Работа во Катар и Дубаи

Член од
15 септември 2017
Мислења
8
Поени од реакции
2
Со париве за кои зборите ич не мислите да доаѓате во Дубаи. Градот е многу скап. Движењето низ него е многу сложено. Достапни ви се работите само во околина на метростаниците, а ги нема многу. Тоа е повеќе како воз отколку метро и треба да ја проверите близината пред да одите таму каде што сте се намерачиле да одите затоа што може да биде пекол, улиците се огромни, небезбедни и многу брзо се вози. Скапотијата е правопропорционална со местото на живеење. Убавите, европски и туристички делови се нормално поскапи, а Деира, Бур Дубаи и другите постари делови се налик на Њу Делхи или Манила. Безбедно е, ама ќе ве загледуваат затоа што белци скоро да нема.
Тежок град за живеење. Леснотијата од Скопје или друг македонски град да си ја заборавите.
 
A

Amelie85

Гостин
Како и да е решена сум да заминам преку Коузон. Минатата година сакав да заминам да работам како конобар во Бахраин ама преку глобал ворк и кога ми беше спремна и визата и картата авионска јас се откажав. Сега не знам дали ќе имам проблем заради тоа. мислење ?[DOUBLEPOST=1508786481][/DOUBLEPOST]И некој ако заминал преку Коузон да пише искуство ве молам.
Добро е што не си се одлучила да доаѓаш во Бахреин, Бахреин е скап (како Дубаи) и многу досаден, јас живеам во Манама неколку години и размислувам да си одам од тука, многу е досадно, само за Саудијци е интересно... Нема да имаш проблеми со виза во други земји од блиски исток, само ако се решиш да аплицираш за виза повторно во Бахреин, мислам дека ќе имаш помали шанси за да добиеш виза.. немаш „бан“ за виза во други гцц земји ако мислиш на тоа.. не ти препорачувам ресторан за работа, многу комплицирани луѓе работат во тој департман, ама ако си решила во ресторан, одбери да е во склоп на хотел и да е лиценциран со алкохол, а не да е независен, надвор од хотел, пошто ќе бидеш ограничена со контакти и некако ќе се осеќаш изолирано.. ти кажувам од лично искуство.. моментално сум во департман храна и пијалоци и мислам да го сменам департманот.. не е ресторан за женско, дури и хостесите се измалтретирани.. некако многу индијци идат да работат во овој департман и нон стоп е драма боливуд со нив.. преку глава ми се.. не препорачувам за женско да оди да работи во ресторан превише вербален „харасмент“.. инаку за Катар може да кажам дека периодов е многу добар за работа, платите се поголеми зашто нели Катар има Бан од другите гцц земји од Јуни годинава, па за да привлечат работници ги зголемија платите.. сместувањето во Катар е добро, бар мене ми беше добро кога бев пред 3 години во Доха.. Животот во Катар е поефтин отколку во Бахреин или Емирати.. Превозот е поефтин и храната исто така.. И има супер места да посетиш во Катар, додека во Бахреин единствени интересни места се „моловите“

За Коузон сметам дека се ок агенција, имав идено преку нив, ми земаа за обука пари, не се сеќавам колку беше, дали 4000 или 5000 така нешто, и лекарско преку НеуроМедика многу скапо беше околу 8000, и провизија мислам дека беше 15000 .. после тоа сама барав работа на catererglobal.com и најдов подобра работа со 0 трошоци од моја страна односно само лекарското си го платив и тоа за 4000 во Тоспаш клиника.. е сега за агенциите може да кажам дека тие имаат специјални договори со некои хотели само преку нив да се вработуваат па ако си конкретно заинтересирана за одредена компанија и не можеш да аплицираш директно тогаш ти препорачувам агенција.. под услов да си спремаш 500 евра за трошоци
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 октомври 2017
Мислења
5
Поени од реакции
0
Искрено одам преку агенција заради безбедноста ( од типот пасошот да не ми го земат па да не можам да си се вратам дома во случај да сакам, најверојатно агенцијата не би си го губела рејтингот заради такви ствари што би можеле да се случат ).
А друга ствар што ме интересира е колку треба да го владееш англискиот јазик ( јас имам работено во место со странци тука во Скопје и не сум имала некаков проблем да не можам да се разберам и сл. т.е сум на левел intermediate b1 ) за да работиш како келнер и дали има шанси да сочувам нешто пари т.е дали земјиве од блискиот исток се место за печалба? Пошто додека ја листав темава некаде прочитав ако ви е демек за печалба одете на брод.
А за во Бахреин што не отидов не се каам многу пошто од агенцијата ми посредуваа работа нешто ми го згрешија матичниот број и им се јавував да им кажам дека ми е згрешен матичниот број, а они ми кажаа ко демек нема врска тоа ти си веќе примена ќе одиш да работиш. Така да тоа мн ме исплаши пошто сепак одиш да работиш надвор од државата и не е мала работа да не ти е напишан точно матичниот број во договорот за работа.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750

Колку се заработува таму? Што работиш?
 
Без разлика дали идеш преку агенција или сама, секако пасошот ќе ти го земат. Мојот пасош е во Human Resources Department во Хотелската компанија кај што работам. На сите им го земаат пасошот, имам пријатели што работат во други хотелски компании тука во Бахреин и на нив им е земан пасошот. Го земаат зашто сакаат да се осигурат дека нема да им избегаш, пошто многу бегаат без да платат пенали од договорот. Инаку Матичен број не им е битен туку Број на пасош, кога е издаден, т.е да е постар пасошот од 6 месеци, и до кој датум е валиден.
Англискиот јазик е од примарна важност, колку подобро зборуваш, толку поголема шанса имаш за унапредување, ако зборуваш дополнителен јазик (од Европските или Арапски) тоа ти е плус.. Јас во моментов учам Арапски зашто тоа дава огромни шанси за нагоре. Англиски за сервер треба, зашто имаш директен контакт со гостите и не е како во Македонија, туку повеќе како Silver Service.. Јас работам супервизор во ресторан и голема фрустрација ми е што некој од колегите не знаат Англиски.. Нема Smooth operation со нив никогаш.. Ако знаеш повеќе Англиски имаш и поголеми шанси за бакшиш, ќе се ангажираш околу гостите.. Посебно ако работиш во Fine dining пет звезди...за заштеда, точно, повеќе можеш да заштедиш на брод, ама и тука се заштедува под услов да не се излегува многу често и да не се оди на шопинг.. све е со дупла цена од Мк, ако не и тродупла, облека, храна, козметика, превоз, излегување навечер, алкохол.. све...
Јас би ти дала совет сама да си преговараш за плата.. овде Супервизор во ресторан зема 800 евра основна.. Јас преговарав за поголема од тоа.. Ако сакаат да те земат ќе ти дадат све што ќе посакаш.. Со среќа[DOUBLEPOST=1508953877][/DOUBLEPOST]
Колку се заработува таму? Што работиш?
Не се заработува толку многу како порано, дојдоа многу Филипино и Бангладеш, и се симнаа платите.. Они се среќни со тие мали пари, ама гледам се помалку и помалку Европејци доаѓаат наваму.. Има доста популација од Англија, работат како учители овде, и подобро живеат отколку дома, има Американска база и тие земаат огромни пари, во сектор недвижнини платата е некаде 1800 евра плус провизија.. За други сектори не сум информирана.. Во хотел работам и од бакшиш живееме тука.. И најмизерни плати има во хотелите ама што да работиме друго кога не сме квалификувани за ништо друго.. Поздрав..
 
Последно уредено од модератор:
Член од
15 септември 2017
Мислења
8
Поени од реакции
2
Како бе оставате пасоши луѓе? Што праите, свесни ли сте?
 
A

Amelie85

Гостин
Како бе оставате пасоши луѓе? Што праите, свесни ли сте?
Кога работев во Катар не ми го земаа пасошот, тука уште кога пристигнав првиот ден ми го земаа пасошот.. Кога идам на одмор си го земам назад.. тука оние што даваат отказ првин прават Clearance на инвентар, униформи, микрос картици итн итн и откога ќе земат отпремнина им минусираат пенали и ја враќаат кредитната картичка во финансово и со кеш си одат дома.. од хотелот го носат до аеродром и дури таму им го враќаат пасошот.. инаку ако е приватна компанијата и да ми го земат пасошот би се исплашила ама мојата компанија е светски ланец на хотели така да не можат ништо да манипулираат .. дури мислам и посигурен ми е пасошот со нив.. во собата може некој да ми го украде.. кога работев во Катар повремено паничев ако ја оставав вратата отворена .. Пошто таму живеев во вила и кога идев да се туширам не ја заклучував вратата.. Искрено, во иднина ако потпишам договор со приватна компанија и да побараат да ми го земат пасошот нема да им го дадам, уопште нема ни да работам за нив.. нема никаква ставка во договорот дека треба пасошот со нив да биде.. така да, стварни би испаничила, не дај Боже од приватна компанија да ти го земат пасошот.. Автоматски почнуваш да се осеќаш како затвореник, како роб.. Ако размислам подобро, нема потреба да го земат пасошот за да се осеќаш како роб, со самиот факт дека на Блиски Исток се работи по 10 саати и повеќе, нема work life balance.. Или секаде во светот каде што е навлезен материјализмот, капитализмот и алчноста за повеќе и повеќе...
 
Член од
15 септември 2017
Мислења
8
Поени од реакции
2
Не ми е јасно каква идентификација имате со себе. Може сешто да се случи и да бидее приведени заради немање документ. И друга битна работа е уцената. Мене лично тоа ми е голем знак дека не постои доверба меѓу фирмата и вас. Јас лично не би ризикувал.
 
Имаме Лична Карта за резиденти во Бахреин. Со оваа лична карта можеме да отвориме сметка во банка. Тоа е единствената корист што сум информирана за друго не знам што служи оваа лична карта. За идентификација имам и ID Card од компанијата.. Досега ме нема сретнато полиција да ми побара лична карта, а во Катар неколку пати ми имаат побарано и затоа цело време ја носев со себе кога излегував.. Имам копија од пасош со мене.. Досега три пати го земав пасошот од нив за да идам на одмор и пополнувам формулар за extracting passport и кога се враќам назад им го предавам пасошот пак.. Инаку има опција во некои хотели може да си го задржиш падошот со себе.. Еден колега уште првиот ден им кажа дека ако сакаат да му го земат пасошот тој ќе си букира следен лет за дома.. И не му го побараа повторно.. Една колешка откако се врати од одмор не им го даде пасошот и цело време и викаа да го даде.. После недела дена колешката си замина без да даде отказ т.е избега без notice.. И и ставија Бан да не може да се врати во Бахреин и да работи.. Секако дека таа нема ни намера да се враќа тука.. Така да тоа ништо не и влијае.. Се надевам дека доволно информации дадов околу полисата за пасошите.. Поздрав и се најдобро
 
A

Amelie85

Гостин
a penzisko osigurani ste ? mislam vi tece staz takvi stvari ?
Имаме бесплатно здравствено осигурување.. Добиваме сертификат од компанијата дека сме работеле кај нив... Не знам дали можам да го искористам овој сертификат за стаж.. Имам 29 години и се уште не размислувам за пензиски стаж.. Наскоро би требало да почнам да мислам и за тоа..
 
Член од
15 септември 2017
Мислења
8
Поени од реакции
2
Некоја апликација за разговори со Македонија да предложите (од Емиратите).
Вибер само со пораки функционира, whatsapp исто, со тоа што мислам дека и voice messages може да се праќаат. До скоро функционираше Skype, ама и тој го блокираа. Неверојатно е ова.
Се обидувам со овие vpn апликации да направам secure connection, ама мислам дека и тоа не функционира. Дајте некој предлог. Како комуницирате со дома?
 
Член од
8 октомври 2014
Мислења
489
Поени од реакции
300

Skype funkcionira.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
32
Поени од реакции
38
Zdravo decki nekoe iskustvo so agenciite za posreduvanje rabota vo OAE i Katar kako idat procedurite?Fala.Pozdrav
 
Kajgana Shop

На врв Bottom