A
Amelie85
Гостин
Мислам дека е мн тешко да се напредува во друга индустрија различна од Hospitality, има мн голема конкуренција шо не значи дека е невозможно, зависи кој кков афинитет има, дури и во хотелиерство не е така едноставно, на пример во Front Office може да се сретнат некои искомплексирани "западњаци" шо не успеале да напреднат у својата земја па сеа се упикаваат да станат некои асистант менаџер и сл. Мн тешко околу такви до успех за некој од Источна Европа... Сепак подобро е F&B department плус и бакшиш се зема а у фронт офис само плата земаат и иста е како на ф&б хостеса околу 2000 ријали/дирхами или 200 бахреински динари... А и средината у фронт офис е нездрава само површни луѓе наоколу никаков значаен муабет со нив... Обично такви коментари има за cabin crew шо според мене не е точно, доста смирени и интелигентни особи имам сретнато од "cabin crew" ... Инаку техничкиот дел во хоспиталити брзо се учи, есенцијални се меѓучовечките односи ( емоционална интелигенција ) и физичка издржливост, сепак да стоиш 14 саати не е лесно... Значи цело време си на нога, цело време мора да си у добро расположение, како хостеса цело време мора да се биде на деск никако дескот не треба да биде празен шо за мене некои дрнови значеше и да неам време да јадам како шо треба, некои денови кога бев сама у смена 10 минути пауза имав за јадење и назад на деск у случај некој гостин да дојде тоа време или да заѕвони некој за да резвира маса или да нарача "take away" ... Значи и менито требаше да се знае целото, исто како серверите, некогаш требаше и јас да зеам нарачка, ресторанот требаше јас да го чистам значи и тоа е дел од "job description" а не само "greeting&taking reservations", требаше и финансиски репорти да правам, на пример некој гости имаа дискаунти во сметката и на крајот на денот требаше да правам сума сумарум... Исто требаше да водам евиденција колку чаршави и салфети се праќаат на перење шо значеше сите требаше да ги избројам, требаше да правам "сет ап" на масите, значи кај треба вилушка чаша да се стави како да се свитка салфетката, сепак пет ѕвезди е ресторанот хахаха... Требаше да се справувам и со "каприциозни" гости кога сакаа некоја посебна декорација на масата или десерт за специјален повод, кај мене доаѓаа на деск па после јас идев у кујна да му пренесам на "пастри" ... Значи имаше такви "tedious" детали од таа работа шо ако си егоцентрична особа тешко дека ќе ги поднесеш... Значи работата во хоспиталити бара карактер шо ќе мисли на другите луѓе/гостите и ќе се заборави себеси (selfless personality)