Работи ко црнец за 100 евра

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Додека се привремено вработени за тој период ќе се рачунаат како невработени инаку колку што јас знам под јавна администрација не спаѓаат вработени што се вработени под општина од причина што општината со свои средства ги финансира своите вработени со исклучок на овој пример каде за општински вработувања државата дава пари. Македонија има над 150 000 јавна администрација , а според анализите на Македонија 70 000 се вишок, односно секоја година државата за тој вишок издвојува над 200 милиони евра за паразити , за 5 години тоа се 1 милијарда со една милијарда се прави Хидросистемот Чебрен и Галиште се довршува пругата со Бугарија, и тоа без кредити да се земаат без камати да се плакаат, а во мегувреме со започнување на изградба на овие два големи проекти ќе се отворат и нови работни места во градежништвото а македонските градежни компании ќе се препородеа, зошто гранката градежништво повлекува уште 20 други гранки и јас раздвижува цела економија, да не зборам за предностите што македонските компании че ги имаат поради поефтиниот транспорт со железници кон Бугарија што ќе го добијат , со што се покачува конкрентноста итн итн......................
И тие се во истиот куп. Само се нарекуваат јавни службеници. Во нашиот речник познати како најголеми паразити.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Седи и лежи како ага,ама без пари пак си клошар
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Абе не дека се топ, ама подобро отколку ништо.
Инаку се сложувам дека мора да се бараат поголеми плати, еден куп народ едвај крпи крај со крај. Трошоците растат, платите остануваат исти, а преродбата продолжува.
Тоа ми е поентата другар, кога сите ќе се побунат за поголема плата, голема е веројатноста таа и да се добие, а вака „еј доста им е“ им оди во прилог само на работодавците.

Инаку и 1 денар е поголемо од 0, ама што ќе купиш со тој денар!?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тоа ми е поентата другар, кога сите ќе се побунат за поголема плата, голема е веројатноста таа и да се добие, а вака „еј доста им е“ им оди во прилог само на работодавците.
Што ако се побуниш кога нема од каде да ти даде? Буни се до утре сабајле ако сакаш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Не е за чудење, премногу невработени (и вработени) робови има Македонија, затоа и им се може. Нови коли, нови станови, одмори од соништата...мора тоа некој да им го заработи.
Можда требаше минималец да стават 15-20.000 и секој месец да се корегира према цени и трошоци па кого бидува за газда в ред, кого не, нека затвори фирма па нека бара работа. Овде како што гледам секој отвора фирма, само ако има пари и врски...и кого бидува и кого не. После работникот му е крив па го толчи.
Уште ко марсовци ќе се чудиме зашто ни е просекот плата 15 те 17 те 20.000. Епа затоа ќе бега народ
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Минимална од 15000-20000 илјади нека направат кога ќе ги скинат административите на 50 000. Дотогаш нека не кажуваат закони за реален сектор, ами нека поработат да тргне економијата и да си го платат ддв-то и обврските кон реален сектор.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Еве како се прават реформи-што се направи францускиот претседател за кратко време

Францускиот претседател Франсоа Оланд за само неколку месеци откако дојде на власт ги намали платите на сите државни службеници за 25 насто, на пратениците за 33 насто, а на другите високи државни службеници кои заработуваат над 800.000 евра годишно им ја намали платата за 40 насто. Од тоа без да чепне во буџетот веќе има 4 милијарди евра со кои ќе ги финасира самохраните и невработени мајки.

Оланд ги укина сите протоколарни возила и ги даде на продажба на аукција.
Парите од продажбата ги намени за изградба на големи инфраструктурни проекти во неуредените предградија.

Објави и документ кој содржи 12 алинеи каде на сите државни претпријатија им ги укнинува службените возила. Оланд верува дека секој раководител кој заработува 600.000 евра годишпно може да купи автомобил. Ако тоа не го направи или е скржав или е неспособен или корумпиран, а на државните претпријатија според него не им требаат такви луѓе.

Со ова се добиваат 345 милиони евра кои од 15 август веќе се инвестираат во нови истражувачки институти за модерни технологии за што вработи 2560 млади научни истражувачи.

Тој одби да се запише фискалното право во Уставот, но со претседателски декрет го зголеми данокот на сите семјства чиј нето годишен буџет изнесува над 5 милиони евра. Со тие пари, без да го чепне буџетот, оваа година ќе вработи 59.870 образовани кадри, а од 1 септември уште 12.500 наставници и професори во државните институции.

На цркватаи го укина износот од 2,3 милијарди евра со кои се финансираа приватни училишта. Со овие пари сега ќе се градат 4.500 државни детски градинки и 3.600 нови училишта.

