Работи ко црнец за 100 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Премногу расистички делува насловот на темата.
А во врска со платата... мала е стварно, со тие пари не се покриваат основните трошоци на еден член, а не пак да треба да издржува фамилија со оваа симболична сума- невозможно е.
 
6000 е многууууууууууууу поголемо од 0

во многу конфекции жените работат по 10-12 часадневно за 8000

социјална држава не значи ти да лежиш а друг да те рани....срамота е физички и ментално здрави луѓе да седат по цел ден и да кукаат како никој не им помага.....познавам луѓе кои работат по две работи само за да сврзат крај со крај....и не се жалат

....една работа е што некои ги опљачкаа фабриките и луѓето преку ноќ останаа на улица но сосема друго е што дел од тие луѓе воопшто не се трудат да работат....наравиле по 8-9 деца и само кукаат како не можат да ги прехранат....

точно е дека 7000 никому не стигаат....но подобро да однесам дома 7000 денари...отколку цел ден да седам и да филозофирам кој украл повеќе и кој бил подобар пастир
 
Во понеделник трае повикот за ангажирање невработени лица на приврема работа за Јавни работи при Град Скопје. Градските власти врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, објавија јавен повик до евидентираните невработени лица да се вклучат во Јавни работи.
Со огласот се повикуваат долгорочно евидентираните невработени лица, ниско квалификуваните невработени лица и повозрасните лица над 55 години за период не подолг од 6 месеци. За секое невработено лице кое ќе биде работно ангажирано во Јавни работи се предвидува финансиска поддршка во износ од 7.600,00 денари месечно. Во нив е вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Правата и обврските помеѓу невработените лица, Градот Скопје и Агенцијата за вработување ќе се уредат со склучување на посебни договори. За време на Јавните работи, работно ангажираните лица не ги губат правата по основ на невработеност.


Може градот Скопје да купува споменици и сл. а при тоа да дава огромни пари а овде бараат работници кои ќе и работат ко црнци за 100 евра треба да им биде срам КОЦЕ и компанија :facepalm:
Поглуп наслов за темава да бираше неможеше да најдеш:facepalm:
 
Лионче, овие ќе ги рачунаме како државна администрација или ќе ги прескокнеме?
 
Епа пошто се топ 7600 денари, сите да ги напуштите вашите работи и да се пријавите, пошо нели е ТОП!

Ееее македонче место да се бори за повеќе топ му се сто евра и после скап бил животот, море уште поскап треба и пак нема памет да им дојде. :tapp:
 
Епа пошто се топ 7600 денари, сите да ги напуштите вашите работи и да се пријавите, пошо нели е ТОП!

Ееее македонче место да се бори за повеќе топ му се сто евра и после скап бил животот, море уште поскап треба и пак нема памет да им дојде. :tapp:

Абе не дека се топ, ама подобро отколку ништо.
Инаку се сложувам дека мора да се бараат поголеми плати, еден куп народ едвај крпи крај со крај. Трошоците растат, платите остануваат исти, а преродбата продолжува.
 
Има голема разлика од 0 до 100 евра.Инаку јас сум главен уредник во Сител телевизија и Вечер земам 5000 илјади мање више.
 
Лионче, овие ќе ги рачунаме како државна администрација или ќе ги прескокнеме?
Додека се привремено вработени за тој период ќе се рачунаат како невработени инаку колку што јас знам под јавна администрација не спаѓаат вработени што се вработени под општина од причина што општината со свои средства ги финансира своите вработени со исклучок на овој пример каде за општински вработувања државата дава пари. Македонија има над 150 000 јавна администрација , а според анализите на Македонија 70 000 се вишок, односно секоја година државата за тој вишок издвојува над 200 милиони евра за паразити , за 5 години тоа се 1 милијарда со една милијарда се прави Хидросистемот Чебрен и Галиште се довршува пругата со Бугарија, и тоа без кредити да се земаат без камати да се плакаат, а во мегувреме со започнување на изградба на овие два големи проекти ќе се отворат и нови работни места во градежништвото а македонските градежни компании ќе се препородеа, зошто гранката градежништво повлекува уште 20 други гранки и јас раздвижува цела економија, да не зборам за предностите што македонските компании че ги имаат поради поефтиниот транспорт со железници кон Бугарија што ќе го добијат , со што се покачува конкрентноста итн итн......................
 
Eпа кога е топ 100евра плата нека си ги вработат децата нивни или татковците и нека се радуваат.
Читам е не верувам,топ било 100евра се читате бе вие? повеќе од 0 да.. и 3000 да му даваат ќе речете подобро 3000 одколку 0.
 
Подобро 7600, него дома да вегетира по цел ден...Ако не друго барем сметките ќе ги плати...За младите овде нема работа, а камоли за тие на 55 и плус без никакви квалификации во животот...
Туку да беше некој поатрактивен конкурс, до сега ќе се испотепаа по штабовине кој да се дочепа до работа...Косите ќе си ги испокубеа...
 
Многу луѓе работат 365 дена во годината без слободен ден или одмор за исти пари или за 1000 денари повеќе а и ги третираат како кучиња не како луѓе. Подобро 6 месеци за 7600 денари отколку цела година дома да седи гладен и да кука дека нема пари. Јас работев 1 и пол година за 5000 денари на месец без слободен ден и без здравствено и пензиско осигурување.
 
Абе од ваш џеб им ги даваат тие пари.Го разбирате ли вие тоа? Сигурно ви е убаво да ви земаат пари од џебот, па една обична популистичка мерка, која е остварена со пари од вашиот џеб, ја поздравувате. :facepalm:
 
Премногу расистички делува насловот на темата.
А во врска со платата... мала е стварно, со тие пари не се покриваат основните трошоци на еден член, а не пак да треба да издржува фамилија со оваа симболична сума- невозможно е.

Стварно делува насловот расистички, сигурно сега ќе се навредат црнците у нашава држава тоест црнецот од К15.
 
Стварно делува насловот расистички, сигурно сега ќе се навредат црнците у нашава држава тоест црнецот од К15.
Абе да не одам офтопик...али во Охрид на новиот факс за информатика, имат многу црнци.
Нема врска дали некој го чита или не, така делува.
Иначе јас би го преименувал- работи ко македонец за 100 евра.
 
Дај што ќе дадеш него 7600 сега пред пет години и пред десет години ја немаат истата вредност ги изеде инфлација.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom