Работа на брод

Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.931
Поени од реакции
2.775
SK-92 Очигледно имаш недостаток од информации и вишок предрасуди. Најверојатно имаш и другар или два кои пробале брод па се откажале.
Инаку јас работев на брод првин како фотограф, а сега сум продавач во фри-шоп.

Кажи ти што нудиш :)
Јас неможам да ти понудам тебе.
Ама ете, тој со германски му понудив, ама него никаде го нема да ми прати CV.
Гарантирам дека со јазик како германскиот или некој од скандинавските, големи се шансите да најдеш работа во одредени локации во гејминг индустријата.
Сега и Бугарија заедно со Романија (Софија+Букурешт) се новите локации во Европа каде големите компании отвораат свои канцеларии.
Истотака и Тбилиси стана доста популарна дестинација, ама дека Грузија не е во ЕУ, малце поспоро им оди.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
3.822
Поени од реакции
2.852

gi pogodi gradovite i drzavite lol... sfati deka ima luge sto sakaat drugi raboti, brod si ima svoi prednosti. nemaat trosoci, setaat, zapoznavaat luge od cel svet... ima mnogu luge sto nemozat kompjuter da zamislat podolgo od 20tina min
 
Добро да, разбирам за ова со компјутерите.
Ова за со Бугарија,Романија и Грузија беа чисто примери. Сеуште таму не е развиено како во Гибралтар, Малта, Ирска.
Ја разбирам и желбата да се види повеќе. Брод е опција број 1 кога е шетња во прашање.
Туку поентата ми беше дека е жално некој што супер го познава германскиот да иде на брод, кога може да просперира на друго место.
Плус, да се напомене дека од лани, откако во САД дозволија онлајн спортско кладење, ненормално брзо се отвараат компании.
А кадар се во дефицит, така да за 5-10 години, американците сакале нејќеле, ќе мораат да увезуваат кадри во оваа област од Европа.

П.С. Колега италијанец се вработи во ПокерСтарс Софија и заработува 900€. Обезбеден му е еден месец смештај додека да се снајде, приватно здраствено осигурување, платена теретана и уште низа поволности. Мислиш дека директор е, а он само customer support agent.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.257
Поени од реакции
4.432
Старееш другар..не ти фаќа окото на апарато појке а ? :P :D
Слабо купуваат фотографии гостите па се пребацив на наочаре за сунце, све видиш само сунце не видиш :pos::pos::pos:
Автоматски споено мислење:

П.С. Колега италијанец се вработи во ПокерСтарс Софија и заработува 900€. Обезбеден му е еден месец смештај додека да се снајде, приватно здраствено осигурување, платена теретана и уште низа поволности. Мислиш дека директор е, а он само customer support agent.
Јас мислев којзнае што и какви услови имало, у гејминг индустријата. За тие пари и услови ќе работам бифе стјуард, ќе им давам сендвичи со лосос на гостите и ќе живеам многу подобро отколку у Софија ;)
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
855
Поени од реакции
811
Дечки, нешто повеќе за работа како пожарникар? После нова година има тура која оди во Марсеј, таму работата ти е како некој надзорник или обезбедувач во случај на пожар на местото каде што ќе се реновира/реконструира бродот. Работата е 30-40 дена а дневница од 32ФУНТИ.

Некој со искуство да споделинешто повеќе?
 
Член од
22 декември 2019
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво дечки, направив профил чисто да прашам неколку прашања, бидејќи гледам дека ве има тука прошетани и искусни за работа на брод.
Ме интересира специфично работата на NCL, работно место-крупие, а прашањата се следни:

1. Колку долго трае процедурата ( во просек) од моментот на положувањето на Марли тестот до тргањето на брод?

2. Колку и кои се трошоците што ќе ме чинат за да стигнам до дестинацијата која ќе ми биде посочена и дали во тие трошоци е вклучена и одредена сума за компанијата медијатор ( во случајов тоа е Коузон)?

3. Дали има посебна листа на предмети/лекови/облека/останато кои што смеам или несмеам да ги носам во себе/да ги имам на брод?

4.Што е значењето на тримесечниот trial период наведен од страна на регрутерот ?

5. Општо дали има некој на форумов што има искуство како крупие на NCL и би сакал да ми даде добронамерни совети ( немате корист ако ме излажете :) )

Иако сигурен сум дека добар дел од прашањава ќе ми бидат одговорени од страна на вработените во Коузон, посакав да слушнам и неколку различни мислења from different angle :D
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
272
Поени од реакции
282

Здраво, за NCL можам донекаде да ти одговорам на прашањава

1. Процедурата трае месец до три месеца откако ќе завршиш со интервјуата, прво во агенцијата а после и со компанијата, Марлинс тестот е чисто за проверка на англискиот, обично тестот е помеѓу интервјуто со агенцијата и интервјуто со компанијата, или после интервјуто со компанијата.

2. За NCL немаш некои посебни трошоци за пат, го покрива компанијата, ти треба да си платиш за VISA C1/D и за лекарското, кои пари ќе ти бидат вратени со првата плата на брод, чувај си ги сметките. Коузон дали и колку зема за “агенциски трошоци“ не знам. Ако не се лажам, откако ќе полеташ, па до моментот кога ќе се укрцаш на брод, NCL ти дозволува да трошиш по 20 или 24 долари на ден за храна и сок, не сум сигурен дали тоа се уште важи. И пак, чувај си ги сметките.

3. Од лекови, не за на брод, туку чисто и за патот до брод со авион мислам дека не смееш да имаш потешки антибиотици или антибиотици воопшто, не знам, од лекови што носев со мене беше парацетамол, витамин ц, медицински јаглен и кафетин. Немав проблем за било кои од тие лекови. Од електронски апарати, машинка за шишања смееш, на друго не ми текнува, секако немој да се повееш со електрично ѓезве на брод. Имаш амбуланта на брод у случај да ти треба нешто, пред амбулантата има кутии со гага таблети против лошење, ханзапласт и кондоми. Neat, huh?

4. Секој месец добиваш евалуација, како работиш, касниш ли на работа често или воопшто, комуникација со гостите и сл. и после три месеци, да речеме, со лоши оценки, компанијата може да те отпушти од работа. Ако се си е во ред, никому ништо, со добри евалуации можеш некоја промоција да фатиш, што и да е над тебе. Покрај секој месец евалуација, NCL мислам дека прави и тримесечна некоја, и финална.

5. Како крупие не, али како поранешен вработен на NCL, што знам... зависи од бродот првенствено, ако си на помал брод ќе имаш фин живот, а ако си на голем брод (Breakaway, Getaway, Escape, Bliss, Joy, Encore) ќе имаш по слаб социјален живот, пошто се огромни бродовите, али па би требало на тие да имаш и повеќе бонуси, сепак, зависи каде ќе си лоциран, каква ќе биде демографијата на гостите, кој период од годината е.. Како Казино, добиваш еднокреветна соба со купатило кое ќе го делиш со уште еден од твојот тим. Храна и кафе имаш во мензата скоро цело време, алкохолот и цигарите си ги плаќаш нормално, не смееш да имаш жестоки пијалаци во соба или на влез во бродот, ако не се лажам имаше правило кое велеше “по 6 пива или 1 вино на човек“, у смисол, во фрижидерод во соба толку смееш максимум да имаш. Теретана имаш на располагање, масовнни журки за екипажот еднаш на месец или еднаш на два месеца, јер да барот за екипаж работи секоја вечер.
 
Фала за одговорите ...и уште едно последно прашање. Знам дека зависи од карактер до карактер ама со овие примања колку би можело да се заштеди во просек за 9 месеци ? Ме интересира твоето мислење бидејќи веќе имаш искуство со НЦЛ.

Compensation: U.S. $50 + tips (combined monthly guarantee of $1,600)/ per month while onboard
 
не знам да ти одговорам на ова, во мојот оддел различно беше плаќањето, плата + бонуси + што си продал од одредени продукти. Знам дека тие што беа во Казино беа задоволни, кога бродот е укотвен не работеа се додека не исплови а тоа е секој втор ден. Така да им се фаќаше и многу слободно време, али па затоа кога бродот беше по цел ден на море, работеа бајаги. Пак имаа некој баланс би рекол. А со платата и бонусите стварно не би знаел што да ти кажам, али пак си е до човекот од аспект на заштеда, ако сакаш да заштедиш, ќе се лишеш од некои земјени задоволства како излагање секој можен момент и трошење на кеш по градовите каде што ќе биде укотвен бродот. Мој совет, троши, шетај, види. Од тука се сомневам дека ќе се повееш некад да отидеш на одмор во Куба, или Бермуда или некоја друга интересна локација, пошто после првиот договор, наредните договори веќе ќе ја знаеш шемата, и полесно е за заштедување.
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
272
Поени од реакции
282
бев денес до Мајоми, ми кажаа дека набрзо Vidgin Voyages ќе имаат интервјуа кај нас и имаат отворени позиции. Ако има некој заинтересиран нека ги посети. Не дознав кои позиции ќе бидат за интервју, јбг, набрзина ми испадна.
 
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1.234
Поени од реакции
1.222
поздрав дечки,некој да сподели искуство со контекс агенцијата тие даваат вработување само во мегдоналд,благодарам
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.342
Поени од реакции
687
Дали се знае за Мекедонците на Принцез Диамонд, дали се дел од посадата, пошто овие се дел од Карнивал, и дали има некој работено таму?
 
Член од
22 декември 2019
Мислења
3
Поени од реакции
0
Decki, ima li nekoj sto koristel ocean pay visa I znae kako se koristi za prakjanje pari tuka vo mkd? Mozebi na vas poiskusnite ke vi zvuci glupo ama epten mi e bitno da gi znam osnovite t.e Dali smetkata na koja sto uplakjam moze da e denarska ili Mora devizna, Dali Mora swift code I sekako Dali treba da simnam mobilna aplikacija I koi podatoci mi trebaat za primacot na pari tuka vo mkd ( think of me as a 5 year old ) . Thanks
 
хух, чекај сега, како беше... добиваш нивна ВИЗА, и можеш да си се логираш на страната на визата од каде што ќе праќаш пари. Јас бев на Тутунска тогаш и ми требаше свифтот (TUTNMK22) за да праќам кеш на мојата картица, провизијата беше 8 долари мислам. Парите ми стигнаа тука, на девизната сметка (ама, читај понатака...). Знам дека мене ми стигаа во долари, али, проблемот беше што не ми стигаа за вадење, туку на некоја меѓусметка. И поради тоа (а тоа е дека мора да си ги оправдаш парите од каде ти доаѓаат, доказ дека не переш пари) отидов со Писмото за Работа, пасошот со визата, за да направат копии таму во НЛБ, да можат парите да ми стигнат на трансакциска сметка.
Исто така направив и уште една картичка за да можат моите да вадат пари кога им треба, ваљда тоа е полномошно нешто.

ме разбра? јас имав проблем да си се разберам малку :D
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
268
Поени од реакции
208
не сум имал ocean pay ама нешто да се надоврзам на kazanski. Немој во никој случај да ги префрлиш на своја сметка, мислам дека само тогаш мораш да ги правдаш... другарка така се зезна со префрлање сама на себе а друг другар преку western union сам си ги прати. префрли ги кај родител, сестра брат парите и не мораш да ги правдаш.
 
На врв Bottom