Лексикон не најдов, ама ќе најдам.
Затоа си го најдов првиот дневник, имав 8-9 години тогаш, не сум сигурна колку точно, зошто само одделението го има, не сум сметала дека е потребно цел датум да го напишам
Цитати: (кој ќе ми пука сеир, ќе се лутам)
,,Дали е праведно да ти се смеат ако имаш симпатија? Па срцето не е компјутер да се програмира. Затоа и не знаат ниту една моја тајна и желба,, (се однесува на моите родители, ме заебаваа за симпатијата од одделение што ми беше)
Еве го МОМЕНТОТ, ама ова е покасно, тука имам 10 години сигурно ,,На квизот Бело Глувче добив: 5ЦД со музика, сјај за уста, пица од Боними и сет играчки!!!,, (возбудена до даска, исто и моите се возбудија кога стигна 4 ипол илјади сметка за телефон).
Еден од најсреќните моменти во мојот живот ,,Утре или денес ќе добијам Барби куќа!! Не можам да спијам од возбуда!!,,
,,Знам дека оваа љубов е вистинска. 3 години го сакам веќе. Само Ана го знае тоа, а на сите други им велам дека го сакам ***. Не сакам да мислат дека го сакам *** затоа што тој има толку многу
обожавателки pos
. Ама пак се разочарав. Тој е вљубен во Ивана, знам. А таа не го сака него. Јас ќе се борам за неговата љубов!!!,, --- ќе пукнам од смеење, многу сум била напатена, ама после има и среќни моменти, ---- ,,Е сега повеќе не е така! ** ми призна, не ја сака Ивана, ама не ми кажува која ја сака. Ама знам дека јас му се свиѓам, цело време ме гушка, а денес ме лулаше на лулашка! На роденденот на Ана, од сите машки тој прв стана и ме покани да играме танго.,,
... е сега ова после едно 2 години
,,Јас уште го сакам ** ама ќе се фатам со друг. За инат.,,
Иначе овој ми беше симпатија до некаде 7одд, после не го е*авав 2 посто, па некаде во 1ва средно он мене ме бркаше..... ми правеше ружички од салфетка
. Ама касно му беше, п*чка му мајчина, колку сум се напатила по него