На банките кои ќе инвестираат во развој на домашното стопанство им даде даночни олеснувања, а на банките кои работат само со парични трансакции им го зголеми данокот.

Цела Европа се плаши од овие шокирачки мерки. Но резултатите во Франција се тоа што нема инфлација, а продуктивноста и конкурентноста се зголемија за прв пат во последните три години.

Извор: http://a1on.mk/wordpress/archives/28225
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Минимална од 15000-20000 илјади нека направат кога ќе ги скинат административите на 50 000. Дотогаш нека не кажуваат закони за реален сектор, ами нека поработат да тргне економијата и да си го платат ддв-то и обврските кон реален сектор.
што се виновни административците и што има врска нивната бројка за да ти поделиш плата на работникот како што треба? Ако има 20.000 администрација, дали ќе му дадеш на работникот 2000 евра? Сум видел стотици илјади евра ќар по фирми ама плата да качат? Ма јок.
Дали давачките према државата ти се зголемени од пред една деценија па затоа не може да им поделиш нормална заслужена плата и за колку се зголемени.
Можда еден од виновниците треба да го бараш во банкарскиот систем кој за 15-20 години ги исцеди и граѓаните и фирмите под закрила на Народна Банка.
И пак да повторам дека не е точно дека администрација (ова не знам по кој пат) има 120-150000, тоа беше обид на министерот да ги убаци здравство и образование у јавна администрација. Администрација брои околу 40-50.000, многу помалку по глава на жител и по вработен во други сектори од доста други држави кои се патем многу појаки од нас. Дали работи или точи од шупље у празно, не навлегувам, не е тема на муабет...тема се приватниците кои се изживуваат врз вработените што во повеќето случаи е точно така.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
што се виновни административците и што има врска нивната бројка за да ти поделиш плата на работникот како што треба? Ако има 20.000 администрација, дали ќе му дадеш на работникот 2000 евра? Сум видел стотици илјади евра ќар по фирми ама плата да качат? Ма јок, кој е работникот да му качат плата.
Дали давачките према државата ти се зголемени од пред една деценија па затоа не може да им поделиш нормална заслужена плата?
И пак да повторам дека не е точно дека администрација (ова не знам по кој пат) има 120-150000, тоа беше обид на министерот да ги убаци здравство и образование у јавна администрација. Администрација брои околу 40-50.000, многу помалку по глава на жител и по вработен во други сектори од доста други држави кои се патем многу појаки од нас. Сепак за нашето слабо стопанство и тоа е многу за одржување.
Можда еден од виновниците треба да го бараш во банкарскиот систем кој за 15-20 години ги исцеди и граѓаните и фирмите под закрила на Народна Банка.
:facepalm: Добро не се криви извини. Крив е начмиш од Свирипичино.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
И пак да повторам дека не е точно дека администрација (ова не знам по кој пат) има 120-150000, тоа беше обид на министерот да ги убаци здравство и образование у јавна администрација. Администрација брои околу 40-50.000, многу помалку по глава на жител и по вработен во други сектори од доста други држави кои се патем многу појаки од нас. Дали работи или точи од шупље у празно, не навлегувам, не е тема на муабет...тема се приватниците кои се изживуваат врз вработените што во повеќето случаи е точно така.
Сакаш да кажеш дека има 70000-100000 вработени во државно образование и здравство?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
што се виновни административците и што има врска нивната бројка за да ти поделиш плата на работникот како што треба? Ако има 20.000 администрација, дали ќе му дадеш на работникот 2000 евра? Сум видел стотици илјади евра ќар по фирми ама плата да качат? Ма јок.
Дали давачките према државата ти се зголемени од пред една деценија па затоа не може да им поделиш нормална заслужена плата и за колку се зголемени.
Можда еден од виновниците треба да го бараш во банкарскиот систем кој за 15-20 години ги исцеди и граѓаните и фирмите под закрила на Народна Банка.
И пак да повторам дека не е точно дека администрација (ова не знам по кој пат) има 120-150000, тоа беше обид на министерот да ги убаци здравство и образование у јавна администрација. Администрација брои околу 40-50.000, многу помалку по глава на жител и по вработен во други сектори од доста други држави кои се патем многу појаки од нас. Дали работи или точи од шупље у празно, не навлегувам, не е тема на муабет...тема се приватниците кои се изживуваат врз вработените што во повеќето случаи е точно така.
кажи ми што работи администрацијата за тие пари што ги зема ?!! на кој шалтер да сум стапнал треба со молење за да се заврши работата,па чекање па триста дрангулии и глупости + ПАРИ !! или власта си осигура одреден број на гласови па што сака нека се работи

нека ги направат на процент,според залуги - редно е веќе еднаш
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
:facepalm: Добро не се криви извини. Крив е начмиш од Свирипичино.
штом немаш некој одговор, здравје...се мислев ако толку се платени приватно да ги привлечете идните административци да работат приватно, да се намали државната администрација.
сеа гледам не е додуша ниту темата за администрација и приватници.
--- надополнето: 22 август 2012 во 15:00 ---
кажи ми што работи администрацијата за тие пари што ги зема ?!! на кој шалтер да сум стапнал треба со молење за да се заврши работата,па чекање па триста дрангулии и глупости + ПАРИ !! или власта си осигура одреден број на гласови па што сака нека се работи

нека ги направат на процент,според залуги - редно е веќе еднаш
Не знам што јас имам со тоа на шалтер. И мене ме заебаваат кај што можат на шалтери.
А за работењето пишав погоре
Дали работи или точи од шупље у празно, не навлегувам, не е тема на муабет
Сакаш да кажеш дека има 70000-100000 вработени во државно образование и здравство?
види податоци за вработени на нет. Војска, ЈП, полиција...На памет не знам, отприлика тука се негде.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Интересно ми е на секоја тема владата е виновна, дури и за платите на приватно без разлика на профитот. ама штом нема некој одговор, здравје...
сеа гледам не е додуша ниту темата за администрација и приватници.
Секоја тема во која се разгледува економијата на Македонија мора во себе да го содржи и изворот на најголемите проблеми, државната администрација. Не може, колку и да сака човек да ја избегне.

види податоци за вработени на нет. Војска, ЈП, полиција...На памет не знам, отприлика тука се негде.
Како може некој да најде колку има вработени во државната администрација, кога и самите министри и одговорни не знаат?

Еве од интернет нешто од претходно.

Бројот на државни службеници пораснал од 115 на 165 илјади


Директорката на Агенцијата за администрација, Жаклина Николовска, на чија адреса исто така е испратена пораката за прекумерно вработување, вели дека оваа институција не е надлежна за формирање на регистарот , односно формирање на точната бројка административни работници.

Јавната администрација расте на терен..


Иако јавната администрација во Македонија веројатно достигна 180.000 лица, во евиденцијата на Буџетот пишува дека се намалува бројот на вработените во повеќе јавни сектори. Министерот за одбрана, Фатмир Бесими, кој прв, во интервјуто за “Капитал“, ја објави бројката од 180.000 административци во јавниот сектор, вели дека таа сe уште не е потврдена.
“Бројката од 180.000 вработени во јавната администрација, која не е потврдена од ниту една државна институција, како Заводот за статистика или Министерството за информатичко општество и администрација, се однесува на сите вработени во јавниот сектор, а тука спаѓаат државните компании, јавните претпријатија и слично“, вели Бесими.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Како може некој да најде колку има вработени во државната администрација, кога и самите министри и одговорни не знаат?

Еве од интернет нешто од претходно.

Бројот на државни службеници пораснал од 115 на 165 илјади
Можеби, јас гледам официјални податоци каде вели дека во Оддел 84 Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување работат 44.000 лица. Дали дел од јавната е распределена и во други Оддели во НКД класификацијата, не ми е познато. Ваљда проблем ни е слабото стопанство.
Еве од меѓународни публикации за бројот на јавна администрација

THE DIMENSION OF PUBLIC ADMINISTRATION IN CENTRAL AND EASTERN EUROPEAN COUNTRIES IN THE CURRENT FINANCIAL CRISIS вели Бугарија од 2.3 милиони вработени има 700.000 во јавна администрација (30%), Унгарија 22, Франција 23, а во Романија 29% од вкупно вработените. Меѓу првите 10 по број на јавни службеници на 1000 жители се Норвешка, Русија, Шведска, Словенија

Секоја тема во која се разгледува економијата на Македонија мора во себе да го содржи и изворот на најголемите проблеми, државната администрација. Не може, колку и да сака човек да ја избегне.
Дури и за кратење на правата на работникот и кратење на плата во приватна фирма? Доста фирми работат одлично ама тоа не се одразува на подобрувањето на работничките права и плати.
Ме интересира (пошто претходно добив :facepalm: како одговор) дали со зголемување на јавната администрација се зголемени давачките на фирмите према државата? Да кажеме споредба пред 5 или 10 години и сега. Дали задолжувањето на фирмите се должи на истите тие давачки или на други фактори (банки, комуналии...). И зошто доколку фирмата не е способна да исплати плата да кажеме како за белец, не го намали бројот на вработени или не ја затвори фирмата туку се се сведува на кратење од џебот на тој работник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom