кое одд си, па за симпатијата истите :pos:
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 00:56 ---


Химен го заборавив и орко духчето:) Прекрасен цртан.
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853


На ова сум тепал време ко ненормален-играјќи "bad dudes" и слични игрици.

Флиперските:

Вондер бој


Gun smoke

Street fighter
...





Едни од моите поомилени серии на времето.


Македонски народни приказни


Пожарникарот Сем



Мечето ушко



До Ре Ми-Тасе и Васе


Чудовишта во нашиот град




И многу други работи...:).
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прашањава кажи какви беа ретардос не ни беше рамен:pos:
Каква боја на очи имаш, колку си висок, каде учиш, кое одд си, па за симпатијата истите :pos:
Ќути! :pos: Еве моментално имам еден пред мене, си ги чувам во една фиока сите...
Еве ги и прашањата:
  1. Нешто за почеток!
  2. Како се викаш и презиваш?
  3. Напиши го твојот прекар!
  4. Кога си роден/а и што си во хороскоп?
  5. Напиши ја твојата адреса!
  6. Напиши го твојот телефон!
  7. Имаш ли брат/сестра и како се вика?
  8. Омилено јадење?
  9. Омилен пијалок?
  10. Каде учиш?
  11. И кое одделение си?
  12. Кој број си во дневник?
  13. Омилен предмет (училишен)?
  14. Омилена кола?
  15. Омилено цвеќе?
  16. Омилена боја?
  17. Што би сакал/а да си во наредниот живот?
  18. Нацртај нешто за љубовта! (Уште од мали нозе сум си го имала тоа!:ROFLMAO: )
  19. Што е за тебе љубов?:icon_mrgr:
  20. Дали си вљубен?
  21. Како се вика и колку години има?
  22. Дали веруваш во љубов на прв поглед? :icon_mrgr:
  23. Дали ти се скршило срцето?:ROFLMAO:
  24. Кој најмногу те нервира?
  25. Зошто те нервираат?:D
  26. Омилен македонски пејач?
  27. Омилена македонска пејачка?
  28. Омилена македонска група?
  29. Омилена македонска песна?
  30. Омилен странски пејач?
  31. Омилена странска пејачка?
  32. Омилена странска група?
  33. Омилена странска песна?
  34. Омилен глумец?
  35. Омилена глумица?
  36. Омилен сериски филм?
  37. Омилен игран филм?
  38. Кога последен пат си се смеел/а до солзи?
  39. Кога последен пат си плачел/а?
  40. Кога последен пат си бил/а ептен изнервиран/а?
  41. Кога последен пат си бил/а ептен исплашен/а?
  42. Што сметаш дека е најважно во една врска? :icon_mrgr:
  43. Омилен спорт?
  44. Омилен спортист/ка?
  45. Кој е твојот идол?
  46. Со која позната личност би снимил/а дует?
  47. Омилен креатор?
  48. Дали сакаш да ми кажеш нешто? :icon_mrgr:
  49. Од што се плашиш?
  50. Колку години сакаш да живееш?
  51. Кога последен пат си бил/а љубоморен/а?
  52. Дали си киднал/а од час?
  53. Дали си препишувал/а на тест?
  54. Дали некогаш си држел/а диета?
  55. Прашање за мене? (И во заграда стои моето име, да се знае!!:pos: )
  56. Која ти била првата љубов? :pos:
  57. Кого сакаш да нокаутираш?! (ВРВ!!!!! :pos::pos::pos::pos::pos:)
  58. Омилена песна (soundtrack) од филм?
  59. Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? :icon_mrgr:
  60. Омилен кошаркарски тим?
  61. Колку пати си бил/а вистински вљубен/а? :icon_mrgr: (А ова у 8мо одделение е иначе!:pos: )
  62. Во кој град би сакал/а да живееш?
  63. Во кој филм би сакал/а да се појавиш?
  64. Напиши го својот e-mail? (Тогаш само што се појавија, беше у мода да имаш мејл)
  65. Омилена компјутерска игра?
  66. Во која држава би сакал/а да живееш?
  67. Што мислиш за ЕМИНЕМ? (Ова беше мојата кулминација на мојата ЕМИНЕМ фаза!)
  68. Што мислиш за Nelly? (Него не го сакав, чисто само од инат го стаив!)
  69. Бритни или Кристина А. (на Агилера се мисли)?
  70. Напиши нешто за љубовта! (Ето мене опет! :icon_mrgr: )
  71. Дали водиш дневник?
  72. Го сакаш ли школото?
  73. Најдобри другарки?
  74. Најдобри другари?
  75. На кој датум го потпишуваш лексиконов?
  76. Омилено списание?
  77. За кој фудбалски тим навиваш?
  78. Каков/ каква дечко/девојка сакаш? :icon_mrgr:
  79. Веруваш ли во Господ?
  80. Која ти е најлоша навика?
  81. Веруваш ли во хороскоп?
  82. Ако фатиш златна рипка што би посакал/а?
  83. Што мразиш кај себе?
  84. Кои странски песни ти се досадни?
  85. Кој од славните личности те нервира?
  86. Дали сакаш да си славна личност?
  87. Омилена манекенка?
  88. Омилен месец?
  89. Омилен ден?
  90. Нацртај нешто за крај!
  91. Нешто за крај?
Ете ги сите прашања!!
:pos::pos::pos::pos::pos::pos: :pos:

Леле не можам, се присетив на добрите детски денови, ги читам и одговорите, вриштам од смеа!!!!:pos:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
20.353
Crazy in Love, како само ти текнаа бравос! ех тоа беа времиња, циркузи живи, детство бе па има ли нешто поубаво од спомениве..

leandra, ти теќиња Хи-Мен коа викаше јас сум моќен, а одоздола се слуша србијан синхронизејшн ЈА САМ МОЧАН хаххахахах
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Crazy in Love; ај вие помали па имате во прашањата и компјутерски игри и манекенки. Кај нас 20 прашања за тебе и 20 за симпатијата :pos:
Еј а ви текнува ли колку ритмички групи имаше за после школо или танго да играте на касетофон домкнат кој знае од каде, касетите спремни со љубовни песни и почнува танцот:pos:
Па после се вежба точка, па се идеше дури и по натпревари, во тие 80те беше многу популарно да се танцува:icon_mrgr:
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Добро само јас ли се сеќавам на серијата Арабела? :(
Ех, колку магија имаше таму, волшебно! :)

Гледам погоре сте ги ставиле Василица Прекрасна и Њу зајец.
Сте го заборавиле Три банана. :)
Плаши се од мене! Не се плашам!! :):)



Спорт Били.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom