Здраво, за NCL можам донекаде да ти одговорам на прашањава
1. Процедурата трае месец до три месеца откако ќе завршиш со интервјуата, прво во агенцијата а после и со компанијата, Марлинс тестот е чисто за проверка на англискиот, обично тестот е помеѓу интервјуто со агенцијата и интервјуто со компанијата, или после интервјуто со компанијата.
2. За NCL немаш некои посебни трошоци за пат, го покрива компанијата, ти треба да си платиш за VISA C1/D и за лекарското, кои пари ќе ти бидат вратени со првата плата на брод, чувај си ги сметките. Коузон дали и колку зема за “агенциски трошоци“ не знам. Ако не се лажам, откако ќе полеташ, па до моментот кога ќе се укрцаш на брод, NCL ти дозволува да трошиш по 20 или 24 долари на ден за храна и сок, не сум сигурен дали тоа се уште важи. И пак, чувај си ги сметките.
3. Од лекови, не за на брод, туку чисто и за патот до брод со авион мислам дека не смееш да имаш потешки антибиотици или антибиотици воопшто, не знам, од лекови што носев со мене беше парацетамол, витамин ц, медицински јаглен и кафетин. Немав проблем за било кои од тие лекови. Од електронски апарати, машинка за шишања смееш, на друго не ми текнува, секако немој да се повееш со електрично ѓезве на брод. Имаш амбуланта на брод у случај да ти треба нешто, пред амбулантата има кутии со гага таблети против лошење, ханзапласт и кондоми. Neat, huh?
4. Секој месец добиваш евалуација, како работиш, касниш ли на работа често или воопшто, комуникација со гостите и сл. и после три месеци, да речеме, со лоши оценки, компанијата може да те отпушти од работа. Ако се си е во ред, никому ништо, со добри евалуации можеш некоја промоција да фатиш, што и да е над тебе. Покрај секој месец евалуација, NCL мислам дека прави и тримесечна некоја, и финална.
5. Како крупие не, али како поранешен вработен на NCL, што знам... зависи од бродот првенствено, ако си на помал брод ќе имаш фин живот, а ако си на голем брод (Breakaway, Getaway, Escape, Bliss, Joy, Encore) ќе имаш по слаб социјален живот, пошто се огромни бродовите, али па би требало на тие да имаш и повеќе бонуси, сепак, зависи каде ќе си лоциран, каква ќе биде демографијата на гостите, кој период од годината е.. Како Казино, добиваш еднокреветна соба со купатило кое ќе го делиш со уште еден од твојот тим. Храна и кафе имаш во мензата скоро цело време, алкохолот и цигарите си ги плаќаш нормално, не смееш да имаш жестоки пијалаци во соба или на влез во бродот, ако не се лажам имаше правило кое велеше “по 6 пива или 1 вино на човек“, у смисол, во фрижидерод во соба толку смееш максимум да имаш. Теретана имаш на располагање, масовнни журки за екипажот еднаш на месец или еднаш на два месеца, јер да барот за екипаж работи секоја вечер.